Ете има и како тебе случаи,братучетката на мм царски мораше зошто 200 и беше притисокот и со двете и ептен ризична ама ова е ептен веќе покачен.Сепак мислам дека природно е подобро секако ќе видат на пораѓај ако не бива тогаш царски вреди да се проба
Ептен висок нејзиниот. Претпоставувам и јас да сум имала толкав, ќе ме направеа царски. Колку што се сеќавам, месецот претходно не ми се креваше многу, од прилика 90/140... не беше нешто драматично. Ама ноќта ко ми пукна водењакот, паника ме фати и тоа ми го докрена притисокот. Дома се напив хелекс, а на болница апаурин ми стегнаа на прием.
Го прашав гинекологот претходно, пошто знаев дека ќе се испаничам пред пораѓај. Страдам од депресија и анксиозност скоро цел живот и ја имав прекинато терапијата додека бев бремена и додека доев. Ми рече дека пред пораѓај не е проблем и се напив.
Najveke mi odi do 140 so 80,so prvoto isto bev so pritisok duri i povisok,na boks mi bese celo vreme 130 so 80,i mn lesno projdov,nego me plasi toa sto ke me provociraat pred vreme,bez bolki bez nisto
Исто ко мене значи. Јас и со тро повисок притисок од тебе и со провокација се породив. Јас пак сакав со провокација. Ме праша докторот со овие зборови: Сакаш денес да завршиме работа? Одговорив: Да! И бидна. Не сфаќам зошто толку страв има од провокација? Не сум раѓала поинаку, односно без, па да направам споредба, ама по она што го доживеав, не сметам дека имав некој посебно тежок пораѓај, ниту посебно големи болки. Мислам.. јас лично го доживеав како тежок и ме болеше многу, ама пак телото ти е програмирано да ја истера работата. Природно е како дишењето. Провокацијата е само стимул (хормонски буст) кој може и сам од себе да се случи.
Ama ti so puknat vodenjak si otisla,kaj mene nisto nema niti bolki niti kontrakcii nisto,bidejki ne kacuva kilaza bebeto zatoa so indikacija sakaat da me porodat,so prvoto vo 40+3 se porodiv isto so pritisok,na poragaj mi bese normalen,pred toa mi pukna vodenjak,mi stavija provokacija i za saat vreme se porodiv,predhodno koga me primija bev 4 prsta otvorena,toa bese pocnat sam proces na poragaj,ova sea ke bide kako da kazam kako na sila,za toa me faka strav
A koja nedela bese??imase li ti pocetok za poraganje prirodno,ova ake bide ko na sila i kaj mene so prvoto so puknat vodenjak i 4 prsta otvorena me primija i so provokavija odma me porodija,nit vidov not osetiv nesto tesko dok trepnav se porodiv,ama ova sea deka kako pred vreme kako na sila za toa me faka strav
Пишав погоре. Ме примија со пукнат водењак, два прсти отворена. Се породив после 15 часа, ама толку долго траеше поради грешка во проценка на докторите. Три инфузии со провокација ми пуштија Првата, беше премногу слаба концентрација за мојата тежина. Втората, од што ми беше тесна спавачата, ми го прекина протокот на крв, односно ми ја стегна вената и пола инфузија ми истече во раката. Буквално ми потече раката како бамбарка. Во паника ја кинеја спавачата за да ослободат проток. Дури третиот пат ја погодија дозата и не ми ја затнаа вената Е после, глатко одеше
Сите ми беа концентрирани околу пи**ава, не ни видоа. Сама си видов јас. Толку гледале... шо да речам. Тогаш не го гледав како нешто многу страшно... а сега си мислам, да си ја видам таква раката, паника ќе ме фати. Старите велат: Ко ќе треба, Госпо дава сила. И верувам во тоа. Не дека Господ дава сила, туку дека мозокот си има подесувања како да реагира при одредени ситуации. Во криза/стрес, едни хормони се лачат, во стабилна состојба, други. Човечкото тело е соврешна машина. Машина-над машините. Верувајте му.
@Tacka36 Немам искуство со притисок, ама така се пораѓав, со провокација од нула. Пред време (од други причини), во 37ма недела. Ми ставија прво балонче, имам пишувано, стоеше преку ноќ, ме отвори малку и после продолживме со инфузија. Контракциите тогаш ми изгледаа страшно болни, ама кога ќе размислам, не верувам дека природно настанатите се па нешто полесни. Секако ќе боли. Kонсултирај се уште еднаш, ама ако докторите мислат провокација, што знам, послушај ги? Види размисли си.
2 дена пред термин се породив со провокација, пред тоа имав некои слаби болки 2 дена, а бев отворена 2см. Во 9 ипол ми вклучија провокација, болките почнаа во 11 и пол, не беа многу јаки, во 12 и 10 бев отворена само сантим повеќе и ми ја зголемија дозата, во 12 и 40 се отворив комплет. Болки имав на 2мин и траеја 20 секунди, ама само пола час. Во 10 за 1 се породив, без форсирање, без епизиотомија. Јас мислам дека болките се исти само што нагло се зголемуваат со провокација, ама и не траат долго време.
Zdravo zenski sakav da prasam dali ima nekoja so slicna prikazna kako mene Trudna sum 38 nedeli, imav rizicna bremenost (patoloska) prvo so krvarenje, mozen spontan abortus, hematomi, pokaceni ddimeri itn. fala bogu doturkavme do kraj i zasega e se vored arno ama bebuska ne mi nakacuva sega na kilaza tamam rece doktorot ete se e super na poslednata kontrola pred 3dena mi rece nemame nakaceno na kilaza 2.600gr e malata i deka ako do cetvrtok ne me fatat bolki kje mora so provokacii da me porodi, inaku prva bremenost mi e i neznam sto da pravam, doktorot veli podobro da e nadvor nego li vnatre posto i tolkav bil kapacitetot na postelkata, nesaka so carski da me poragja posto e mnogu protiv toa koga nema potreba zatoa demek da sme probale so provokacii, vase mislenje? Fala vi odnapred
Секако дека докторот ќе го слушаш, ние што би кажале и како би помогнале, секој различно поминал. Конкретно јас со пукнат водењак повеќе од 40 саати, не се отворав, намалена плодова вода, ми ставија провокација, бавно се отворав а и кога се отворав немав доволно силни контракции па пак се породив природно. Слушав се што ми кажуваа доктори и сестри, иако молев за царски, решија и ме породија природно. Опушти се и слушај доктор.А за килажата на бебето верувај дека никогаш не може точно да се измери, мене една докторка ми рече 3600, следниот ден друга докторка 4 кила. Втората беше во право.
Слушај доктор. Имам пишувано, со само што наполнети 37 ме породија со провокација заради претходни киретажи. Бебе се роди 2800г, лесно го родив ко од шала.
Мене не. Патем вечерта пред да се породам изедов голем хамбургер оти умирав гладна Е веќе од кога ќе те прочистат тогаш не смееш да јадеш..
А беше со договорен термин, или природно си беше почнат процесот? Ми рекоа дека ако и оваа недела не се породам природно, да појдам во вторнин гладна и жедна