Редно е и јас да ви раскажам на кратко..01.03.2019 7:50 од сон ме разбуди водењакот..одма ѕвонам на мм тој си доаѓа од раб. И правец во болница се возиме саат време болки ептен слаби почнаа.Стигнуваме таму јас ко помочана со лочка на гз ама јбг тоа е не држи ни влошка ни ништо..следува цтг,преглед од доктор само 2прста отворена контракции има ама не многу јаки.. 12:00 останувам на патолошка,пак цтг веќе појаки контракции ама не и оние за раѓање...трпам јас чекам уште појаки и појаки...15:00 веќе не се издржува го барам докторот да види до кај сме.. 7 прсти,супер вели ајде клизма спазмекс и у родилна.. јас радоси викам добро е оваа се трпи..одиме во родилаа ама едвај болки се појаки и појаки..пак цтг пуштено а јас болки неиздржливи ајде 17:00на бокс докторот вика напнувај сестрата и она брцаат раце за побрзо..и така на 5-6 напони малку сецната си во 17:40 си родив прицеза Гледав да сум што по кратка се надевам доволно ви доловив,брзо и не така тешко беше породувањето
Едно сто пати пиши бриши-правам. Ама ќе раскажам. Може некој ќе ме познае по приказнава. Пред да почнам само да напоменам дека секоја бременост е различна, секое тело е различно како што и ние луѓето сме различни. Ќе ја раскажам за да отворам очи на некои слични случаеви како мене, каде да припазат. Мојата приказна има и среќен и тажен крај. Така се чувствувам и јас. Пола душа ми е исполнета со неизмерна среќа, а пола со најголема болка која може да ја осети една мајка. Прв обид за бременост. Мислев нема да е така лесно, ама за наша среќа ете беше. Одиме на прва контрола, сакус 4недели. Рипаме од среќа. Одиме втор преглед. Докторот нешто гледа, се доближува до екранот... Еј, абе близнаци се !!! Рипнав од креветот. Почнав да плачам. Што од среќа, што од страв. Голем предизвик. Некако неспремна психички дека брзо се случи, а сега две. Јас не знам ни пелена да сменам. Да не должам. Тече се како што треба. Бременоста идеална. Во меѓувреме две членки со близнаци ми пишуваат како го губат едното. Срце ме боли како мене да ми се случува. Во меѓувреме ја читав и приказната на @DuchessAnn чинам беше, колку солзи изронив, не знам стварно. Нешто не ми даваше мир. По препорака на Надица-Мама, иако не ми е матична, ми рече од 30та недела, секоја недела да одам на ЦТГ и мерење цервикс. Така и направив. Закажав на 02.01.2019 преглед. Знам само во меѓувреме некако плодовите ми беа помалку активни. Нормално било, тесно е. На 02.01 ме буди кошмар. Докторот на сон ми вика дека едното бебе нема срцева реакција, да одам да ме пораѓаат. Се будам жива вода. Презаспав. Станав во 07:00 , одам на закажан преглед со сестра ми. Сонот станува реалност. Јас цела вкочанета велам грешка е можда. Одиме во болница. Ме гледа докторот што треба да ме пораѓа, пребледе. Ми вели жал ми е, немам зборови, ме здрви кукло. Најверојатно е папчаник умотан. Како отидов до соба не знам ни сама. Маж, сестра ме држат за рака. Ништо не зборам, само солзи ми течат. Ме хоспитализираат, примам Флостеронот. Ми велат ќе мора да чекаме два дена да примиш уште една за зреење. Само клима со глава. Лежам во кревет и гледам во една точка. Како да кажам дома? Како да им соопштам на моите ? Праќам селфи на мајка цела насмеана,лажам се намалила плодова па ќе почекаме, пораѓај не знам кога. Така едно 3 часа, ама пусто срце не издржа, кажав ... Цтг на 3 часа. Звукот не можам да го поднесам, ќе полудев. Маж ми затнуваше уши. Помина време за посета, останав сама. Боже, како ли ќе спијам со мртов плод во мене??? Како низ магла ми е се. Се будам после полноќ гледам време за ЦТГ, а никој нема. Вртам и барам да дојдат. Некако и другото бебе веќе не го осеќам. Пробувам да не паничам. Го зема сестрата листот, трча кај друг доктор. По 3мин се пали светло. Знаев дека е за мене. Дојде докторот до мојот кревет и ми рече да се спремам што побрзо, го губиме и ова, паѓаат тонови. Пак не знам која сила ме држи. Т.е знам, Господова. Ме средуваат за 10 мин, ме седнуваат во количка за накај операциона. Им велам можам да одам , немам потреба од количка а целата се тресам како лист на гранка. Веќе пред лифт темница пред очи, готова да изгубам свест. Пак останав свесна. Ни еднаш не помислив за мојот живот, само се молев да ми го извадат чедото здраво. Влегувам во сала тело уште дрхти. Ми објаснуваат дека заради Клексаните мора со целосна. Маж ми ме молеше да не потпишувам, имам премногу алергии а досега нити една операција. Не ми е важно, потпишав без да мислам. Го погледнав докторот, ме фати за рака, го замолив само чедото за ми го извади живо. Ми ставија веднаш катетер (без анестезија) боли, корне а јас глас не пуштам. Не ме боли повеќе од душава. Ми ставија опивка. Свртев глава и замижав. Толку... Се будам во друга соба, сама на кревет свесна за се. Кревам рака за да довикам сестра зошто немам глас. Дојде и ме праша како сум. Јас не и ни одговорив, прашав како е бебето. Ми рече дека е добро, но заради адаптација мора да биде некое време во инкубатор. Фала му на Бога! Се молев за него 24/7. Побарав тел. од сестра да се јавам кај маж ми не ми крена. Друг број на моите не ми текнува. Охх ,кај да вртам. Ништо си велам ќе се стрпам до соба. Се префрлив во мојот кревет и ги известив сите. Не спиев цела вечер. Плачев и се радував. Волку измешани емоции никогаш не сум имала. Нареден ден ми дојдоа на посета моите другарки кои се моја потпора. Две од нив со мешиња. Ох Боже, колку ги сакам! Бадик и Божиќ ги славев во болница со маж ми. Поминуваат 12 часа, време да станам. Верувале или не, не ме болеше. Од таква желба но и страв (не знаев како изгледа предвреме родено бебе) заборавив дека сум оперирана. Влегувам во интензивна неонаталогија. Десно гледам инкубатор и едни минијатурно ноџе како се тресе. Им велам на сестрите "ох душа мала, ноџе слатко" . Едната од нив ми ја зема раката и го гледа бројот, ми вели -" син ти е мајка". Ме доближија. Во живот немав видено толку тажен поглед. Го допрев инкубаторот со рака и ништо не зборев, само солзи ми течеа. Во меѓувреме си мислев-" ох Боже, дали и он чувствува празнина, фали уште некој, знае ли"? Почна да плаче и он, ме изнесоа. Ми рекоа со плач да не доаѓам. Минаа така 4 дена. Секој ден додека лежеше во болница бев на посети. Го гледав, а не можев да го допрам. Поминаа 14дена, си го земавме. Залудно се плашев, толку сум била спремна, што не сум била ни свесна. Таква љубов до сега немам осетено. Колку го сакам не можам ни сама да си објаснам . Празнина останува. Со болка се научив да живеам. Сега најубаво ги сфаќам двете членки со истата случка. Имам доживотен белег (стрии) на местото каде што беше главчето на гулабот што ми летна. Толку пргав. Мислам дека уште чувствувам како мрда. Нема назад. Му благодарам на Бога што ме "разбуди" да не излезам со празни раце, за силата која што ми ја даде кога мислев ќе полудам од болка. И да, за крај, сите што велите "фетус", тој "фетус" беше мое чедо. Имам слика од ехо. Мало прчлесто носе налик мое. Убавина која одлета право во рајот, оти не бил за овој студен свет. Не чува секој ден, знам. А син ми, син ми го сакам за двајцата. Дупла љубов му пружам. *** Се извинувам за долгиот пост, не сакам никој да растревожам. Мајки Господ со вас. Слушајте си ја вашата интуиција, не се плашете од чести прегледи на ехо. Барајте си ЦТГ од 30та. Секаде во светот е така, освен овде. Внимавајте и на Д-димери особено 32 недела. Знам дека не сум прва која го доживеала ова, но дај Боже да сум последна, да нема веќе... Најголемо мое искушение, но еден ден знам Бог повторно ќе ме израдува, сигурна сум во тоа.
Од рано наутро ме расплака, многу ми е жал за тоа што ти се случи, ама ете господ голем ти оставил другото да те усреќи... Нека е живо и здраво малото, а ти биди силна и продолжи напред треба да бидеш јака за твоето чедо. Ти посакувам брзо оздравување. Ве гушкам
Многу емоции во постов Да ти е здрав и жив јунакот, Господ ти дал причина за да кренеш гордо глава и да чекориш напред
Od rano nautro me rasplaka,mnogu mi e zal za toa sto ti se slucilo bidi silna majka neka ti e zdravo I zivo junaceto ti posakuvam brzo ozravuvanje
Ви благодарам на сите! Не ми беше цел никого да расплачам навистина, нити да влеам страв кај некој што чека две. Да бидам искрена после случкава викав веќе нема шанси јас пак да раѓам. Е сега ќе бидат уште поискрена, посакувам и тоа по можност пак две. Бадиела страв носев во себе. Додека не изгубив, не сфатив...
Ах... Колку една мајка може да е силна за чедото кога се работи... Нека е живо и здраво синчето, нека е од Бога благословено. Ангелот бил предобар за овој свет, барем јас така се тешам за моите ангелчиња.
Борец си ти а и останатите членки. Ме расплака ама најважно е тоа што го имаш тоа чедо. Господ на сите да им даде и на ниедна мајка исто да не и се деси. Господ да ти го поживее и да растете среќно
@Petra777 да сте здрави и живи, гушкајте се Напишаново ме потресе. Било тешко, ама гледај напред. Не се забораваат некои трауми, мора да се живее со нив.
@Petra777 ти честитам за бебенцето живо и здраво да е, и ти честитам тебе на храброста. Мајка е голем и моќен збор.
@Petra777 никогаш нема да заборавиш и секогаш ќе има дел од твојата душа што ќе ти недостига. Сепак имаш една непроценлива убавина која ќе те држи на нозе и ќе те води напред во животот. Ти си мајка на еден ангел кој господ го сакал за себе. Да сте живи и здрави и догодина една сестричка да си имате