1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Порно индустријата - причина за нереални сексуални очекувања?

Дискусија во 'Секс' започната од blueeparadise, 8 март 2017.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.633
    Допаѓања:
    6.457
    Знаеме дека во денешно време доста се застапени порно сајтовите и (речиси) сите помалку или повеќе ги посетуваме. Според мене, не велам дека тоа е нешто погрешно, но што кога нешто што е совршено изрежирано пред камерата од глумци кои за време на паузите секако си пијат кафенце, па продолжуваат со снимање, а тоа на нас ни е понудено како видео од еден час, на некому станува пример како навистина треба да изгледа сексот? Некој може да си створи одредена претстава во глава, и кога таа нема да му се оствари во реалноста со партнерот, доведува до стварање на фрустрации.

    Мислам дека најголем дел од сите тие сексуални фантазии од типот на тројка, оргии, gang bang, доминација и слично се поттикнати од порно филмовите. Има некои момци кои очекуваат од девојката во кревет да е како порно глумица, а девојчето имало односи само неколку пати пред тоа, не може доволно да се опушти, или едноставно не сака одреден тип на секс. Секако дека многу не проговоруваат за тоа, но постојат некои што незадоволството од сексот го проектираат на некој друг начин, а ете не разговараат за тоа со партнерката што е многу погрешно.

    Еднаш моја другарка ми спомна дека дечко и и кажал што му се допаѓа најмногу во сексот, како таа да се однесува, што да прави, и дека таа му рекла нешто во стилот, ама зошто така, нели онака ќе ти биде поубаво? А такво нешто видела во некое видео, и дури се сепнала во моментот какво влијание може да има тоа врз неа, кога не би ја почитувала желбата на својот партнер кој сам знае што му е најубаво, туку се води според порно клип.

    Друга проблематика е кога дечкото гледа премногу порно, и потоа не е расположен за секс со својата девојка, или му треба предолго време да сврши, иако не го разбирам ова, покрај партнер што го гледаш неколку пати неделно, ти толку зачестено да го правиш тоа.

    Ух, ајде да не ја раздолжувам многу.
    Прашањето ми е дали навистина порно индустријата е причина за нереални сексуални очекувања, или пак самите си градиме во глава некоја замисла како би требало да изгледа било каков вид на секс, па потоа се разочаруваме?
     
    На Nigredo Odor, Tetrapak, Doozy и 11 други им се допаѓа ова.
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Od zenska gledna tocka, jas treba da zavrsam na ortopedija za da imam wow seks? ma nemoj. a od maska gledna tocka - kolku mazi mozat da se pofalat deka se do tolku nadareni? i vistinata ja kazuvaat vo vrska so nadarenosta - koj? 4 od 100 mazi? toa se ekstremno nadareno mazi i ekstremno iskusni zeni, sto vo realnosta mn retko se pogoduva. Da. pornoto ni ja izvrti realnosta i ocekuvanjata i od vrski i od seks vo vrska itn. I tuka se krie zajakot - dali bi se soglasile na vrska vo koja seksot e odlicen, a ve tormozi partnerot i ve maltretira kako ke mu stigni, ili poveke ja sakate obratnata situacija, ne tolku odlicen sex, ama drugoto e daalleku podobro? spored mene vo denesno vreme premnogu e naglasen sexot, a pornoto e samo izraz na necija zelba - pretocena vo dohodoven biznis.
     
    На AURUA, Читател, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Нормално дека може да создаде нереална слика затоа што на крајот на краиштата сето тоа е глума, се снима, ако не испадне како што треба се преснимува и се така додека не создадат едно перфектно видео каде најголемиот дел од мажите се екстра надарени а во реалноста колкумина од нив имаат пениси по дваесетина цм.? Порно актеритите од двата пола се пријавуваат по кастинзи, ги бираат и сосема е очекувано сите тие да имаат одлични тела во топ форма, супер задници, рамни мешиња, големи гради, мускули... Можат да глумат дека уживаат којзнае колку меѓутоа дали е тоа навистина така? Затоа порно филмовите не се репер за добар секс, сексот во реалноста и тој во клиповите се раликува.
     
    На AURUA, Victorian, EvAngelos и 2 други им се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Кај нас не се проблем очекувањата, туку менталитетот и не можноста на партнерите да се опуштат и да не се срамат да ги кажат и покажат своите желби/потреби.
    Она што го нуди порно индустријата не е интима и таму нема партнери, туку глумци платени да немаат ни срам ни перде.
     
    На Anne94, hermosa, Jane.Birkin и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Frose Nose

    Frose Nose Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Прво мораме да знаеме дека во порно индустијата посебно во оние врвни продукции се врши селекција на актерите и глупо би била да ние очекуваме да нашиот партнер биде баш така надаре или да ги изведува сите тие акробации кои патем речено не се реали туку се снимани филмски.
    Никогаш не сум била љубител на оние високопродукциси филмови каде актерките изгледаат како кукли без ниту една бубуличка, вриштат како да ги жигосуваат со вжарено железо, партнерот пенетрира 200 на саат и вагинално и анално, примаат по два истовремено итн.
    Ако некогаш сум погледнала некој од тие филмови тоа биле оние аматерски филмови или нискобуџетни каде е снимен реален секс без посебни ефекти.

    Е сега дали ствараат погрешна слика кај младите? Да, доколку не го сфатат зборот филм, исто како и секој филм така и порно филмовите се само филм кој има многу мала врска со реален однос.
    Понекогаш младите може не само што ќе имаат пгрешни очекувања од партнерката туку може дури и да се искомплексиираат, пример дали сте приметиле дека во порно филмовите кога ејакулираат тоа шприца као од машина, реално многу мал број мажи можат да го постигнат тоа, иако и спермата таму е нереална во повеќето случаи, прскањето исто, мочањето во уста на партнерката(извинете што не знам стручно како се вика тоа) ....

    Убаво е понекогаш да се одгледа некој софт порно фим колку за инспирација или во моментите кога немате партер да ви послужи за инспирација но ако тоа ви премине во секојдневна навика или доколку очекувате вашиот однос да биде како тој во порно филмовите тогаш тоа не само што не е добро туку може да се претворите во зависници или сексуални манијаци. Да не заборавиме дека порно филмовите имаат огромно влијание што се поголем број девојки се впуштаат во однос со припаднички на истиот пол иако не се чувствуваат како лезбејки туку чист да птобаат. Немам ништо против експериментирањето ама ако се што ќе видиме на тв ако посааме да го пробаме каде ќе ни биде крајот? Порно фимовите може да ни го ни го разорат семејството бидејки очекуваме од нашиот партнер нешто нереално и нешто што го има само во порно филмовите и затоа тргнуваме тоа да го бараме надвор од бракот и така барајки од кол на кол се претвараме во неморални особи ги кубиме партнерите, си го уништуваме семејството

    Реално мене ми се гади од пола работи кои ги има во порно филмовите и сум повеќе за некој нормален традиционален однос природен и многу нормален.
    Ова што го кажувам сфатете го со резерва затоа што за да зборуваш за оваа проблематика пред се треба да имаш огромно искуство а моето искуство е прилично мало и не можеш врз основа на примерок од неколку мажи да извлекуваш заклучок за целиот машки род, но сакав да дадам свој допринос и да искажам свој ста по ова прашање. Се надевам не бев предолга в својот пост иако ни од даеку не успеав да ги опфатам сите аспекти на овој проблем.
     
    На PericaD, ♡BuBaLe♡, Blue000 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    Водењето љубов на партнерите секогаш треба да е исполнето со(реални)фантазии.Јас велам дека треба да се експериментира (реално) за да не прерасне водењето љубов во навика или монотонија каде се губи страста полека.
    Водењето љубов сепак треба да е спонтано а не планирано проследено со слики од некој порно филм каде се употребуваат разни супстанци за да се постигнат многу ефекти.
    Не е на одмет понекогаш да се гледа некое софт филмче заедно со партнерот,а најбитно е разговарањето за желбите така се е полесно а и поубаво:inlove:
     
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Ќе пишувам од женска гледна точка.

    Ако гледаме така, и љубовните филмови ствараат нереални очекувања :) Принцот на бел коњ на саканата и остава цвеќиња и колачиња пред влезна врата, и пее серенади пред прозорец, и пишува песни... А во реалноста дечковците прдат, ждригаат, каснат на состаноци и превртуваат со очи на романтични мјаукања. Исто како што и девојките не секогаш се слаби и дотерани колумнистки кои живеат на Менхетн и во памет им е само секс и купување на дизајнерски чевли.

    Така е и со порното. Гледачите се свесни дека станува збор за илузија и дека тоа што е пред нив на монитор е резултат на глума, режија и монтажа. Не секоја девојка може диптроут, не секоја видена поза е пријатна, а богами е возможна. Целта на порно филмовите е „задоволството“ на гледачот, не на глумците. Верувам дека оној кој има потешкотии во разграничивањето на реален секс од порно секс, тој има проблеми и со разграничување и на други нешта од секојдневниот живот.

    Исто, фетишите постоеле од секогаш (како што гледаме по античките вазни и мурали) и не верувам дека денешната достапност до порно материјали прави разлика дали некој ќе се реши да учествува во оргија или не. Или ги имаш тие интереси или не :)
     
    На Роберт 7, Jane.Birkin, Doozy и 22 други им се допаѓа ова.
  8. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    ^ Во право си, ама со таа разлика што ние како девојки од реалниот свет не го тераме дечкото да доаѓа на бел коњ и да ни пее серенади, додека пак многумина машки (особено млади неискусни тинејџери во пубертет) ги тераат девојчињата да прават работи што ги гледаат на порно филмовите и сметаат дека тоа е најнормално.
    Сум работела на гинекологија и ни доаѓале девојки со разни повреди и инфекции поради користење разни предмети и играчки во сексот. Нормално, неиксуството си го направило своето и работата стигнала до лекар.

    Факт е дека порно индустријата итоа како лошо влијае врз луѓето. Опседнатоста со порничи и секс стигната е до тој степен што во секоја дадена ситуација од животот доаѓаат во глава таквите валкани мисли.
    Замислете девојка јаде банана во јавност, или пак слика од девојка и мажи околу неа. На што помислувате? На орален секс и gangbang или на обично јадење ужина и девојка сликана со колегите?!
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, theowndemon, ♡BuBaLe♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @PaLaVa,
    едниот партнер може да побара ама другиот секогаш може да одбие. Е сега, ако некое девојче мисли дека мора да му го прави кеифот на дечкото со најразлични пози и помагала, тоа не е кривица на порното, туку на родителите што не пораснале ќерка со поголема самодоверба и чувство за самовредност. И во врска каде дечкото ја тера девојката на секс, порното е најмал проблем!!!!

    Сем тоа, штом порното е толку „моќно“ и хипнотизирачки влијае врз нормалното расудување, баш да видам ситуација каде девојката му се појавила на фраерот со страп-он дилдо и му се рекла да се натрти а тој се согласил да го прими одзади само зошто гледале порнич со pegging.

    *****
    Ако еден дечко до толку не поседува здрав разум за да не може да разликува реален секс од порно секс, тогаш доволно е другар да го исполаже со ххх авантури па овој да сака тоа да го проба со девојката.
     
    Последна измена: 8 март 2017
    На FVP, Giovanna, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Pornoto ima strasen efekt vrz impotencijata i erekcijata kaj mazite. Tie mazi sto se zavisni so porno ne naogjaat vece zadovolstvo vo normalen i zdrav seks. Toa ne gi pali, zatoa i odat vo ekstremnosti.
     
    На hermosa, jasbi, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa ох, на што се се спремни денешниве млади девојки, можеме да видиме од приложеното на социјалните мрежи. Од праќање голи слики, па се до исполнување на нечиви извртени желби. Барем младите е лесно да ги убедиш во нешто, "ако не направиш ова, ќе те оставам" влијае ептен на таквата незрела психа, ма колку и сака да е добро воспитувана од дома.

    Него нејсе, пак се се сведува на истиот муабет дека порното лошо влијае врз луѓето. Ако младите треба да ги воспитаат од дома, тогаш што е со постарите генерации? Како некој што спомна погоре дека поради монотоност во бракот и неисполнување на порно желбите од партнерот се бега на страна за да се задоволат фетишите со швалер(к)и. Значи луѓе што се зависни од порно и опседнати се таквите желби да ги спроведат во реалниот секс имаат озбилен проблем со психата и им треба стручна помош.
     
    На EvAngelos и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  12. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Porno filmovite, kako i romanticnite, akcionite, komedija ili drama filmovi mozat kaj sekogo da stvorat nerealna slika za nesto (bilosto). Toa e i vsusnost indirektnata smisla na filmot kako umetnost. Bi gi isklucila samo dokumentarnite filmovi bidejki se so edukativna priroda.
    Jas nemam nisto protiv porno filmovi da se koristat kako motiv i inspiracija za nesto novo, nekakov eksperiment i sl. Za da se odbegnat bilo kakvi fustracii ili nedorazbiranja pomegu partnerite potrebna e samo otvorena i iskrena komunikacija.
     
    На Bozica1980, BlackAndWhiteSwan, EvAngelos и 3 други им се допаѓа ова.
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.887
    Дa, лoшo влијaе oсoбенo нa пoмлaдите, гледaaт и сaкaaт се дa прoбaaт, и нa крaј вaљдa не зaдoвoлни, не е oчекувaнoтo,не е истo, ете и пoгoре пишaa предмети пa инфекции и пoвреди.

    Се штo летa не се јaде.
     
    На Petar80 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    29.263
    Пол:
    Женски
    И те како влијае на младите. Посебно на оние кои што прв пат се впуштаат во сексуалните води и си имаат некои си дефинитивно нереални очекувања за тоа како треба да изгледа. Иако мислам дека машките повеќе ги имаат овие очекувања, се повеќе и повеќе женски очекуваат дека сексот ќе им биде ала фифти шејдс оф греј (facepalm)

    Очигледно не размислуваат дека сепак ова се изрежирани филмови, кои воопшто не се одвиваат така smooth како што изгледа, дека тие позиции нема да ти бидат воопшто пријатни, и дека можеби тоа воопшто не му одговара на партнерот. Океј е да земеш понекогаш инспирација и секако доколку партнерот сака да испробате нешто ново и да видите како е, ама се си има граници.
     
    На Dust и EvAngelos им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Одлична тема и одличен вовед @blueeparadise , а супер се и коментарите на останатите. Мило ми е што има доста луѓе што се освестени од порно индустријата и што се подига свеста за штетните влијанија од неа.

    На оваа тема пишав еден текст на фејсбук и ми го објавија на http://strumicaonline.net/?p=3485 Се надевам ќе ви се допадне. На овој текст во продолжение би додал дека:

    1. Вечната ерекција е мит. Таа на порно филмовите се постигнува со вијагра или со паузи во снимањето.
    2. Порно глумиците не само што се преправаат дека уживаат во клипот, туку често пати трпат и болки, а често земаат и наркотични средства за психички да го издржат тоа. На интеренет има видеа каде што екс порно глумици зборат за овие работи.
    3. Колку повеќе машките гледаат порно со атрактивни силиконизирани девојки, толку помалку ќе ги пали сексот со својата партнерка. И обратно, колку повеќе жените гледаат секс со машала надарени разбилдани момци, толку помалку ќе ги пали сексот со својот партнер. На крајот и едните и другите ќе си останат незадоволни. А незадоволни ќе си останат и порно глумците, со по некоја мизерна пара во џеп.
    Ај доста е.
     
    На Dust, blueeparadise и jasbi им се допаѓа ова.
  16. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно е дека сосема различно од порно филмовите .. Бидејки се работи за порно актери со голема километража и допинг!
    Еднаш во муабет со другарки : Дали сакаш тројка , со двајца мажи или повеке мажи ????
    И јас :o
    Па људи мои тоа се жени кои како што реков се со долга километража и допинг и нема шанси нормална девојка тоа да го издржи ... И сосема нереални очекувања се ако очекува некој дека сексот ке му биде како во порно филмовите !
    Не се работи за менување на позите туку искривената слика за сексот што се добива .
     
  17. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Филмот е само филм.
     
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    :D
     
    На Jane.Birkin, Indiegurl, Bozica1980 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.950
    Допаѓања:
    134.589
    Пол:
    Женски
    Како тоа на малите деца им објаснуваме дека тоа што се случува во цртаните не е вистинско, а ние да не можиме да разграничиме дека вистински секс нема врска со порнич, што е и нормално да нема. Тоа се само сцени, сечени, лепени, монтирани. Било WOW и траело со саати, епа ќе трае...
     
    На Bozica1980, PaLaVa, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    10.152
    Во контекст на она што веќе беше кажано погоре и со кое апсолутно се согласувам.

    Докази има мал милион за тоа колку биле перверзни и сите наши предци, уште од време на пештери, тотеми, египјани, римска империја и сл. Па дури и тогаш дел до гениталиите биле претставувани во понереални димензии, во споредба со просекот, затоа што очигледно човекот од секогаш копнеел по тоа, без разлика дали станува збор за пенис, гради и сл.
    Исто камасутра се верува дека почнала да се создава и пред нашата ера.

    Луѓето од секогаш биле фасцинирани од сексот и покај размножувањето, почесто го правеле за забава. Исто како и сега. Со таа разлика што мислам дека денес сме далеку поприбрани, воспитувани по некои совемени општествени норми, па сите тие работи воглавно останале позади затворени врати и не се зборува многу јавно за тоа.
    Дека оваа генерација го измисли оралниот, аналниот и двојната пенетрација, мало сутра.

    Ако ништо друго, макар од љубопитство мислам дека сите имаат изгледано бар неколку порничи, па не значи дека се ќе се примени во пракса. Еве барем тргнете од вас ако ништо друго.
    Во случај на разно разни фетиши, се дур двете страни се согласни, не знам зошто би имало проблем. Па нека е и golden shower.

    Проблемот настанува кога од погрешни причини луѓето се впуштаат во се и сешто, за да пред се задоволат некој друг или нешто друго, а не себе си, ама тука не ја гледам порно индустријата за виновна, туку најмногу не/воспитуванњето, недостаток на родителска грижа, разни фрустрации кои подоцна се манифестираат на сите полиња, па и така и на поле љубов и секс.
     
    На Jane.Birkin, Bozica1980, ♣ Alba Viduam ♣ и 10 други им се допаѓа ова.