Ако се подолго време на ист временски интервал оди нека те ѕирнат на едно цтг Чим и мокриш ептен често да не се има доста спуштено бебчето... мериш на колку време се? Ако можеш да ги истрпиш почекај си дома бар на 10мин да дојдат.. каде ке раѓаш? Инаку вистински контракции се на ист временски интервал и не прекинуваат се до раѓање, овие чим ти прекинуваат може да се лажни, односно како и да е при крај си се спрема матката полека
Јас сум прилеп а треба битола да одам оти не ни е пуштена болницата... А дали е можно да се измокри водењакот?
Неее, тој вагинално истекува.. водата од водењакот е во матката не во бешика Нема да утнеш кога ке бидне, треба да падне чепот прво како крвче или одеднаш ке пукне водењакот.. и тече лигава полупроѕирна течност (бар кај мене таква беше). Пушти штоперица и мери дали е скроз на исто време болката
На 15 мин беше болката ама по 1 саат престанаја и денеска полоњата грбот ме боли ама тапа менструална болка можи значи а брзо дека ќе биди нз дали да одам на цтг дури сабота ми рекоја во понеделникот бев
лажни се мила ко што кажа и мариз вистинските се со ист интервал и коа ќе фатат се скрос подруги посилна болка сиг ќе а препознаеш верувај ќе знаеш тоа е тоа а за чеп немора да значи дека ќе падни не се дешава кај сите тоа макар и водењак кај некои на сам пораѓај го прскаат .. мокрееето е нормал бебе веќе ти се спушта надоле и притиска се повеќе ..
Фала на советите ...мене ме буни тоа што се на точно растојание ама прекинуваат по 1 саат до 2 и така знам дека не се тие вистинските
тие коа ќе фатат не прекинуваат и одприлика една болка држи 30-35 сек и е на ист интервал од 4/5 мин е тогаш е веќе ств ств време или коа почињаат на 10 мин па постепено намалуват на побрзо и дури се изрегулираат можи да помине време кај мене на пр така држеа цела вечер али како и дае тие се препознават пошо се со силем интензитет
Еве ме и мене ранобудна денес Од 4 саат имав варојатно лажни болки 1 саат од прилика, па сега не можам да презаспијам. Само што влегов во 9 месец 36+1 денес. Прво бебе ми е не верувам толку брзо дека ке биде. Којзнае. Ке видам како ке поминам денес.
Мене болките ми траеја три дена мислев дека се лажни дека беа на 15 мин па на 6 па на 10 немаше на пример 30 20 10 или како и да е да се намалуваат туку измешани.На крај отидов во болница и рекоа се отвараш тоа е тоа затоа мислам не е тоа некое правило
Не ме плаши Си велам рано е уште има време, нека си се намести како што треба, барем уште една недела Спремна сум, ама барем да ги завршам часовите од мајчина школа
Па не ти биле тие тие болки.. правилните кога ке дојдат не прекинуваат ич. Секако сигурно ти се спремала матката па затоа си имала повремени болки три дена. Другарка имаше болки и тоа убави , па после две недели се породи, значи сепак постојат и тие "лажни" што ги викаме.. уствари болки за припрема за раѓање. Јас на пример немав болки на 20,15,10... дирекно на 5мин дојдоа јаки кај мене. Нема правило, но и немора да значи ако некоја ја фатат болки во 36та дека тогаш ке се породи..
Лажни болки имав 2 недели пред да се породам Прв пат кога си бремена не ти е јасно ништо,се си мислиш тоа е тоа За вистинските болки нема промашај Кога се тие болки во прашање нема да ви текне на форум
Да да баш сега тоа си помислив.. ни на крај памет мислев дека толку се језиви... едноставно вистинските болки неможе да се утнат. Бар кај мене тоа беше скаменување на стомакот (ама баш скаменување до менување на боја на кожата) и како почнува да се стврднува така повеќе боли, болка во моментот на контракцијата која може да се опише менструална болка x2 на почеток, после x15 На секоја болка цело тело ми се ежеше.. кој искусил знае
Јас бев 15 часа со болки,од кои последните 9часа ми беа пеколни Значи ужас,сите ми беа криви,од маж до доктор Тие болки неможат да се промашат,ама за прв пат и ние поставувавме милион прашања овде
Добро утро. Кога ќе ве фатат вистински болки дали тие траат цело време па на одредени интервали се појаки или измеѓу не се осеќаат никакви болки. Од кога станав осеќам како менструални болки и болки во половина и како нагони за вц ама не се на интервали туку цело време се.
Јас така чувствувам ама прекинуваат и по тоа знам дека се лажни а требало да се засилуваат и зачестуваат ...најарно да си појдиш на преглед
Можеби е припрема... која недела си? ако си при крај за скоро ке почнат вистинските и верувај нема да се мислиш дали е тоа тоа, едноставно се знае дека се тие вистинските
37+4 сум. Инаку бев на болница и ми направија цтг. Има болки сма слаби. Ме прегледаја и вагинално не сум отворена, докторот ми рече дека бебчето почнало да се мести така да останува да чекаме