Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни болки

Дискусија во 'Бременост' започната од kallias, 11 јануари 2013.

  1. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Јас да и тоа неколку пати и нормално е
     
  2. Mama998

    Mama998 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2023
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Женски. Втора бременост, ама прва ја терам до крај 38 недела и 5 дена сум. Со првата имав некои компликации и не стигнав до крај. Почнав да осеќам болка во средина на кичмата при лежење на страна и при одење, чим седнам немам никаква болка... не знам што да правам....
     
  3. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    8.754
    Пол:
    Женски
    Колку што читав не се правите. Тие болат и во лежење а и се доста интензивни и на точни интервали. Кога си на следно цтг? Ко што ми кажуваа правите не може да не ги познаеш јас и ти точно до ден сме само што јас немам ни болки ни контракции цтг премирно бебе горе десно лежи :wasntme:
     
  4. Mama998

    Mama998 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2023
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Сега на 9ти треба да одам и да ме спремаат за царски
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BoNaNa123

    BoNaNa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Доколку не е на точни интервали и не се засилува не се контракции. И јас сум исто како тебе првото го родив 36+5, а сега сум 38+3, имам почести болки, понекогаш знаат да ме фатат на интервали но бргу се смируваат. На доктор ми кажаа нормално е и дека ќе ги имам почесто, така да кога ќе ме фатат прилегнувам и чекам да се смират.
     
  6. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    1.608
    Пол:
    Женски
    Imalo vakva tema:) porodilnite bolki fakaat drzat pr 2 min i pustaat? Pa posle pr pak posle 10 min? Vaka go sfativ od videata na angliski. Strav me faka dali ke gi poznam navreme.
     
  7. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    За првото дете мене ден унапред ми почнаа и не беа синхронизирани. На пример осеќав како менструални болки на еден сат,па на два и т.н и почна времето да се синхронизира и да се намалува. Сабајлето веќе имав болки на точно 45 минути и такс времето се намалуваше. Вечерта после полноќ се породив природно.Кога ми беа контракциите на интервал од 15 минути патував во битола од друг град и стигнав на време се испадна супер. За втората бременост сабајлечки исто осеќав болки на различен временски интервал а она што беше поразлично е дека имав болка многу голема позади долу во полојната. Дури кога ми го правеа цтг-то неможев да станам од болки ме креваа сестрата и докторот. Се породив поручекта. Сигурно дека ќе осетиш не се плаши. Со лес :)
     
    На Besbes24 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Slonce91

    Slonce91 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2019
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски

    Не мора да значи све е индивидуално кај мене со првото бебе беше све многу брзо, сабајле ми пукна водењакот во 7 ипол без никакви болки претходно и во моментот немав болки воопшто се избањав средив и тргнавме болница , отприлика после саат време од пукањето на водењакот почнаа болки ама на многу кратки интервали на 5 мин. неколку пати и после на 2 мин почнаа. веднаш дојде да ме види докторот и рече дека сум 7 прста и ме однесоа веднаш на бокс да ме спремаат е овде малку со епидуралната се забави работата ама веќе во 11 ипол се породив. Секој организам си е приказна за себе и нема правила може два дена да се има болки па да настане пораѓај може и за два часа да бидне све. Со лесно да ти биде.
     
    На Besbes24 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    1.137
    Јас со првото немав никакви болки а 5 дена бев отворена 1,5см прво ми пукна водењакот 1:30 вечерта по полноќ а кога стигнав во државна бев 4.5см отворена и некаде околу 5 сабајлето ми почнаа болките а 8:45 се породив.
     
    На Besbes24 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    8.754
    Пол:
    Женски
    Не може да ги утнеш, чудно чувство на жарење во кичма и задник како да ќе се искакаш (така беа кај мене) прва на 25 па 15 па 10мин веќе овде водењак напукна и отидов во болница, таму 3 прста се отворив и контракциите станаа се поредовни се појаки. Мајка сè знае некако магично, несвесно ама ќе си знаеш во себе.
     
    На Besbes24 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Any<3!

    Any<3! Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Женички ве молам за совет. Бремена сум 38+2 недела, имам страшни болки во долниот дел во стомакот дури не се издржува, бев на лекар, ме прегледаа ниту сум отворена ниту на цтг покажува болки, а јас имам страшно големи болки на некој си 15 до 20 мин како со нож некој да ме боде и потоа ќе ме пушти, од вчера ноќта ми се случува ова, ниту парацетамол помага ниту магнезиум.
    Што би можело да биде, некој со сличо искуство ве молам. :(
     
    Последна измена: 8 февруари 2024
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.045
    Пол:
    Женски
    Кога беше на лекар?
    Ако не си отворена, нормално е да те пратат дома, посебно ако си прво ротка ( за двете мене ме пратија). Е сега, јас за второто дома имав страшни контракции, значи знам од предходно што се породилни, а отидев на лекар ми престануваа и цтг мирно, по 2 саати лежев на цтг ни една болка, дојди дома почнуваа. за на крај да им речам мене ми е страв да се вратам и кога ме прегледаа 5цм отворена амааа тоа не се деси во рок од 2-3 саати, сепак целиот процес ми беше подолг и уште првиот пат кога ме вратија бев 2цм отворена, они знаат не се секирај.
    Издржи колку што можеш дома, породилните болки болат од кај кичма накај долниот дел од стомакот како да то се дели буквално телото, за време на контакциите не си баш способен да одиш. Минутите на пауза измеѓу контакции се кратат.
    Ако е вака како што ти пишав, процесот е почнат, ако не, се работи за спуштање на бебето во стартна позиција, притискање со главчето и при крај менструални болки ( појаки), во препони, притисок се е то нормално.
     
  13. Any<3!

    Any<3! Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Вечерва бев, пред малку си дојдов, инаку втора бременост ми е и нималку не ми беше вака со првото. Иначе и докторката ми рече дека можно е да се спушта бебето, ама ова се прејаки болки. Се надевам ако не е почнат процесот на пораѓај дека ке се смират до сабајле болките, ако не, незнам што ке правам. Сепак фала ти.
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    13.385
    Пол:
    Женски
    Јас имав такви болки со првиот пораѓај, ама бев со пукнат водењак. 18 саата со постојани болки напред на стомакот и надоле кон карлицата, наместо позади во кичма како што е правилно. Ми пукна водењак со пола до еден прст отворена, после 18 саата стигнав до 2 прста отворена. Иако беа прејаки болките, не се отварав, буквално ништо не се менуваше. Ама затоа во еден момент наеднаш ми доистече водата, и за помалце од 1 саат бев 9 прста отворена и ме однесоа на бокс.
    Мислам дека ти е почнат процесот, само бавно оди. Да биле лажни болки, нешто ќе ти помогнело да прекинат. Со лесно.
     
  15. Any<3!

    Any<3! Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Па и не биле лажни хаха. Се породив во 11 часот имам прекрасна ќеркичка❤️
     
    На _budaletinka*, merriel0, Sunrise!!! и 9 други им се допаѓа ова.
  16. .baby.love.

    .baby.love. Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Имам често контракции, не ми се на интервал, го чувствувам стомакот подолго време затегнат и некако ми е тешко , денес бев на Цтг покажа една голема контракција но др рече ако немам болки да не се секирам , вакви можело да има и 3-4 денови пред породување ....
    Што да очекувам ?
     
  17. Stela123

    Stela123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2023
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    210
    Пол:
    Женски
    Кога ќе бидат на исто време од до контракција и самата болка да трае исто време како претходната тогаш се породилни болки, пааа кога ќе дојдат на поблиску време 10 минути пример тогаш веќе е време и за во болница.
    Која недела си?
     
  18. .baby.love.

    .baby.love. Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    38ма и некој ден, некако тешко се чувствувам и тоа стегањето ме загрижува