Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Порно индустријата - причина за нереални сексуални очекувања?

Дискусија во 'Секс' започната од blueeparadise, 8 март 2017.

  1. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Кога конзумирањето е прекумерно тогаш е штетно, и најчесто преоѓа во проблем. Така е и со порното. Проблем е кога дозволуваме порното да ни ја искриви реалната слика за сексот.
    Ама и романтичните комедии го имаат тој ефект на изобличување на реалноста. Всушност гледањето порно не е проблем колку што е проблем ефектот потоа, односно нашата зависност и влијанието. Дали ние ја контролираме зависноста или таа нас?
    Воглавно проблемот е во нас, не во постоењето на порно филмовите, не во гледањето. Туку во тоа дали ќе дозволиме да ни ја поремети реалноста за сексот. Ако сме доволно свесни и разумни ќе знаеме да правиме разлика и нема да живееме во фантазиите на порно светот. Ниту во светот на романтичните комедии :)
    IMG_20170313_220556.png
     
    На anel, Rebecca_R и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Како што напишаа членките погоре, поголеми нереални очекувања од приказните и филмовите си имаме, како на пример дека тој што го сакаме сигурно не сака и со него дека ќе завршиме.
    Со сексот се експериментирало и се експериментира. Мислам дека не е причина за нереални очекувања. Човек што помислил да има со двајца партнери може да го направи тоа, без никаков проблем.
    Порно филмовите мислам дека се причина за уште поголемо експериментирање зошто ја будат љубопитноста, посебно кај помладите.
     
  3. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Se toa sto nie go znaeme za istorijata denes e preku filmovite koisto vo golema merka nemaat vrska so faktite. Vodenjeto ljubov i golotijata ne se pornografija. Ne gi mesajte tie raboti. Lugjeto sekogas naogjale duhovno i emocionalno zadovolstvo vo vodenjeto ljubov i zenskoto telo, no toa nema nikakva vrska so segasnava seksualna eksploatacija i degradacija na zenite so pornografijata. Nasite prababi bile mnogu seksualno aktivni, zatoa i ragjale mnogu deca, ama i mazite bile zdravi i plodni. Detska pornografija, incest pornografija, mocanje/kakanje vo zenska usta, seks so zivotni i red drugi bolni raboti se del od rabotata na edna porno akterka. Kolku od tie raboti praktikuvale generaciite na tvojata i mojata prababa? Bilo kade vo svetot. I da postoele takvi primeri tie se broele na prsti, a da bi bile doznaeni javno bi bile lincuvani.
     
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.197
    Извини ама не се согласувам дека денес се што знаеме е од филм. Науката е посветена на вакви тематики и има цели книги и студии каде се опишува однесувањето и живеењето на луѓето уште од пештера па до сега.
    Наивно е да се мисли дека инцест и секс со животни е измислено од луѓе во дваести и дваесет и први век. А уште поглупаво е да се верува дека денес истите кога би биле дознаени дека се прифаќаат најглатко во општеството. Прочитај коментари под статија кај што некој си таму силувал коза, или за педофилија и сл. па да видиш реакции.
    И не знам што се фаќаш за тие тематики, ко инцест и анимал секс да се во топ категории.

    И жената била некогаш многу подеградирана него сега, сексуално злоставувана, силувана, тепана, малтретирана. Доколку мислиш дека во денешно време деградацијата на жената го доживува својот врв, тогаш не си погледнал подалеку од носот.

    Порнографија имаш со разни тематики каде и мажот е деградиран, врзан како куче, со штипка на јајцата и штиклата на господарката во уста. Па? Не верувам дека е општо прифатена пракса за хетеросексуални односи.

    Имаме доволно материјал да ја вртиме паричката на која страна сакаме. Ама факт е дека настраноста не ја измислија генерациите од последниве 50 години.
    Исто како што не можеш да станеш хомосексуалец од „лошо влијание“ во околината, така не можеш одеднаш да станеш и садо-мазохист. Треба тоа да си го носиш во себе и да одлучиш дали ќе го прикриваш или манифестираш порано или подоцна. А за тоа колку тоа е општествено подобно и прифатено имаме други теми.
     
    На doubleg, bittersweet, Rebecca_R и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Во контекст на тоа дека порното е нешто ново а нашите претци појма немале од еротика, секс и kinkiness :P
    4c9eeb590907370c297d675164225334.jpg
    Индија, Храмот на љубовта, околу 10 век.
    1024px-Tako_to_ama_retouched.jpg
    Јапонија, Сонот на жената на рибарот, 1814 година.

    Разликата меѓу нас и нашите претци е во тоа што тие ја немале технологијата што ние ја имаме денес, фетишите си останале исти :)
     
    На BoyL, AURUA, Bozica1980 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Pedofilija, zoofilija, incest, sado mazohizam i drugi gadosti sigurno deka imalo, no toa se slucuvalo zad zatvoreni vrati i kaj mizerno mal procent na populacija. Toa denes se promovira javno i agresivno. Naukata se zanimava so proucuvanje na istorijata, no zad eden istoriski nastan imas napisano sto razlicni verzii. Zavisno kakva e politickata klima i koj diktira kako da se pisuva istorijata. Ti velam deka so sigurnost nisto ne znaes sto se slucilo pred 100 godini, a ne pak pred 500 ili 1000. Toa e iluzija. Ne mora da odis daleku. Vidi gi generaciite na tvojata baba i prababa kako ziveele. Svetot bil mnogu konzervativno opstestvo i taka se ziveelo so generacii i generacii i toj sistem na vrednosti funkcioniral odlicno, a deka zenite vo minatoto bile siluvani, tepani, maltretirani, degradirani ni toa ne se soglasuvam. Cista propaganda.

    Golotija, vodenje ljubov ne e pornografija. I nasite prababi ne bile BIMBO plavusi so silikonski usni i zadnici, tetovirani so pirsovi koisto dozvoluvale nekoj cicko da im moca po lice, da butaat se i sesto vo nivnite vagini, 50 mazi da im pravat redenki. Daj malku da gi gledame realno rabotite. Ako e toa normalno prasaj koja od tie akterki toa go raboti od zadovolstvo. Tie se vo teski depresii, najgolem del narkomanki i prostitutki.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Jacques без да се навредиш, морам да ти кажам дека немаш доволно книги прочитано за да можеш да дискутираш на оваа тема.

    Сексуалноста е една комплексна тема, ама сексот дефинитивно не е во центар на вниманието. Секс пред е се е размножување на видовите, ама кога е во прашање човекот, е тука е вклучена и психологијата.

    Можеш настраноста во сексот да ја дефинираш како девијација, други сметаат дека е во прашање фетиш, ама тоа во дискусијава не е битно.

    Прво, да се разбереме, имало партијахално воспитување, ама знаеме и за матријахат. Низ фазите на цивилизацискиот развој, луѓето минале низ многу фази, а се чини дека од 1911 па се до денес жената се бори за рамноправност со мажот. Иако сме 21 век, тоа сеуште не е реализирано во целост.
    Не треба многу добро да ја познаваш историјата за да знаеш дека жените владееле со империи, ама некогаш жените немале ниту право на глас.
     
    На Bender Rodriguez, Згодно Момче и Prijatelot им се допаѓа ова.
  8. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Женските толку не се засегнати од порно филмовите и дешавките да ги наречам во истите. Меѓутоа машката популација е итекако погрешно информирана од порно индустријата. Гледањето порно за машките може да заврши многу лошо. Истиот да не може да го крене својот полов орган на девојка си или во најлош случај да не биде во состојба да го крене на било која девојка. Секако исто така како проблем се јавува и очекувањето од машкото за тоа какво треба да биде женското.Секако сето ова е излечиво со комплетно престанување гледање порно, и намалена мастурбација на еднаш неделно и со медитации.
     
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Знам, имало и интернет во камено време ама споро се аплоудирале слики, имале и коли ама многу чаделе и гледале телевизија на камени телевизори, како во цртаните.

    Што само изнапиша :D а не знаеш дека до крај на 19.век женскиот оргазам се водел како хистерија во најразвиените земји а клиторисот се сметал за бескорисен израсток?
    Замисли некои твој претци пред 200 години, сигурно некој лик натегнувајќи ја невестата во шталата се грижел дали ќе ја задоволи, дали и ја погоди ге точката, дали свршила :)
    Ништо немало од тоа што пишуваш надвор од 0,1% процент од најгобатите класи а и кај нив не секогаш.

    Како прво, до пред само 5-6 генерации, хигиената, особено онаа кај гениталиите во споредба со денес била непостоечка. Второ, немало контрацепција. Трето немало антибиотици. Четврто немало абортус, барем не во форма која не би наликувала на нискоуџетен хорор. Петто немало социјална мрежа која би ја заштитила жената од последиците. Шесто, немало ни работни места соодветни за жени. Немало ништо со кое што рајата би можела да се заштити од последиците на сексуалните односи.

    Не дека рајата не сакала да се секса, него сексот многу често знаел да биде брз и сигурен пат до гробишта. Затруднување надвор од брак бил крај за една жена. Или ќе бара бабица која ќе се нафати, или сама некаде во штала ќе го удави и ќе го фрли некаде. Ако го роди пак, што после со него, како, каде? И ден денес по Европа се откриваат гробишта на бебиња и фетуси и слични ужаси како оние во Ирска каде што вонбрачни бебиња ги фрлале во септичка јама...
    Сифилисот и остала легија на сексуално преносливи болештини убивале прилично ефикасно.

    Затоа и се стапувало во брак на рана возраст и се градел некој живот, да се опстане, да се израстат некако деца, да се прехранат. Поими како брачна среќа и остали ствари се многу нова појава.

    Нормално, чоекот како вид отсекогаш се обидувал да ја истрола природата и да се секса без страв и конечно, пред некои 50-60 години во тоа и успеал, прв пат во 200,000 години постоење. И сеа уште е транзиција, не сме се снашле во новите услови за безбедно уживање во сексот, сега се оди во друга крајност...
     
    На ♡BuBaLe♡, sjdgo и Anon им се допаѓа ова.
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.197
    За се тоа што јас „изнапишав“, многу други постручни лица од мене и од тебе напишале многу повеќе.

    Како што можеш да видиш јас се повикувам на подалечни времиња, на многу постари цивилизации од оние што ги опишуваш ти и зборувам за суштината на човековото постоење и однесување уште од многу порана дата. За сето тоа постојат докази кои не ги измислив јас, туку науката ги проучува и елаборира.

    Ние поновите генерации обожаваме да си мислиме дека сме измислиле „топла вода“ кога некои работи се случувале уште многу многу поодамна.

    Како што можам да приметам и не даваш некој концизен контра аргумент на она што не ти се допадна во моето мислење, туку напротив мешаш теми и поими кои не се никаков начин поврзани со моето изнесување.

    Пред се бракот и брачната заедница за кои се фати немаат апсолутна врска со сексуалните дејствија кои се практикуваат. Или според тебе фетишите се одлика само на развратници без партнери и локалните шерифи и проституки? И дополнително, што има врска фетишот и настраноста со недостиот на соодветни работни места за жената?

    Порано косела и колера, обичен грип, војни и слично, па луѓето пак раѓале многу повеќе деца од сега. Империи се растурале заради секс, грешни одлуки се носеле поради тој човеков порив да се задоволи сексуално. Робовите пред се служеле за секс, а после за се друго. Борделите веројатно не треба да ти објаснувам, не ги измисливме ние. Болестите, антибиотиците и контрацепцијата немаат апсолутна врска со ништо од ова.
    За поблиска споредба, денес во Африка на големо коси сидата, нема средства за контрацепција, немаат кондоми, немаат сексуална едукација и социјални мрежи, но сепак сидата останува водечка причина за смрт, покрај гладот и жедта. Главен причинител? Полигамија, некористење заштита, непочитување на препораката за апститенција на оние веќе заболените.

    Како што веќе кажав во некое претходно мислење, се ова постои уште од време на тотеми, империи и царства, постои и денес.
    Пролистај низ литература па ќе видиш какви се обреди и ритуали правеле што вклучуваат и оргии и дилдовци и анимал секс и инцест и педофилија и свингерство и се живо и диво.

    Без разлика на степенот на развој на човештвото секогаш ќе го пронајдеш сексуалното задоволување како неминовно поглавје. Ќе се изненадиш и во каква се форма, ќе се изненадиш и на што се се давало значење и колку хигиена се одржувало и кој се уживал во тоа. Па можеби тогаш ќе сфатиш дека самозадоволувањето, аналниот и оралниот не ги измислија Тера Патрик и Саша Греј, туку дека постоеле уште од времето и се практикувале можеби и повеќе од сега.
     
    На BoyL, doubleg, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Напротив, се што е напишано во мојот пост е прилично концизно и сосема точно. Провери од кога постојат антибиотици, од кога постојат современи канализации, какви биле хигиенските навики каква контрацепција постоела, каков бил абортусот...
    Пишуваш нешто како "Робовите пред се служеле за секс, а после за се друго" и на човек веднаш му одумираат синапси во мозокот и си вели да батали веднаш муабет, ама што да се прави, веројатно имам мазохистичка црта :(
    Робовите биле основна движечка сила на економијата и главен извор на богатството на сите општества, се до скоро, до 19.век. Имало и ропство лајт а.к.а крепосништвото/кметството ама тоа е друга прича...
    Кои подалечни цивилизации, мислиш Атлантида и тие ствари? Е за тоа не знам, слабо оставиле траги зад себе :party:

    Животот што го живееме ние, вклучително и односот кон сексуалноста е драматично различен од оној само пред 70 години, не пак 300 или 1000.

    Твоето размислување е резултат на она што би се нарекло "флинтстонизација" на човековата историја, според цртаниот филм за Фреди Флинтстон кој се дешава во камено време ама се е исто како сега. Само тоа е сепак цртан филм :)
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.197
    Тогаш очигледно имаме различни гледишта на тоа што е јасно и концизно : )

    Повторно бегаш од темата и ми зборуваш за антибиотици и абортуси, а не ја гледаш суштината.

    Робовите биле користени за се, вклучувајќи и секс во сите форми. Тоа е факт, без разлика на тоа колку синапсите ќе ти настрадаат.

    Атлантида како што гледаш не ја спомнав, јасно пишува на кои цивилизации мислам, иако веројатно и кај нив не било ништо поразлично.

    Драматично поразлично не е, можеби само амбалажата, но не и формата и суштината.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Црна Ружа, дали ти сериозно сметаш дека сексот, онаков каков што го знаеме денес е модерно „откритие“, нешто што не постоело порано? Работава, прво настанале порно филмовите па дури отпосле луѓето почнале со BDSM, фетиши, оргии и слични активности. Да не случајно го виделе тоа на филм, не би им ни текнало на тие пози. Муабетов нешто како секс варијатна на дилемата што е постаро: јајцето или кокошката :)

    Инаку, сексуалните помагала датираат уште од старото камено време, така да можеш да бидеш сигурна дека нашите предци знаеле многу повеќе од мисионерска поза под јорган со изгасено светло :)
     
    На Bender Rodriguez и Giovanna им се допаѓа ова.
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Чекај поедноставно малку, сериозно си замислуваш дека прабабати општела со својот сопруг со сексуални помагала, фино пицнати долу, па предигра ти реков ми рече? :D

    Сексот постои ваљда милирада години а кај луѓето 200К колку што и постои хомо сапиенсот, сексот во основа е тој, тоа што влегувало пред 199.000 години влегува и денес, само што пристапот кон сексот е драматично, неверојатно и невидено различен од пред само 3 генерации.

    Имало причина зошто жените "не давале" пред брак и тоа со право, затоа што ризикот жената да настрада од здравствен, социјален или економски план биле неспоредливо поголеми него кај мажот. Денес нормално, после неколку бранови научни и општествени промени за среќа не е така но мајндсетот до некаде е останат и ќе треба време да се надмине.

    Оргии имало кај римски цареви. Проблемот е што историјата на обичната раја никој не ја споменува затоа што била тешка, јадна, досадна и смртоносна. И ти гледајќи серии како онаа со гладијаторите си викаш "бооо и во тоа време шо јако им било еј". Ама како што реков, тоа важело за 0,1% од населението и тоа се проектира врз одреден период како нешто кое било сеприсутно, споредба во 25.век некој да чита за РМ во 2017 нема да чита извори за раја него за богаташи, тајкуни, политичари и си вика бреееј во таа маќедонија се возеле коли од пола милион евра и гаќи од 500 евра...
    Обичната раја и робовите нит правеле оргии нит имале бдсм фетиши ниту ништо. Жените биле постојано трудни, од 15-16 па дури се може, од 10-12 деца пола ќе преживеат, остало ќе го закопаат и така...замисли во каква состојба би и биле репродуктивните органи...

    Јорганите била скапа ствар и тешко достижни за повеќето раја, твоите претци пример живееле заедно со стоката во иста просторија и со многуте деци кои пиштеле и вриштеле, почесто гладни него сити, смрдело и било гнасно, приватноста како поим сеуште не постоела и ти си мислиш дека прапрапра дедоти и бабати развивале фетиши легнувајќи на сламарицата?

    Исто и моите претци да се разбереме, не дека јас имам нешто аристократи во далечно минато во фамилија, сето тоа биле робови и кметови.
     
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Црна Ружа, и конкретно твојата поента е...?

    Да, животот на жената бил ужасно мачен и угнетувачки во минатото. Да, животот воопшто бил мачен, за сите. Ама тоа не го менува фактот дека тоа што денес го гледаме во порничите, постои откако постои и човештвото.
     
    На BoyL, Bender Rodriguez, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    А мора да има некаква поента?!

    Работата е дека порното е нова ствар, рајата доброволно ги става на увид на милиони луѓе најприватните можни ствари, милиони луѓе се воајери а останатото е горе долу добро опишано на темава, влијанието на врските и сето тоа...
     
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.197
    Да, те молам поедностави ми :) зашто јас сум таа во случајов што не го конта муабетот...
    Не зборам ниту за баба ми, ниту за мене ниту за било кој поединец. Зборувам дека со експанзијата на порно индустријата и приказот на најразновидни сексуални активности не измисливме топла вода.
    Предигра имало, дилдовци и сл. депилацијата е одамна измислена и тоа разни методи...со свилен конец, со восок, со што ти не.

    Стварно не знам што не разбираш?

    Јас разбирам различни ставови, но ти упорно селективно читаш, вртиш муабет во тотално промашена насока, па згора на се и вреѓаш. Тотално, не мој тип на дебата. Не знам што друго би се објаснувале понатаму.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нема никаде навреда, тоа што страдаа некои синапси откако прочитав што си напишала не е навреда, само констатација на факти :)

    Скулптурите, вазните и цртежите не се никакво античко порно и сексуалноста која ја прикажуваат нема никаква допирна точка со порнографија, како што кажав Фреди Флинстон ситуација.
    Тие чудесиите што ги стави се дилда во интерпретација на некој денешен лик, дали ја сфаќаш разликата?
    Веројатно не...
     
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.197
    Очигледно е како стоиш со фактите и способноста за резонирање. Не си ги арчи толку синапсите : )))

    Се одјавувам :hai:
     
    На WildMk и BoyL им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Супер, само да не е со 'стилизирање' на изгледот на женското тело и да биде законски добро регулирана.