Не сум баш сигурна ама мислам дека мораш да бидеш бар 1 цм отворена за да ти дадат провокации .Не се секирај ако имаш епидурал немаш гајле ,опушти се и не мисли на тоа .Со лесно
Не мора да си отворена Елче, јас не бев воопшто, ама мораше да одиме со провокација заради презреаната постелка @rainbowmama Кај мене провокацијата првиот ден беше неуспешна, не се отворив ни сантим, само благи болки добив и на мое инсистирање, решив утредента пак да пробаме. Пробавме, и пак ништо не се случи, освен што добив ненормални болки и мораше на крај епидурал да ме боцнат. Пак не се отворив ни сантим, грлото камен тврдо и затворено. На крај на царски завршив, зошто не смееше веќе да се чека. На денот на терминот се породив, точно 40-та полна. Мојов случај е малце редок, докторката ми објасни дека кај некои жени едноставно таква е матката, организмот е таков и не доаѓа до отварање на грлото. Заради ваквата историја вторава бременост ќе морам директ на царски, бидејќи ако чекаме за природно, пак истото ќе се случи. Што к’смет ќе бев Забегав инаку, муабетот ми беше дека не мора да си отворена за да ти дадат провокација. Ако докторот процени дека на тој начин треба да се започне породувањето, јас би го послушала. Зошто да одиш одма на царски ако можеш природно Една девојка што беше со мене, заедно се качивме во родилни сали и во исто време ни дадоа провокација, она се породи после неколку часа, а не беше првично ни прст отворена.
@Sexybaby86 Фала ти. Значи баш е индивидуално. До телото, до организмот. Ќе се советувам убаво со докторката следната недела, па да си пробам сепак природно ако даде зелено светло.
Јас со првата бременост се породив со провокација бидејќи бев со 10 дена надминат термин. Немав никакви болки нимотворена бев тотално ништо, бебето не сакаше да излегува. Со упат од гинеколог на клиника ме задржаа во саботата прегледи отн и ми ставија еден вагинален чеп тоа е провокацијата кој требаше да го носам 24 часа со мене, беше со врвца и залепен на ногата ( како тампон) цел ден шетав немав ништо дури вечерта после 12 часпт почнав да осеќам болки и така се зголемуваа и постепено се отварав У неделата у 14:45 ја родив ќерка ми. Водата ми била презреана дури зелена. Среќа не се напи ќерка ми па да фати некоја инфекција. Тоа за Германија.
Интересно. Вака не звучи премногу страшно, не знам на тебе како ти било. Вчера бев на последно ехо - намалена плодова вода, така што утре одам во болница. Не ми кажаа дали ќе биде чеп дали инфузија. И јас сум во странство и очигледно секаде е различно. Се изначитав и се изнагледав видеа и пак не знам што да очекувам. Ама најдобро ништо, освен дека наскоро ќе си гушкам беби. Фала ти што одвои време.
Само позитивно, со душа ќе чекаш да излезе само и само да се ослободиш. После како ништо да не било. Јас некни кога бев на контрола кога ми спомна за водењак, јас реков немам искуство со водењак. Ми рече не мора да имаш хахаха ми ја плесна така да дали чеп дали инфузија нека ти е со лесно. Кај ќе се пораѓаш ако смеам да прашам.
Ех, во Кина живеам. Не само што не можам да споредам со кај нас или на запад, туку како што гледам по некои пријателки, има разлики од болница до болница, па и во ист град да се. Среќа во мојава болница од пред некоја година дозволуваат придружба при пораѓај па ќе го имам мм за поддршка. Освен ако не се вжешти премногу работата па да го избркам или отерам кај што не треба. Се надевам ќе успеам да заспијам вечерва. Ајде како што рече и ти, само позитивно.
Здраво на сите. Би сакала да прашам дали може некој да ги опише болките со провокација? Јасно ми е дека се мнооогу интензивни но што точно спаѓа под болки овде? -менструални болки, бракстон хикстон стврднувања на стомакот и болка во кичмата? Фала ви, поздрав
Почнуваат како болки во кичма, и почнуваш да осеќаш напон за буткање. Сепак зависи од прагот на толеранција на болка, колку брзо се отвараш и самото тело. Поинтензивни, но побрзо иде целиот процес.
Ништо од наведеното тие болки се породилни болки, неспоредливи со овие. Но ништо страшно мила, не му ја мисли ич, ќе дојде и ќе помине, а породувањето никако не е по план, само опушти се и препушти се. А, во однос тоа дали ќе биде природен тек или ќе има потреба за провокација, болките се тие. Со лесно и само опуштено Рамањето е најлесниот дел од мајчинството, ти тврдам
Јас се пораѓав со провокација, немам искуство без за да споредам, ама болките се далеку поинтензивни, барем така викаат оние кои се пораѓале со и без провокација. Позитивно е што целиот процес е убрзан, кај мене од провокација до породување поминаа 7-8 часа, што е релативно брзо за прворотка а и за годините (38,5) Болките почнаа половина час по провокација, на почетокот не ги чувствував, потоа станаа како менструални, тогаш веќе бев 4 прста отворена. Е последните 3 часа беа многу интензивни и без прекин. Ама, се издржува
И кај мене се работи за презреана постелка, калцификати и намалена плодова вода. Колку време откако ти ја утврдија оваа состојба се породи? Јас сум полни 38 недели, почнувам 39та, и веќе втора недела како следиме состојба на два дена, а од утре секој ден. Бебето се развива убаво до сега и си крева на килажа. Дали кај тебе имаше некој показател како застој на развој на бебето или не?
Јас не ги издржав, побарав епидурал. Ама во последните две три години воопшто не можам да истрпам болка. Иако, сега пак да треба да поминувам низ истото би стиснала заби малку повеќе, зашто се породив за нецели 4 часа. А ако треба да ја опишам болката, би рекла тоа сѐ што спомна комбинирано, во најлош ден.
Здраво..јас се породив со провокација во 41 недела и можам да кажам дека прелесно поминав...болката како болка да јака е и неспоредлива со друга ама кај мене брзо беше за 4 саати се породив..во 6:30 ми ставија провокација во 10:24 се породив..10 мпжам да ги родам ако е вака лесно не се плаши ич се поминува и брзо се заборава.. Не сум прозвана ама се пронајдов па да ти кажам мое искуство..Кај мене постелката беше 3 степен од 35 недела а бебето си се развиваше како што треба и се породив во 41 недела со провокација оти не сакаше да излези му се заубави кај мама
И со провокација сум се порајѓала и природно ... далеку потешко и поболно е со провокација отколку природно
Првата бременост истерав до краен термин, бебето убаво растеше и се развиваше. Втората бременост одев со закажан царски на 38+6 бидејќи не можеше веќе да се чека заради постелката. Ти секако си во безбедни недели, кога и да биде немаш гајле
Ви благодарам на сите за одговорот. Имам екстра прашања 1. Провокации се даваат за да се отвориш така,? Ако сум на пример 4цм за да стигнам до 10цм? 2. Дали контракциите со провокација траат минута две...или цело време траат додека не се отвориш до 10цм?
Провокација можеш да добиеш било кога. Епидурал се става на 4 прсти отвор. Пример јас примав индукција (за кога не си отворен) и се отворив до 4 прсти, многу споро и без болки, па ми го пукнаа водењакот со надеж дека ќе испровоцираат побрз отвор и болки и успеа, се отворив до 8 прсти за 3 саати сама и на бокс ми ставија синтоцин провокација. Болките што до тогаш беа на правилни интервали, почнаа шашави да стануваат. Нема да имам болка подолго, па ќе добијам и не знам колку ќе трае. Не траат цело време, прекинуваат ама не знаеш кога. Измачувачки е малку. Ама секое тело е различно и нема ист праг на толеранција на болка и не реагира исто. И не се споредува со ништо таа болка, уникат е. Ама кога ќе излезе бебе толку е, забораваш на сѐ .
Јас примав провокација бидејќи бев 41 недела и протоците не беа добри веќе, а бебето абер немаше да излезе. Откако добив болки се породив за 4,5-5 часа.Оди брзу .Имаш интервали без болки не може без одмор . Природата е чудо.Мора жената да одмори малкуМоите болки беа на 1,5мин од 20:45 почнаа не бев отворена во 00ч бев веќе 10 прста.Многу брзо.Пред 12 добив епидурал и ми го забави процесот кога требаше напони да имам немав, па пак ми даваа провокација .Инаку ќе се породев до 00:30 ,а се породов 1:43ч