За спинална не треба да се плаќа. Јас не ни побарав, ми предложија/ми сугерираа дека е подобро за мене , прифатив. Ама не ми кажаа дека после тоа болки ќе имам
Они спазмекс немаат, ги тераат жените да си купуваат, а ние епидурал тражеме. Научна фантастика е тоа за нив.
Имам слушнато дека некои после спиналната имаат болки, но не сите, дали тоа зависи од анестезиологот или од жената не знам
Даааа Јас лично сум купувала за сестра ми (не на гинекологија туку на заразно кај нас ама ситуацијата во болницата е таа)
Сите имале после спинална, додека не ти се исчисти организмот од анестезијата. Ми ставија лајт-спинал, и бев будна и свесна за време на раѓањето , имав напони (ги осеќав) ама немав болки, што е многу олеснително. Болките те исцрпуваат и те оставаат без сила. Околу 2 часа трае спиналната (колкава доза ќе добиеш сами оценуваат тие, според времето останато до самиот чин) и тамам ќе почнеш да ги осеќаш болките, веќе си пред крај. Од болка од спинална спасува само кафетин , кока кола и јако кафе. Така ми рекоа докторките.
Дават и епидурална на болница Битола ама со пријатели. Дали се плаќа или не незнам.. Иначе имам изгледано доста клипчина на јутуб кај шо раѓат мајки. До сега не сум се исплашила од пораѓај. Можно е дека сум на почеток и мува не ме лази сеуште, ама на крајот сигурно ќе ми фуфка
Кубурат со кадар, затоа. Нема анестезиолози, не само кај нас, општо. Од тројца доктори што ги знам, што ми се блиски (тројцата анестезиолози), само еден е во Мк, при крај на специјализација, а другите двајца во странство и немаат намера да си дојдат. Анестезиолозите се едни од најплатените специјалисти воопшто, било каде. За мене кога се пораѓав со второво викнаа анестезиолог од друга клиника, немаше во моментот слободен на ГАК. Инаку во сабота се пораѓав.
So carski rodi? Sum cula deka na gak iglite i propratna oprema za epidural i spinal se pogolemi od toa sto treba pa zatoa se pravi mini povreda i boli kicma potoa. Jas nemam nikakvi bolki od epiduralot
Не, природно породување беше. Ама бидејќи староротка (ризична категорија), датумот за раѓањето беше закажан однапред, па со провокација родив.
Бавно одеше.Едно 12 часа.Ама не беше воопшто болно.Освен последните 30 минути кога помина дејството на спиналот. И спинална ставаат (лајт спинал), за да функционираш, да имаш свест и сила да соработуваш со бабиците.
Да Аннат, првото природно, второво царски. За првото бев со поминат термин. Ни отворена , ни болки. Па почнаа со чепче.за отварање. После еден ден тек почнав да се отварам . После 3 см. Добив епидурална. Не се ни сеќавам како беше веќе. После 5ипол години. Почнав да добивам болки .. бабицата до мене. Чум главчето излезе не чекав ни секунд. Напнав и се роди малата . Не бев сечена, се си остана нормално. 55см и 3430гр. Од епидуралната знам ми беа уште ко здрвени нозете. Ама помина се. Одма станав чим ја родив малата. Значи ја земаа да ја средат, облечат , измерат и јас си станав . Ми се сврте и ме вратија назад. Второво породување се одвиваше побрзо. За еден саат од како ме фатија болки јас бев 9см отворена. Ме примија ноќта одма. Со надеж да родам брзо. Бабицата сакаше брзо да ме заврши , и завршуваше смената. И ја зезна работата. Пет минути се мислам.како се вика она од каде истекува плодовата вода. Пошто тоа го дупна бабицата. И бебето се измести од нормалната положба и немаше шанса да се роди мали така. Па ајде итен царски. Беше што беше , јас уплашена . Почна напади да добивам. Да се гушам. И ми ставија нешто за смирување. Бебе се роди. Прилично голем. 4050гр 58см долг. Штета не сликав тогаш како синко лежи со бебето од цимерката . Тоа мало прцле 48см , моево 58см. Разлика 10 сантиметри. А еден ден разлика За мене опоравувањето од царскиот беше болно. 3, 4 дена со таблетки само издржував. Станував се нормално. Ама боли бе . Така да , да би требало да бирам царски ни во сон не би одбрала.
@MacenceEna Машала 58см, манекенче право.Не сум сретнала некое бебе толку долго. Браво мајка. Јас сум се родила 41см, не можам да замислам каква би била во споредба со него.
Спинал и во систина ставаат место епидурал за природно. @alisijad ми е останато во сеќавање дека беше со спинал на природно.