1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пораѓање со провокација

Дискусија во 'Бременост' започната од ribce, 3 март 2010.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    И вака и така ептен болно ми беше мене, ама со провокации дали дека одеднаш прејаки болки и беше страшно. И јас чекав чекав чекав вториот пат, ама немаше абер малата.. а што сакав да искусам дома да добијам болки, да пукне дома водењак скроз, ама ништо од тоа :D
     
    На Adeline, lackygirl и mssuniquee им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    20.853
    Пол:
    Женски
    Многу ме болеше кога ми ја ставија провокацијата МНОГУ и ептен беа чести контракциите. Бев негде 4 прсти отворена кога ми ја пуштија инфузијата со претходно пукнат водењак, се отворив до 8 прсти бебе беше високо и големо (4300) и не слезе во родилен канал сепак царски чекав уште 5часа во болки.
    Мој совет чекајте си дома природни болки.
     
    На mariz и Adeline им се допаѓа ова.
  3. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    4.593
    Пол:
    Женски
    За избор на докторот кога им одговара и кога се на смена само ние страдаме, тој треба да се организира според нас а не обратно.
     
  4. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Здраво јас сум 39+2 денес бев на контрола во болница и ми рекоа ако до утре не ме фатат природно болки утре да одам да ми стават провокација бидејќи бебушка нема доволно вода..инаку трета бременост ми е и со двете сум спонтано породена... Е сеа прашањето ми беше.... За колку време се породив те? Дали имавте напон од инфузијата или дополнително ви ставаа?
     
  5. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    4.593
    Пол:
    Женски
    Зависи дали и колку си отворена од старт. Бидејќи ти е 3то побрзо ќе оди гарант, посилни се болките со провокација само, другото зависи од твоето тело
     
    На Milaa121212 и Мецаа91 им се допаѓа ова.
  6. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Може не е за тука прашањето ама да си прашам јас
    :).... Утре треба да одам ако до утре не ме фатат природно болки да ме породат со провокација некоја со искуство?? Ако ми е трет пат не сум имала потреба претходно и ново за мене е некој совет...
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Сестра ми ја пораѓаа со провокација затоа што терминот и беше надминат. На крај заврши со царски. Имаше болки, а само 1 прст отворена.
     
  8. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Јас бев со провокација бев 40+5 ме водеа како 42гн болки немав никакви а малата беше скоро 4кг и немаше абер да излегува. Ме проверија бев 4-5прста остворена и ме задржаа за нареден ден да пробаме со провокација.

    Во 5и 30 ми направија клизма од 6 почнав со проволацијата која течеше до 12ч а малата абер немаше ЦТГ покажуваше големи пикови а јас не осекав ништо (се смеев со сестра ми на мобилен :lol:).

    Напавивме пауза за да прошетам сеуште немав болки никакви само мешко тежеше.

    Во 13ч повторно ја пуштија но беше пуштена побрзо да тече и за 15мин значи во 13и 15 ми пукна водењакот ме преоблекоа дојде мојот доктор ме провери и ме спрати во сала со 6 прста отворена. Таму почнаа болките и ми текна на се што прочитав овде посебно на @FreeMind која нагласуваше дека е важно дишењето ( фала ви женски многу ми помогнавте и низ бременоста и за време на пораѓај и сега со малата :*) , најважно е кога имаш болка да вдишуваш низ нос да издишуваш пополека низ уста веројатно тоа веќе го знаеш. Провокацијата сеуште течеше и во еден момент почна да ми се лоши го викнаа докторот ме провери и рече ајде да раѓаш и за 5мин излезе малата крофна моја во 14:38 се на се саат ипол болка.
    Да сум бремена јас пак би одела со провокација барем јас многу лесно поминав им посакувам на сите уште полесно да поминат :*

    Не се плаши мисли позитивно опушти се тие осекаат се се ќе биде за миг. Те чекаме да пишиш како си поминала :hug:
     
    На Flower123123, Малечкоxxx, drugarka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.985
    И јас бев со провокција, во меѓувреме ми пукнаа водењак докторите, битно е да дишеш убаво. Јас броев во себе, чував сила за на бокс. Ми ја пуштија појако да тече и многу ми го убрзаа раѓањето за два и нешто саати се породив. Јас не го доживеав како страшно, туку одвај чекав да си држам бебенце.
     
    На martty06, BabyD0ll, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Ништо од мојата провокација.. Немам никакви болки ми рекоа вечерва да си спијам утре здравје ќе видиме, не сум отворена ни најмалку.... Поздрав девојки
     
  11. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Ми треба совет.
    Само што се враќам од контрола.
    Втора бременост 40+4 дена, отворена сум била повеќе од 2 прста.
    Докторката ми рече во 16ч да се вратам да ме видела дали ќе се приотворам уште. НО. Ја слушнав како зборува со сестрата ако индуцирале ќе завршеле работа, и ми се запна после 16ч да не доаѓаш, или пред или во 16.(а тоа е во нејзина смена)
    Јас со тој муабет си сфатив дека сака со провокации да ме породи.
    А сношти бев кај друг доктор се погоди на државно, не ми рече ништо, само ќе си чекаме, ама при крај си кај и да е деновиве ќе се породиш.
    Да напоменам и првото го родив една недела после термин.
    Добро би ми дошол некој совет, ако некоја имала искуство слично на моево.
    Јас не сакам да одам со провокации, колку што знам за природно се чека ако е се во ред (кај мене сега за сега се е ок).
    Би ви била благодарна за секој совет.
     
  12. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Душо со лесно пред се, јас првото и второто ги родив два дена по термин а третото ако не бев без провокација уште бремена ќе бев:D, јас бев породена со индукција на 8дена по терминот, бебе беше големо баш се смеевме ако почекаме уште некоја ден алишта други треба да купиме се роди 4кг 55см со мн мн коса, околу провокацијава ме примија на 10ти ми уклучија ми потече крв од носот и ми ја исклучија инфузијата наредната ден ми ја уклучија во 12ч а во 2бев со бебе в раци ни пукната ни сечена исто со второто убав пораѓај имав, јас не бев ич отворена
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Не ти напоменав два пати пробавме еднаш пред термин ама немав никакви болки си преспав се најадов и си дојдов дома...
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ич да не се плашиш, вторите деца побргу се раѓаат, телото памети и самиот процес побрзо оди. И да е со провокација верувај за 2-3 сата ќе се породиш. Дали ќе се чека после 40 та недела или не зависи од тоа колку и дали има сеуште плодова вода, дали е бистра или матна, поставеност на бебе и сл. тоа најубаво ќе ти каже д-рот.
    А и зошто да чекаш уште, оди таму и олесни се. Пак ќе ти повторам со второво многууу полесно ќе си поминеш ;)
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    @Мецаа91 Со провокација ама кај тебе 8 дена по термин. Кај мене се 4 поминати.
    @slavica999 не ми е страв од провокациите. Муабетот ми е зошто со провокации кога може и без? Башка што се е уредно. За првото чекав недела по термин, самото си дојде од себе кога му дојде времето.
    Башка што јас не одев по приватни доктори на прегледи, и сега одам на државно кај кој ќе ми се погоди.
    И секој различна приказна. Еден едно друг друго. Ако беше за провокации уште синоќа ќе ми шлибнеше другиот доктор. А тој ми рече само чекај си, ако не те фатат болки вечерва утре на контрола. А оваа денес ме напна со муабетот до 16ч да си дојдена, после 16 не. Зошто? За да сум во нејзина смена? Ма немој. Ги знаеме какви се овие од државно, ама ај.
    Како и да е, излегов надвор од тема. Нема да одам сега. Здравје утре сабајле ако не ме фатат болки во меѓувреме. Сакам и од друг доктор да слушнам мислење
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Највеќе после термин се чекаат 14 дена, повеќе не, така да имаш фора уште. Пак ќе кажам зависи од колку количински има плодова вода, дали е бистра, проводливост на кислород од папочната врца, поставеност на бебе и незнам што уште сепак гинеколозите знаат најдобро.
    А ова дојди точно во 16 часот не пред и после стварно иритира и ти влева сомнеж, знам, уште пак во оваа ситуација кога хормони се до плафон, нервира.
    Како и да е не се нервирај кај и да е ќе си имаш бебе во раце :inlove:
     
    На jovana03 и Mantub им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Муабетот после 16 да не доаѓаш е за нигде. Оди кај друг доктор. Имаш право на второ мислење.
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Не само што поминаа 8дена јас од 38н имав намалена плодова вода затоа предвреме сакаа да ме породат пред 40 н ама на малава не и се идпаѓаше одев насабајле-навечер на цтг а несакав царски и на порагајот ни ми пукнаа воденјак ни ништо комплет ја родив доктот рече да не ја изгребам на лицето не чепкам оти немав ич вода... Женски маки... Ама слатки маки
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    @slavica999 то е то што ме изритира најмногу. Мал град, ги знајме докториве кои какви се
    @Mantub обавезно здравје сабајле одам на друго мислење.
    @Мецаа91 епа ете кај тебе намалена плодова вода, а кај мене се уредно.
    Фала ви женски
    Како и да е од прегледот (5 мин држеше рака во мене) го испровоцира изгледа бебуш, ми падна мукозниот чеп. Ајде кај и да е ќе се олеснам, ќе се гушкаме со бебе :D :inlove:
     
    На Sofi.ja, Someday, slavica999 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Мамички едно прашање, т.е. барање совет или утешни зборови :D 36та недела сум. Претходно имав два спонтани од кои вториот заврши со киретажа. Заради ова докторката денес на преглед ме "израдува" дека ако до 38ма недела не почнам да се пораѓам природно, ќе се оди со провокација. Толку неочекувано ми дојде што заборавив како се викам :D и ништо не ја прашав. Ја исчитав темава, разгледував и онлајн ама уште сум малку збунета. Ако телото ми е тотално неспремно, значи ни малку отворена и без контракции, колку ќе биде успешна провокацијата? Мислите ли дека е попаметно да си барам царски? Сакав спонтано вагинално да си се пораѓам ама еве сега морам да размислувам и на таа опција. Зашто читав дека многу завршиле на царски после провокација. А овде каде што живеам царскиот е тотално изборен. Што мислите? Фала ви однапред. :hug: