Се изнагледав клипчина на you tube за контракции, дишење, епидурална, спинална, царски рез... И од пораѓања видеа од царски и нормално. Ми излезе ова клипче, па да прашам вака слично изгледаат контракциите или бетер
тераше до 6см без епидурал после си побара епидурал не е страшно жени се се заборава одма природен процес
@orhideea немој да гледаш на youtube. Ќе се пореметиш! Таков страв ми се всади од видеата што плачев дење и ноќе и сонував страшни соништа (дури сакав да одам на психолог ). Секакви видеа и со епидурална и без гледав и тоа во 5-6та недела. Знам дека си при крај ама сепак немој.
Јас немам проблем со гледањето, гледам уште од почеток, бидејќи сакам да знам што ме чека. Не ми е страв не мислам на тоа, мислам само како ќе си го изгушкам бебето, скоро од сите породени жени имам прочитано дека секоја болка и мака се заборава кога ќе си го земеш во раце бебушот. Само сакав да знам дали од прилика е вака Немој ти да се плашиш мисли само како ќе уживаш со бебушот и ќе го гушкаш. Ако не можеш да гледаш и не гледај да си правиш стрес, мисли си само на убави работи
Мислам дека е подобро да знаеме што нѐ чека и да бидеме информирани за тоа како тече породувањето. Вака кога не знаеме мислам дека и стравот е поголем.
Јас од секогаш сум сакала да знам шо ме чекат, поспремна сум тогаш. Крв ко ќе ми испитуваат гледам иглата кај шо ми ја редат во вена. Сакам да знам шо ќе ми прават со телово.
Подобро ќе ми беше да прочитам некаде некоја позитивна приказна за да се охрабрам ама се зезнав и сама сум си крива за овај претеран страв кој ми се всади гледајќи ги видеата (сите се хорор филмови) а сега дури и да читам најпозитивно нема да ми менува. Ќе видиме како ќе биде само Господ знае и нека не чува и нас и бебушите
Немој да се плашиш, гледај позитивно. Колку си ти поопуштена , толку и мускулите ќе ти се опуштат и ќе се отвориш побрзо. Се е до мозокот. Кога ќе дојде моментот биди храбра, без паничење, а те гледам дека стравот вкоски ти е влезен. Секој човек си имат праг на издржување на болка, ти твојот за пороѓај ставиго на високо и се ќе е полесно. Знам дека можиш да се опуштиш, ајде за бебуш можиш. Јас со мојата породилна, здравје ќе.те опуштам додатно
@fana Зошто бе хорор филм? Па тоа си е најприродно нешто. И јас на почетокот кога гледав во живо ми беше ептен језиво, мислев дека и мене ме боле. Ама после неколку пораѓаја едноставно се навикнав и воопшто не ми е језиво да гледам, дури и интересно е. Јас не се плашам од пораѓајот, ама некогаш ме фаќа паника што ако нешто не тргне како што треба. И само се молам бебето да е во ред. Болките ќе ги истрпиме. @pandelka И јас си гледам кога ми земаат крв и ич не ми е страв.
Ајде твојата приказна ќе биде позитивна. Секоја жена е различна. И една жена што имала 3 породувања да ја прашаш ќе ти каже дека различно поминала и бременост и породување. И на сите колку и да му е страшен пораѓајот сепак по година две се одлучуваат за второ детенце, што значи не е до толку страшно. Јас не познавам жена кој што не сака второ дете поради лош пораѓај. Ајде само позитивно
подобро е когаси информиран не ко мене одкога се роди првото бебе на следниот напон за да изпадне постелката ја мислев дека уште едно бебе ке изпаѓа
Извини ама многу се насмеав кога те прочитав. Не е за смеење работава, но.. смешно е сепак. А па и тие акушерките требало да ти кажат што се случува.
ами јас теленце изпадна бебето и после минута две чекаат да испадне постелка мене ми иде друг напон и си викам аман бре зар близнаци се никој ен ми кажа од кај дојде се друго бебе оно постелка да ти било е за второто се си знаев смешно е и насмејте се и јас се смеев одпосле
А некоја што го поминала патот да ни напише од што почнува процедурата? Прво чеп, па водењак, болки... Како оди, што прво да очекуваме
Мене прво чеп па по еден ден водењакот ми пукна па по неколку часа болки ме фатија =све со ред ме фати
Јас немам никаков однос спрема пораѓајот. Дали дека се си викам има време и уште не ме фатила еуфорија?! Толку луѓе сме излегле, ќе излезе и моево! Издржале сите, што па јас да не - не сум нешто поразлична од сите.
Па да и не оди баш како по и некој ред. Кај мене падна чеп (и тоа падна зашто докторот подпомогна да се испровоцира раѓање), на трети, четврти ден надносено бебче имав проверка со рака и малку подзаврти лево десно баш за да ми помогне, зашто грлово немаше абер да попушти три дена си имав крв малку по паѓањето на чепот, па ме фатија болки директно на 4мин и водењакот ми го пукна докторот со рака, за 3 часа станаа на 1мин, така на една минута беа едно 4ч, па последните два часа пред раѓање беа на 30 секунди. Не викав, не плачев, не урлав, броев вентилации пеев у себе песни, читав текстови напишани залепени на ѕидовите таму (којзнае колку пати еден текст прочитав) и се фаќав за креветот за време на болката и си викав еве готово помина, еве готово помина гледав да не трошам сили со викање... Боли за болење, ама не е нешто што не би истрпиле... жени сме можеме, маживе такво нешто не би поднеле Јас може лудо ке звучам, ама едвај чекам пак да раѓам.. не се плашам, за мене е тоа едно посебно доживување за кое имаме привилегија малку пати да го доживееме... повеќе ме болеа солзите кога лежев на клиника со бебе 7 дена старо, него солзите на боксот... да сме живи, здрави, друго не е битно