Провокација со вагиналета ми ставија околу 10, во 14:30ч се породив. Ми ставија и епидурал, во договор со гинекологот и анестезиологот покасно, кога веќе почнаа силните болки за да не се забави процесот на отворање. Покасно и окситоцин венски ми дадоа. Не ми наплатија за провокацијата.
Se izvinuvam uste ova samo, privatno bese ili drzavno? Deka jas privatno ke sum vo plodnost pa da znam sto da ocekuvam Ti blagodaram mnoguu
Јас бев со провокации па завршив царски на ГАК Прва провокација во 09h (вагиналета) Втора провокација во 15h (вагиналета) Пукнат водењак во 20:30 вечерта - се отворив само 2 прста Сабајлето после визита на преглед 4/5 прста отворена Истиот ден венски провокација околу 11h. Епидурална во 12 и нешто - отворена 6/7 прста За да на крај завршам со спинал на царски и мали се роди во 13.35h. Болки невидени. Господ да ве чува сите и со лесно да ви е.
Не би сакала повторно да поминам низ пораѓај со провокации..Со првото дете отидов на преглед во 8 сабајле, па ајде минат термин ќе пуштиме провокации..Ајде клизма..провокации венски, не знам точно колку ми пуштија, на пола саат цтг.. до наредниот ден до 12 часот само 2 прста отворена, па ајде царски..
Има и вакви и такви искуства секој е приказна сам за себе Ја со провокација се на се 6 саати со болки 4
Dali nekoja od vas se ima porodeno so provokacija so tableta? Mene mi dadoa tableta koja treba da ja ispijam vo 5 sabajle pa me interesira kakva e postapkata..
4h da pominat i treba da pochnat bolki eventualno ako ne reagira pa ushte edna .. Zavisi, ima razni provokacii, vaginaletite za 4h dobivas bolki
Fala mnogu na odgovorot, dobiv bolki kaj 8 casot denes pa doktorot mi stavi uste edna provokacija vaginalno, potoa postepeno se zgolemuvase bolkata i dobiv epiduralna, se porodiv duri vo 1 : 30 casot i bese prelesno, sega Jovana ja drzam v race rodena 3,870 kg.. pozzz
Провокации се ставаат само за отварање на грлото на матката или и за да се спушти бебето надолу? Јас сум 39+0 недела и грлото на матката ми е веќе отворено 2-3цм меѓутоа бебчето е високо поставено. Докторката ми препорача провокации иако имам уште една недела до крајниот термин. Не ми е јасно дали со провокациите може да се отвори уште повеќе грлото на матката ама бебето да си остане високо па пак да треба да се оди со царски? Или со провокациите ќе си се спушти и бебето?
Јас на пораѓај бев со 10цм отворена а бебе високо, незнам што се ми ставија но не се спушташе на крај се спушти на бокс ме изврте акушерката во некоја позиција и ми дојдоа напони. Ова беше 41 недела.
Моето беше спуштено но и со 41 недели полни немаше абер за излегување, затоа добив провокација, за да почне процесот. Но секој случај е различен, кај некои знам дека поради бавно отварање ставаат а за да се спушти бебето не знам. Инаку со провокација контракциите се посилни и почести.
Мене ми ставија провокација откако ми ставија епидурална зашто почна да се забавува процесот на отварање. После тоа на бокс уште една доза зошто долго време ме вртеа лево-десно дека главчето на бебе нешто не било добро наместено за да искача на право, а јас немав напони. Е сега претпоставувам и дека не беше спуштено доволно зашто немав напони. Докторката ми се качи на стомак за да го турне. Инаку беше спуштено ниско последните 2 дена пред пораѓај, барем така на прегледите ми кажуваа, пред тоа високо беше.
Од провокацијата имаш многу чести напони и контракции па најверојатно со тоа се спушта бебето, логично ми е да делува и на тоа. Мене ми ставија провокација затоа што јас бев 10см отворена, бебето спуштено, а јас многу слаби контракции имав, е од кога ми ја пуштија провокацијата тогаш почна јакото.
И јас сум со провокација, од 8 утрото почнавме, во 8.45 го родив син ми Искрено да ме праша човек сега не ја знам целата постапка, ниту тогаш после два дена да ме прашаа немаше да знам, знам само дека клизма, во рака ми ставија она, кога се движев цевки влечев Кога кажувам како којзнае колку страшно да е, а воопшто не беше. Цело време на телефон висев и со маж ми во соба се муабетев. Поминав прелесно, се надевам и нареден пораѓај таков ќе ми биде и без помалку паники
јас бев исто како тебе, 39 та недела, отворена три прсти, без никакви болки, ни контракции ни лажни, ни вистински, бебе беше спуштено и наместено, закажавме пораѓај со провокации, кога ми ја ставија провокации ја одма се отворив 10 прти, ама бебето се качи скроз горе, па почна да се збори за итен царски, сепак чекавме некои 6-7 саати ме вртеа од една положба во друга, ме местеа ме стискаа на крај се породив природно, не знам ни јас како. сакав да кажам никој не знае таму што ќе се случи, слушај доктор и со лесно!
Секое искуство е различно. Јас двете ги родив со провокации. За првото во 40+ недела вагиналета ставена во 08.00 часот, со епидурал, многу бавно се отворав, па се породив во 17.00 часот. За второто во 38+ недела исто провокација ставена во 08.00 часот, не зедов епидурал бидејќи мислев дека за второ ќе поминам полесно, пак бавно се отворав и се породив во 15.00 часот. Болките беа пресилни од 13.30-15.00.
Колку ти беше притисокот во текот на бременоста? И покрај висок притисок те тераја на природно? Мене со терапија ми е под контрола па ми викаат за царски