Најмногу помага некој гел за миење со салицилна киселина, за да ги одржува чисти. Кога се чисти, воопшто не изгледа лошо лицето. А нешто што скроз ќе ги намали, за жал нема.
Не користам подлога некоја строго за таа намена. Најчесто ставам само спф ако е ден, или ако се работи за вечерна шминка, пред да ставам пудра мачкам Eyenlip sleeping pack. Има две вакви ноќни маски (сина и розова) и двете ми се одлични затоа што убаво ја хидрираат кожата и пудрата лизга фино. Не се оптерерувам со порите воопшто, само гледам да ги одржувам чисти и тоа е тоа.
пудра не користам. Ептен ретко ако сум на свадба/роденден. Пред пудра обавезно темелно чистење лице серум и прајмер. Во моментов го имам холограмскиот на аура ама не е нешто многу нај нај. Користев еден од орифлејм пред неколку години и ми се покажа одличен ама не ми текнало да го побарам. На тик ток го најдов ова Има цело видео како изгледа пудра кога ќе ставиш врз него. А од рутина еве што имам
Не знам повеќе каде да се обратам, Aha Bha, Retinoids не помагаат, clay masks исто не. Години минаа уште се прашувам има ли и кој е конечниот спас за ова…
I jas sum slicno kako tebe na obrazite isto a ne celoto imam i bruncinja kako vo pubertet da sum pa sakam nekoj sovet da mi dadete feminki i na mene
И јас имам вака пори на лицето, не толку многу ама ги имам. Ништо не ми помогнало до сега и веќе си се помирив.
Јас искрено да ти кажам, не гледам проблем тука. Лицето ти е скроз чисто, ниту флеки имаш, никакви акни. Најверојатно кожата ти е помрсна па имаш поизразени пори. Ништо страшно, ниту лошо.
Ова повеќе личи на иритација, па и подзагорена кожа накај челото. Не знам колку ти е добра опција да ставаш сешто, порите сами по себе и не ти се толкав проблем колку што изгледа лошо иритацијата. Во случајов би одела само на гел од алое вера (од лист, никакви хемикалии спакувани „природно“). @IamSexyAndIKnowIt
Бев една недела на rest week ништо не ставав освен миење лице и пантенол крема, ми се подсмири, бариерата ми беше топ, сабајлето пред огледало пак се загледав во порите и ги чистев со гел и микрофибер крпа ми беше грозно значи опседната сум, немам видено никој до сега со толку многу. Изгледа многу лошо. Имам флеки над усните, од сонце, имам некоја хиперпогментација, не се познава можеби на сликата до толку. Акни немам, подобро акни да имав одколку овие црни пори проклети.
Слично како тебе ми е и мене лицето... уште немам најдено решение. За флеките над усните особено се нервирам, како бркови да имам. И на челото имам флека од после бременост... Како ги чистиш порите? Искрејно може да се гледаат ама барем убаво ти е чисто лицето, не сакаш моево да го видиш... пори, лузни итн...
Прати ми во ДМ, за утеха ми е. Не знам ни јас веќе како ли не пробав да ги чистам. Моментално имам убав чистач што многу ми одговара, пред некој ден го купив, на Some By Mi AHA BHA PHA крем/гел чистач, од истата линија и СПФ користам. На влажна кожа продолжувам со пептиди серум, па креми со хијалуронска, пантенол, церамиди итн... така кожата никогаш не ми дехидрира. Некогаш ставам ретиноид, некогаш салицилна ама не ги претерувам, 3 пати во неделата имам ноќ за активни состојки. Користам маска од глина со активни состојки на Innisfree 1-2 пати неделно. Кога ќе се изнервирам ги стискам или скрабам со микрофибер крпа за лице, ретко, како денес. Сум ги чистела и со пареа и со металната алатка за пори. Наутро го мијам лицето само со вода и ставам СПФ, осетлива ми е кожата и ако навечер ми е добро средено нема потреба и сабајле да иритирам дополнително. Како што гледаш исти се, темни и големи, ништо не помогнало. Последно што ми остана да пробам е некој професионален третман како HydraFacial, PRP Microneedling, Fraxel Laser но никој не ми дал препорака за тоа пишав по темите, нема одговор. Не знам каде во Македонија се онака баш професионални.
Верувам дека те нервира хиперпигментацијата, на сликава е скроз неприметно, можеби поради аголот на сликање. Пробај ја антипигмент кремата на Еуцерин за хиперпигментацијата, доста помага за вакви работи. А на порите не им се секирај толку, чисти ти се и се гледа дека лицето е негувано, една точка немаш. Не си ставај мисли во глава дека треба да ги снема порите, тоа е скроз невозможно. И јас на времето што ли не купив за да ги бришам порите. На крај сфатив дека подобро е само да се чисти и толку, тоа им е доволно. Знам дека ова ти е слушано сто пати и не сум од помош, ама навистина е така. Каква микрофибер крпа имаш? Дали е некоја Ebelin од ДМ? Како да здогледав, ама ги одминав.