Пори

Дискусија во 'Лице' започната од Kkrriissttiinnaa, 13 април 2011.

  1. Maelina

    Maelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    829
    Пол:
    Женски
    Жално е да почнам тоа да го правам. :tmi: Уште се надевам дека има некое решение кое може барем малку да го ублажи нештово. :(
     
    На Mumoftwo30 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.615
    Допаѓања:
    34.492
    Пол:
    Женски
    Јас ги добив тие порите на 25г, нема шо неам пробано и џабе, пак си стојат. Дури и ми се проширија низ цело лице.
    И си се прифатив више дека таква ќе бидам, спас нема.
    Едино да си ставаш прајмер на лицето, од него не се познаваат толку.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.547
    Допаѓања:
    207.184
    Пол:
    Женски
    Не можеш да ги намалиш порите, нема да се познаваат толку ако го чистиш лицето редовно. Ги имаме тие пори од раѓање, таква е кожата и нема решение да се намалат или да исчезнат, сепак порите мора да ги има, преку нив кожата дише.
     
    На Maelina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Maelina

    Maelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    829
    Пол:
    Женски
    Го чистам редовно, знам дека имаме сите пори но во последно време ми станаа преголеми и предлабоки, никогаш не ми биле такви. :(
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    849
    Пол:
    Женски
    Имам чисто лице само ми се познаваат порите, поизразени од мрсна кожа ваљда.
    Имал ли некој ваков проблем и како да се намалат?
     
  6. CandyM

    CandyM Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со пори на лице? Има ли начин да се повлечат?
     
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.441
    Допаѓања:
    15.369
    Пол:
    Женски
    Нема, тие со комбинирана накај мрсна најчесто ги имаат.
    Ама барем да се чисти.
    Не си давај џабе пари на реклами кои демек се намалуваат. Подобро некоја квалитетна крема, пилинг и чистач она другото е само матна вода.
     
    На koritsaki и CandyM им се допаѓа ова.
  8. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.156
    Пол:
    Женски
    Што се става за затворени пори на лице ?
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    5.727
    Пол:
    Женски
    Исто мислам. Ама Магнолија тврди дека со редовна и правилна рутина стануваат помали и по незабележливи. Такоџе една ме напна, продава природна козметика, со рутина во 4-чекори секој ден, за три месеци ќе сум била благодарна. Уште рутината т.е. производите коштаат 5-6 илјади.
    Искрено и ова со корејската козметика е чист маркетинг. Нели "како корејка во лицето да бидам". Не дека не се квалитетни или дека ништо не помагаат. Сигурно се добри некои, сигурно дека некои имаат убав ефект. Ама корејките си имаат такво лице природно, не благодарение на некоја чудотворна козметика.

    користам сама разни производи за лице, си имам некоја "рутина" во која не сум баш редовна. Ќе споделам кои производи и како ги користам. Но порите се се уште тука, само моментален ефект има од производите, долготраен не сум забележала.
     
    На Panda00, eliesaab и ani23 им се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.441
    Допаѓања:
    15.369
    Пол:
    Женски
    Оваа Магнолија за пусти реклами и пари се изгуби со советите. Некни па вели порите не се врати да се отвараат и затвараат :D, не се намалуваат само може да бидат чисти. Чат пат ми излезе некое видео ама некако не ми е нешто за совети нај, нај. Што и плаќаат тоа фали.
    А лицето што и така блешти :o
    Ботокси мотокси ептен оптегната :D
    Пред некоја година кога имаше реклама за боцкање во образи ја отследив.
    Кај возрасни луѓе да, ама млади кога ова ми рекламираат за мене ми е премногу.
     
    Последна измена: 1 јули 2026
    На LibreGirl, eliesaab, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    5.727
    Пол:
    Женски
    Мене не ме ни удостои со одговор. Тогаш ја отследив.
    Не ми се за верување никој од инфлуенсерите, на слики и видеа сите се исполирани.
     
    На Panda00, eliesaab, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    14.045
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека со добро избрани продукти според тип на кожа, состав на продуктите и со редовно практикување на рутината кожата ќе изгледа негувано и чисто. Порите можат да станат помалку забележливи ако се чисти редовно лицето, ама да се намалат, нема.
    Мене лично корејската козметика не ми е толку посебна за да паднам на гз. Ми се допаднале некои продукти ама толку е. Ни една козметика нема да ти направи свилeна кожа. Многу хајп се ствара, а всушност не е само козметиката во прашање. За здравјето на кожата битни фактори се исхраната, внесување течности, квалитетен сон, воздухот, средината.

    И мора да се земе во обзир дека кожата ќе биде кожа, со пори, со несовршености. Никој нема исполирано лице, ниту па корејките надвор од социјални мрежи. Дури мислам тие најмногу филтери користат, на колку видеа буквално филтерот се мрда лево-десно. :D

    Јас мислам дека чисти пори на лице не изгледаат лошо и грдо, нормална кожа е. Па уште кога ќе видам како рекламираат секакви козметики со куп парфеми и штетни состојки во состав и ветуваат дека со некој серум им исчезнале порите од лице, ми се повраќа.
     
    На Aleks.mar, Annath, LibreGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    2.878
    Пол:
    Женски
    Истово сакав да го кажам. Џабе ми се мене сите креми, ако немам здрава рутина и не водам здрав живот. Можам да потврдам дека лицето ми изгледало неспоредливо подобро и почисто кога сум се хранела поздраво, сум пиела многу вода и сум имала секојдневна физичка активност, за разлика од сега на пример. И не само ова, туку и стресот си има влијание. Што би се рекло - то изнутра, то ти се све види споља.

    Да не ме сфати некој погрешно, не викам дека не треба да се користат препарати, не сум против тоа. Секој треба да си ја пронајде рутината што му одговара на типот на кожа, јас сѐ уште не сум ја пронашла. Во ред е да се трудиш да ,,поправиш" нешто што не ти се свиѓа на себе, ама некои работи едноставно не можат да се сменат и треба да се потрудиме да ги прифатиме такви какви што се, нормални. Се согласувам дека не постои совршена кожа, затоа и не ми е репер слика на социјални мрежи со филтери. Ама козметиката е само плус според мене, начинот на живот игра доста поголема улога, а некогаш е во прашање е и генетика.

    За инфлуенсерките, да бидам искрена сум купувала производи што сум ги видела на Тик Ток и Инстаграм па и тука на форумов чисто од љубопитност. Ама секако инфлуенсерките не ги сфаќам здраво за готово, се знае дека се платени да кажат сѐ најдобро за производот, колку и да не е добар, а многу веројатно никогаш во живот не го ни пробале на себе тоа што го рекламираат. Работа ко работа, тоа ми е исто како кога вработена во дрогерија или аптека форсира да купиш бренд со кој соработува и зима процент од продажбата.
     
    На Aleks.mar, DarkStormm, LibreGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.547
    Допаѓања:
    207.184
    Пол:
    Женски
    За жал. Јас ја следам уште, ама искрено, не купувам веќе по нејзини препораки, иако Белина ја открив со неа одамна уште пред да станат популарни.
    Ме разочара со промените што ги направи на лицето, и не сакам да прифаќам препораки од личност што на таков начин се одржува, и знам дека не е од препаратите што ги рекламира, туку од иглите и третманите.
    Не сакам да стареам на таков начин, претпочитам природно, годините ми се тие и не можам да се правам со сила млада. Целта ми е здрава, хидрирана и сјајна кожа, а не да го здрвам лицето до толку да не можам да се насмеам.
     
    На anggell, DarkStormm и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    19.284
    Пол:
    Женски
    Magnolia треба сите колективно да ја отследиме, се работи за пари, реклами за пари, козметика кој како ќе и даде и плати, буквално има и производи што може и ги нема пробано, а нас ни ги пласира како најдобри, само поради платени реклами.
     
    На Aleks.mar и anggell им се допаѓа ова.