Јас се породив со провокација, ама во државно, без епидурал, без епизиотомија. Само 2 сантима бев отворена, а се породив по 3 часа откако ми ја ставија. Ептен убаво си поминав. Со среќа нека ти е
Во која недела се породи со провокација самоиницијативно ? Јас ке се пораѓам во Санте секако имам и епидурална вклучено, еве утре сум на преглед ке ме виде докторката дали сум отворена а еднаш ми предложи да ме породи со индукција нели,ако сакам јас.Јас мислев дека само тие што имаат индикација за провокација и даваат. Јас вчера имав цел ден болки во грбот, на двапати ме фатија менстриални болки во стомакот со нагон за голема нужда.Стегања на стомакот колку сакаш. Ја контактирав докторката ми рече дојди да те видам дали си отворена бидејќи со тие болки се спрема организмот и матката за пораѓај.Ако не си отворена ќе те вратам. А далееку сум од болницата саат ипол возење и можеби ќе ми предложи пак и утре со провокација да ме породат ако има знаци дека пораѓајот почнува ама многу ми е страв, имам слушанато дека пораѓајот повеќе боли со провокација да почнат болките отколку природно да почнат. Со првото ми ставаа провокација и се породив после 38 часа
40+1 бев. Појдов на преглед, 1цм отворена. Можеби уште истиот ден ќе се породев, можи уште една недела ќе терав, ама го прашав докторот дали можи со провокација, ми даде зелено светло. 10ч примив провокација, 14:30 се породив.
Mene moze nema da mi dozvolat 37 +6 sum Ama imam slabi bolki moze pa pocnuva procesot.Gospod znae samo.Utre sum na pregled ke ms proveri doktorkata dali sum otvorena
Здраво,некоја што се породила скоро во Ремедика со провокација да сподели како поминала.Инаку кај Ефремовски сум и во среда треба да одам. Ви благодарам.
мамички вака едно прашање, нова сум на форумот, до сега само тајно читавме денес сме 39 недела докторката ни рече утре да одиме на преглед па ако сакам да одиме на породување со провокација. Инаку ми е прв пораѓај и обично ми велеа дека одиме и до термин, ама веќе од 36 сум отворена веќе 2цм и со постелка постара за 3 недели… Не знам што да правиме се плашам за бебушка дали ако чекам природно и смета постелката.. инаку болки никакви немаме
Не е ништо страшно и вака и така јас мислам болките се тие, јас се породив со провокација во рок од 3-4 часа откако ми пуштија системче. Со лесно
Ваши ставови на оваа тема. Нешто докторот ми спомнува за провокација, ама јас како јас се изначитав разни работи дека детето не би било спремно , би се исплашило, можело да се качи погоре, да ја искака водата па ако се напило инфекција можело да добие... потоа зголемена опасност од тоа да се заплетка во папочната врвка. Јас сум 39+3 ама најверојатно дека имам 36 години , вишок килажа и притисокот ми е на граница. Друго се беше во ред до сега. Вчера бев на контрола ме проверија комплет за случајно да немам прееклампсија... затоа што секогаш кога одам на контрола притисокот е висок до душе на граница ама дека сум паничарка , а потоа ми се нормализира. Ми закажаа за 2 дена и стварно сум на мисли.
Eve licno, jas se porodiv so provokacija, nadminav termin, 41+1.Deteto mi e fala bogu, zivo, zdravo, pravo. Mene iskreno me bolese mnogu i onaka bolka ne trpam. Bev otvorena 1 prst. Zavisi do koj stepen trpis bolka. So lesno do kraj.
Мене ми пукна водењак. Ми ставија провокации бидејќи немав болки ме чекаа 12 саати и за тие 12 саати бев само 2 цм отворена. Завршив со царски.
Se porodiv so provokacija nadminat termin 40+5, visok.kg kolku sakas, bebe 4 kila pritisok koj sto go nemav cela bremenost(skolska bremenost)pred poragaj 160 so 110 isto panicarka, ne bev ni cm otvorena vo 14 mi ja stavija vo 19.20 se porodiv.
Јас примив провокација на 2 прста, бев 40+ и бебе се искака од стрес, но не знаеме дали е од провокација или што беше толку многу надносена (се напи и вдиша од тоа, но со терапија не дојде до инфекција и за 5 дена бевме домче). Кога истече кафена вода, за 2мин во сала бев на итен царски. Но морам да напоменам дека и имав високо пукнат водењак кој ми течеше 36ч... педијатрите беа многу нервозни зошто толку многу со пукнат водењак ме оставиле и дека можно е тоа да е причината за заматената вода.. Каде ќе се пораѓаш? Што и да биде, докторите си знаат во секоја ситуација како да постапат. Јас првото исто 40+8 го родив природно, 4400, 56цм...Така да што и да биде, да бидете добри е најбитно
Не сум во Македонија, во Германија ќе се пораѓам, па ќе дадам се од себе да се опуштам и да им верувам на докторите. Денес повторно бев на контрола плодовата вода е на долна граница па и тоа ми направи паника па ваљда нормално е да е на крај така , изгледа ќе мора провокација дека нема абер . Денес купив и од тој чајот од лист од малина ама сумњам ништо природно да помогне .
@Herrra ne se plasi, jas rodiv so provokacija vo Germanija,bev 41+5, prvo dva pati mi stavija vaginalen gel, na kraj zavrsiv so provokacija vo infuzijata.
@Herrra и јас сум породена со провокација, бебе се искака откако се роди. Верувај им на докторите, сѐ ќе биде во ред. Со лесно мајка!
И јас се пораѓав во Германија. Бев со провокации но си побарав епидурал. Лесно поминав. Да не беше епидуралот мислам дека многу посилни болки ќе имав. Со провокацијата напоните ми беа многу силни и почести за разлика од тие што беа со природни напони, како струен удар да ме удираше. Од многу силни напони распукав многу. Затоа од искуство ти препорачувам да си побараш епидурал. За мене беше мноогу од помош.
Za kolku vreme se porodi otkako primi provokacija, dali stavi i epidural i kolku cini provokacijata? Blagodaram