1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. AnaDelRey

    AnaDelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2017
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    И јас да споделам едно убаво искуство со вас :l::inlove: Пред се - за сите мајки што ги интересира за пораѓај со Епидурална анестезија. :D

    Уживав секој ден, во сите 9 месеци иако знаев дека ме чекаа многу работи... Ама сепак според мене психата е најголемиот непријател на една трудница... Не е секогаш се како што ти кажуваа другите.. Мене стално ми велеа - А сега ќе ти се повраќа, па ќе се здебелиш, па стии ќе имаш, па капи се во ваква купка, не пијај ова, нејади ова...Кај мене беше спротивно од сето ова што го слушав. Нормално не сме сите исти, ама јас се помирив со фактот дека нема да имам 49кг туку дека ќе имам 64кг :lol: Јадев се што ми сакаше душичката, работев до 6 месец на работа, работев и чистев по дома, шетав до последниот ден дури не завршив нааааа болница :sweat::sweat: Да, дојде и тој ден точно пред 2 месеци :mm::mm: Имав термин на 6 Јануари но немав никакви знаци, си работев по дома, си се спремав за бебушката.. На гинеколог имав термин на 10Јан. цтг не покажуваше никакви знаци и ме испратија на консултација на болница -12Јан. Во главата ми се вртеше една реченица цело време: лесна бременост имав ама тежок пораѓај ме чека- и точно така. На болница кога појдов ми рекоја мора да одам на 13 за да ми дадат вечерта коктел и веќе на 14 да се породам бидејќи несмеело да се носи бебето повеќе од 8 дена (така било тука во Германија) а јас никакви знаци на контракции. Мене ми беше сето ова чудно бидејќи немав замисла дека ќе се породам на СИЛА (ако можи така да се наречи), едноставно сакав да си се породам како и сите- водењако пука и то е то.... И мајки, јас си се спремив и појдов на 13ти Јан. на болница околу 18 часот и одма на цтг ама пак ништо :D:D и ми дадоја покасно коктел за да го испијам и пак ништо.. Ни во вц ни болки и ми кажаја дека во 7 сабајле ќе ми дадат капсула за да добијам болки. Цела вечер неможев да заспијам од страв:worried::worried:Неспана појдов во 7ч пак на цтг и нормално ништо.. Капсула ми дадоја да ја испијам и ми рекоја за 1 сат да појдам.. испив појдов на цтг ништо и така одев до 12ч. на секој сат и нормално ништо. Цело бреме ме проверуваја дали сум отворена а јас само 2 прста. Во 12ч ми дадоја 2 капсули за да добијам повеќе болки и пак продолжив да одам на секој сат на цтг.. Болките почнаја да ми идат на кај 15 часот се повеќе и повеќе.. Само 2 прсти отворена а веќе контракциите почнаја да ми се зголемуваат. Мажот ми беше до мене цело време и ми беше најголема поддршка.:l: Едно време почна нагло да ми се зголемуваат што почнав да ги молам сестрите да ми помогнат па дури и мажот ми :rofl::rofl::rofl: Му велев цело време: Помогни ми те молам (хаха) а тој кутриот се препотуваше повеќе и од мене :P Кај 17ч бев на цтг и контракциите ми беа таман за пораѓај но јас само 2 прсти отворена и пошто неможев повеќе да издржам од тие болки му велев да ми ставаат епидурална анестезија. Докторката се согласи да ми стават бидејќи небев отворена.. а ни водењакот не ми беше пукнат. Ме спремија за епидурална но првиот пат беше неуспешен, немав никаква реакција а вториот пат само што ми ја ставија наеднаш почувствува како вода низ нозете.. едноставно ладнина по целото тело.. Да напоменам дека прво ми ставија локална во кичмата за да неболи другата инекција *тоа беше како едно цевче. Мене инекцијата ми беше безболна само ме чешаше цело тело и нозете ми се тресеја ... За 15 мин. јас немав никакви болки исто како да не сум се пораѓала :wasntme: Потоа ми го пукнаја водењакот и бев спремнаа :D Се арно ама на бебето не му се излегуваше иако напнував колку што можев :whew: Мораја да пробаат со вакум но на првиот пат не излегуваше и на 2 пат само слушнав еден плач и оп бебето во рацете :inlove::inlove::inlove:мислам дека сите болки ги заборавив моментално :l::l::l: Пораѓајот за мене беше едно прекрасно искуство. Знам дека многу мајки се против епидураланата бидејќи така немало да си го осетиш мајчинството НО за мене епидуралната е само една позитивна работа што полесно ти помага за да се породиш кога стварно не се можи. А мајчинството ти иди одма кога ќе си го земиш своето мало в раце. Болката е голема, но не е и поголема од љубовта кон детето. Да напоменам дека и мм ми беше цело време со мене, јас несакав но тој сакаше да ме држи за рака и да ми биди поддршка и што е најбитно не се онесвести :D:D:D

    Идни мамички сакајте се себе и своето тело, уживајте во секој ден од бременоста, спремете се за моментот кога ќе си го видите своето бебе и сите со лесно :l::l::l:
     
    На hello-kitty.90, Kaetana, Turna и 39 други им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    @Petra777 да сте живи и здрави и само среќа да ве прати со чедото... да не сетите болка никогаш ;(:hug:
     
    На Mari*, Martka, NNA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Женски
    Ви праќам многу љубов.:hug::l:
     
    На Tsukinory, NNA и Petra777 им се допаѓа ова.
  4. snowlady

    snowlady Нов член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Обично не сакам да читам приказни со тажен крај, ама ова е нашата реалност и колку и да викаме мене нема да ме снајде ова треба да бидеме подготвени за се. Јас нема да ја раскажам мојата приказна,доволно се изнаплачав од оваа. Само ќе кажам знам колку сила треба да се преброди ова и колку голем психички траг останува засекогаш. Поминаа скоро десет години откако престана да чука срцето на моето прво бебе, во 27 недела од бременоста. И ден денес се сеќавам на секој миг од породувањето и од болницата. И ден денес се сеќавам на болката во градите кога со празни раце си заминав од породилиште. Ти имаш утеха во синчето, нека е здрав и жив. А мене Господ ме благослови со уште два ангела, најголемата љубов моја. Втората бременост ми помина во страв и со многу многу контроли, не знам колку пати испитавме д димери и што ли уште не. Ама се роди здрава и жива мојата ќеркичка. А сега пред месец и пол Бог ми прати уште еден дар, мојот син. Да сме живи и здрави и да си уживаме со нашите деца.
     
    На zhap4e, tulip-K, hello-kitty.90 и 30 други им се допаѓа ова.
  5. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Читам и како да се читам сама себе. Лани поминав низ скроз истото како и ти со моето прво бебе. Еве сега терам втора бременост. Факт е дека не секоја приказна има среќен крај и охрабрувачки е кога ќе прочитам за среќни приказни после тажна. Ми даваат надеж и сила. И јас ја напуштив болницата со празни раце и уште попразно срце, но се надевам дека за 3 месеци принцезата што ми е во меше ќе ми биде во раце и ќе ја поплни празнината во срцето. Ти благодарам што го сподели искуството. :hug::hug::hug:
     
    На zhap4e, hello-kitty.90, ane.bella и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Viki tonci

    Viki tonci Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2018
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    803
    Пол:
    Женски
    И јас ја доживеав болката, токму како таа на @snowlady и твојата. Празни раце во соба каде сите се гушкаат со своите најмили,каде слушаш плач а знаеш дека не е твоето чедо, и на крај си одиш и само болка ти останува во душата за навек. Сепак господ најголемата болка ја дава на најсилните. Мисли на твојата убавица што ќе дојде и ќе те радува цел живот, ќе ти биде сонце после голема бура и ќе биде се во ред
     
    На zhap4e, Safira26, hello-kitty.90 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Тука нека завршат лошите искуства, да нема веќе. Нека се нижат само радосни приказни со лесни пораѓаи! :hug::l:
    Бог е голем. Секое "зошто" има свое "затоа". Само Бог го знае одговорот, а потоа дупло наградува. :f:
     
    На Turna, Puffy2019, DuchessAnn и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Kay Scarpetta

    Kay Scarpetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Јас се породив во 2017, но не ја споделив приказната овде, имаше примеси на хорор додека стигнав до царскиот.
    Фала Богу сѐ се заврши добро. Можеби благодарение на мојата параноја и безброј контроли на трансфузиологија. Во ниту еден момент не попуштив кога сите околу мене ме убедуваа дека клексаните се само бизнис и дека џабе трпам болка, дека Д-димери до небо се нормални во бременост. Во глава имав само една мисла: да се храни моето малечко до крај и да прима сѐ што му е потребно. На породувањето изгубив многу крв баш поради клексанот (24 часа немав примено) и иако бев со спинална не го видов своето чедо бидејќи уште на првиот рез ми ставија маска и се изгубив. По породувањето уште три месеци примав антитромботици додека се стабилизирав за да бидам комплетно здрава и способна да се грижам за моето малечко.

    Слушајте си го инстинктот, одете на второ, па и на трето мислење ако така се чувствувате.
    Имате право на тоа, никој не може да ви забрани.

    Честитки на сите мајки, гушкајте си ги среќичките, тоа е сѐ што им треба ❤
     
    На hello-kitty.90, Kaetana, sanji4444 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    5.777
    Пол:
    Женски
    Да раскажам додека сум сеуште на болница,дури ми е свежа меморијата и дури имам време и можност.
    Заради претходен царски,се договоривме и второто породување да биди со царски. Имав закажано,сабајлето станавме сите,се спремивме и во 8:00 веќе бевме на болница. Чекавме можеби 2 часа,додека ми отворија досие,дојде анестезиологот за да ми објасни како ќе оди целата процедура иако веќе се што ми кажа ми беше како раскажување на претходниот царски. Ја облеков наметката,на излегување од соба мм ми кажа дека и тој ќе присуствува в сала,така му рекле сестрите. Ми ставија чорапи и масажери на нозете,мм чекаше пред сала додека ме боцкаа со спинална. Малку ми беше језиво чувството кога ми ја ставија иглата,буквално можев секој милиметар додека влегуваше да го почуствувам. Исто и кога ми ја пушти течноста. Ме легнаа,ставија пред мене наметка да не гледам,анестезиолоот од лева страна,мм од десна ме држеше за рака. Одвај некако му ја осеќав раката,целата ми беше по дејство. Пробаа 2 пати да го извадат неуспешно,дури на третиот пат излезе буцкото. Многу потешко ми дојде вадењето на бебето овај пат,за разлика од првиот.После дека ме пресекле уште повеќе од првиот пат,сега ми е раната за некој цм поголема,ме шиеја подолго време но се помина во најдобар ред. Кај сестрите кога бевме веднаш по пораѓај,го ставија на града за да фати.Иако овај царски беше потежок,закрепнувањето досега е совршено. Значи во буквална смисла царски,станав сабајлето,ми ги извадија чорапите и масажерите и сама станав без никаква помош,сама бев да се истуширам. Летам буквално,денес кога се туширав ми кажаа дека можи да ја одлепам лепенката и можно е утре да си одам дома. Вака 10 деца би родила :wasntme:
     
    На do-re-mi, Yowannty, hello-kitty.90 и 34 други им се допаѓа ова.
  10. Ringishpil_

    Ringishpil_ Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    4.039
    Пол:
    Женски
    Конечно едно позитивно искуство од некој со царски ред.Обично имам читано дека е многу болно првото станување и закрепнувањето првите 2 недели.
    Ова искрено ме смири малку, зашто по се изгледа и јас ќе бидам царски, бебе карлично поставено уште, 37г.н од утре.
    Ама не знаев дека резот што го прават е во зависност од големината на плодот :( кај мене е исто поголемко за неделите,и искрено незнам што да очекувам,и како човек да остане смирен во самиот тек на операцијата
    Се надевам ќе пројде се во најдобар ред.

    Убаво што сподели, побрзо закрепнување на тебе и многу среќни и весели моменти со бебушка во иднина :l::hug:
     
    На ***Bony*** и m.i.g им се допаѓа ова.
  11. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Јас одма станав по 12h. Боли ама не толку да ми е траума. Бар ја така го доживеав. Плус веќе 5ти ден се движев како луда дома.
    Пуштав машини, миев садови...
    Секој ден одев до болница да си го видам бебо. По 2 недели веќе пеглав брдо алишта. :)
    Можда не се пазев, што знам. :?:
    Ама па ептен брзо закрепнав, еве 2 и пол месеци како да не сум оперирана, дури гинекологот ми рече можам да вежбам аеробик, пилатес...:)
     
    На NNA, Puffy2019, Coco31 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јога вежбај. Најубава е за контрола на телото, го зацврстуваш, а затоа што посебно внимание обрнуваш на секоја поза имаш најмали шанси да се повредиш.
     
    На NNA и Ringishpil_ им се допаѓа ова.
  13. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    На предавање на Лулка спомнаа дека и ако е карлично оделе на природен пороѓај тоа било сега практика по државниве клиники,знам сестра ми внука ми ја роди природно иако беше карлично поставена.Демек само со нозе ако е наместено иделе царски :^) и мене ова ми е мисла цели време .
     
  14. Ringishpil_

    Ringishpil_ Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    4.039
    Пол:
    Женски
    За мене тоа искрено е голем ризик,башка повеќе мачење за мајката,зголемен ризик од обилно крварење, и на крај пак може да се заврши со царски.Искрено тоа го има само кај нас во Мк во државно,на приватно веднаш би оделе со царски.Не дека сум за царскиот повеќе ,природно си е природно,сепак се разгледува која опција би донела помал ризик.
    Мене тука во Англија веднаш ми рекоа ако не се сврти ќе биде со царски,голем е ризикот за природно да се проба, плус и големко бебе е.

    А инаку да,ако е со газето свртено постои можност и за природно,ама ја не би :worried:
     
  15. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    5.777
    Пол:
    Женски
    Фала,дај боже се да биди во ред со царскиот и кај тебе. Иако би требало да сме ист (или барем сличен) систем на работа кај тебе и кај мене,така да се надевам ќе си поминиш лесно како мене
     
    На NNA и Ringishpil_ им се допаѓа ова.
  16. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Ме погоди со јогава. :D
    По 1000 стомачни правам легни-стани со бебе + на нозе цел ден шетање. Бољи е од јога. :)
    Слим фит се напраив.
     
    На NNA, Mari*, Adeline и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Ни во Чаир веќе не им е пракса задниве 5-10 години. Незнам за на клиника.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Па имаше една бабица ли беше што ли беше од ГАК и као така објасни демек во овие два случаи иделе нс природен пороѓај они го вртеле бебето некако.Па звучеше језиво некако :whew:
     
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Ако имаат искусни што знаат да го свртат бебето тогаш е Ок, но вадењето прво со газе или нозе е потешко.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.325
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Доколку е можно го вртат со рака. Со претходниот порагај додека чекав со болки, имаше таков случај, и тоа многу брзо го изведоа на бокс, жената одма се породи. Се тоа акушерка, Др. Дојде покасно. Ваљда знаат што прават.
     
    На NNA, Turna, Petra777 и 4 други им се допаѓа ова.