Барав ваква слична тема и не најдов,ако мислте да е темата дупла и несоодветна клуч. Откако дознав дека сум трудна како некој манијак почнав да тражам по интернет за бременоста од почеток до породување, иако некои викат дека е рано за да читам толку и да се замарам.Зборот ми беше како го поминавте денот на породување, дали бевте исплачени или спремно го дочекавте моментот од кога ви почнаа болките.Како се породивте по природен пат или со царски рез? Ајде мамички кажете го вашето искуство, има трудници кои мислам дека нестрпливо очекуваат да разберат како се се одвивало. П.С. За мене е уште рано, ама здравје и живот да биде се во ред кога ќе дојде ред ќе ви пишам како сум минала
Опишете го денот на вашето породување Ооо супер тема , ај и јас да пишам значи јас пред да се породам (на 26 март се породив) а на 25 ноќта со мм бевме во клуб ,а пред тоа да јадеме во сендвичара. потоа дома се вративме , си легнав да спијам во 3ипол саат, а мм седнал да игра игри на компјутер. Потоа едно време како нешто да ме изгреба внатре и ме разбуди. Отидов во тоалет по мала нужда и кога гледам нешто зелено на гаќите. Се чудам што е ова зелено како парчиња зелени , прв пат ми се појавува нешто такво во бременост.Маж ми го разбудив и му кажувам дека имам нешто чудно , а тој ми вика легни спиј па за 2 саата да одиме да видиме во болницата што е работата.. Ама јас таква замислена се мислам што е работата и кога почна вода малку да ми тече по нозете -тоа ми пукнал водењакот И брзо си ја земам торбата за во болница, со маж ми отидовме во болница.За тоа време додека чекав да ме провери сестрата се јавив на моите да им кажам дека ке се пораѓам По малку дојде и свекрва ми и му правеше друвштво на мм ,додека мене ме прегледуваа во соба.Кога отидов во болницата беше 6 часот сабајле. Докторката ми рече дека сум 2 прста отворена и ми стави сестрата клизма , ими рече да шетам.Шетајки ми течеше и плодовата вода. Немав болки , шетав и на 2 часа ме прегледуваа колку прста сум отворена.Колку повеке се отварав , толку поголеми беа и болките (нешто како менструални болки ама многу појаки , истовремено и грбот боли ) Од 6 шетав , а во 10 часот бев отворена 7 прста. Одвај чекав да се олеснам Веќе дојде 10 ипол часот и докторите ми рекоа да влезам во салата. Влегов и си легнав на креветот , ми ставија инфузија , а внатре анестезија , и почна породувањето. Ми објасниа 2-те докторки како да давам напор , како да вдишувам - издишувам ( ми рекоа кога ке имам болка да туркам )Цело време гледав што се случува и оддеднаш гледам коса т.е. главата на керка ми и оддеднаш излезе и почна да плаче со отворени очи хаха.Ја земаа ќерка ми ја измија. и ми ја дадоа да ја дојам. Штом ја подоив ја однесоа кај татко и да го изненадат Инаку во 11 и 10 се роди ќерка ми , прилично брзо , но бидејки неможев да се отворам повеке , бев отворена 7 прсти , ме потсекоа и потоа и шиеја 1 час и тоа мислам дека повеке болеше од порагајот Тежеше 2600 гр и 49 цм Потоа немав никакви компликации штом завршија со шиењето е однесоа во соба со другите родилки , и таму и се радувавме на принцезата. Ја облековме во шпихозни , ја доев , бев задоволна од докторите и сестрите , ама ми беше многу досадно во болницата 3 дена ,одвај чекав дома да си одиме. Многу бев среќна што баш на 26 март се роди ќерка ми кога и мојата мајка е родена и сега секоја година двете ке си слават заедно роденден
Опишете го денот на вашето породување Баш супер тема Се породив на 25 март 2012 А се започна вака ..... терминот на породување ми беше 16 март ..го чекав тој ден толкууу многу да дојде срекна дека ке го донесам моето бебеце на свет , ама по се изгледа и се уарнило во моето меше Во 9 месец секој 2 ден имав прегледи , последните денови како одминуваа мене никакви болки ме немаа фатено ..на цтг се покажуваа а јас ништо не осекам На 23 март недела дена после термин имав преглед на гинеколог и решена бев да заминам во болница и да останам до породување Се средив дома, најубава трудница во болница отидов Од таму ме прегледаа и ме вратија пак дома со еден коктел , од кои треба да добијам болки Коктелот го испив и пак ништо бабицата ми рече нареднит ден да отидам и дека ке ми стават провокација , си легнав и чекав да дојде следното утро Уште во 6 станата бев и спремна за во болница Мм цело време со мене беше . Ми ставија провокација и така почнаа моите маки Ја прошетав цела болница , секои 2 часа бев на цтг , не смеев да јадам , само течности пиев Болки ме фатија во кичмата само , од прво се трпеа , после почнаа силнии неистрпливи Си отидов во соба ( сама бев во соба ) милина имав телевизор , убавини ама ништо не ми вредеше Болките беа не истрпливи А јас само 2 см отворена Два пати бев во када со некаква купка против болки , примив 3 инфузии болките само се намалуваа , ама не е исчезнаа Ја поминав нокта сама , мм мораше дома не можеше да остане со мене Незнам ни самата како истрпев Барав да ми направат царски рез , не се трпеа болките ама нееее рекоа ке чекаат до сабајлето да се отворам доволно и ке добијам епидурална анестезија и во неделата во 10 ч довив епидурална и конечно и јас се наспав ко човек Болки немав повеке во кичмата , на цтг се повеке и повеке се покажуваа иако јас не ги осекав Кај 18ч смена на лекари , мојата бабица која ми држеше гимнастика ке ме порага Која срека ја имав си мислев Кај 20 часот почна породувањето , болките ги осекав , почнав да напнувам . до мене мм Како на филм Јас ја стискам неговата рака , сестрите исто тука и ете со големото напнување излезе главчето на моето бебе , и уште едно напнување и се роди Моето сонце Најубава на свет 3430 гр. 55 см долга Најубавиот момент во цел свет , додека мм ги броеше прстињата на рачињата јас конечно здивнав осетив големо олеснување Уште целата поврзана со инфузии , станав од кревет отидов да си го видам бебето несвесна дека немам сила Сестрите ме искараа и ме вратија во кревет Бебето ми го дадоа во прегратка и така си лежевме двете мм до нас секако Одма ја надоив , незнам ни како треба ни ништо , она само инстиктивно си почна да цица Најубав момент После ме однесоа во соба , бебето го однесоа кај сестрите да одморам малце , да се обидам да заспијам и сабајлето кај 6 ч ми ја донесоа пак И такаа си се гушкавме со моето сонце , кое патем веке е 5 месеци и е мојата најголема гордост
Опишете го денот на вашето породување Еве и јас да споделам.... термин 21 а јас од 21 па до 29 цело врме оди дојди од болница....тешко ми беше знам многу.....дури некако подзаборавив ама еве вториов бебуш ме потсети колку овие денови на исчекување се тешки... невер мајнд - значи на 28 ме примија попладнето со висок притисок и отоци а од болки и отварање ништо, и така по 300 провокации вагинални, во вена и сл. ништо не се отворив - ев. еден сантим или два, па наредниот ден околу12 добив епидурална за ако не се отворам да се оди на царски заради високиот крвен притисок... до 18часот си гледавме со мм тв па ме однесоа во сала и се роди убавицата во 18 и 30....ништо страшно, рана ко рана зарасна скоро првата недела, јас болки така така ама сето тоа во текот на првиот месец - знам до 40 ко ништо да не било. Моментите што баш свежо ги памтам се дека со мм ја гледавме по цел ден и цела ноќ и мислам дека тие денови постоевме само ние е сега со второво не знам како ќе биде ама поинакво е, поратоборно може да му текне и без царски да излезе
Опишете го денот на вашето породување Ајде и јас да си споделам искуство немојте да ми се смеете, па прв пат ми беше Термин 12.12. Тој ден отидов на преглед, ЦТГ се во ред, немам болки и чекај, утре пак на ЦТГ. Ништо, си отидов во Ск. со мм си прошетавме и стигнавме дома доцна. Бидна некаде околу 2 по полноќ и ајт да си легнеме и одам во вц јас сум прокрвавела малку. Одам во соба и му велам на мм ,,ајде раѓам побрзај, крварам,, (од кај да знам, мислам еве одма иде бебето). Го ѕвездосав човекот, рипна како попарен, зграби тоа торбата и излета преку врата. А јас застаната на скали и се дерам, ,,мене ме заборави бре човеку,,. Лети накај болница и стигнавме таму и мене почна страв да ме фаќа - искрено и му велам ,,чекај една цигара да испушам,, тој јаден цел преплашен и 100 пати едно исто прашање ,,добро ли си, добро ли си,,. Да влезам, чеееекај уште една цигара Влеговме, преглед ова она, мерење се тоа и останувам во болница. Утредента се добри резултати и Д-р рече ако е се во ред ќе си одиш дома па кога ќе почнат болки или пукне водењакот тогаш пак ќе дојдеш. Се спремам јас се ок, си одам дома и излегувам и ми пукна водењакот. Пак назад (сестрите се насмеаа дека без бебе не ме пуштаат да си излезам од болница). Веќе 13.12. Oколу пладне ме стегнаа болки ама онака на неколку саата. Доаѓа докторката и ми вели до вечер ќе те породиме, не чекаме многу зашто скоро ќе истече цела плодова вода а јас ни абер од болки ниту да се отворам. Околу 19 ми вклучија инфузија, пеколни 2-3 часа што Господ во пижами го видов. Која коинциденција во подготвителната соба беше и моја школска која се пораѓаше со 3-то дете , таа ме бодри а јас пцујам по све живо и диво . Околу 23 вртам на мм и му викам кажи и на докторката да дојде одма неможам веќе (после 24 часовно дежурство жената отиде до дома и рече дека пак ќе дојде ама јас не ја гледам и ме боли бре, малку и на неа да и се извикам ја знам лично, пријатели сме). Можам да замислам колку бил во паника мм... Веќе ги снемува болките и добивам нап. И опс на бокс. Па да не било на 13.12 родено да било на 14.12 - глупости, цркнав. Во 00.00 на бокс точно во 00.03 мин еве го бебушот. Ах, радости и нема болки . Ѕверчето беше 3200гр и 50 цм. Ме вратија во соба да одморам малку и рано сабајле ми го донесоа бебушот. Тоа прво земање во раце, гушкање и бакнеж не се заборава...
термин 07,06 рагање 23,06 Денот на терминот отидов на болница да ми прават цтг момата си ужива си кулира нем абер од испагање на сета таа па и свртена карлично со газето надоле и се договараме со докторот преку една ден да одамна цтг си одам јас така преку една ден и ништо бре какво породување одам на 20 06(СРЕДА) и докторот вика доста е веке 14 дена над термин ке одиме на царски рез затоа што бебето е карлично дојди вика на 21,06(четврток) да те примиме Си отидов догам плачам и не сакам царски рез сакам природно да се порагам абе кога ми влези една мисла во глава ке ме успијат и нема да се разбудам (колку сум била глупава ) Одам на 21,(четврток) оп на цтг се ок оп на ехо аааааа ништо вика докторот ништо од царскиот одиме со природен порагај бебето е свртено главично оди си дома ако до утре до 15,00не добиеш болки купи инекција и иди во 15 часот 22,06 петок одам со купена инекција во 15 часот ми ја саваат таа инекција за припрема на матката да биде полесно за добивање на контракции и во 20,00 часот ми ставија една инекција дизиапам и ми рекоа да легнам да спијам да одмарам 2306сабота ---06,00 усте сабајле ме скорнаа сестрите ме однесоа во родилна сала ми ставија клизма ми уклучија систем предходно докторот имаше записшано со да ми се уклуци до 08,15 ништо во 08,15 минути оп првата контракција 8,20 одма втората ааавикам ева ова скоро ке биди стартно на 5 минути ти се 11,20 ме качија на бокс да ме прегледаат гинеколошки пошто не бев ни еднаш прегледана прегледува докторот и вика 8 сантима отворена пукајте водењакго пукнаа полезав околу 15 минути на боксот да истеце водата се вратив на кревет некаде 11,45полежав усте 15 минути со јаки болки и одеднаш осекам напон и викам по сестрата дека бебето излегува она си буричка нешто во тија книгите вика ако де некаиспаа тука сме ние мене напон ми иде и што ???? земав дигнав спаваката раширив нозете и почнав да напињам у тој момент влегува докторот и почиња да се дере по сестата дека рагам дали ме гледа заврши првиот напон трчење и качување на бокс 5-6 напони и испадна мојата керкичка со мали црни ококорени очиња во 12,15 уште непресечена папочна врвца ми ја ставија на градитеи тука следеше напркрасниот поглед со тиа мали очиња ја пресекоа папочната и она почна да плаче парче од постелката останало во мене па мораа да ми прават киретажа ама ми ставија анестезија убаво фати ама ништо не осетив ни киретажа ни шиење а бајаги имаше пошто прво не сакаа да ме сечат а јас почнав да се распукувам така да имаше многу конци ама сето се исплати ја родив керка ми во 42,2 недела со 16 дена над термин на 23,06 во 12,15 3300 грама и 51 см долга
Мене терминот ми беше на 20.09 а се породив на 30.09 Сабајлето во 8 саатот ми пукна водењакот и одма ме фатија болките (тие на 5-10 мин) , се средив и во 9.30 ме примија на Гак.. Бев отворена 3цм, веќе во 12.30 бев отворена 5см и во 13.55 се породив.. Болките ги истрпев доста добро а кога ме качија на бокс со 2 напони се породив.. Не сум многу исечена имам само 3кончиња , ама ме шиеја на живо и искрено да ви кажам шиењето ме болеше повеќе од целото породување.. Сеуште се мачам и не можам и да одам како што треба , затоа што од страна цела сум исечена незнам како ме шиеле секаде имам дупчиња и модрици.. Инаку кога веќе искочи ми ја ставија одма на градите а јас вриштев од среќа, не викав кога имав болки и кога се породував ама затоа кога ја видов викав и плачев од среќа Ана се роди тешка 3800г и долга 51см
Оооо, што да кажам.... „Син ми“ беше поставен карлично (уште од 27ма недела, и не се ни сврти до 40та), па после 2-3 ЦТГ-а, гинекологот (иначе близок пријател) ме гледа на ехо и вика „Постелката 3 степен зрела, ова мдјебсфњефоклјнф, на нфкрленрклекнфвр“ и јас збунка, не знам ништо од тоа што значи, (а пустиот не е многу зборлест и за објаснување) па си ќутам, викам Сигурно ќе дообјасни. Излегуваме од ехо (среда беше), и одиме во канцеларијата на свекрва ми, ја чекаме да дозбори со докторов и да дојди, да ни преведи нели. Во меѓувреме си правиме филмови со мм како во сабота гарант ќе се пораѓам, пошто тогаш има помалце гужва на ГАК, а и на докторов му била таква праксата (и блиска другарка истиот ја породи на договорено во сабота), па така некако опуштено си дремиме, демек имаме време. Влегува свекрва ми, седнува, мртва озбилна и ќути. Ние двајцата во прашалници, као Ајде кажувај дали ќе е оваа сабота, за да одиме дома, требаше да се докречи собата и таа, ни 5 ни 6: „Утре во 8 на царски“ !!!!!! Како утре???? Па нели требаше сабота???? „А зошто сабота, кој рече сабота?“ Лелелеле, ни еден паметен во собата! И добро, што да се прави, тоа е, утре на царски...си отидовме на кафе, на ран ручек, дома да ја спремам торбицата и спремна со чепче, да станам во 5 и да си го ставам, ама пусто, до 5 едно 10 пати бев во ВЦ, па клизмата искрено и не ми направи нешто кога ја ставив , и така, во 10 до 8 ние се нацртавме во ГАК, во канцеларијата на свекрва ми. Ко за беља, тогаш се случило нешто и итен конзорциум беше свикан, меѓу нив и нашиот доктор, па мораше да чекаме да заврши, за да ме викни да се спремам. Истрча на 2мин, ни нафрли од врата дека по процедура треба да направам уште едно последно ЦТГ, и као Ај побрзајте, ќе се вратам јас. Се растрчавме низ клиника, баравме слободно ЦТГ, и на крај го најдовме на Патолошка. Тамам ме поврзаа, не поминаа 2мин, еве ти го докторот на врата: ШТО ПРАВИТЕ??? Пааа.....последно ЦТГ нели. КАКВО МА ПОСЛЕДНО ЦТГ, мрдај пред мене во операциона сала пред да ни ја зафати друг!! Е ТОА беше паника! Додека да ме одврзат од ЦТГ-то, свеки ме соблекуваше, а мм трчаше да ми купи влечки, оти немав. Како одев по ходници за да се качам во операциона сала, свеки ми вадеше дел по дел од облеката, за на крај да завршам гола, и само ми ја натна спаваќата (кога ќе размислам уствари, многу луѓе газот ми го видоа...), а мажот ми ми донесе машки влечки. Влетав во операциона сала, а таму ко невеста да пречекуваа, уште аплауз да ми дадеа (дека сите колеги на свеки), и одма ме ставија во бубањ - ме соблекоа, си се качив сама на бокс, ми ги врзаа нозете и почнаа со инфузиите и земањето крв од сите страни Ме наведнаа нанапред за да ми ја стават спиналната, и мене толку ми требаше, одма почна да ми се врти кога ми текна дека треба игла во рбет да ми стават... Ја кревам главата и му велам на докторот: А што правиме докторе што дупло ве гледам? ( ) И тој: Легнете ја одма и дајте и` кислород! Се смирив, и последно што се сеќавам беше: Ххххх, сега сакаш со спинална или целосна? ЦЕЛОСНА плиз! И толку.........мрак. Се` додека не ме освести анестезиологот со зборовите: „Разбуди се Ххххх, имаш прекрасна ќеркичка“, а јас си мислев на друг зборува, и не реагирам... Пак ми повтори, за да види дали ја перцепирам, и дури тогаш укапирав дека јас уствари немам син, туку ЌЕРКА Тоа беше ШОК неверојатен, посебно што девојче на сите ни беше ОГРОМНА желба, ама нели, нема што сакаш, туку што Господ ќе ти даде..... Свеки инаку трчала ко споулавена низ ходници и се дерела „Имам ВНУКА, имам ВНУКА!!“, а мм не можел да се совземи од плачење 2 саати, морале да го проверуваат да не се онесвести, оти нели, и него многу тешко му беше А иначе мене ме заборавиле, свеки откако се извикала по ходници и откако му кажала на мм, се вратила да види дали ЈАС сум добро, оти излета веднаш штом го виде дундето како излегува од стомак Јас, никаква болка не чувствував после операцијата.....таков наплив на адреналин во животот немам осетено....едноставно.....сонцето ме обви со своите раце толку јако тој ден, да само топлина и љубов ми течеше низ вените....
Јас сум на ред Ќе пишувам за второто дете, по тазе ми се сеќавањата. Мене терминот ми беше 17.07.2012, а бебе се роди на 07,07,2012. Во четвртокот на 05. јули отидов на ЦТГ по вторпат и ми покажа мали контракции, д-рката ми рече да се качам на бокс и рече дека сум 3 прста отворена, тогаш ме праша кога сакам да ме породи и јас отсечно реков -сега качувајте ме горе, додека сум храбра и спремна. Почна да се смее и ми вика-Лоли оди си дома, спреми си се, поздрави се со малата и во сабота во 10.30ч. те чекам, барај ме. Да си кажам дека д-рката ми ја водеше првата бременост и од тогаш ме имаше запамтено и сосема случајно ми се погоди на преглед на ЦТГ и се понуди таа да ме породи. И така си отидовме дома со мм, им кажавме на домашните да си се спремаат за мекици за недела и никако да не им кажуваат на моите дома, бидејќи нели мајката не треба да знае. Во саботата си станав, си се истуширав, доручкувавме, се нашминкав демек на прошетка одам, а не на пораќај (првиот пат лесно поминав со 2 напони и сега јас искуснава среќна лесно ќе поминам, ќе се олеснам фала богу и весела бев многу), се поздравив со малата и објаснив каде ќе бидам, да биде умна, се гушнавме и ајт. Немав некои болки во петокот и саботата утрото, ама само што седнав во кола почна да ме фаќа паника и да ме сече половината. Стигнав на ГАК, се јавив на д-рката, ме прегледа, 4 прста отворена и ме качи горе во предпородилна сала. Имаше неколку женички кои си офкаа и си го чекаа моментот. Јас влегувам насмеана од уше до уше и сестрата ми се смее, ми вика-види ја како се насмеала, чекај чекај сега кога ќе те фатат болките ќе плачеш...а јас самоуверено -немам гајле мене второ ми е, ич не се секирам. Потоа следеше земање крв, па бидејќи немав картонче со крвна група за малку ќе ме вратеа назад....е тука ќе се степав, не важело од возачка дозвола , среќа наиде мојата д-рка и среди работа...малку се испаничив -каде бе назад 4 прста отворена. Инаку ми дадоа само спаваќа, а влечки не, тие си беа мои. Торбицата си ја земав со мене и ми дадоа да си одберам кревет каде ќе се сместам. Следно беше чепчето, па ми го пукнаа водењакот, ме ставија на ЦТГ и почнаа болките...на 2 пати ми ставија спазмекс инекција, мислам дека тоа беше провокација за побрзо да се отворам и некаква инфузија имав, ама не знам што беше, не прашав. После 1 ч. веќе бев 8 прста отворена, тогаш ме однесоа кон боксовите...во ходникот се сретнав и со мм, се гушнавме, ме бубна и ми рече дека многу ме сака, во тој момент ме фати една јака и болна контракција, пред него ја издишав, му намигнав и му реков-ја ништо не ти кажувам...ајде чао, ќе се чуеме после... Во бокс бев точно 67 мин. со јаки болки и чести контракции, цело време беше ЦТГ на мене прикачено, ги гледав болките како доаѓаат и како си одат, не бев галамџика ама ич не викав, еднаш само викнав и секундарно си удрив замислен шамар дека ако се дерам само си ја губам силата, а ќе ми треба. Инаку цело време стоев, мојата д-рка беше на царски (имаше операција закажано)...како и заврши операцијата, дојде во мојот бокс (бр.3 ) и тогаш се качив на боксот...јас буткам, малиов не искача , тогаш ме фатија многу големи болки во половината ми се чинеше ќе ми отпадне, пак буткам, тој нејќе, ме фати паника од јаките болки, дури почнав да викам -вадете го, не можам веќе... ме сецнаа и после 5-6 обиди излезе детето, ми го покажаа, беше плав како модар патлиџан, душиче, и тој се изнамачи, ми кажаа дека се`е во ред со него и го однесоа... се роди во 14ч и 45 мин, 3680 гр. и 52 см. Тогаш издишав , легнав и се смирив, бев жива вода испотена, мокра...мед.сестра која ми беше врска дојде, ми даде вода да се напијам, ме избриша, дојде др. д-р да ме сошие, 3 саати лежев на бокс со прекрстени нозе и после тоа ме префрлија во соба. Се сеќавам дека додека лежев на боксот ми смрзнаа стапалата, си ги подвиткував со чаршавчето, ама многу ми студеше...така што ако некоја од Вас е зимурлива нека запамти да си облече чорапи. А со ќерка ми кога се породив, беше ептен брзо, за неполни 2 часа, со послаби породилни болки и со 2 напона. Таа се роди 2750 гр. и 49 см. Две дечиња, две различни приказни, обично викаат второротка полесно поминава, јас бев исклучок, потешко поминав овој пат. Па идни мамички...со лесно нека Ви е.
Ајде па јас ке кажам за првото детенце терминот ми беше на 12 декември,а тоа се роди на 25 ноември многу порано отколку што го очекувавме.Два дена пред да дојде на свет моето ангелче си појдов на редовна контрола при што геникологот си ми рече све си е во ред уште е рано ке дојдеш за една недела и да го направиме првото цтг.Но кај мене нешто се избрза на 23 приквечерта така крај 8 сатот нешто ми се слоши не можев на нозе да стојам а мм па уште ми вели ај малу да излеземе низ чаршија,па ја му вела на нозе да стоја неможа тој вчаршија ке ме носел оди ти и така и бесе си замина а ја си легнав ке спијам.Кога дошол не сум го сетила,но некаде беше 3 часот по полноќ нешто како да ме разбуди се расонувам нешто ме воденка,кога ке видам гаќите пижамите све водено и онака збунета сега си се запрашувам што ми се десило.Си се преслков се измив и сега збунето се прашувам самата што би сега ова и одма ме отера паметот за водењакот.Пробувам го будам него и му кажува вака и вака и сега тој збунет ми се пули и ме прашува дали ми течит уште нешто,ја му вела не и сега што беше најако од се ми вели се имаш помочано несвесно,немат друго што да е вчера бевме на болница и рекоа рано е,и што беше најкомично си му поверував.Тој си призаспа,а мене јанза ме јаде,око да сколопа неможа,ма стени прај нисто не излегува вода па ај останав на неговото мислење,ама не заспива ме мотат паметот тамо,и кога едно време кивнав и се растече пак.Сега му вела станувај друго немат кога скокна кутриот незнаеше кај се наоѓа ја свика мајка му додека се спремивме 6 насабајле стана стигнавме на болница ме прегледаа и тоа е.Дошол денот само што су влегла во 37 недела водењак прснат,бебето изглавичено за раѓање спремно,но отворена ич не бев па ајде ми рекоа може да се чека да лежам во болница со редовен надзор по пола сат ехо,цтг и вагинален преглед и ке причекаме,па до кај 5 попладнето така ме чуваа ни болки ништо се шетав така.И докторката ми рече неможе више да се чека ке пробаме со индукции ми ставија инфузија,па сат и пол кај што течеше мене ништо пола инфузија истече ни отворена ја ни болки.Докторката се испаничи веке цел ден се расправа со мене а и плус дежуна беше ми рече ке пробаме сега со апчиња да ти ставиме долу. Несмеев да станувам додека не се стопат и даде бог почнаа болките ме прегледа докторката и ми рече сега е добро починаш да се отвараш можеш да се шеткаш.По малу се засилуваа и веке дојде 2 30по полноќ ме прегледа и рече сега се е по планот рано е уште ја ке ода малу во соба да одмора,а ти кога ке те фатат силни болки ке ми звониш на телефон одма ида овде ке бида во другиов дел.Абре луѓе само што замина можит не успеа ни да седнет мене напон ми идет нешто не видено мислиш исто како за поголема нужда и да имаш запек е баш така се осеќав и звона и етеа идет ми викат аман само што заминав можи си рече ексик од тебе дај да те прегледам.Леле па ти вистина си била готова ме фати порака едвај се истркалав до боксот се качив и таа сега ми вели пред да почнеме да ти кажа нешто,немој да викаш ке си ја изгубиш силата и ништо полесно нема да ти биде,не напнувај на секое само кога ке дојдат силни напони како за во вц да излагаш така и беше ги послушав советите и во два напони мојот принц се роди во 3 и 5 мин по полноќ точно после 24 часа од како го очекувавме тешко беше 2600 а високо 49 см .
мора да се поправам за шиењево .. до вчера си викав каква кукавица сум јас волку да ме боли да не можам на гз да седнам и после 6 дена, кога тоа не биле 3кончиња туку 8 ајде нека ми се наздравје.. сега ми е јасно зошто не можам на гз да седнам..
Хахаха Уник, абе ти од кога ќе помине работава дознаваш што и како е ))) Ајде сигурно ти е најубаво на свет кога си се гушкаш со цуцата, па тогаш ни на едно конче не ти текнува. Дај охрабри не малку
Така е не ми текнува на ниедно конче , ама на почетокот ми беше тешко сакав да ја држам да ја гушкам , чуствував дека сака моја близина а никако не можев ни во болница ни дома , е сега почнуваме да се опоравуваме малку по малку ке биде се во ред, секогаш кога ке ја погледнам си викам , вреди многу повеќе од тие болки и тие неколку кончиња
Mila da si ziva i zdrava i ti i celoto semejstvo.Me iznasmeja do solzi.Koko taka vazno se dobro se zavrsilo. Kako se vika malata? I jas ce cekam devojce(se nadevam ) vo dekemvri.Pozdrav
Мојата ќеркичка се роди на 4ти Август во 10 часот и 13 минути ... На 31ви Јули отидов на гинеколог, докторката вели ништо се е во ред, ти се ближи породувањето, повеќе внимавај итн. а таа всушност мислела дека ќе се породам некаде за 3-4 недели, а ја се породив малку рано но сепак не ја ставија во инкубатор. Нема везе, од 1ви добив некои ситни болки и забележав на гаќите 1-2 капки крв, малце се исплашив па бидејќи мм беше надвор од градот а мајка ми се спремаше да доаѓа од Бугарија неможев да ја чекам нејзе, па отидов на доктор со свекрва ми.И пак докторката, немало ништо онака потекло крв нормално било, да сум внимавала.......И ајде пак дома, одмарам, лежам,гледам ТВ....На 2ри одиме пак со свекрва ми на гинеколог заради зголемени болки, и оваа пак ми вели нормално било бидејќи наскоро ќе сум се породила, но сепак одлучи да ме задаржи 1 ден за да ме следат.На 3ти си дојде мм и дојде веднаш во болница.И ајде решија да ме видат на ЦТГ и рекоа дека ќе ме задржат, маж ми заедно со свекрва ми отидоа дома да ја спремат две торбици, една за бебето, една за мене, а сестра ми цело време беше со мене.И во 5 часот наутро бев 4 цм отворена ама имав големи болки, зависно кај некои не боли воопшто а мене ненормално ме болеше ама ајде што ќе се прави како што велат луѓето тие маки се сепак слатки маки.Во 9 и 30 веќе бев доволно отворена а и имав напон па ме ставија на бокс.Пола час се мачев а бебево несака да излезе.Накрајот решија да ми го извадат со правосмукалка (мислам дека така се викаше таа машина) но јас не прифаќав бидејќи сум слушала на многу мајки детето им било повредено од таа машина.И ајде што ќе прават јас се борам со нив велам не сакам со правосмукалка, тие пак упорно велат со правосмукалка.И во 10 и 3 минути добив таков напон, па докторите решија да не ја опотребуваат правосмукалката кога ја видоа косичката на детето. И така брзо за една минута му излезе главата, малку се мачев со телото но во 10 и 13 минути веќе го родив.Ми ја дадоа ќеркичката во 10 и 30 часот беше избањата.Чуството кога за прв пат го зимате суштеството во раце кое сте го носеле 9 месеци во стомак е неопишливо, како вие одново да сте се родиле ....
Мојата породилна приказна... Ноќта пред да се породам ( според пресметаниот термин имав уште 10 дена ), јас и мажот ми фино си се спремивме и отидовме на Кирил Џајковски. Јас во првите борбени диџејски редови, расположена си играм, а околу мене сите се држат на растојание - изгледа тие повеќе ја сфатија сериозноста на ситуацијата отколку јас. И така супер размрдана, видно расположена се прибрав дома. Таа ноќ имав некое чудно чувство, цело време ми беа очите ширум отворени - како да бев во очекување на она што допрва ми следеше... И некаде во зорите се решив малку да дремнам и одлучив да отидам до тоалет...И дури да стигнам осетив водено на нозете...аууу, си помислив не беше толку алармантно за беља да направам! Се вратив во креветот и повторно сум се изводенала, е сега ми стана јасно дека тоа е тоа! Го будам мажот ми, меѓу 6 и 7 наутро и му велам дека треба да одиме на болница оти мене водењакот ми пукнал! Таму беше мојот доктор кој ми ја следеше бременоста и во кој имав голема доверба. Ме виде на ехо и ме праша дали се согласувам да стави вагиналета за да го убрза процесот. Ми објасна дека е се во ред и доколку ме испровоцира ќе се вратам за 2 часа да се породам, а доколку не ќе чекам можеби 6,7 часа. И така одлучив да бидам испровоцирана и да раѓам после 2 часа, So help me God! Докторот ме прати дома, ми кажа - обично ги задржуваме трудниците кои ќе раѓаат за толку кратко време ама ти оди дома, оди на кафе ако сакаш...ама по еден час да ми се јавиш... Си спремив торбици, се туширав и решавав многу долго време една дилема - дали да јадам кроасана или не! Не знаев колку е паметно да се оди со полн стомак, на крајот не ја изедов. Му се јавив на докторот по еден час и се договоривме да одам за да ме види на ЦТГ...Таму една душичка спремна да се породи го гледа нејзиниот доктор и му вели ,,докторе, ме боли" , а тој па не да земи да ја утеши жената и вели па затоа си на болница оти боли, иначе немаше да си тука. Ги слушам јас и ми се иди да заплачам за родилката, небаре мене не ме чека истото... После тоа слушнав еден израз за мојата состојба - бебето е изгладнето и тоа беше многу добра вест и за сестрите, па така ми ја ставија таа наметката и ме пратија во породилната сала... Ме ставија на цтг и после некое време отидов до тоалет и преку едно прозорче го гледам мажот ми, онака свенал и се натажил и помислив дека можеби и него му е потребна подршка и така застанав јас од едната тој од другата страна на тоа прозорчето и си муабетиме двата ко гулабчиња. И тогаш слушам низ ходникот се дерат, викаат по мене. Ајде ми вели сестрата треба да се прегледаш, да видиме колку си отворена, пак треба да легниш на ЦТГ, да не те бркаме по болници Тогаш друга докторка ме прегледуваше ( мојот беше излезен за кратко) и ми вели сега ќе му се јавам да дојди докторот, ти уште 30мин. ќе се породиш. Леле па јас никакви болки и викам немам, е ми вели ти си од тие среќничките - штом досега не виде мака, готово е нема да боли... Е во тој половина час почнав да се грчам и на моменти да ме остава без здив болката...Цело време шетав и со секоја контракција како да ме издаваше силата и клекнував, не бев способна да стојам ниту да лежам, сакав што побрзо да заврши се. Влегов во породилната сала и таму ми даваа инстукции за да напнувам и во која положба да бидам.Е вистинска тортура се одвиваше на боксот, јас напнувам, докторот нестрплив и притиска со дланките а бебето останало неспуштено па не сака да излези. Го слушам докорот !ПУФКА! не напнува туку пуфка (аман докторе ме отепа со изразиве)! Имав големи болки ама уште поголем беше мојата решителност да се породам без да ме влечат или тргаат со некакви машини. И така, кога докторот рече овај пат мораш и навистина зедов сила бескрајна, се концентирав максимално да правам како што треба и тогаш се случи нешто најпрекрасно... Нешто најубаво и најсвето, го слушнав најубавиот плач на цел свет, најубавата косичка и најмилите очиња. Од под срцето пораснато, цели 3140г. и 48цм. големо, на свет го донесов мојот син на ден Голем Богородица.
Ми доаѓа постов да го навезам со најубави зборови ама кога ќе се сетамммм....... Направив тест негативен , уште еден негативен.... длабоко во мене си велев не се точни тестовите јас сум бремена знам дека расти нешто во мене . Наредниот ден направив тест беше позитивен. Од тогаш започна мојата бајка смислував имиња и ги пишував во тетратка ,замислував како ќе го облекувам, го сонував скоро секоја вечер . но зошто во секој сон се мачев како да претчувствував нешто. По 10 дена закажав преглед кај докторот во градската болница во Прилеп каједен од најискусните доктори кој ја породи мајка ми со мене , сакав само да ми ја потврди мојата бременост и да ми кажи од кога да почнам со контроли. Пред да заминам во болница –шок- па мене ми течи нешто кафено ,брзо на интернет гледам спонтан абортус, некоја искусна мамичка вели не е страшно си се сместува плодот во матката . Јас цела во паника само чекам да дојде времето да излетам од дома. Легнав за преглед се тресев целата прашуваќи зошто мора се вака мене да ми се случи зошто секогаш морам да одам по подолгиот пат. Само слушнав докторот кога ми кажа Не можам да видам добро, како нешто да не е во ред , дојди за две недели или ќе те исчистам!!!! Плачев како мало дете , а толку се радував ... Да чекам две недели во агонија нема шанса уште вечерта се јавив кај Др. Таше во Битола сакав да слушнам и второ мислење . Да јас одам по потешкиот пат ама се излегувало во ред па длабоко во мене верував дека и ова ќе заврши така. Заминав со брат ми и сопругот и додека патував душата ми лебдеше. Прегледот заврши и ја видов таа мала точка која за мене сега живот значи. Па има и срцева акција да ја слушнеме вика докторот ! Лелел плачам од среќа се е во ред со мојот бебуш... Следните месеци помина се во најдобар ред, школска бременост.Дојде и девети месец секој ден на ЦТГ нема ништо рано е , терминот ми беше 21.01.2011год. На 19.01 почувствував силни болки во стомакот на кои се израдувавме со сопругот што дојде и тој ден. Ме прегледа докторката со која бевме договорени да ме породи вика рано е бебето е големо и ножето му е испружено и ме удира во стомакот. Ништо, разочарани се враќаме дома најмалку уште два дена нема да го видиме бебушот. Наредниот ден се чувствував уморено само јадев и си легнав ,спиев можеби 3 саати, и нешто како да ми протече по нозете,ама успана не обрнав многу внимание за неколку м инути повторно . Дојде денот . Во 15и30 бев на болница . Сопругот со солзи во очите ме испрати до собата за преглед и само ми рече НЕМОЈ ДА СЕ ПЛАШИШ ВЕРУВАЈ ВО СЕБЕ!!!. После сите спремања почнав да е отворам ама болки немав , седнав на боксот за пораѓај и ми ставија провокација првите 2-3 капки почнаа неподносливи болки. Ги снема болките имав само напон и слушав само ТУРКАЈ ТУРКАЈ а јас за момент како да се изгубив и само слушнав туркај ќе го задушиш бебето се освестив и за многу кратко веме се роди мојот ангел во 18и15 часот на СВ. ЈОВАН една сестра ми рече АЈДЕ МАЈКА ЈОВАН СЕ РОДИ!!! Се роди реков и веднаш почнав со телефонирање ИМАМ СИН!!! колку бев горда . Имав големa епизомија Јован беше тежок 4000кг. 51цм. Шиењето беше болно ама немав време многу да размислувам за тоа сега имам нешто многу поважно од мене ,од сите.Ме пренесоа во соба го чекав бебето 10 часа 15,20,24часа. Дојде педијатарот и ме побара јаболко ми застана во грлото бебето имало покачени леукоцити и било критично вечерта по раѓањето па морале да го преместат во инкубатор со услови како во утробата. Секој изминат час за мене беше пекол . Само моето бебешко креветче беше празно ги гледав другите мајки како си ги милуваат бебињата. Во моето креветче стоеа само паковањето памперси на кое имаше едно насмеано бебе како да ми даваше сила. На никој не кажав за моето бебе сите чекаа слики јас се преправав дека ми бил празен телефонот. Морав да ми кажам само на сопругот .Тој повеќето време го поминуваше на болница затоа шо не можел да ја гледа празната соба и празното креветче. Морав да го видам бебето со влечење појдов во неонатологија ама немало посета баш тогаш како сум ги молела ... ме пушти ја кога го видов избоцкано почнав да плачам . Докторката ме тешеше дека не е ништо страшно .... ама мене срцево ме болеше ЗОШТО БАШ МЕНЕ зошто морам да одам по трнлив пат. За неколку дена состојбата му се стабилизира и ми го дадоа во соба. Тоа беше најубавиот ден во мојот живот првиот бакнеж, првата прегратка со моето малечко. Додека пишувам солзи ми течат по лицето ама сум многу среќна што тоа ѕверче ми ја вади душата сега, само трчам по него . Се извинувам за долгиов пост ама морав се да напишам .
Еве не и нас, после скоро еден месец(без еден ден ) После долгата, напорна, полна со неизвесност, солзи, страв бременост, конечно влегов во 9ти месец. Бев среќна и веќе сакав, можев и чувствував дека конечно треба да се опуштам и да поуживам во малкуте денови од бременоста кои останаа. Од сам почеток имаше во мене чувство кое ми кажуваше дека нема да одиме до краен термин, туку дека принцезата ќе се роди многу порано, пуста женска интуиција Викенд, сабота, друштво, скара, уживање, јас растрчана, нели како домаќинка да се покажам , и така весело помина денот, во кој бебушка како луда мрдаше без прекин. Како само не ми текна дека како и обично се што ми се случува ми се случува во недела... Се спремив за спиење, маж ми како и до тогаш и сега ми ги измасира стапалата, а јас преморена за секунда заспав. Но, кратко ми траеше сонот... почувствував дека нешто тече, станав кога тоа почна се повеќе да тече. Веќе беше јасно, водењакот пукна, се ближеше моментот, иако свесна за се што се случува сепак не очекував да биде баш сега, а сето тоа страшно ме испаничи. Ми требаа можеби два часа за малку да се смирам. Се јавивме кај докторот кој кажа да одиме право во болница, се видовме и кажа дека сабајле ќе ме породи, а преку ноќ да се одморам колку можам повеќе. По 20мин од пристигнувањето во болница ми ја уклучија првата провокација, со неа следуваа мали болки, сосема издржливи на 5мин, во 4ч ја добив втората со која почнаа болки на 3мин, но и тие беа издржливи. Во 4:30ч бев 6цм отворена, си мислев уште малку па ќе биде природно, како што сакав. Но, се излажав , со третата провокација почнаа болки на 2мин, а самото лежење ми ствараше чувство дека половината ќе ми се откине и ќе ми остане на креветот. За да биде се уште полошо цтг-то не регистрираше големи болки, , контракции во матката немало, тоа биле само во половината, што значи има уште доста за чекање. Среќа дојде мојот доктор во 11:30ч ме провери и сеуште бев 6цм, а во главата осеќав неверојатен притисок. По ова следеше “спремете ја и за 10мин да е во сала“. Не сакав царски, уште еднаш нов бран на паника. Но, немаше веќе слушање мои желби, притисокот страшно се покачил по што мораше да се направи царскиот. Така наредно ми беше будење во шок соба, каде бев како маскота толку многу не памтам некогаш да сум зборела, па ги забавував сестрите Единствено што не ми се допадна кога слушнав е дека моето сонце е тешко само 2490гр, сето тоа резултат на високиот притисок кој го имав последниот месец од бременоста. Но, важно беше што е здрава, жива, и конечно ќе се гушкаме. Кога ми ја донесоа во шок соба, спиеше, беше минијатурна во споредба со другите бебиња(по што си ја познавав ), но беше најубава, најмила и уште е Ве гушкаме сите
Не знам дали да ја наречам моја приказна или приказна на мажот ми Значи јас во тие моменти покул во живот не сум била и ден денеска уште и самата не си верувам на тоа Терминот ми е на 24.11 јас вечерта на 23.11 одам на ЦТГ,докторката со полна пареа разработена ме легнуваат на ЦТГ излегува ливчето гледа таа ама она палено расипано глас нема и ја вика една сестра од постарите и таа со инката кај мене на стомак да го слушни бебето.....а бе лудница не баре во 19 век се пораѓам а не во 2006 кога и се породив .Ми вика докторката(инаку прва брадучеда на мажот ми) "нема уште ништо оди дома а утре сабајле кај мене дома опет на ЦТГ" ама со звук.И си одиме дома си се раскомотувам гледаме некој филм и кога по кратко време кога почна да клоца ти се чини од стомак ќе рипне.......јас искрено зачудена затоа што мене бебето не ми клоцаше често и кога го правел тоа беше вајлда во спиење мое и не можам да се пофалам со многу клоцање па преместување на стомак итн. И му викам на мажот ми "овај се спрема за излегување " ........завршија филмовите си легнавме и стануваме другиот ден јас одма кафето на шпоре па одам во ВЦ и кога од кога се избришав нешто чудно ми падна како лигаво на тоалетната ама ај си реков нема ништо ти се причинило......одам да си го пијам кафето а во исто време се шетам горе долу по соба (така ми рече док да го расонам бебето сабајлето)......ама бебево несака ни да слушне Р од расонување и се јавувам кај док и викам "пола сат се шетам низ собава не сака ни да слушне за расонување беблаков" и сега моево клучно дополнување "а сношти од кога си дојдовме од болница се отепа од превртување........и таа на тел ми вика "одма иди кај мене најбрзо што можеш и јас си викам Шта и би?"....добро и викам се облекувам и идиме.Му кажувам на мазот ми што ми рече и тој скока и ми вика "ајде шо чекаш? тргнувај облекувај се.....кај ти е торбицата?кај е од бебето торбицата?" паничи човек дали паничи"чекај бре му викам што ти стана ти ќе рајѓаш или јас здивни малку " .......Влегуваме во кола тргнува пушта 4 жмигавци небаре детево тргна да излегува па ај да се брзаме полека му викам што се брзаш само на контрола одиме.Стасуваме кај док и таа кутра ровари низ цела соба и не чека да можеше и со две цигари одеднаж за гревотичка.......одма ме кутна на тоа креветот дури ме поврзуваше на ЦТГ раце и се тресеја душичка и кога слушна звук од срцето и дојде троа боја на лицето оти пред тоа беше небаре дух те прегледува. Ме седна ими вика "ова вака нема да оди детево нешто го попречува да излези природно неможиме да чекаме повеќе да не направиме некоја компликација мора да одиме со царски(а јас уште од почеток бев против тој царски) ама што да правиш кога ти дошла коса до рамена што викаат стари,добро и викам нека биде царски".Договори со салата со луѓето со кои што си работи нон-стоп сто пати кутрата си се искуди зошто предходната вечер не ме породила и бидна што бидна ми вика "во 13.00 на пораѓај". Си се вративме дома јас пак уште една тура кафе си варам и чекаме да дојди 13.00 да одиме на болница, во меѓувреме ми се јавува сестра ми и" шо прајш? како си? вообичаени прашања и ми вика да не има нешто ве видел зет ти како одите на болница со 4 жмигавци" па јас уште и викам не бре одевме на контрола ама ова ЗЕТОВ твој се занесе малку(нелим не се кажува на блиски за таа работа).Дојде 12.30 и одиме кај докторкава ја земаме од дома и продолжуваме на болница јас како и што кажав погоре си кулирам таа зад мене седи и едно време мажот ми прикочи и таа му вика "супер арно што ти текна" и јас си викам оваа си клавала кармин па демек да не се размачка мажот ми намалува а тие двајцата ти виделе мачка и тоа црна ма намалија друг да помини па ние на чист пат да излезиме Почнаа да ме спремаат мене за операција овие двајцава се отрујаа од кафиња пиење и цигари(си ги замислувам и сега додека пишувам).....единствено што сакав и заради што се согласив да бидам царски беше да ме породи со спинална анестезија...кога дојде време ми ја ставија и неа па после ме преместија на маса за сецкање тие сечат јас си гледам и си уживам и најпосле оп вадат едно куре од стомак ....го замотаа одма во царшавче и го испратија во неанатолошко а јас кога боднав со главата накај вратата од каде што ми замина бебето не ја завртив повеќе главата и очекував дека како по филмовите ќе ми го вртата бебето на рака......ама се испостави дека многу филмови гледам дојде само докторката што го прегледала ми го честеше синот многу добро развијан бла бла бла и си замина ......После тоа ме однесоја на интензивна и не си го видов бебето дури до наредниот ден скоро 24часа поминаја кога за прв пат си го зедов во рачички тоа ми беше НАЈУБАВОТО НЕШТО што дотогаш ми се случило....нели и Вие си знаете Можеби малку претерав со мојава приказна ама сакав поподробно да ги опишам мојата докторка и незиниот братучед