1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Сум ги минала првите две искуства-значи сечење,киретажа или ревизија,и на крај шиење како шлаг,3 во 1 -БЕЗ анестезија:D;)
    Значи се беше буквално едно по друго,додека се свестиш..Се породив ко во учебник-значи издржав дома јаки болки 3 саата,после во болница уште саат два додека ме спремат,па на бокс кога се качив позитивна, насмеана за 15 мин.после неколку јаки напони излезе бебушка..Сечењето ама буквално јас ИЧ не го осетив,да не видов дека зима Др ножици,немаше ни да знам,толку си целосно отечен долу во тој момент буквално како анестезија да имаш,од стомак до половина до вагина се ти е напнато од болка и контракции така да од се тоа е најбезболниот момент:)Е сега излегува бебе,живо здраво си викаш супер помина се,лесно брзо,цела хепи таман се опушташ,додека ја вадат постелката исто безболно,Др фрла остар поглед на сестрите као шо напраивте бе..И нема мн.муабет,одма става ракавица на рака јас глеам ко теле си викам now what,цела прашалници,и почнува да си работи да вади парчиња остатоци од плацента..тоа искрено чинам траеше подолго и поболно во секој случај,храбро го издржав и тоа скоро без да викнам,и на крај шиењето исто беше незгодно малце,но кога си веќе напраен парам парче шо се вика стискаш заби и си мислиш ај и тоа побрзо да помине:DСи заработив повеќе конци поради целосната интервенција и опоравувањето траеше подолго,значи скоро месец боли рана,не можеш да седиш..си има последици нормално.После чинот примав одма и инекции,инфузии превентивно за да нема некоја инфекција или труење не дај боже,зашто знам случаи знае да биде доста опасно остатоци од плацента недобро исчистени.Така да ќе се тешиш дека барем после немаш и такви компликации:D
    Иначе знам после мене исти такви случаи им ставале анестезија,па се изнервирав како мене така ме оставија да трпам ,не дека не се знам со др-ите ама ете..:smirk::@
    И тие 2-3 дена додека бев во болница,значи прикована со игли ,инфузии ми промашија и вена па раката ми се поду,буквално црна ми стана а јас занесена по бебе не ни примеќаш ,и на крај од болница си отидов како од ратовање да се враќам шо да ти кажам:D
    Се осеќаш ко народен херој,сите ти честитаат за храброста,издржливоста,па дури се осеќаш горда,хаха. .си викаш тоа значи било МАЈКА да се биде.Да издржиш и кога мислиш дека не си толку јак,чудно е тоа некое чувство штом влезеш во болница се губи и страв и се,стискаш заби и тераш.Знаеш дека мора да биде се во ред и за тебе,и бебето и спремаш се психички за тоа.
    Досега толку детално не сум објаснувала за првото породување,секогаш велам супер поминав,брзо и лесно поприлично:)Не за друго,кој не минал а има и доста прворотки може да си прават било какви филмови,страв,но реално не е ништо толку страшно,а споделувам за да знаете ако се деси такво нешто да си барате анестезија:)Затоа јас сега се мислев дали да закажам царски,но решив пак да си одам природно па ќе видиме.На крај краева првиот пат беше пред 8 год.сега во тие услови,нема шанси да ме остават без анестезија мислам хелоуу,ќе си кажам уште на старт:D
    Мора да се остане позитивен и психички смирен до крај,тоа е најбитно без разлика на начинот на породување.Без страв само,ние жените сме појаки во такви моменти и повеќе од тоа што мислиме:inlove::muscle:
     
    Последна измена: 3 март 2019
    На hello-kitty.90, Kaetana, Dust и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.233
    Пол:
    Женски
    @Ladyyyy567* :inlove: еве една реална личност, сите се фокусирани на бебето ама мајката и плацентата ги забораваат...ако е рачно вадењето на постелката океј ама се плашам од инструменти и опрема, а и од сепса реално ... За епизиотомија се помирив, што е тоа е... Ми велат дека лесно поминале скоро сите што сум ги прашала... Исто така и докторката вика дека лесно ќе помине, немам големо бебе а јас сум прилично висока, без некои големи отстапки во килажата ... Е сега здравје, се молам само да излеземе живи и здрави од болница (fingers)
     
    На NNA, Ive13 и Ladyyyy567* им се допаѓа ова.
  3. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Кај мене беше така,инаку има случаи кога после некое време откриваат дека треба киретажа,е тогаш мора со анестезија и обично е со инструменти.
    Инаку да,лекаритеа знаат обично да проценат што е најдобро уште кога ќе те видат,по градба,конструкција,поставеност на бебе..и јас сум висока,немам отеченост,проблем со килограми,само стомак :)Така да и минатиот пат и сега ми рекоа дека супер се ќе биде да се оди на природно..и верувам дека ќе биде се во ред;):l::inlove:
     
    Последна измена: 3 март 2019
    На NNA, Ygritte и ***Bony*** им се допаѓа ова.
  4. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Не интересно туку супер ќе ти биде и јас сум мама сега на месец и пол бебче и имам син тинејџер кој за два месеца ќе полни 16 и слободно ќе кажам дека ми се наоѓа за да го чува бидејќи сме сами и воопшто не се буни се додека не му заплаче.Се надевам дека и кај вас исто ќе биде:l:
     
    На NNA, 24.07, TeddyGrey и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Веднаш ја вадат постелката откако ќе го средат бебето. Значи само после 5мин, со мал притисок на стомак и малце треба да се напне и излетува :D Нема болка. Шиењето мора веднаш да се направи па потоа те оставаат да лежиш уште 2 саата на бокс.
     
    На NNA, Ygritte, srekice и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Сум слушала ама грешно сум разбрала :rofl::rofl:
    Абе страв нестрав бебе мора да искочи.Ќе се истрпи женски :muscle: не ќе се плашам.:muscle:
     
    На NNA, Ygritte, TeddyGrey и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Мило ми е мама Роуз. Денес бевме кај бебе одн1 месец и синко не се мрдна од кај бебето. Го чуваше и галеше. Баш ми рече едвај чекам нашето да се роди.
    Знам дека ќе го сака и помага. На гости имаат бебе и 3 години поголемо. Леле искрено не зажалив за разликава. Таму беше лудило. Јака и душа на мајката. Едно дои, другото пишти ...
     
    На NNA, Ringishpil_, Ygritte и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Женски
    Епа женски мене ми е редот. Термин беше 28.02.
    На 01.03 забележав дека паѓа чепот,2 дена паѓаше, на 03.03 пак паѓа и свекрва ми ме запна да одиме па да одиме јас не сакав, ништо не ме болеше..(facepalm)
    Си викам ај вечер во 7 ама она не да одиме сега вечер пак, така ме убеди во 3 попладне веќе бев на цтг. 20 мин цтг мирно мали некои болки што јас не осеќам а и не се за пораѓај. ( претходен преглед гледавме да испровоцира докторката со преглед ама не направи ништо, освен тоа за некој ден почна чепот) и ајде вагинално, само што пикна прсти водењак прсна, ајде одма клизма туширање и те оставаме.
    И јас си викам супер за некој час ке се породам и доктор у тоа време кажува за сега нема ама вечер ке бидне.
    Во 16:00 ме сместија во претпородилна. Ме боцнаа со апаурин 2 3 часа ништо не осеќав и после почна слаби менст болки.
    Па околу 19:00 почнаа на 5 мин ,јас отворена само 2 прста. И ми кажуваат ако е вака до 22:00 пуштете и инфузија. Ја во кревет добивам убави болки што будат од сон на 5 мин. Во 22:00 преглед,болки исти отворена исто.
    Ништо ме отаваат до 05:00 љко нема ништо ново на царски ке ме носат. Во 02:00 веќе имав неиздржливи болки, како грчеви ама на неправилни интервали,на 15/10/8мин. Ме прегледа бабицата и вика до пола си уште пола и ќе бидне. Си викам оф леле уште колку има....
    Кога лежев беа на 5 мин. И ептен болни. Кога одев беа на неправилни интервали и по издржливи..ама снагата ми играше и малку можев да стојам а да лежам несакав..:sweat:
    Ме тераше по голема нужда цело време и ништо не излегуваше..др напнував ама ништо.
    Плодовата вода цело време истекуваше.
    Во 04:30 ме ставија на цтг со некакви болки кои не се доволни..почна да ме фаќа треска, дојде докторот и тука на цтг кога имав контракции пикаше внатре со цел да ме отвори, им рече уклучете физиолошки а после спазмекс донесете ми го цтг-то да го видам и ке ви кажам што понатаму, и така испримав физиолошки ајде цтг завршува прашувам бабица сега ли иде провокација вика да,зс колку делува, вика одма.Спемна ја и ајде завршува цтг и доктор вика уште еднаш ставете и од тоа( ваљда за провокација) ставаат. И почнува. Почнуваат контракции тој пика и вика напнувај, како човек да напнувам исто како да какаш со запек а некој да ти го враќа г*омното ( извинете на речник). Почна да ми се лоши ке повраќам, па се предомислив нема, на секое пикање викав со сета сила дека неможам веќе многу боли, плачев без солзи..:lol: ми кажа ај оди мочај и чекаме ја неможам да станам мислам.. викам ајде на сестра со мене ја неможам сама отидов со сталак инфузија,седнав и добив нап викам ме тера да напнувам вика ако, и јас контракција и нап во исто време, напнувам и викам ( фактички дишам на уста што при раѓање не треба, треба да затвориш уста и какаш буквално со сета сила) викам ке го родам тука, се измив меѓу контракции по лице. Се осеќав исцрпена, немав сила, дури без вода бев повеќе од 12 часа, инфузијата уште течеше.. пробав да станам и бум. Контракција и нап. Назад.:@
    После 2 контракции успеав,станав и отидов до кревет неможам ни да седам ни да стојам. Побарав вода пак ми донесе сестра де измив и пинав малку. Памтам ме опоменуваше да спуштам рака да тече инфузија ама не бев свесна. И кукав колку боли, прашубав сите ли вака раѓаат вика да, и јас и викам па дали се нормални, зошто? Зошто некој би сакал вакви болки? Зошто форсираат природно кога е премногу болно? Сечете ме вадете ја нема да издржам,неможам. Почнав да добивам нап, дојде доктор ајде пак пикање во контракција, и вика ајде напни, напнав и кажа ајде ени раѓаш одма на бокс. Викам КОНЕЧНО.:whew:
    До бокс имав 2 контракции до нап во кои на втората дури клекнав ке се породам додека стигнам ( врата до врата се боксот и предпородилна.) Вика не напнувај оди на бокс брзо,ама оно само иде неможам да контролирам.
    Успејав некако стигнав се качив и имав 2 неуспешни напнувања оти немав сила,незнаев више што правам. Носот ми се затна ради синуси, неможев да дишам на нос, кога напнував издишував на уста до ржење:wasntme:што е погрешно:!:
    Кога ми кажаа ајде ени уште малку ја гледаме косичката не престанувај, напни, затвори уста и напни ајде малку остана.
    Стизнав заби,затворив уста,и напнував, само сакав да ди ја видам среќичката побрзо, а незнаев како, се фатив за една сестра и стискав несвесно(facepalm) се освестив после две нејзини викања ени пушти ми ја раката, ени слушаш ли пушти ме. Ја пуштив и се фатив за тоа гумата под мене што е и напнував. Со 2,3 напнувања и со малку секнување излезе. Прво главче и прашав излезе ли, ми кажа ајде не збори напнувај побрзо ајдр уште малку, во тоа време напнував и видов ножици,страв невиден ама морав да истрпам страв ми беше да не го повредам бебе.2 пати сецна по малку не осетив ништо.Во 05:45 бебе излезе ми го покажаа, ми кажаа ени имаш ќеркичка како тебе иста,честитки. Ја погалив по раче и главче.Плачев и се смеев. Ја тргнаа и слушнав 52 цм. 3720гр. Машала големко било бебето. Ја ставија до мене ви едно како креветче, ја посматрав каква е што прави ,плачев зошто таа плачеше:?:. Се смири и беше мирна дури цел саат.
    Мене ме прашаа дали сум ставала анестезија на заб некогаш, викам не. Ајде ме боцнаа доле со анестезија, не осетив и прашав испукана ли сум внатре викаа сега ке видиме, не бев. Почна шиењето, траеше 1 минутка, не осетив ништо, само последните две боцкања ги осетив како пецкања и ми кажа тука е кожа не фаќа анестезија затоа осеќаш.
    Бабицата ми кажа не сум многу шиена. Како кутивче ме направиле, дека сум сега како девојче и дека мм ке се радувал многу:wasntme: викам мм со месеци нема да ја види бре :hai::rofl:
    Не кажа колку конци се, рече тоа е едно дупче кое е сошиено со 1 конец. Вадење на постелка не ме болеше. Стисна стомак и излезе.. Лежев 2 часа на бокс со мала треска па ме покрија, одмарав, крварев.како заклана па се уплашив викам што направив бе лом..и сестра вика нормално е така треба не се секирај:nod: се јавив на мајка ми да и кажам, мм веќе знаеше бабицата им јави на свекрва. Се слушнав и така.
    Се на се заклучок, пораѓај не е болен, додека се породиш болките се болни и мачни, самоит чин воошто не е болен. Бар кај мене.
    Се изнаплакав додека пишував.
    Вредеше секоја болка, се што поминав вредеше. Имам среќичка родено. Буквално радост, среќа, љубов си родив. Кога би бирала пак би одела по овој пат. Ако не провоциравме и форсиравме ке требаше царски, ама издржав и среќна сум и поносна што родив природно.
    Ова моја приказна е долга и развлечена ама со среќен крај па не ми е гајле што трае 16 часа.
    Толку од мене, ваљда ја доловив сликата во детали :rofl::whew:
     
    На hello-kitty.90, Kaetana, Turna и 53 други им се допаѓа ова.
  9. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Душа бе:inlove:убаво се си опиша,БРАВО,си се помачила но да,тоа е тоа гордо,возвишено чувство кое го имаш на крај-да осетиш вистински што значи МАЈКА:D:inlove:Сега сте веќе дома,гледајте се,гушкајте,брзо опоравување:sun::l:
     
    На NNA, Ringishpil_, Eni.r и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    И јас се изнаплакав со тебе, осетив како цел пораѓај да сум била до тебе ;( душа бе што ти значи мајка :* важно се поминало и сега сте добри и се гушкате со малата :inlove: се друго се заборава еден ден, :hug: до двете најсилниии :*
     
    На NNA, Ringishpil_, Eni.r и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.233
    Пол:
    Женски
    Хелоу 8) Ени заврши, јас сум на ред :D :party:.... Ден сончев убав, Недела 03.03, ако си од Охрид резервиран за шетање по кеј.... Се разбудив со слаби менструални болки и грч во стомакот како минатите денови.... Му кажувам на домашните дека имам слаби болки ама нормално е да те боли во последната недела од бременоста, мм ми вика ти денес ќе раѓаш.... Се спремив со сите марифети, и одиме на шетање.... Се прошетавме, кафе мафе...и ми вели ајде одиме на ЦТГ.... Му велам ајде да си одиме дома, да ручам да се избањам и ќе се вратиме, секако докторката ми е дежурна до сабајле... Саат 14:45, стигнуваме в болница и ми викаат ахх ти пак, имаш болки, ти прсна воденјак? Јас окезена в крај, 6-6ка, не им велам онака дојдов, бев в чаршија.... Сестрата ми вика, оди во предродилна сала, таму има слободно ЦТГ, да не чекаш.... Океј се сместив..... Прва контракција 88, грч забележлив со голо око... Доаѓа докторката, втората контракција 100 исто се забележува... Ми вика па ти имаш болки за раѓање, не и викам, вака имам цела недела.... И седиш дома, ме прашува.... И викам очекувам болки јаки.... Овие не се како за раѓање.... Е тие се ми вели... Нема појаки ... Ајде на стол да те видам... Одам на преглед, ме прегледа ми вели 5цм си отворена, кај шеташ :o :D ајде и вика сестра, дајте и облека, клизма и уклучена нека биде на цтг... Јас се смеам и и велам да одам да ручам и да се избањам и ќе се вратам 8) оди ми вика ама ќе го родиш до дома :D ... Излегувам од сала му велам на мм јас треба да раѓам денес :D останувам овде... Саат 15:30 уклучена на цтг, си покажува контракции.... За 15мин се враќа докторката ми вели ајде да те видам на стол пак....се качувам ме прегледа и осеќам дека се "помочав" . . И велам леле извинете таа ми вели зошто? И викам направив белја :D не ми вели, ова е водењакот :D аууу и викам вака е.... :D и се смеам, а таа ми вели а што мислеше ти како е? И велам дека очекував болка ... Ме врати на цтг, 16:00, 6цм отворена, контракции редовно, но не болки не издржливи....16:30 болки тапи во кичма, добив клизма и ме тера за во ВЦ. . Отидов се средив.. . 16:45 пак преглед 8см отворена регуларни контракции со болки во кичмата и осет за напон.....и кажувам на бабицата вика не смееш да напнеш, рано ти е ... Ако се повторува по ред во правични интервали повикај ме... Има два по ред, ништо не се случи... Си чекам, добив кислород за бебка да се снабдува.... Пред мене тежок царски рез, цела екипа в сала, јас сум со бабицата и уште една сестра....ми кажа што треба да правам, да ги слушам нив, и се ќе биде во ред.... Ми се јавува мм ми вели пред 18-19 нема да те породат, има царски пред тебе, ми се јави докторката... 17:30 ме зема бабицата во родилна сала, да ме следи на цтг..... До 18:00 болките се појаки, доаѓа другата бабица од наредната смена, 19:00 часот, разговаравме како оди процесот ... 19:15 добивам регуларни напони, бабицата ми вели диши, така поминувај ги напоните, додека дојде тимот од сала.... И викам не можам, те молам викни ги .... 19:20 доаѓаат сите докторката вика напни, диши низ нос, но не викај, губиш енергија ... Се на се турнав 4 пати, првите 2 полесно, тука добив сечење безболно, 3-4 пат посилно туркање....и олеснување во стомакот и на срцето..... 19:40 првиот плач на бебка :inlove: и нашиот skin to skin контакт :inlove: :inlove: :inlove: НЕ ОПИШЛИВО СО ЗБОРОВИ..... Прва Констатација од бокс: Бебка е копија на татко ѝ :inlove: последен уште еден напон : постелката е надвор, цела... Браво за мама, цела храна одела кај бејби.... Потврда : АПГАР 9/10 3540гр./52цм. Коса за фенирање :inlove: ;)
    Честитки од цел тим (fingers) филмско породување... Прашање од докторите : положи Гинекологија и Акушерство, сеуште сакаш медицина? :D
    Доаѓа на ред шиење, ме прашаа дали сум вадела заб? Им викам не сите се мои :D после им викам дека вадев умник пред 3-4 години ... Добивам инекција и анестезија почнува шиење, ми излезе едно F**k низ уста докторката ме праша што значи, и се смее и викам дека не е за неа, туку за епизиотомијата, ноќна мора што ми беше .... Заврши и тоа.... Лежам одмарам 2часа на бокс, крварам регуларно .... Се исплакав поштено што од радост што од тага за татко ми :sweat: (пак си плачам) 21:00 и се јавувам на мајка ми :D директно од место на раѓање .... И велам завршив јас, таа ми вели штотуку почна :D се јавив кај мм, мк вели надвор сум те чекам да те видам ... Се видовме :inlove: ја видоа и бебка :inlove: ја слушам свекрва ми како ја дава истата потврда дека е бебка копија на татко ѝ.. Ме смести ја во соба... Регуларни проверки за крварењето.... Се е во ред со нас....

    Сега веќе сме дома :inlove: се прилагодуваме сите на бебка и таа на нас... :) :inlove:

    Ви посакувам ваков пороѓај на сите (y) 8)
     
    Последна измена: 9 март 2019
    На Малечкоxxx, hello-kitty.90, Kaetana и 53 други им се допаѓа ова.
  12. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Значи се изнаплакав денеска од вас ;( такви емоции неможам да се соберам читам и си плачам и се смешкам се замислувам и јас за кратко во истата ситуација :inlove: ова се дефинитивно моменти кои никогаш нема да бидат заборавени :) да сте ми живи и здрави сите @Ygritte браво за тебе мајка уживајте со малото бушавко бебуле :* :hug:
     
    На NNA, Martka, Eni.r и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    4.593
    Пол:
    Женски
    :l::l::l::l:
     
    На Eni.r му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @Ygritte браво мајка, да ти е здрава и жива бебка, а на тебе побрзо опоравување, така се раѓа со др. Мимоза нели? :D
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    :clap:(y):l:
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
  17. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Женски
    Куманово
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.233
    Пол:
    Женски
    Фала ти мила :inlove: баш ... Позитивно искуство во секој случај :) многу значи докторот да е позитивен и да те бодри.... Но и твојата психофизичка подготвеност (fingers)

    Охрид 8)
     
    Последна измена од модератор: 10 март 2019
    На maja8 и Vennera.aa им се допаѓа ова.
  19. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    1.687
    Пол:
    Женски
    @Ygritte @Eni.r ме изнплакавте жени мајки кралици алал да ви е.гушкајте се сега со бебушите.ве :hug: и јас
     
    На Eni.r, Ygritte и Adeline им се допаѓа ова.
  20. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.233
    Пол:
    Женски
    Ајдее :hug: те чекаме и тебе за некој месец ;):l:
     
    На Ive13 му/ѝ се допаѓа ова.