се породив 42гн по природен пат пошто бебето немаше абер од излегување ме примија во петок во 15 часот ми ставија инекција во бутот некоја за припрема на матката подобро да реагира на провокацијата ( докторот ми рече сама да си ја купам инекцијата) утредента во 06 ми ставија провокација во вид на инфузија и внатре имаше други работи ставено до 8,15 немав контракции а од 8,15 почна а во 12,10 се породив значи прилично брзо и добро за 4 часа почна и заврши
Моето пораѓање започна со пукање на водењакот, но 3ч по тоа немав болки, па така примив една, па уште една , па и трета провокација. Болките се зачестија и засилија, но не се отварав, па си завршив на царски.
ве молам доколку има некоја поискусна на оваа тема,,ми треба совет...теминот ми е на 01.12....плодот е добар,плодова вода има доволно...но матичниот ми закажа за во болница на 20.11...доколку има услови да се породам со повокација...откако размислив сфатив дека нема потреба,,,но тогаш бил тој гинеколог на смена што ги пуштаат пациентките кај него,па за тогаш закажаа....а јас би сакала кога ќе ми дојде за ѓпораѓање тогаш да одам,,а да дојде тој гинеколог да ме пораѓа...многу сум збунета...ама по тоа што сум слушнала за индуцирано породување не би прифатила пораѓање на ваков начин,,само доколку има потреба...
Ako se si e vo red togas nemas nikakva pricina da se poragas so provokacija t.e da odis bas koga tvojot doktor e na smena pa da te porodi.... Jas sum porodena so provokacija no smo zatoa sto mi bese puknat vodenjakot a jas kontrakcii nemav.... Isto kako edna feminka pogore i moeto pocna i zavrsi mnogu brzo....Neznam dali e pobolno so provokacija ili spontano da ti pocnat bolkite bidejki mi e prvo....Ama so provokacija bolkite se golemi...Ne da te plasam ama bolka kako bolka i kaj sekogo razlicno... Moj sovet cekaj si dodeka da si posaka bebusot da si izleze ...Najdbro si znae koga samo bebeto...
Mi stavija hormonski cep(provokacija istovremeno za otvaranje na matkata i za dobivanje bolki kako tampon ) vo sabotata vo 12 h i bese vo mene 24 casa. Vo nedela sabajle me fatija bolkite okolu 4-5, go izvadiv cepot vo 12h a veke vo 14:45 se porodiv.
Јас се породив со провокација, бидејќи не можев да се отворам. Примив две провокации во вид на инекција. Дури после втората провокација успеав да се отворам, околу саат и пол - два откако ја примив. Болките со провокација се многу јаки.
Јас бев 8-9 прста отворена, но немав болки за пораѓај, ми дадоа провокација и за 15/20мин. добив БОЛКИИИИ
И овој пат се породив со провокација. За разлика од првиот пат кога примив инекции, сега ми ставија инфузија и два пати ми ја зголемуваа провокацијата.
таа провокација кај сите различно делува како што читам кај некој зс 2,3,4 часа а кај другарка ми 10 часа неможела да се отвори и три провокации и ставиле
Јас се порајгав со провокација и болките се страшни, последните3 часа имав болки на секоја пола мин мислев дека никогаш нема да излези од мене, да видиме на второво како ке биди
За колку време почнуваат болките од нула ( без болки ) со провокација? Тоа иде наеднаш или постепено?
Контракциите со провокација мене ми беа поболни, но се ако е ок и примиш епидурал, нема да видиш мака. Само напоните ќе ги осеќаш. Најважно е што нема да бидеш сама и буквално цело време некој таму за тебе, макар и за добар збор и држење за рака(ок, ова и сопругот). Чуството на сигурност и дека си во добри раце е и како важно во тие моменти.
Зависно од жената. Мене ми ставија провокација а пред тоа многу малку бев отворена, болки ич, ама после провокација за бргу време почнаа болките, водењакот ми пукна и после само се интензивираа. Ама јас за мнооогу брзо време се породив, они не очекувале дека така бргу ќе се отворам, вероватно затоа болките беа страшни. Дали саат време фати или малку повеќе од провокација до пороѓај. На мојата цимерка што и ја ставија во исто време како мене, провокација скоро и да не делуваше, имаше болки ама не се породи тој ден, туку наредниот, а и беше второ дете. А со другото не ни знаев дека сум отворена 8 цм. Ете до толку не осетив ништо.
Јас бев примена со прст ипол два отворена, три часа провокации болки и стигнав на 3 прсти, тогаш пукна и водењакот, но поради многу мекониум и пад на тонови на 20, со трчање во сала отидовме. А со првото природно одеше се, исто по 3ч болки на 4-1мин пукна водењакот на три прсти отворена, се породив по 6ч, вкупно се за 9ч. Мислам да одеше се како што треба и вториот пат, исто ке поминев, дека исто одеше отварањето... а болките да, појаки ми беа со провокации.
Прво добив чеп за омекнување на грлото, после неколку часа провокации. Бев примена со 1.0 см без болки ама со надминат термин. Постепено почнаа болки ама издржливи. Цел ден ништо не бидна. А контракциите ги имав цело време. Следниот ден сабајлето пак добив провокации. Веќе имав појаки болки на 2 минути со траење 1 минута. Џабе - 1.5 см. На крај решија царски заради незрело грло на матка а и бебето не реагираше најфино на контракциите. Муабетот ми е, скроз е индивидуално.
I jas se porodiv so provokacija,9 prsta se otvoriv .. 40+5 bev mozev uste da cekam no doktorot odluci da me poragja poradi golem plod. Za vtoro sama ke si cekam bolki deka neznam dali od provokacijata bolkite bea neizdrzlivi Srekja imav brz poragjaj