1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни болки

Дискусија во 'Бременост' започната од kallias, 11 јануари 2013.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    А нели со паѓањето на мукозниот чеп започнува процесот на пораѓање? кај мене сеуште нема ништо такво ни крв немам воопшто ете нон стоп идам во тоалет и ништо нема освен болки како да ме тера за по голема нужда :worried:
     
  2. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    ^
    Да, би требало со тоа да почне прцесот на раѓање, но кај некои трудници не пука водењакот, дури на некои во болница докторите го пукаат.
    Не се плаши, не мисли многу, без паника, спреми си се и на преглед, ако си за раѓање ќе не' израдуваш после тоа на форумот. :)
     
  3. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    ајде со лесно Калиас ,немој да се плашиш ,по кажувањево кај и да е бебушко ке пристигне :inlove:
     
  4. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Девојки и јас како Калиас да се приклучам на групата девојки со болки. Само што моите болки не се на редовни временски интервали, него незнам какви се ни јас самата.Ајде ќе опишам...веќе три дена (од четвртокот вечерта) имам ненормално јаки болки (како менструални) во долниот дел на стомакот и доле во кичмата. Се јавуваат отприлика на еден саат, но и кога ќе ми помине тој болен грч, болката малку ослебена си продолжува до следното грчење. Значи како нон-стоп да ме боли. Неможам да ги издржам болкиве, се виткам по креветиве само :lol: . Е сега проблемот ми е што ова ми се случува само кога лежам. Ме бодат болкиве од сон. Кога ќе станам и ќе седнам на креветот болката полека се намалува. Еве сега седам, и имам само блага болка исто во стомакот и кичмата, која не е како контракција туку само како слаба менструална. И незнам што да мислам...
    Во четвртокот бев на прво ЦТГ, мали некои контракции имав,ништо посебно,на ехо ми рекоа дека ќе си почекам уште некој ден, вода плодова имам доволно а и постелката ми е добра.
    Незнам кога би требало да се јавам на клиника, овие болки не се поднесуваат. Некој да ме просветли???
     
  5. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Силк ако ти стануваат болките неподнесливи подобро да не чекаш оди јави се на клиника
     
    На Millionstars и silk им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.016
    Пол:
    Женски

    Ако имаш болки на помал интервал , како што викаш на 5 или 10 мин а и ти се оди по голема нужда обавезно оди во болница , јас неколку часа пред да се породам и викав на одкторката , зашто ми се оди толку многу по голема нужда и таа ми рече , не ти се оди по голема нужда , тоа е бебето :) Ајде со лесно па пиши ни :)
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    кај мене прво осекав болки како менструални, и имав нагон за голема нужда, и јас цело време се чудев како ке знам дека дошол моментот ама ке си познаете :) а и водењакот ми прсна и тоа беше знак...
     
  8. Crnka88

    Crnka88 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    38
    Леле мамички ако сте тука помагајте,јас имав на 1 ви јануар последна менструација,така да терминот некаде влегувам во девети од 8 септември ама докторката пред една недела коа бев ми рече дека сум 24 недела -23 и некој ден така да сега сум значи во 25 недела значи влегов во девети незз веке со рачунициве ама знам дека имам болки од пред три дена да речам,доле ме боли многу под стомакот и да ми се иде во Вц мислам а уствари може и не,бутовите ме болат како да сум вежбала а не мрдам од креветов,се виткам и за некое време поминува,исто пред некој месец имав застој во бубрегот па ми ставија сонда,цело време се мачам и неможам да издржам,ова сега капак ми дојде пошто многу ме боли и доле едвај одам а незз точно дали се за пораѓај болки или што,аман помогнете со некој совет.
    Поздрав
     
  9. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    77
    24 nedela nikako nemozes da bides vo 9 mes
     
  10. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    137.553
    Пол:
    Женски
    да не си 34 та недела а не 24та?!.и јас ги имам истите болки уште од 5ти месец навака со магнезиум ми се ублажуваат малку ама знае да ме фатат и на сред нок.тоа што осекаш притисок ниско долу е нормално се потспушта плодот.ама ако ти се неиздржливи болките јави се и оди на лекар.
     
  11. Crnka88

    Crnka88 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    38
    Па да некаде 34 или 35 та недела не 24,а имам болки доле многуу ме боли нисконезз што да правам ни да седам ни да лежам а не пак да одам нема шанси,башка сондава капак мие ама страв мие дА ИДАМ НА ЛЕКАР М?
     
  12. Lady.Luck

    Lady.Luck Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Јас ја туркам 39 недела, имам уште точно 6 дена до термин, а не осеќам никакви болки. Навечер малку ме били доле кај бешиката ама повеќе како притисок на бешиката од што мрда малото, а не како менструација или болки на интервали како што ги опишувате.

    Бидејќи ми е прва бременост незнам што да очекувам, дали ќе имам некои симптоми ден два пред пораѓај или одма ќе почнат породилните болки без најава...?

    Додека од самиот пораѓај не ми е страв, исчекувањево кога ќе почне и дали ќе ги препознаам болките ме убива :)
     
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    породилните болки се разликуваат од сите болку кои досега како жени ги имаме осетено.Ќе ги препознаеш и ќе знаеш дека ти е дојдено време да се породиш.Има начин како да се олеснат болките, разговарај со докторот, има техники на дишење и позиции за полесно да се отвориш и полесно да ги пребродиш болките...барем колку што се може. Најбитно е да не се паничи.
     
  14. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Јас влегов еве во 9 месец и имам секој ден ментруални болки. Буквално како да ќе добијам секој момент. Цела бременост ниско го носам бебето, а сега не знам дали уште е потспуштено па боли или да не почнам да се пораѓам. Постојат ли некои предпородилни симптоми? Сега пред 15тина минути толку многу ме болеше што не можев да одам. А грчење на матка не сум осетила, како што велат дека се осеќаат контракциите. Што ќе беше ова??
     
  15. Lillian

    Lillian Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    И јас цел 9ти ги имам менструалните болки, јаки се и ми траат многу долго. Капак на се и бебето е многу активно и ми удира толку силно и ниско што мислам ќе излезе секој момент, едвај издржувам ( не му се седи веќе таму :lol: ) Некогаш ми поминуваат така болки низ целиот стомак, но тие кратко траат. На цтг не се појавуваат никакви контракции, изгледа ќе го почекаме бебето уште некој ден :)
     
  16. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    137.553
    Пол:
    Женски
    јас пак тие контракциите почесто ги имав во претходните месеци одошто сега.откако влегов во деветти дали сум имала два три пати грчеви или не.ама ми одговара нека поседи бебуш уште малку да пододморам.денес сум на контрола во4 па ке видам какви ке се прогнозите.
    ветрушке,вистиските контракции се појавуваат во правилни временски интервали и не се само ниско во стомакот туку истовремено боли и половината.и не престануваат туку временски се се поблиску и подолготрајни.ке ги препознаеш не грижи се .
     
  17. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Да, да, знам. Мислев да не постои случајно нешто како предвесник на тоа :D Викам што ќе беше оваа болка сабајлево, едвај одев од тоалетот до столчето на работа. До сега не ми правеле мене ЦТГ. Ај ваљда следниот преглед.
     
  18. Yeats

    Yeats Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    66
    Девојки во 9ти месец сум прва бременост ми е. Имам контракции и сега незнам дали се виситински или лажни. Еден час ги имав на околу 5 - 6 минути и траеја релативноо кратко , па после ги снема па сега од време на време ги чувствувам, па знае да ме пецне да ме сецне стомакот, а често одам во вц. Претходната вечер имав исто такоа кога си легнав, претходниот ден исто така ги имав. Ама денес попладнево некако понепријатни ми беа, потешко ми беше да дишам. Што да правам да одам ли на лекар или да чекам. Немам болки....а бебето се спуштило ниско го чувствувам.
     
  19. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    137.553
    Пол:
    Женски
    akо ти прекинале болките најверојатно се лажни контракции.оти вистинските траат подолго и се со појак интензитет и не прекинуваат туку се засилуваат.ако ти е мисла сепак оди си на лекар,ти најдобро знаеш како се чувствуваш.ако ти се јави крваранје не чекај веднаш оди.
    и јас преге имав некој саат грчеви ама после ги снема а и бебево уште ми е високо поставено.ми се смачува веке.колку што ми е страв толку и посакувам веке да излезе.со лесно нека ни е.ке биде деновиве
     
  20. Yeats

    Yeats Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    66
    Дај боже да поминеме полесно, и јас неможам веќе чувствувам дека се наближува времето и напната сум, сакам да сум сама дома со моите, ми пречат други луѓе уффф. Ај уште малку. :*