Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.443
    Пол:
    Женски
    Бог да ти дава сила и неизмерна среќа да си имате и ти и синчето. Не може човек да не се растревожи. Заплакав не можам да лажам. Со божја помош ќе си имате уште дечиња.
     
    На Ѕвездички, NNA, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Да ви ја пренесам и мојата кратка и слатка породилна приказна од пред 7 дена :)
    Дента накај 12 осеќав леки грчеви и си реков ај ќе тркнам на контрола.Ме гледаа на ЦТГ,слаби болки,Др рече да одам попладне.А јас спремна во кола со торби со се .Бев решена да се породам тој ден па што сака нека е:D.И ништо,денот убав сончев,си отидовме со мм на ручек,се вратив дома,си отспав,па фатив правосмукалка да чистам,си исџогирав и седнав накај 18:00 чекам болки,а ништо не осеќам.Искрено се разочарав,си реков ништо и денес,и таман тоа помислив кон 19:00 почнаа.
    Јас среќна му звонам на мм велам доаѓај одиме.Кон 20:30 негде тргнавме кон болница,пред 9 ме примија.Болки имав,не ептен најјаки,но после вагинално ме прегледаа Др рече ќе биде...ми го прсна водењакот и го заврте цервиксот за да го убрза процесот,беше болно..после тоа ми пуштија инфузија и за 10 мин мислев веќе ќе полудам од болки..Им реков дека ќе се пораѓам готова сум,па одма ме качија на бокс и со 3 напони за 15 мин.се роди мојата принцеза во 22:00.Значи од кога стигнав во болница за неполн час заврши се:).Распукав,ме шиеја со локална,но еве веќе сум ок фала богу брзо се оправувам,освен што сум хронично ненаспана,но генерално сме супер со бебка,си работам веќе се низ дома,се е ок.
    Ве гушкам сите,верувајте како и да поминете,најважно е на крај да го осетите тој прв контакт со вашето здраво чедо,и да знаете дека без разлика на се,се завршило се ок и следуваат само незаменливи моменти на гушкање и среќа:inlove::hug::hug::hug:
     
    На matilda258, Yowannty, azelea и 43 други им се допаѓа ова.
  3. Emilimi

    Emilimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Epa dojde redot i na mene cela bremenos mi bese ok pa moze da se kaze do sam kraj, od kako vlegov vo 9 mesec bebeto ne se spustase voopsto i jas nemav sansa da se otvoram no rekovme ke cekame do kraj ima vreme no vikendot pocna da pokazuva poslabi tonovi na ctg-to zatoa sto papnata vrvca se namotala okolu vrat ne bese toa nisto rizicnonno sepak da ne cekame doktorot odluci da me porodi so carski rez dojdov od 10 sabajle na bolnica me pripremaa so infuzii, klizma kateter i vo 5 saat vo sala mi stavija spinalna anestezija i pocnaa so rabota, ne cuvstvuvav bolka no cuvstvuvav neprijatnost kako nekoj pritisok nisto poveke, edinstveno od anestezijata pocna mnogu da mi se gadi inda me tresat treski pa zamoliv da ne me uspivaay dodeka se rodi bebeto da go vidam i taka bese sin mi se rodi na 25 Mart vo 19:40 casot samo go baknab i posle toa me uspaa.Prvite 24 casa miruvav imav slabi bolki no izdrzlivi posle toa odma stanav nekolku cekori dodeka me prefrlija na odelenie deneska veke slobodno se dvizam niz soba so mene e i bebenceto .... poragajot ne bese strasen bolkite bea izdrzlivi kako sto kazav od vtor den pocnav da se dvizam bez nicija pomos. Srekno na ostanatite trudnici i da pominat uste polesno ☺️
     
    На Mari*, Yowannty, hello-kitty.90 и 21 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.330
    Допаѓања:
    285.781
    @Petra777 тон прегратки и љубов:l:

    Моето беше карлично, со газето доле, сакаа да ме поражаат природно.
    Кога добив болки и започна процесот на отварање си отидов за природен пораѓај, предходно психички спремна дека и карлично може природен. Во последен момент се изместило, се ситегнало во хоризонтала, со коленото на отворот и завршив итен царски. Ова во државна, во германија.
    Ми рекоа со газе доле може природно, не и нога.
     
    На fana, Petra777 и srekice им се допаѓа ова.
  5. ***Najsrekna***

    ***Najsrekna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    641
    Пол:
    Женски
    Трета бременост...не многу лесна но не и многу тешка,сепак во споредба со претходните две ми се виде како најтешка.Трето породување,лесно и брзо породување.
    25.03 претпладнето бев на цтг кај мојот матичен гинеколог,бебо заспан па ајде сестрите го нишаа го дрмаа цело меше,па ајде од почеток цтг.Овој пат цтгто покажуваше болки дури до 100ка кои јас не ги осеќав и ги препишавме тие болки на благото кое го каснав за да се разбуди бебо.Докторот задоволен и договараме наредно цтг да го правам во болница за на 27.03.
    Попладнето имав договорено уште едно цтг во болница со бабицата која требаше да ме породува.Отидовме околу 18 часот за да избегнеме гужва,а бабицата си беше на смена до 19 часот.И тоа цтг си беше добро и баш коментиравме дека може и да го надносам.Си отидовме дома направив вечера,каснавме и си реков ќе се пружам малку да одморам и да полежим.Чепкав низ форумов,па малку фејбук и инстаграм.Околу 21:45 осетив како да ми се навлажнија гаќите но помислив дека е од досадниот секрет...не помина ни минутка наеднаш почна да тече вода.Викнав по мм кој беше во детска соба со децата,доаѓа и му викам јас ќе раѓам,ми пукна водењакот.Тој толку се возбуди и почна да се облекува и да вика ајде одиме во болница.Му викам чекај де кај брзаш,да влезам да се истуширам и да викнеме некого да седи со децата.Па се јавив на другарка ми и таа за не цели 5 мин.се нацрта кај нас,а јас само што излегов од туш.
    Нешто после 22 часот стигнавме во болница,веднаш ме примија и почнаа со анамнеза.Прво ми направија цтг и после тоа веднаш вагинален преглед.Отворена 3 цм.Си легнав во предпородилна соба со веќе почнати болки и баш почнав да пишувам на форумов за да кажам до кај сум,арно ама дојде и друг доктор и тој сакаше да ме прегледа вагинално,тој пак вика охооо па ти готова си ќе раѓаш 6-7цм отворена,јас уште повеќе се возбудив.Болките почнаа да бидат се почести и појаки. Во 23:55 веќе почнав да осеќам и напнувања па ја викнав бабицата и веднаш ме однесоа на бокс,го викнаа и докторот а јас веќе готово напнував.Само го слушнав докторот вика дај да ја кацнеме малку туку викнав аман докторе ве молам не,бабицата се наворза и вика остави го девојчето нема да испука.Напнав уште 3 пати појако и бебушот излезе во 00:10 мин на 26.03 тежок 3.450гр и долг 50цм.Ми го ставија на стомак а сестрите и бабицата ги слушам како коментираат лелеее види како ја гушна мајка му,мене срце ми се стопи:inlove:
    Јас мислам дека можев и да летам од што се осеќав толку добро а фала му на Господ и бебо беше одличен па така денес си дојдовме дома и еве сега си се мазиме,се галиме,си цицаме,а најмногу внимание бебо си добива од дада и бато,пресреќни се што малечкото братче им дошло дома:inlove:
    Тоа е женски мојата породилна приказна.Инаку немам никакви техники и финти за вака лесен пораѓај,едноставно...така беше...лесно:emo: Дај боже сите да поминуваат лесно и брзо.
     
    На butterfly.mk, do-re-mi, elena.mak и 43 други им се допаѓа ова.
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    11.700
    Пол:
    Женски
    Мојата приказна почна на 11.03 кога од редовен преглед ме задржаа во болница. Сабајлето на цтг, бебе очигледно успано. Ми рекоа да јадам пак и да се вратам за 2 часа. Така и направив, пак цтг, пак лошо. Си чекав доктор сигурно 4 часа. Конечно ме прегледаа, 2-3 прста отворена и решија да ме задржат на следење. Јас како за беља тој ден сама бев, па ме здрма паника, мислев готово се пораѓам.
    Ајде во родилна на цтг, земање на анамнеза, отворање историја, па приклучување декстроза затоа што уште не реагираше бебе.
    Кога заврши се, ме префрлија на патолошка. Е тука лежев 4 дена, до четвртокот 14.03. Цтг на 4 часа и освен тоа ништо посебно. Еднаш ехо само ми направија и толку. За во средата на визита да ми речат дека било грешка што сум лежела толку долго, немало потреба, немам болки, не се ни отворам.
    Ајде преглед со рака, за да ми кажат дека сум само еден прст отворена (facepalm). И ме пуштија со стомак до заби. Небитно.
    Еден ден се видов само со маж ми и во саботата на 16.03 во 6 сабајле ми пукна водењакот. Не напукна, ами пукна, поплава беше. Туширање и назад во Чаир. Болки никакви, ме прегледуваат 1 прст само. Ајде пак анамнеза и се пропратно. Пак на патолошка, ќе чекаат да се отворам. Дојде недела, повеќе од 24 часа откако пукна водењакот, јас немам ни болки, ни пак се отворам. Помина цел ден, цтг пак силентно, ги молев да ми стават провокации или царски да ме земат, ама не, имало плодова вода уште. Срцево ми трепереше веќе да не се случи нешто лошо.
    Дојде понеделник, повеќе од 48 часа поминаа веќе. Чекав визита, па чекав преглед, за да ми кажат дека сум скоро 3 прста отворена. Добро е реков, тргна работава.
    Во 10 ми пуштија провокации. Прво ништо не чувствував, ама леле мајко кога почнаа болките. Легната на кревет, врзана на цтг, не смеам да мрдам, а ми се вришти. На два пати ми ги исклучија за да проверат до каде е работава. 4 прста, 5 прста, викам ќе издржам, се отворам добро.
    Дојде 6 попладне, јас застанав на 5 прста и не мрдам. Болки страшни. Им реков да ја исклучат затоа што не можам повеќе да издржам. Барем да одморам малку. Ме натераа идиотите да потпишам дека одбивам провокации, а јас само малку воздух морав да земам.
    Среќа за кратко ми почнаа мои болки, кои беа песна за разлика од индуцираниве. Шетам по ходник, не знам веќе колку време. Ме земаа на преглед, 6,5 прста отворена. Супер, ме качија во родилна. Веќе дојде 9 часот. Таму штама, само јас. Ме легнаа пак на цтг. Болките се зголемуваат а цтг не покажува болки. По стотти пат ме збрцаа. Седум прста, ама грлото нескратено, неизгладено, бебе скроз високо. Ајде пак да шетам. Болките веќе стануваат скоро неподносливи. Дојде 12. Ме врзаа пак на цтг, ама овој пат да цупкам само во место. Се виткав од болки на минута. Ме прегледуваат пак, 7ипол прста, ама бебе уште многу високо. Ги молев да прекратиме веќе, дека немам сила, ама не, ќе се спуштело, да шетам. Дојде скоро 2 часот. Повеќе од 16 часа со страшни болки, без капка вода ради проклетата провокација. Пак ме врзаа на цтг, проклетијата не покажува болки, а јас мислев ќе ми се откорне душава. Па на цела мака ги чекав да менуваат каиши, бидејќи очигледно не веруваа дека имам болки.
    Дојде 2 ме оставија да кружам околу бокс и кога се струполив на земја од болки, тогаш решија да ме качат. Девет прста.
    Почнувам да напнувам, кога ќе заврши напонот бебе пак се крева. И не знам колку време така. Ми рипаа на стомак, ама џабе. Па менував пози, ама пак ништо. Само знам дека во еден момент почнаа да се губат тоновите на бебето, а со него и јас. Ми ставија кислород и само ги слушав како ги се растрчуваат и ги фаќа паника. Почнав да им се дерам декс ќе ги убијам сите ако нешто му се случи на бебето и аман која е границата кога се пресекува и се оди на царски. Ама не, пак ќе пробуваме. Пак иста песна, бебе уште е високо. Таков страв немам во животов доживеано. На крај додека ме стискаа од горе, доле брцаа со некаква тенка шипка и кога и тоа не успеа само слушнав спремајте за итен царски. Во рок од 3 минути бев во сала, и за 15 мин ја извадија девојката моја. Почнав само неконтролирано да се тресам, ми ја донесоа да ја бацнам и толку.
    Следуваше шок соба, па пренесување на одделение. Уште додека бев со катетер ми ја донесоа да се запознаеме.
    Помина, ама не се заборава. Како резултат на пукнат водењак повеќе од 70 часа, јас сум уште на антибиотик, со првично црп до небо.
    Бебето ми е добро, јас сум подобро, ама таа голгота не се заборава. И додека одев денес конци да ми извадат, нозеве ми се враќаа.
     
    На NNA, sweet.november, mal.ecka и 37 други им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.245
    Допаѓања:
    76.267
    Пол:
    Женски
    Честитки, нека е живо и здраво :hug: Колкави се бато и дада? :mm: Многу сакав три дечиња, ама со палавковциве дома (синко 4 скоро, малата 17м) не ми текнува на 3то :lol:
     
    На NNA, ***Najsrekna*** и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  8. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Те изнамачиле миличка тортура невидена за на крај пак да завршиш со царски.но најбитно е дека вие две сте добри здрави и живи :*
     
    На NNA и thinkerbell им се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.281
    Допаѓања:
    112.584
    Пол:
    Женски
    Да сум како тебе тужба ќе им опнам. Ќе најдам добар адвокат и ќе најде нешто за што да се фати да ги изгори. На што личи ова? Стамота и греота.
    Нека е здраво и живо бебенцето мајка. Што побрзо да се опоравиш:hug:
     
    На NNA, thinkerbell, Petra777 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. ***Najsrekna***

    ***Najsrekna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    641
    Пол:
    Женски
    Бато е 9ипол години а дада 5 години:angel: да ти кажам право и јас сакав трето уште кога бев бремена со второто,ама намерно сакав вака поголема разлика,од причина што прво меѓу себе ќе се бранат не се чуваат ќе се учат,а и мене ми се од голема помош.Поготово од бато,тој се топи покрај бебо само прашува само се интересира само пттчнува ми подава работи потребни за него,додека пак дада уште не толку знае ма да и она помага.:inlove:
     
    На Kitten, azelea и mariz им се допаѓа ова.
  11. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Леле господе до кај ќе одат докториве наши, бог да чува, а жално е што не си само ти во ваква ситуација, туку и многу други вака ги мачат.
    Него битно се е во ред сега со тебе и со бебе па гушкајте се, уживајте:inlove:
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    @thinkerbell ова твоево е кратка хорор приказна. Да не сум ти во кожа од каде си смогнала сила жениште си!
    Имаш право не се заборава, али гледај позитивно на се. Ти сето тоа машки до крај го издржа и можат да ти се фатат за петица тие говнари со кои си се сретнала успат во животот на 48 часа. Тие се небитни верувај и карма има за се.
    Гушкај ја малата се изнамачила скроз душата.
    Ме расплака. Се изнапцув во твое име.
     
    На Mari*, NNA, thinkerbell и 7 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.245
    Допаѓања:
    76.267
    Пол:
    Женски
    Супер, може ке се одлучам понатака :wasntme: Таков и ми беше планот, трето малку поголема разлика, а меѓу првиве две дури и сакав помала да биде :lol: Нека се живи и здрави :hug:
     
    На mal.ecka и ***Najsrekna*** им се допаѓа ова.
  14. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Woooww жено што се претрпе ти не ми се верува(facepalm) ме лазат морници само што го прочитав ова.Стварно жално и срамно,најубавиот чин во животот на една жена да и го направат кошмар и траума и да остават трајни последици.
    Најбитно од се е што поминало и ти и бебушот сте живи и здрави.
    За ова твоево стварно треба "коњски" сили и храброст да се издржи.
    Ти симнувам капа и ти се восхитувам :)
     
    На NNA, thinkerbell и Martka им се допаѓа ова.
  15. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски


    :bow:до земја жено храбра,ќе се наткренеш за брзо:l:а заборавање не знам дали и би хо заборавила ова,читам и мене ми е лошо а тек на своја кожа да почуствуваш:x.

    И после приватните триеле раце,епа ќе тријат. Не би оставиле вака да се измачува една жена :shake:
     
    На NNA, thinkerbell, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Мислев дека нема породувања како на филмовите. Мислев дека се е лага и глума. Јас, онаа која паѓав во несвест на секое земање крв, на мирис од болница. Истата таа јас,родив две деца. Ни оддалеку не беше лесно.Дојде ред за третото раѓање. Бременост лесна како песна,секому така да дава Бог. Два дена пред главната премиера,докторот вели абер нема. Утрото на главна проба, докторка вели за брзо ќе биде, утре,задутре не денес. Цтг мирно. Дома две сонца чекаат ручек од мене, готвам, дробам салати, си потпевнувам. Кога почнува некои благи болки. Ручаме, јас седни стани. Рано е си велам. Рекоа нема да е денес. Почнуваат посилни, почнуваат на кратки интервали. Земај торбата жено,си велам трето ти е, одма ќе излезе :). Надвор истура. Одам во болница сестрата вели рано е имаш време, ноќеска ќе биде. Иде доктор, вели не е рано, кај да е ќе раѓаш. Дишам, издишувам, го слушам дождот, дремам на фб, ми пишуваат ајде до каде, никој не знае кај сум, термин поминат веќе. Болките се преинтезивни. Но, овојпат знам, знам се, знам како да дишам, не викам, не се виткам, уживам како главна глумица на филм :). Иде доктор, време е вика. За прв пат во таа сала влегов со насмевка,.знаев што ме чека. Најјакото е допрва. Диши, не диши. Докторот си стои настрана,само ми дава инструкции. Сестрата спрема се за бебето. Можам јас,можам. Ги контролирам болките, давам напони кога треба. Се сеќавам на оваа иста сала, на ова место каде моите деца го видеа светот за прв пат. Сестрата почнува да вика на глас, баш како на филм, ајде сега. Ајде ајде. И ете ја, уште едно мое најмило дојде на свет како другите на истото место. Нема испукување, нема сечење,нема шиење.Се смеат, велат ова беше експресно раѓање. Истата таа сестра беше и со моето прво дете кога двајцата едвајспасивме глава.И кажувам за тоа. Вели, поминало. Сега беше најхрабра и најсилна. Навистина не верував дека е можно такво раѓање. Баш како на филм.А главни херои јас и таа. Мојата ќерка. Посакувам секој да се породи така.
     
    На ***Bony***, tina-63, Ava.84 и 44 други им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Чекајте ме и мене за следна :*
     
    На NNA, supergirlmb, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Не брзај :D Да му никнат заби, да прооди, градинка едно 3год па тогаш. :D
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.991
    Допаѓања:
    36.257
    Пол:
    Женски
    :l:
    Ме расплака. Преубаво. :hug:
     
    На Mari* и supergirlmb им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Не брзам ич :D
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.