Договорено да. Сепак мислам дека богами треба да си сита за имаш сила да го издржиш порагајот. Но ако ти кажале гладна оди си гладна А за жедна мислам дека вода само не штети во никој случај. Барем јас пиев и во текот на индукцијата.
Не знам зошто ти кажале гладна и жедна да одеш. Овде викаат благо и кока кола да се пие за да имаш сила. И јас бев со договорена провокација и кога отидов ми кажаа да јадам или кока кола да пијам. Ако си гладна и жедна како ќе имаш сила за пораѓај
Mene mi vikaa isto postelkata zrela i ne se hrani ubavo bebeto,de 2300 de 2600 de 2900 posledno isterav do eden den pred termin,me porodija so vaginalna provokacija prstin,se porodiv mn lesno i bebe se rodi 3750 taka da bemora da znaci,kaj mene na sekoja kontrola kacuvase po nekoj gram i zatoa me ostavija do kraj i da pazam na dvizena da ne se namalat
Не ми кажале, напротив ме тераа да јадам.Моето траеше цела недела и стално ме прашуваа дали сум јадена.
@...Arthemisia... зошто толку рано ти кажале за провокација? Мене ми рекоа 7 дена ако надминам термин, па тек тогаш, следниот викенд тек е 13ти, се е во ред до сега, така? И колку кг ти е бебка?
Искуство за пораѓање со провокација во приватна болница? Имам многу високи д-димери, матичниот ми вика ќе мора порано (кога ќе влезам во 9ти), а царски не смее со високи д-димери. Не ни сакам царски, читам сите со провокација кажувате за на Гак не прочитав ништо за приватниве болници.
@BezglasnaBukva Со второво ми дадоа провокација во 7наутро во 9ипол родив. На секоја жена и посакувам такво породување. Земав анестезија (лајт спинал) оти мн болки имав (во приватна), а со првото дете примив провокација и сама се отворив скроз речиси без болки и родив без анестезија ( Чаир)
Направив уште еднаш испитување, да потврдиме дали се стварно толку високи, чекам резултат.. 6300 ми беа првиот пат. Па ако се потврди, ќе боцкам обавезно. Сега сум 31+5, матичниот ми рече ако не ги спуштиме, ќе мора да се пораѓам само што ќе влезам во 9ти
Епа види до тогаш може и да ти се спуштат и да немаш проблем Јас и после пороѓај примав дека царски бев
А мене ми вика со толку високи д-димери не смее царски.. Дали ставаат провокација, без да те тераат на царски? (сум слушнала дека приватнивебзапнуваат за царски) Дали со провокација може и епидурал? Знам дека глупости прашувам.. Ама првпат ми е а и не поднесувам болки уплав имам од се
Од кога ми паднаја димерите се породив царски инаку никако со високи. Инаку ако се пораѓаш во приватна ич не се секирај можеш и со епидурална и провокација како членката погоре што ти пиша . Најдобро ти е да се консултираш таму со некој доктор
Јас немав индикација за породување со провокација, се породив така самоиницијативно. Не ми предложија за царски и да ми предложеа без причина, немаше да прифатам. Се породив со епидурал, нема никаков проблем да се стави епидурална ако има провокација. Единствено, гинекологот ми рече да не барам обезболување веднаш штом почнат болките, туку да почекам, бидејќи епидуралот го забавува породувањето (провокацијата прави контракции на матката, анестезијата го спречува отворањето на грлото и тоа може некогаш да биде причина за царски, ако со контракциите некако плодот страда, што не мора да значи). Провокацијата беше со вагиналета. Ми ја ставија и после 2ч отприлика почнаа болките. Од провокација до породување кај мене поминаа ~5ч, прворотка. Ако пропуштам нешто, прашувај слободно.
Мене ми ставија провокација ама веќе бев со болки. Мораше да ми стават пошо откако ми ставија епидурал отварањето одеше поспоро. Прво ми ставија најмала доза и после ја зголемија на 2-3 пати. Во инфузија ми ја даваа. Болки осеќав поголеми иако имав епидурал не бев скроз обезболена дека не ми фати на едната страна анестезијата.
Фала ви многу на сите за споделените искуства Се надевам се ќе помине како што треба, одвај чекам да си го гушнам бебе