Почнаа од полноќ и ги имам цел ден се појавуваат и после ги нема некое време, ама не се во точно време на пр. На 1ч. Прва бременост ми е и ме фаќа страв дали ќе ги препознаам тие вистинските.
Ќе ги препознаеш сигурно, степенот на болка кај секоја е различен ама како зачестуваат се повеќе болат. Ќе ги препознаеш по интервалот. Пример, доаѓаат на пола саат и траат неколку секунди, не те боли цел саат.
И мене последниот месец ми беше најтежок и најдолг. Веќе 37ма се молев секој ден да пукне водењакот (мислев така филмски ќе се породам ). Торбата уште во 36та спремна, дома испрано, испеглано, исчистено, па и карантинот беше тогаш (во мај се породив) абе збеснав од досада дома, деновите не поминуваа. Само чекав време за цтг да дојде да излезам од дома зашто никаде не идев на друго место. И беба си чекаше терминот да му дојде да се роди на време Најмногу ме нервираше што не можев да се издепилирам како човек, нокти да исечам, ниедна позиција за спиење не ми беше убава, почнав да хрчам и се гушев на спиење зашто ме притискаше веќе на градите, па спиев полуседната. Хаос
Денес бев на термин со надеж дека ќе рече имаш контракции или отворена си ама не абер нема таа уште вика може и после термин да биде .... Иначе истиот проблем како и ти маки,се правам одвај ни спиење ни ништо. Мене и киселина ме уништија сега на крајов тешко, тешко
Се породив на 13ти август, а терминот ми беше до 20. Здраво, право, 2900kg. Си одам сабајлето на преглед и др ми вика отворена си 3cm, ќе видиме како ќе биди оди си дома. А јас спремна со торбицата, не можев појќе да чекам. Ни спијав раат ни ништо. И ок си одам дома и кон ручек почна да ме боли матката ама како менструална болка. Ѕвонам кај др ми вика дојди, одам на цтг нема ништо. Ми го пукна водењакот. Е од ко ми го пукна за 1h и 15 мин се отворив, се роди, ама попот го видов во бело хах. Многу болеа контракциите, мислам дека ќе се фрлев од спрат. Потоа на бокс само давав физички напон, а мозокот ми беше исклучен. Осетив ко ми го извадија бебето, ми олесна тогаш. После пак болка за плацентата, како уште едно да раѓаш. И уште еднаш се освестив ко ме сечеја долу и после си го видов бебушот и се розево ми стана
Се препознав во твојов текст. Еве сега влегов да читам нешто...си викам да не препознаам нешто некоја болка, некоја контракција... ниш немам. Торбата спремна од почетокот септември, другите работи што викаш наредени, испрани,наместени уште од август. Последниов месец позиција за спиење да најдеш е комплициран процес, сечњње нокти исто...со крем за тело да се намачкаш и тоа Се мислев ќе подрани недела- две, ништо! Чека последен термин досадно.... само се надевам со лесно да помине се со господ здравје, па кога и да е сега тоа ... Па и сите само ме прашуваат :Кога, ааха кога? Уште не? (тоа па дополнителен притисок)
Mamii 39ta nedela sum, do vcera bese se super od denes pocnav da imam menstrualni bolki ama ne konstantno celo vreme, obicno se pojavuvaat koga ke stanam od sedenje, lezenje i pominuvaat brzo Kicmata uzasno me boli i iskreno edvaj cekam da se porodam, maka mi e veke Mozno e da e ova znak za poragjaj?
Можно е ама без паники Мене кичмата мислам ми се откачи во 38ма недела, се породив 39+4 Смачено ми беше од животот веќе
Lelee i mene mislam toa najgolema maka mi e Ne znam sto da pravam izdrzlivo e, ama mnogu pocesto se javuvaat za razlika od sabajle i kratko traat
Здраво девојки Не знаев каде да пишам па ајде овде, 36 недела сум од денес а пред три дена имав болки како менструални болки и бидејќи треба да раѓам царски ја контактирав др која што треба да ме пораѓа и ми рече одма да одам да ме види. Бев, ме прегледа и ми рече дека не сум отворена но дека ми е скратено грлото и пак да одам следната недела да ме види. Е сега, од вчера немам такви болки но имам страшни страшни болки во горниот дел од стомакот, некаде кај желудникот под градите. Болките ми се константни само интензитетот им се намалува/покачува особено кога бебуш мрда. Не можам да лежам на грб а легнам уште повеќе ме заболува. На страна кога лежам але-вале не ме боли толку ама пак чувствувам некоја си тапа болка. Читав повеќе сајтови и форуми и никаде не најдов да пишува дека некоја трудница имала болки во горниот дел од стомакот.. не знам што да правам ме фаќа паника, секакви мисли ми доаѓаат, а др ми рече барем до 38 да издржам дека не било баш препорачливо пред 38 да се раѓа оти бебето можело да има некои проблеми со дишењето, со одржувањето на телесната температура и слично. Ве молам некоја да ми пише некое искуство/мислење/препорака оти стварно не знам што да мислам и што да правам
а исто и не напоменав дека мн ме болат и половините и се повеќе на десната страна ме боли и стомакот а и половините
Јас имав болки цел 9ти месец под десното ребро, на ехо ме виде, бепчето со стапалата беше кај жолчката, па од тоа ми беа болките. Беше посебно гадно кога ќе се возбудеше и ме маваше хахаха. Тука е и црниот дроб ако памтам добро. Па веројатно бепчето ти е така наместено па таму те притиска. Не можев ич да лежам на десна страна, многу ме болеше. Желудникот исто катастрофа Најдобро е да си одиш на преглед, ама дотогаш не плаши се, најверојатно бебето те притиска и затоа те боли.
Нека не те плаши. Познавам породени во 34 и 36 недела, здрави и прави бебушки. Секако дека од 37 недела се рачуна за безбеден период кога може бебето да се роди, но има мноогу предвремено родени бебиња и тоа помали од 30 недела кои успеале. Болките ти се затоа што бебето нема доволно место, притиска на органите и тоа е сосема нормално. Одмарај, лежи, биди позитивна и се ќе биде во ред.
Вие што сте имале вагинален преглед со рака ви течело крв? И колку време? Денес имав за прв пат таков преглед и после неколку часа од прегледот имав крв ми рекоа дека од прегледот со рака е. Но и сега по многу малку ми потекува па да прашам дали е нормално.
До фатот е мислам. Сите четири бремености, редовно, од кај половина бременост некаде мислам, ме проверуваат со рака. Никогаш сум немала нелагодност или крварење. Ако биле погруби можеби.