зашто епидурал се става додека се отвараш, а јас првично не сакав анестезија, се отворив многу брзо и немаше време за епидурал и ми ставија спинална, не е како за царски поинаква е , си ги осекав нозете само се намалија болките за време на контракциите и после и за шиењето делуваше истата анестезија.
Ноќеска во 1.30 ч ме разбуди од сон страшна менструална болка како да ме сече нешто доле и од позади половината,стомакот ми се стврдна како камен станав одма ама неможев да направам ни еден чекор се виткав од болка,ова траеше околу една минута.После тоа ме пушти си легнав пак но после 30мин пак истото и така на секој пола саат цела ноќ до сабајле..Инаку сум 38+5 е сега незнам дали овие се тие болки вистински или лажни утре секако имам закажано преглед ама ми е страв вечерва да не станат почести инаку се неиздржливи како да ме влече нешто надоле,како нагон за во вц а уствари кога ќе попушти ми поминува сe и така мирна сум едно пола саат после пак исто.Вие поискусните што мислите да одам да ме зирнат или да си чекам до утре?Мн ми е страв дека со првото дете неосетив никакви болки
По описот мене ми изгледаат на вистински болки. Посебно затоа што ти се јавуваат во редовни интервали од пола саат. На твое место би одела да ме ѕирнат. Не губиш ништо.
Мене по описот ми личи на контракции на вистински породилни болки ,јас би те советувала да си појдеш денеска да те видат да не чекаш до утре .
Me interesira dali samata gradba na teloto na zenata ima vrska kako ke se porodi? Imam slusnato na primer deka zenite so prirodno posiroki kolkovi polesno se poragjaat, ima li vrska toa, od iskustvo?
јас немам широки колкови,ситна сум прилично а се породивз за час и пол. првото бебе беше скоро 3400 второто 2950
Девојки осејкам кај маткава како некој со игла да ме боцка ова болка породилна е зошто јас требит секој момент да се породам 20ти ми е краен рок
Може да се контракции лажни (припрема на матката) но и вистински, цело време те држи болката или доаѓа повремено? Ако е повремено земи мери на колку минути те заболува, ако е на ист интервал може да се вистински контракции
Епидурaлнa aнaлгезијa се стaвa зa нaмaлувaње нa бoлкa a спинaлнaтa е aнестезијa и блoкирa се oд пoлoвинaтa нaдoлу. Спинaлнa е зa цaрски рез a епидурaлнa aнaлгезијa зa прирoднo пoрoдувaње без бoлки. Сo спинaлнaтa aнестезијa немa никaквo чуствo и не мoже дa се мрдaaт нoзете, дoдекa сo епидурaлнaтa не чуствувaш сaмo бoлкa a мoжеш дa ги oсетиш нoзете и дa се движиш. Спинaлнaтa се стaвa еднaш пред oперaцијa, дoдекa епидурaлнaтa се дoзирa oд време нa време преку мaлечкo цевче кoе стoи вo рбетoт. Се нaдевaм oбјaснив кo шo требa и ме сфaти
Баш го слушав овој анестезиологот од Плодност, мислам дека ти го имаше постирано видеото, он вика дека епидурална анестезија ја блокира мускулатурата, а епидурална аналгезија не, односно жената не само што ги чувствува нозете туку и може да оди, додека спиналната, иако најчесто се користи за царски, колку што прочитав овде на форумот, некои ја примаат и за природно породување (некоја послаба варијанта) најчесто кога е веќе доцна за епидурална. Така што епидуралната е иссклучиво за природно, а спинналната може да се користи и за двата начини на породување.
И јас не знаев, овде прочитав дека неколку ја примале спиналната за природно породување, инаку мислев дека за царски само се дава.
За царски било спинална анестезија а за природно спинална аналгезија. Различни биле овие два поими. Така знам
Лајт спинал може да се користи за природно породување. Аналгезија како поим значи само обезболување, а анестезија е целосна блокада на чувството на делот кој се оперира или пак индуцирано губење на свеста. Со аналгезија фактички не се чувствува само болката, а се друго се осеќа, за разлика од анестезијата. Затоа има повеќе степени на анестезија, т.е повеќе степени на седација, плитка, средна, длабока анестезија, најпросто кажано.
Edno glupavo prasanje ama me faka panika ... 36ta nedela sum prvo dete ... vasi iskustva koga i kako pocnuvaat bolkite na sto da reagiram na koja bolka se odi na lekar ....
Дајте сеа детали како почнува све ве молам ... мене веќе две утра ме будат како менструални болки , кои траат по половина час и после прекинуваат. 37 недела и кусур сум
Мене ме болеше кичмата, добивав грчеви, менструални болки...бо прилично појаки од дотогашните во бременоста. Предходно поминуваа со лежење, одмор, магнезиум...но кај овие што и да правиш џабе е. Дишев длабоко и чекав да поминат. Се следи ритамот на часовник. На пример, првен се секои 15 миниту и траат по 15 секунди. После неколку часа се секои 10 минути но овој пат за нијанса појаки. Потоа се секои 5 минути и се уште појаки. После веќе се на некоја минута. Значи постои рамномерност во интервалите импаралелно се зголемува интензитетот на болката. Кај мене почнуваше со еден јак удар доле, како да ми удрило клоца детето и истекување на поголемо количество вода. Ај од око да речам 2 чаши. Но ова е индивидуално, не мора. Ноќта пред пораѓај чуствував чудно влечење доле, како да се местеше главчето. Си легнував фит а после неколку часа од сон ме будеа менатруалните болки.
И јас сум пред термин се разбудв рано утрово ме болеше мешето малку како слаби менструални болки нешто слично и како за по wc а бебчето мислам дека беше на средината кај папокот како топче нашилено полека станам наместе се и прекине болката после некое време пак само кога лежам така седната во полулежачака пзиција нема ништо.А болки во половината немам.утре сум на преглед незнам дали да чекам
Тоа можеби е од бебето, се грчи стомакот како вид контракција. Или пак се тие болки. Следи на часовникот ако не е се на блиску болките чекај си утре преглед