Не може да се намалат порите, таква ти е кожата. Нема препарат што може да ја смени генетиката. Одржувај ги чисти, нема да изгледаат големи.
Тоа е тоа вистината за пори што никој не сака да ја прифати. Да бидеме реални секојдневно гледање на социјалните мрежи се со филтери и од далеку. Со причина имаме пори и само наше си е да ги чистиме и одржуваме . Земи си ниацинамид обичен серум. Не мора да е баш тој да сме искрени. И јас јс имам таа состојка самп од корејски бренд и да помага со пори но не ги трга од лицето битна е состојкатс и процентот не брендот.
јас ги имам овие. колкушто гледам не пишува концентрација, или пак не знам да гледам. Пред некој ден ги почнав. https://coslovemetics.mk/product/marymay-collagen-booster-lotion-120ml/ https://coslovemetics.mk/product/eyenlip-f8-v12-vitamin-moisture-cream-50g/
Мене ниацинамид 10% малце ми помогна ама после недели… Највеќе бакучолот што ги користам ми помогна . Двојно чистење исто такс посебно маслениот чистач за да не ми се прават црнки во порите и се тоа одржување Ако немаш сензитивна кожа можеш да пробаш со салицилна дали тонер / серум бидејќи најмногу го користст и е ефективен само што е киселина и на повеќето им смета и ги исфрла.
имам комбинирана кожа. Ниацинамид ми помага повеќе за контролирање на себумот ама многу за порите не. Кога се гледам во огледало искрено за нигде сум. Како дупчиња да имам на лицето
Види порите се долга тема и истражување за жал и кај секој е различно. Факт е дека тоа е дел од нашата кожс и не можеме скроз да ги тргнеме како на филтери што ги прават на социјалниве мрежи. Нешто што гледам дека им помогнало на повеќето и што има тамс повеќе истражаност и со докази и се следниве / - Глина маска ( обично и со киселини ги зимаат) - Тонери / тонер пад со киселина БХА - Ретинол кај некој помага амс после долг период - Салицилна киселина ( БХА ) серум бидејќи се поконцентрирани ама па мене таа киселина страшно ме исфрла….
Имам прашање за ексфолианти ако некој се разбира. Имам мастна кожа, со големи пори и флеки. Исто имам многу себум испод кожата, значи немам бубулици ама буквално од секојс пора можам да истиснам бело... Енивеј, се мислам дали да почнам да користам салицилна киселина иако навистина немам проблем со акни, за да се намали себумот и масноќата? Дали е океј? Друга опција што размислував е ниацинамид серум?
Пробај со Сона дуо навечер, многу помага за чистење на порите. Уште наредниот ден ќе забележиш разлика.
Мене нијацинамид серум ми е секогаш пред салицилна к-на. Поготово кога зборуваме за пори и борбата да се одржат чисти. Алфа арбутин и нијацинамид (не заедно) ми се покажаа како најефикасни за мојот тип на кожа (комбинирана). Користев пред неколку години и серум со салицилна и на почеток ми се свиѓаше најмногу поради тоа што лицето не ми беше толку масно. Меѓутоа не ми се допадна како се однесуваше со порите на долг рок. Имав чувство дека сè од овие прљавштините под кожа што требаше да излезе на површина, се „заробуваше“ внатре под кожа подлабоко и после забавно ептен додека да се оттарасам целосно од нив. Немам акни ни јас, некогаш ми излегува по некоја бубулица и исто не сум задоволна како ги сушеше. Тоа што треба да излезе си стоеше внатре под кожата суво, како стара црнка. Не ми е целта да сеам страв , туку сакам да ти кажам дека ако сакаш да пробаш како би се понашала салицилната на твојата кожа, подобро одбери тоник за почеток, па види како ќе ти се чини.
Користам тоник со салицилна киселина, и ми позитивно делува, мислам дека ради него и немам бубулици, но не спречува да ми се масти кожата за половина час и не помага за текстурата на кожата. :/ Фала ти за одговорот, ќе читам уште малку на нет, јас пред некое време скоро и да купив нијацинамид, ама се предомислив. Ама супер штом имаш добро искуство, треба да пробам.
Тоници со салицилна далеку подобро ми делуваат и мене приметив, а на серум не би се вратила повторно со сигурност. Инаку, знам многу девојки што не се задоволни од нијацинамидот, ама еве мојата кожа ептен е во љубов со него и не го изоставам. Витамин Ц исто многу добро ми пријаше, а и тој е супер за подобрување текстура. За текстура, гликолен тоник е закон исто така. Додуша, сè од овие што се за ексфолијација е добро за подобрување на текстурата на кожата, но треба малку пробување додека да најдеш што ќе упали кај тебе и што најмногу ќе ти се допадне. Читај си искуства, статии, и све друго што ќе ти помогне во процесот дури одбереш нешто. Тоа е позабавниот дел, мене пробувањето нови работи повеќе ме измачува. Oсобено периодот дури укапираш дали нештото ти одговара или не.
Се согласувам за тонер со салицилна и мене ми е океј ама како серум нема шанси … Исто така јас уживам во ниацинамид со уште некоја состојка. Јас би ти рекла добро чистење на лице е многу битно тој слој што се собира низ целиот ден во порите мора да се тргне за кога ќе ставиш други состојки да можат да делуваат. Ако сакаш ниацинамид земи со цинк како ординари што имаат тоа е одлично за мрсна кожа и за пори. Да имаш повеќе бенефит од тој серум искрено да се две главни состојки. Исто така салицилна е одлична и како серум но ретко кој може да ја трпи бидејќи она не е направена за долготрајно да се користи. Додека ниацинамид можеш месеци да го користиш ќе гледаш само резултати. Има многу разлика од тонер до серум затоа и треба многу претпазливост.