Има ли некоја мама овде што се има породено два пати различно, еднаш природно и еднаш со царски, па ако не и тешко да ни ги сподели искуствата и да ни направи компарација, да каже како смета дека полесно поминала, како помалку ја болело, со какви анестезии се пораѓала итн итн.. Многу ќе и бидам благодарна. Нека каже како е помалку болно, не сакам приказни од типот, ‘‘како е подобро‘‘, туку конкретно што помалку боли и што повеќе се издржува, дали раната од царскиот или болките при природен пораѓај (да не заборавиме дека и при природен пораѓај има болки и отпосле колку што знам, нели и доле се шие), не сакам да ми судите, ве молам, само сакам одговор на прашањето. Како го изгледав видеово така се испотресов а до сега не ми беше нешто страв, ја гледам женава, она плаче, јас плачам. Многу сум коркач бе да му се сневиди, на пап тест вриштам, ич болка не трпам, спекулум кога ќе ми стават мислам дека е нешто најстрашно у свет, ѕвезди бројам, многу се уплашив сега.
Јас познавам, и затоа се плашам, жената не можеше да седи на гз цел месец после пораѓај, не сака да чуе за второ, а породена е пред 5 ипол години природно, и сечена и плус распукана, поради тоа во болница беше околу 15 дена, она вика дека е нешто најстрашно што доживеала во животот и дека не се заборава како што знаат да кажат, и вика ‘‘да, вреди, но не би никогаш повторно‘‘. Сепак, секој различно со природното. А тие што знам што се породија со царски, се исто така со различни искуства, ама па не се истрауматизирани, викаат дека боли раната но се трпи, им давале некои инфузии за намалување на болката или не знам што во наредните денови по пораѓај, и не им било толку страшно, братучетка ми исто, со царски, она па од пусти стравови по нејзина желба во приватна болница, и презадоволна беше со двете деца, со првото дури утредента стана и си го пресоблекуваше и ми вика ич не ја болела раната, е со второто демек малку повеќе, но не страшно. Стварно не знам што да мислам, а се сакав природно, демек да не сум сечена, да можам да си го ослабам стомакот да не ми виси дрн дрн итн, е сега се предомислувам некако. не знам ле-ле... И пак си викам, најважно е да останам жива здрава и да си родам здраво право дете, огромната желба за дете ми го потиснува стравот, но сепак е и тоа како присутен. Дури срам ми е да кажам дека се утепав од плачење кога ми го правеа трансферот, од што ме болеше спекулумот, а тоа во споредба со породување е 100% капка во океан.
Кај ја најдовте плачкава (клипот де). Без епидурал богами не ми доаѓаше сила ни да плачам ни да зборувам, имав сила само да се концентрирам на дишење и да слушам наоколу. Доаѓа докторот во сала и цел насмеан од уво до уво ми вика- Китен како си? а јас одговарам како издишан балон- Паааа, не ми е сеедно. Од клипов не можат да се видат контракции, башка...тоа може само да се осети @RedRevolution тој случај што го познаваш е премногу редок, нека не те плашат такви случки, мисли позитивно, дека нема да бидеш од таквите баксузи Во просек на секоја жена и' зараснува раната за две недели до месец, јас неможев две недели исправено да седам, само странично. Апсолутно не е болка која неможе да се издржи. После пораѓајот само утредента го осеќав местото како да пулсира (нели, поголема болка), но и тоа беше издржливо. Сечењето и раната се помалата секирација, без паника И јас мислам поубаво човек да биде информиран за се' отколку да се извади од памет и да испаничи дека тоа што му се случува е нешто невообичаено и страшно.
Абе што се плашите со клиповите И со нив и без нив ке се породиме Е сега боли ама не се умира од ова Дај бидете позитивни малце Btw и мене сеа страв ме фати
Дa бидaм реaлнa и мене ми е ствaрнo мнoгу стрaв aмa некaкo се тешaм декa не сум ни првa ни пoследнa кoјa пoминaлa низ тoј прирoден прoцес и кaкo втoрo декa вo тoј мoмент тoгaш немa дa мoжaм дa мислaм нa стрaв. Свеснa сум декa пред зa време и пoсле тoa ќе имaм гoлемa бoлкa aмa aкo тaa е ценaтa зa дa стигнaм дo нaјубaвoтo нештo вo мoјoт живoт, ќе јa плaтaм. Кoгa стaнувa збoр зa бoлкaтa сепaк мислaм декa цaрски се трпи дaaaaaлеку пoмaлa бoлкa бидејќи тaa бoлкa е сaмo пoсле пoрoдувaњетo, нo сaмo зaрaди бoлкa (без никaквa другa индикaцијa) не дoзвoлувaм дa ми гo сечaт нaјвaжниoт oргaн вo утрoбaтa(мaткaтa). Oстaвaм дa биде се вo Бoжји рaце кaкo и дoсегa. Дa спoмнaм пaк декa иaкo ми се плaчи oд стрaв стoјaм зaд нaпишaнoвo. Ве
Еве сум) Со царскиот поминав баш царски - влегов на закажано, целосна анестезија, излегов со бебе. Да, има болки отпосле, мене вкупно 4-5 дена ми беа поинтензивни да речам, после полека се си доаѓа на место. Никаков проблем со раната, вагината негибната, стомакот ми се повлече после неколку месеци. Второто го носев многу ниско (уствари и двете ги носев, ама тоа дека матката ми е природно пониско поставена во телото), ама беше супер наместено, па решив да одам природно за да избегнам операција, анестезии, подолги оздравувања. Одбив секаква анестезија и провокација, и им реков дека ќе чекам да излези кога ќе дојде време. Водењакот ми пукна (точно на денот) во недела во 15, јас се породив во понеделник сабајле во 8, значи телото ми реагираше како прворотка, зошто со првото не помина породилни болки. Појаките болки почнаа околу 20 и траеја се до пороѓај. Имав многу интензивни од 1 до 7 сабајле, повеќе пати барав да ме прегледуваат зошто мислев дека тоа е тоа, ама во сите тие саати само 3 прсти се отворив. Во 6:30 ми беше последниот преглед, Кочовски пред заминување ми рече 3цм си само отворена, ќе дојди сега Петровски, ќе те превземи, ќе следи како ќе се развива ситуацијата. Искрено мислев дека пак ќе завршам на царски, зошто не се отварав. Во 7:30 Петровски кога ме прегледа бев 9 прсти отворена, му го фати главчето на син ми, и хитно се качив во родилна сала. Син ми го родив за 15на минути. Очекуваа мало бебе, до последно сите тоа ми велеа, а се роди 4кг со поголема глава, заради што бев многу исечена. Кај мене проблемот беше и што многу испукав внатрешно, добив 2 целосни анестезии за да ме шијат и внатре и надвор, и тоа беше најголемиот проблем во целава ситуација. Заради ниското носење, ткивото ми попушти, и како мали туркаше да излези, така пукаше ткивото и крварев. Тешко им било и шиењето, зошто како шиеле така дополнително пукало... Тешко беше заздравувањето, многу. Со месеци не можев да седам, ниту да стојам. Со недели не можев да мочам, седев по 2-3 минути на шоља за да излези урината. Докторите креваа раце, ми велеа До мозокот ти е, шиењето нема врска со уринарниот тракт (ок, до толку и јас знам биологија, која дупка за што е ), пиј Б комплекс да ти се опушти мозокот. Мене мозокот ми беше баш опуштен искрено, ама болката и маката не престануваа со месеци. Минимум 3-4 месеци не можев да стојам исправена подолго од неколку минути, органите внатре ми притискаа на раните, надворешни и внатрешни, ме убиваше гравитацијата. Настрана што се вратив после 4 дена пак на шиење, зошто ми пукнаа 3 надворешни конци. Никој не се заинтересира зошто се јавува оваа состојба, сите ми велеа (вклучувајќи и најблиска која е на ГАК) дека е нормално и 1 година телото да се опоравува. НЕ Е НОРМАЛНО, и не го прифаќајте тоа како такво! Тука (во Сиднеј) открив што ми било и што ми се случило. Јас сум имала pelvic organ prolapse ( https://www.continence.org.au/pages/prolapse.html ) кој во основа е состојба која се третира и не се остава на времето и случајност. Кај нас никој не разговара на оваа тема, сите им солат памет на мајките „Што мислиш ти, лесно ли е мајка да се стане??“ и „Нормално е тоа, тууу еден пороѓај не можеш да издржиш“. Никој не го бара коренот на проблемот, никој не ја слуша мајката за проблемите што ги има пред и после пороѓај. Тука на преглед имав 25мин земање анамнеза, од моментот кога сум станала сексуално активна до дента, од пороѓаи, до доења, контрацепција, болести, третмани. Не мораше ни да ме прегледа докторот, веќе знаеше што ми е. Ние најсовремени апарати имаме, ама една анамнеза нерви немаат да земат. Нејсе.... Заклучок: Се зависи од состојбата на организмот во моментот. Мене поголеми проблеми ми се јавија од природниот пороѓај отколку од царскиот, ама тоа сум јас. Болките не ги споредувам, зошто се краткорочни и завршуваат било со пороѓајот, било неколку дена после тоа (ако е се во ред нели). Немам совет, освен да си ја слушате интуицијата пред и после, и да барате помош и третман ако сметате дека има потреба. Ако треба нешто, тука сум, пишете и тагирајте, за да видам. Со лесно на сите
Заборавив да пишам, и @MacenceEna може да сподели искуство, со првото е природно породена, со второто царски, ако не сум грешка. Ех @Moira тоа ти е реалноста кај нас, за жал, не се замараат докторите, бидејќи НЕ ЗНААТ! Тоа е најголемиот проблем. А суетата ги кочи да признаат. Ти се прероди во Острелија
Ти благодарам Моира, за сега ми ја реши дилемата, сепак , ќе видиме до крај како ќе излезе се, важно живи здрави да сме сите
Мислам дека тоа што некоја друга имала пролапс или друг проблем настанат од природно породување не значи дека и ние ќе имаме. Поради стравот од породување и од болките кои се трпат многу жени сакаат царски рез наместо природно. Мислам дека да има анестезија во сите породилишта, повеќето би отишле природно да се пораѓаат. Овде во мојот град не даваат, а и не знам дали некаде воопшто даваат. Тоа е недостаток на здравството. А докторите што не се замараат и што понекогаш ги третираат жените на боксот како некои животни, тоа е веќе друго. Самиот однос кој докторот го има со трудниците треба да им влее доверба и смиреност во нив, ама за жал многу малку такви доктори има кои мислат на психичката состојба на жените, а не само на породувањето како процес.
Односнот е многу битен, со мене супер се однесуваа и затоа се полесно помина, полесно се заборави. Насмеавка, шала имаше цело време со еден доктор кој цело време (цела ноќ трета смена) ме следеше. И ете траума не ми остана иако сум два пати шиена исто поради и сечење и распукување внатрешно поради крупно бебче. Една недела неможев да седам, но со златново дете околу мене ретко ги запазував болките. Незнам на што се должи тоа што со некои се однесуваат страшно, а со некои океј... јас без ни една врска бев, отидов онака кој се падне тој, никој не познавав.. а се однесуваа со мене супер.
затоа наместо да се раправаме сдс или вмро дуи или незнам ти кои партии да се залагаме да се изгласа закон за безболно породување во државните болници
Они имаат епидурали и спинални, ама ги чуваат за со врски бидејќи нема многу персонал (анестезиолози) за да ги следат родилките. Со врски одма ќе ти стават. Снајка моја доби на ГАК, ама со врска.
За да ова се реализира, треба да се вработат повеќе анестезиолози на клиниките. Еве за ГАК ќе кажам, имаше еден дежурен анестезиолог кој го чуваат за царски и нормално дека нема да го викнат седи до тебе да ти дозира анестезија, ако во исто време треба да е во сала на итен царски. Затоа и не даваат епидурал, инаку би давале мислам. Плус што се доплаќа како што знам. Нека ме исправи некој ако е поупатен. Инаку сум за иницијативава @kukla21 јас со врски бев, па докторов нејќеше да ми даде епидурал. А му барав.
И во Битола не даваат ништо за болки при природно породување ни со пари. Цела среќа ми е што плодност болницата е над државната на 200 метри па некои коментари, ако постојат ( од типот што мислиш како се станува мајка, не те болеше ко го праеше, многу си се поправила и слични грозотии) ќе ги избегнам со тоа што ќе си ги соберам парталите и си бегам ! Чао журим На колешката снаата првото се породи со царски второто природно. Не можела да седне долго време после природното ама и велела на свекрва и (колешката моја) дека никогаш повеќе ни би дозволила да и сечат матка и дека би родила природно уште 10 деца.
нека си вработат анестезиолог ако се има пари за спомени тркала и разни глупости низ државава има пари и за тоа срамота во 21 век жените да се мачат со болки ненормални