Zdravo ako moze da mi kazete vase mislenje dali e podobro da se porodam so carski ili so indukcija, veke ja pocnav 41 nedela i na gak sakaat da me poragjaat so indukcija pa sega prasanjeto mi e da probam taka ili da si baram vrski za carski..
Мое мислење со индукција. Јас така одев, само нагло се засилија контракциите и побарав епидурал. А после епидуралот толку брзо се породив што да знаев немаше да го барам. Еден два саати после пораѓај можеш да си станеш, да одиш до тоалет, да раздвижиш нозе, да си гушнеш убаво бебе.. Со царски мислам дека е малку потешко. Што и да одлучиш, со среќа! Ќе си се гушкате наскоро.
Нема подобро од природно можеби брзо ќе се отвориш АЛИ никој не знае за тоа може да имаш болки и да не се отвприш и на царски да завршиш. Ако сакаш побарај си врски за царски али оди природно ако не бива за брзо време да не се мачиш да те држат со саати и да чекаш чисто како опција да го имаш царскиот
Deneska me primija na patoloska ama bidejki imam problem so ocite potocno strabizam im kazav i rekoa da ne se rizikua pa jzgleda carski ce bide.. Dali od prilika znaete kolku treba da lezam na patoloska pred da me napravat carski?
да окситоцин ..... Оваа година почнале и со индуцирање пораѓај со фоли балонче ( катетар ) на ГАК го добив и презадоволна сум од целиот процес многу по безболно , природно и многу брзо се отворив за разлика од со индукцијата претходно два пати ...... повели спецификација на инфузијата
Да се надоврзам, и јас имам искуство со фоли катетар, ме отвори пола цм колку да се почне процесот. Беше непријатно ама ништо страшно.
уху мене за 40 минути ме отвори од 4 прста скоро до 9 прсти и тоа многуууу слаби болки осекав ама плус и чепче ми ставија мене
Wow, супер! Може дека си била отворена. Мене од нула ми го ставија. Значи се оќарив и со катетар и со инфузија
последниот саат ми ставија и мене инфузија болките беа многу слаби и контракциите исто, морало да ги појачаат за да се породам , а отворена 10 прсти , плус трето бебе , битно е не те истоштуваат толку болките отколку само да си на индукција ....
да за за таа провокација , не бев со поминат термин бев отворена цела бременост и со скратено грло на матка , 37+1 отидов на контрола и додека ме прегледуваше и пукна водењакот на докторката , веќе бев 4 прсти отворена ....
Jas sum 38 ma nedela,poradi pokacen krven pritisok bebeto mn slabo kacuva na kilaza,doktrokata sto me vodi na Gak mi rece deka nema potreba veke da go macime i deka narednata nedela saka da me porodi so indukacija,dali ima nekoja sto ja porodilie taka porano??bidejki sum slusala deka e mn boen procesot i malku me faka panika
Не сум многу компетентна да коментирам, но јас сум 38+4 и докторот цело време ми наговара за индукција, јас сакам спонтано кога ќе дојде време доколку е се во ред, иначе докторот сакаше да ме закажи за утре да се породам со индукција, но сфатив дека нема потреба и го сменав докторот. Во случај да е ситуацијата да морам би прифатила ама ако нема причина не би ја поштовала неговата желба. Мое мислење е ти да си одлучиш како ти би сакала, освен ако е навистина индицирано во твојот случај, да е подобро да не се чека. Со лесно се надевам ќе ја донесеш одлуката што е во најголема корист за тебе и бебчето.
Таман ти е неделата али со видок притисок и природно што знам.Обично со висок притисок ги породуваат царски.Нека кажат по искусните што прошле вака
Зависи колку ти е висок. Последниот месец бев со терапија за притисокот. На пораѓај ме примија со (највисок до тогаш) 110/160, башка што имав над 120кг. Бабицата предложи царски, не се согласив, а и докторот го делеше моето мислење. Отидов со пукнат водењак и 2 прста отворена, се породив после скоро 15 часа.