ајде ајде јас да ве утешам малку како првородка си поминав без сечење и шиење е вториот пат си офукав некое конче не боли ни сечењето оти сечат на напонот кога го имаш а шиењето не ме болеше имав локална анестезија е болно е после со неможеш на газ да си седнеш некои си 10 тина дена али се се заборава и после сето искуство можам да кажам само едно и да боли и што да се случува се се издржува кога знаеш дека ке имаш бебе во раците а инаку имав спонтан во 17 недела и киретажа на живо без никаква анестезија траеше некаде околу 20 минути и мислев дека жива од таму нема да испаднам не се споредува таа болка со оние породилните ни од близу да не даде бог никој да ја искуси
sto zboruvas zosto ne si barala celosna anestezija plodot vo taa nedela e veke golem kako e mozno bez anestezija da te cistat? :-/,,,ti sakase taka ili?
Еве и од мене една утеха и јас се породив природно без анестезија ниту за пораѓајот ниту за шиењето немав анестезија и се издржува се жени, во тој момент саката што побргу да се отворите и да си го видете златцето што поскоро, другото се се издржува и се заборава. Јас веќе заборавив на се и сум спремна дури и за второ
абе срце не дека јас сакав без анестезија душа да испуштам ама не ми ставија анестезија под изговор дека ако сакам пак да раѓам подобро е без анестезија демек да сум реагирала на болката да знаел докторот до кај ке оди незнам ни јас сама зошто и како знам само дека умрев и пак оживев
Toa znam bidejki i tetkami isto taka ja cistele vo 13 nedela u istoto sto go kaza ti go kaza i taa,,jas na tvoe mesto ne bi se osmelila na zivo,toa e premnogu:-/,,,i lokalnata anestezija se osekala bolkata najdobro e celosna
јас да прашам, дали се породил некој со форцепс до сега? ме интересира каков совет ќе ми дадат за пораѓајот со второ дете? ве молам ако некој имал или слушнал за нечие искуство за ваков пораѓај.. поздравче ЧЕСТИТКИ ЗА МАМИЧКИТЕ...ЦЕЛУФКИ ОД МЕНЕ!
Јас се пораѓав со форцепс. Цевката се става на главата на бебето и со еден напон бебето излегува. Со напнување не можев да се породам, па морав со форцепс.
Утеха и од мене се породив природно со епидурална и не ме сецнаа Родив дете од 3430гр 55см Лесно поминав А инаку ситна сум и јас 1м 55см см Големо бебе испадна
аха, и што ти викаат за пораѓај со второ? како препорачуваат, зошто мене грлото на матката ми е парче, буквално како да ми е набрана кожата во топки од лошото шиење, башка имав огромни отоци каде што испукав при пораѓајот...ми се повлекоа по 2 месеци... ...ај да не раскажувам овде многу...ќе ти пишам во порака...ок ПС...пораѓајот во основа ми беше ТОП, се породив за 6 часа сметано од првите болки и немав јаки болки, супер беше, но малку заглавив на пораѓајот а тоа траеше 15 мин, така да несакам да ги уплашам другите мамички!
a dali epiduralnata e opasna kako sto velat deka mozis i invalit da ostanis ako se pomrdnis? i kolku kosta taa inekcija?
Епидуралната е опасна ако мрдаш додека ти ја ставаат. После неколку години, се чувствуваат последиците од анестезијата. Анестезијата се плаќаше 100 евра. Една другарка ми кажа дека сега е бесплатна. Како и да е, ќе ти требаат врски за да ја добиеш.
Нема да се парализираш Мал милион жени се породиле така, а многу е минимален бројот на оние кои имаат нуспојави. Тоа ти е исто као да нејќеш да раѓаш пошто си чула дека некоја умрела кога раѓала.
мојата породолна приказна нема да ви ја раскажам затоа што пред се е едно многу лошо искуство а како второ несакам да ги трауматизирам идните мамички кој треба да раѓаат иако треба да се спремни на се. она што е најважно е дека после 7 дневен престој во болница излеговме и двајцата живи и здрави и се гушкаме а јас ке се обидам да заборавам се сепак на крај за принцот кој го имам вреди и да се умре
Мислам дека треба да ја раскажеш, треба да бидеме спремни на се, можеби некој детал ќе ни биде од корист. Има секакви случки, треба да бидеме силни
Сега седнав Се на се беше добро не ме мачеа со провокации малце само Молев за царски ама и рака на срце врските си го направија своето а не бече ничто договорено него ми се погодија на смена докторите случајно. Се отворив 3 прста и не можев да издржам од страв како се дерат и отидов на царски...За пола саат Кјара се роди 3580 и 51см Во 19:20ч. Ееее после тоа беа маките Дека пуничка раната ми е шиена не ми е лепена и многу ме боли Ден пред да ме пуштат се подоправив ама после тоа качив температура затоа што бев на промаја и се испоразболев..се ме болеше а детето со мене..ејјј И врски и се и пак да нема кој да дојде да ти каже како се дои како се става памперс ужас и трагедија..пак колку толку мораа да ме гледаат засто им беше наредено од луѓето кои ги имав..греота на оние кои немаа никој.После тоа дојдов дома и дома кревав спуштав температура завршив на дежурен у ГАК почетна фаза на инфекција кашлица.. Не знаев како треба да се избањам ејјј... Денес сум подобра дај боже така да остане.Се изнамачив со температури и болки плачев секој ден од што не се издржува ама белким ке е подобро.Кјара уживка мирно бебенце Ве гушкаме и на идните мамички им посакувам лесен пораѓај и дедо Боже да е со нив..Мене нај веќе ми помогна.
карак голема да расти бебушката и цел живот да бидете срекни заедно е сега верувај дека навистина со тек на време ке почниш малку по малку да забораваш, ти кажувам од искуство, ако прочита и кај мене беше мн лошо искуство гушкајте се со бебушко и уживајте секој миг заедно