Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Ајде на кратко и јас да ја раскажам мојата приказна :)
    Прво морам да кажам дека имав надеж дека малата ке излези порано па секој ден поминат плус ми беше разочарување до кога ке ли чекам :D нит генералка нит вежбање нит играње на музика нит шетање не помагаше да излезе малата,па секој втор ден се вракавме на контрола кои беа најдосадниот дел. И така со поминат термин одам на контрола и си чекам 4 часа затоа што редот кај нас ретко кој го прати, влегувам револтирана и на док му велам јас не се вракам на два дена пак кога ке добијам болки тогаш ке се вратам :D но се увиде дека сум 5см отворена а јас ни Б од болки не осекав, па требаше да одлучам или да си одам и пак за два дена или да останам и да пробаме со провокација поради тоа што веќе терминот ми беше поминат. Излеговме со мм да размислиме си се исплакав фино од страв што е подобро и одлучивме да останеме за доброто на бебето. Ме примија и тој ден го прележав на патолошка така со 3 пати направено цтг. Станав стандард во 5 како навиена болки пак ништо а на цтг покажува имам ме прашуваат и се чудат како ништо не осекам :lol: Во 5:30 ми ставија клизма и веќе во 6ч бев приклучена на провокација. Поминаа 6ч како провокацијата ништо не ми делуваше мада на цтг покажуваше болки. Во 12ч решија да ме ословодат да прошетам по ходник малку. Во 13ч повторно на кревет се смеев со сестрата да пушти побрзо да тече да го убрза процесот ( морам да признаам дека не бев јас за таму додека цимерките се виткаа од болки јас се смеев како да сум на некоја дрога:lol:) и така и бидна во 13ч ја пуштија провокацијата во 13:15 ми пукна нешто во стомакот оно да ти бил водењакот тука се исплашив многу мислев на бебето му се случи нешто, веднаш ме прегледаа и ми велат ајде со лесно спремна си за раѓање јас во транс болки никави паника огромна. Ме прегледаа уште еднаш и док вели ке биде за некој час ме легнаа на кревет со цтг и тогаш почнав да осекам јаки болки си велев ако треба да чекам неколку саати ке си умрам тука :D но док помина за кратко и ме прегледа вика спремна си за раѓање право на бокс.И тука не беше страшно ми кажаа да невикам туку правилно да дишам и да напнувам кога треба. Така и беше за 3мин мислам заврши се водењакот пукна во 13:15 во 14:38 дојде на свет нашата лепота. После пораѓај се тресев цела на бокс уште два саати ми беше непријатно играв целата но док ми кажа нормално било, ме сошија незнам колку ама важно се помина брзо и лесно:)
    И така женчиња според мене беше лесно и посакувам на сите бременост и пораѓај како мојот :*

    Морам да пишам само дека сум премногу сум задоволна од доктор Младен преголема посветеност немам замерки.

    Поздрав женчиња :* :hug:
     
    На butterfly.mk, Chanell*, koritsaki и 47 други им се допаѓа ова.
  2. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Еве да ви ја раскажам и мојата приказна. Термин ми беше на 17 март па се помести на уз на 12 март. Помина и 12 март. Болки никакви. Цтг мирно. Последните три дена пред породување имав слаби менструални болки навечер обично по 3 часот. Дента пред да се породам бев на цтг. Поради надминат термин одев редовно на два дена на цтг. Истиот ден имав слаби контракции на 2 саата па на 1 саат. Вечерта пред да се породам ме разбудија од сон посилни болки на 10 мин. по полноќ. Ги мерев на моб. Се издржуваа. Лежев будна до 5 часот. Станав, се измив и го разбудив маж ми. Поголемото дете го оставивме на свекрвата и кренавме накај болница. Ме примија 3 прста отворена а цтг покажуваше контракции до 70. Потоа ми дадоа спаваќа и се упатив накај претпородилна. Таму веќе имаше жена што офкаше. И имаа дадено спасмекс за провокација. Ја немав некои јаки болки. Беше накај 6 часот. Сестрата што ме прими беше страшно дрска и додека ми земаше податоци се дереше. Немав крвна група и не признаваа од возачката дозвола. Ми зедоа крв да испитаат крвна група. Среќа ја породија жената и фала му на бога си отидоа од смена. Дојде друга постара акушерка доста пријатна. Ме провери на акуш стол 5 прсти отворена. Болки средни. Се издржуваа. Едно време почна да ми се повраќа. Притисок малце ми беше качен а и не спиев цела ноќ. Акушерката ми рече сега ја брзо ќе те породам. Ми стави венски спасмекс. Беше накај 8 саат сабајле. Веднаш почнаа појаки болки. За 15 мин со една болничарка ме качија на стол 9 прста отворена. Тука беше и една постара докторка на специјализација. Ништо не разбираше сирота. Од стол ме одведоа во друга просторија. Ме ставија на цтг. Покажуваше 100 контракции. Таму акушерката ми пукна водењак и почна да ми кажува да напнувам и буричкаше во мене со раката. Е тие 10 мин болеше па се фатив за едно железо до мене. Само гласно дишев. Добивав напони како за голема нужда. Вика ајде на бокс. Таман жената ја беа тргнале од бокс. Дојдов сама до бокс и застанав да поминат контракции па да се качам. Ми дојде напон и почнав да буткам. Ми се раздра една болничарка. Качувај се. На под ќе го родиш. Собрав сила и се качив. Со три напони излезе бебуш синко 3800 и нешто и испукав за 1 конец. Дојде една друга докторка и ме виде. Не си за шиење рече. Едно конче. Викам не мора. Ме исчистија и ми дадоа некаква инфузија. За разлика од прв пат кога се мачев два дена да се отворам, ова породување брзо помина. За 8 саати се породив. Ме однесоа во соба и за два сата станав да се најадам чорба имаше за ручек. Лесно се породив и веќе за 2 нед сум како нова. Лошо е што ми се појавија пак хемороиди па ги мачкам со маст факту и кантарионово масло. Од мене толку а кај нема бог нека дарува.
     
    Последна измена: 31 март 2019
    На BabyStyle, Chanell*, koritsaki и 42 други им се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.261
    Допаѓања:
    170.510
    само да те изправам спазмексот не е провокација
    да не се маат и другите
     
  4. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Зошто го даваат? И мене не ми е јасно.
     
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.261
    Допаѓања:
    170.510
    за да намале болки
    ко кетонал примет
    ама тие с ејаки болки така да а дале спазмекс а не исто ти се фака
     
    На fana и Beautymom им се допаѓа ова.
  6. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Лајкот е за храброста и истрпливоста не е за докторот тој секогаш ќе биде 0 во моите очи.Со среќа мајче гушкајте се со бебушот.
     
    На ***Bony*** и Beautymom им се допаѓа ова.
  7. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Баш така. И по спасмекс болки исти. Тие од 5-6 прсти до 9 ти доаѓа да умреш. Среќа па кратко траеше кај мене пола саат до саат. Во 8 ипол се породив. Инаку со претходен пороѓај не ми даваа спасмекс. Акушерката што ме породи накај педесет години и кусур искусно го изведе породувањето. Доктор не видов на пороѓај. Отиде на царски.
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да ја раскажам на кратко мојата втора породилна приказна.
    Термин ми беше на 27.03. Првиот пат се породив 4 дена по термин, а овојпат бев убедена дека ќе биде порано и бев во исчекување секој ден, што дури почна на нерви да ми удира кога ја поминав 39та недела. :lol:
    Дојде и денот од терминот, а јас од сабајле немав никакви знаци дека ќе се породам. Матичната ми беше 2ра смена и си реков ќе тркнам при крај на денот кај нејзе да ми даде упат за да почнам од утредента да одам на ЦТГ.
    Беше некаде околу 14и30, пиев кафе дома, си уживав и кога осетив ми истече малку поголема количина на вода, ама не онолку колку што би требало при пукнат водењак, т.е. ми ги намокри само убаво гаќите и тренерката. И со првото не ми пукна водењакот па не бев сигурна што да очекувам, станав се раздвижив и си реков ако е водењакот би требало уште да тече, ама немаше ништо. :?:
    Се истуширав, си ставив влошка и од време навреме ќе осетев по малку се цедурка, па почнав да се спремам полека да одам до кај матичната.
    На мисла највеќе ми беше дека ако е почнат процесот да тргнам за Скопје, бидејќи сакав да се пораѓам во Чаир, а до таму имаме околу 2 часа возење и ми беше страв дека нема да успеам да стигнам на време. :nod:

    Кај матичната стигнав околу 18часот, ме прегледа и на ехо и оздола, бев 1 прст отворена и ми рече дека не бил тоа водењакот, веројатно вагинален исцедок или сум намокрила. Ми рече дека уште е рано, но сепак ми даде упат за на ЦТГ на одделение.
    Отидов до болницата, ме ставија на ЦТГ, не покажуваше никакви контракции. Дојде дежурниот доктор да го прочита и кога го прашав за мислење дали да тргнувам за Скопје истиот се подналути малку, стана дрзок, ако сум планирала да се пораѓам во Скопје да не сум им одела на ЦТГ таму, па како сме ја потценувале Кочанската болница и нив како лекари, па како сум можела на сред пат да се породам и сл.... Но откако му се спротиставив убаво и му вратив со ист тон омекна малку и стана фин, па почна да ме убедува дека се сменети многу условите и дека е апсолутно безбедно да се породам таму... (што отпосле се потврди дека е апсолутно точно :!:).

    Беше 19и30 кога излеговме од болницата и со мм отидовме во маркет да испазаруваме. Таму ја осетив првата контракција, си реков веројатно е лажна. По колата до дома уште една. Дома си симнав апликација за мерење контракции и почнав да мерам, на 7 минути со среден интензитет. :o Му реков на мм, мора да се враќаме во болница! Зедов да го успивам синко, му раскажувам приказни, а контракциите станаа посилни, на 5минути растојание. Едвај го заспав, грабнавме торбата и назад во болница, саатот беше 22и30.
    Докторот ме гледа и се смее. Ме прегледа, 5 прсти отворена, ми вели водењакот ти е веќе пукнат (тоа дента навистина бил водењакот)! Почнаа да ме спремаат, историја, мерки, клизма... во 00и15 ме пратија во соба да одморам. Болки имав, ама не толку страшни како со првото кога бев приклучена на провокација. Си ги дишев смирено без да офкам и во меѓувреме си пишував со мм на фб.
    Во 01и15 дојдоа пак да ме проверат, веќе целосно отворена. Ми рекоа ајде на бокс, таман се качив добив еден напон, почнав да напнувам, на вториот напон ме сецнаа и бебе излета.:lol: Во 01и35 на 28.03 се роди мојата принцеза, 3500г тешка и 51см долга. :inlove::inlove::inlove:
    Од лесно, прелесно, се јавувам на мм, не му се верува и нему колку брзо се породив, последно пишувавме пред 30тина минути.
    После стандард, шиење, одмарање 2 часа па во соба. Бебето ми го донесоа веднаш и цело време си беше со мене. Пофалби многу за Кочанската болница, за докторите, сестрите и општо целиот персонал. Условите дури и подобри отколку во Чаир!
    Поздрав и на сите ви посакувам лесен и брз пораѓај како мојот! :*
     
    Последна измена: 6 април 2019
    На butterfly.mk, ***Bony***, kikin и 57 други им се допаѓа ова.
  9. 2016305

    2016305 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Да го споделам и мојот втор пораѓај. Првото го надносив 3 дена, но ова го родив 1 недела порано.Во четврток договорена со др за преглед ме гледа вика добро е има плодова вода постелка добра има време но вагинално кога ме прегледа ми рече отворена 2 прста оди дома одмори и утре во 8 тука да си. и така и беше во 8 на ГАК без болки но 5 прсти отворена ми вклучија провокации за да во 12 и15 го родам мојот бебушко. Беше пократко времето за да го родам бебево ама со оглед на големата тежина 4120 беше потежок од првиот пат но помина.
     
    На Chanell*, ***Bony***, koritsaki и 26 други им се допаѓа ова.
  10. Nenna97

    Nenna97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да ја напишам мојата породила приказна:)
    Последен термин ми беше на 20.03, една недела однапред секој ден одев на контрола, цтг покажува 0-4 контракции јас 0 цм отворена, па така матичната ми рече имаш рок уште 10 дена ако не со провокација.
    Поминаа 10 дена, на 30.03 спремни заминавме во болница ма раѓање. Ме примаа, ми ставија вагинален гел и чекав цел ден болки. Некаде вечерта ги добив ама во половината а ниту 1 цм отворена. Рано сабајле ми падна чепот, ме прегледаа пак не бев отворена, исто пак ми ставија вагинален гел. Цел ден си трпев болки, почнав малку да се отварам околу 1 цм, после неколку саати пак на преглед бев отворена околу 3ипол до 4 цм, па така седејќи со мм само што станав ми пукна водењакот, и директно бев носена во сала за раѓање и од 12 поручокта бев оклучена на цтг. Почнав да добивам ненормални болки, доаѓа сестрата и ми вели мора да примаш антибиотици имаш стептокока. Биднаа и инфузиите јас ненормални болки, ми дадоа медикаменти против болка и малце се свестив. Доаѓа сестрата за преглед исто 3ипол до 4цм отворена, па пак провокација, доаѓа докторката и ми вели цтг не е добро не сме сигурни дали ти ги губаш тоновите или бебето мораме да испитаме, ако не е добро одма царски рез. Толку сум плачела нешто да не и се деси, ги молам да ми дадат епидурална, сестрата вели сега се дојде анестезиологот само да те прегледам и вика па ти 10 цм си отворена, сега само напон.
    И така во 18:50 се роди моето памукче, надносено дете се роди со отворени очи и пораснати нокти:)
     
    На Chanell*, koritsaki, pianogirl и 39 други им се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Нено имаш среќа матурантка што не роди :D
     
    На Chanell*, ***Bony***, koritsaki и 4 други им се допаѓа ова.
  12. maja1511

    maja1511 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки jaс сум нова во групава поздрав до сите.Јас имам две приказни за раскажување ама втората е поинтересна.Термин 02,06,2013, јас на боледување 2 недела веќе дома со големото синче се спремаме за бебето ама бебе никако да дојде:DНа 29,05 цел ден со гости золвата зетот другари на мм полна куќа а ја стомак до заби:|сите ме зезаат како докторката ми го утнала терминот и како ќе терам уште цел месец,Едвај чекав да се растури друштво и да му ја легнам ама,,,,само што завршив со садови,бањање дете и ги легнав сите:Dси викам конечно ќе се издишам,Во 00,30 ме будат некои тапи болки станав ајде до вц ајде на тераса па гледав филм сите спијат само јас како вампир сум се рашетала по куќа:DОколу 01,00 одам во соба го будам мм му викам станувај време е,Се испаничи како боже прво ни е ги разбуди сите,Јас едвај се облеков околу мене свекрвта,золвата,деверот, а јас контракции на 5 мин(со првото отидов во болница со контракции на15-20 мин и зажалив затоа сега чекав)Се качија во кола со мене золвата и зетот а татица никаде го нема-заглавил во вц:Dод возбуда:D:DЈас викам во кола контракции на 3 мин золвата ми вика диши издиши ајде тргнавма накај гак мислам за 15 мин стигнавме.Одиме долу на приемно сите спијат а јас осеќам притисок долу,Легнав на кревет дежурната ми вика кое дете ти е јас и викам второ и почна па што си се развикала цела болница тебе те слуша и дури она си збори јас се соблекувам ми вика еј чекај што правиш треба прво цтг а јас и вика бебе искача и ти и цтг у пм,После 2 мин влегува др прави преглед за 10 прсти главата на бебето ја гледа,Се испаничи и му вика на болничарот трчај со количката до горе и за 3 мин бевме горе не ги ни ставив нозете на бокс почнав да даваам напони притрчаа се стрчаа сестрите а др само им рече остајте ја со вториот напон бебе излезе во 02,15 јас сум распукала малку и го осетив шиењето кое беше малку непријатно.Бебуш го прегледаа 3250 со 50 см се во ред и го оставија со мене,Болничарот се симнал доле му честитал син на мм и сите у бунило како сум се породила толку брзо,Во соба ме префрлија во 8 утрото и ме станаа околу 14 а бебуш ми го донесоа во 18 ,Се беше во ред и веќе следниот ден не пуштија,
    Сега го чекаме третиот батко-термин 31,08 па ќе видиме дали ќе додржиме до болница:D
     
    На Chanell*, Autumn_, koritsaki и 48 други им се допаѓа ова.
  13. cvekence123

    cvekence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
    Најдов време да си ја раскажам и мојата породилна приказна.Од како влегов во 40 недела одев секој ден на цтг ама немав никаква контракција и на 41+3 решија да ме задржат во болница и да пробаме со провокации..21.10 сабајлето околу 09.00ч ми ставија провокации и искрајно не очекував дека толку брзо ќе почнат болките,од почеток беа слаби и издржливи но како минеше времето беа на пократко време и по јаки..така ми помина цел ден за вечерта да ми кажат дека само сум 3 прста отворена..ми ја сопреја инфузијата (провокацијата) да можам да поспијам и да се одморам и без неа имав болки ама не многу јаки,22.10 утрото пак ми ја продолжија провокацијата ми ставија клизма и ми рекоа да не јадам и пијам ако не се отворам до вечер ќе ме прават царски..цел ден со болки на 3 мин јаки за на крај вечерта да ми кажат дека со 8 прста отворена ќе ме прават царски..не знам дали од страв ми се качи притисокот 200 со 150 имав и тахикардија и како хитен случај ме однесоа во Скопје на ГАК,за среќа не се породив во комбето,кога стасавме таму комплет отворена одвај стасав до родилната сала немаше ни 10 мин кога го видов најубавото нешто на овој свет.се роди на 23.10 во 02.30
    3090 гр
    51 цм
    Ви посакувам на сите лесен пораѓај и верувајте кога ќе гп видите бебето поминува секоја болка :)
     
    На Chanell*, Chantal, Coco31 и 30 други им се допаѓа ова.
  14. rustika

    rustika Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2018
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Bev 40ta nedela. Me fati prva bolka vo 16:15 na mazot mi mu velam ah ova deneska ke bide. Po 15min povtorno bolka. Se javiv kaj doktorkata mi veli koga ke bidat na 2min togas da ja baram i da odam na bolnica. Vlegov da se tusiram i po 15min uste edna bolka. Znaci vkupno samo 3 bolki me fatija na 15min... potoa vremeto naednas se skrati na 2 min. Nemozev da se oblecam, da se spremam za na bolnica. Se se slucuvase mnogu brzo. Mazot mi se javi kaj doktorkata deka odime na bolnica, tamu taa me preceka, me pregleduva 9 prsta otvorena. Imav silen napon, bolki na 2 min, mislev bebet veke megu noze e :)) Direktno na boks me kacija,za 10 min me porodija prirodno vo 17:45, me secnaa malce. Bebeto bese 4380 tesko. Se mi bese kako vo son. Od prva bolka do poragaj saat i pol za vtor poragaj
     
    На Chanell*, koritsaki, Presrekna и 31 други им се допаѓа ова.
  15. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    На закажан царски рез,немам многу интересни и стресни случки но доста возбудливо искуство.
    Си пристигнав утрото во договорениот термин,поминав процедури чепче,цтг и очекуваш секој момент да те повика сестра.
    Ме викнаа,од возбуда не се ни гушнав со мм,ми идаа солзи цело време,бев среќна и уплашена истовремено.
    Боцкањето помина одлично,спиналната не ни почуствував кога ме боцнаа,само ме прашаа на која страна чуствувам трнење. Ме легнаа и тука ме совлада чуден страв,страв не за себе немав такво нешто,страв дали се ќе биде во ред со моето бебе.
    Се собраа сите,започнаа. Гледав само во светилката над мене,ме прашуваа анестезиолозоте но не се ни сејќавам да одговарав тотално бев исклучена. Чуствував се,сите допири секако болка не,и само слушнав докторката кога рече го вадиме. Тоа беше моментот за кој сонував,и баш е таков како во сон. Пробав да дигнам глава но во тој момент ми го донесе докторката да го бакнам,беше топличок,чист и бел. И сега солзи радосници ми идаат.
    Го средија и се поздравивме,син кај тато замина,а мама на интензивна. Не ми поминуваше времето додека чекав да ме префрлат на оделение.
    Ме префрлија и кога ми го донесоа прво што си помислив беше,боже ова ли е сон?
    Станувањето прво беше болно до срж,но секое наредно попушташе болката,се мотивирав стани хепи да можеш да го држиш вп раце и така и правев,станував почесто.
    И после 2 недели не се сејќавам на тие болки од раната,рана и немам. Се сејќавам на моментот кога прв пат го видов и ради тој момент уште 10 пати сакам истото да го доживеам. Тоа само се доживува,не се опишува
     
    На Chanell*, ***Bony***, koritsaki и 45 други им се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Баш така... Живо и здраво!
     
    На Chanell*, 24.07, Mari* и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Дојде и мојот ред.
    Термин ми беше 21 мај.
    На 13 мај имав ноќта болки на скоро исти интервали, но беа така слаби, и си легнав, спиев до сабајле, кога станав реков ајде лажни беа како и друг пат. Во 11 сабајле на 14 мај одам на редовно цтг, болки нема, мирно. 2 мин пред да го исклучат се регистрира болка до 50-60. Помина болката и сестрата ме исклучи, во ред.
    Одам кај докторката за ехо го гледа бебе машала големко вика 3800 ми го мери. Ајде дојди да те прегледам вагинално. Седнувам ме гледа и вика па ти си 5 цм отворена имаш болки, остануваш. Јас шок. Супер.
    Маж ми со малиот вртат кругови околу болница дека тој не мируваше за внатре да ме чекаат. Му звонам јас сум 5 цм, останувам. Почна да плаче, добро вика идеме. Дојдоја му дадов алиштата, се поздравивме, заминаа. Јас со мои болки во предродилна си чекам. Болки слаби, исти. Иде докторката после 1 саат, ме прегледува, супер машала 7 цм.
    Имаше уште една со мене(пред мене примена сабајле) имаше провокации, но ја однесоа царски, докторката ми вика не ти прскам водењак додека не се вратиме да не те фатат големи болки а ти сама да не те фати паника. Во ред. Си чекав да заврши царскиот, болките исти. Издржливи. Иде во 18 и 30 ми вика ти си комплет 10цм отворена ајде да пукаме водењак. Ајде. Пукнаа водењак, испопика прстите внатре за стимулација, тоа боли корне. Па ајде пак назад во предродилна, провокација уклучија дека беше бебе уште горе. Ок, почнаа болки од тие убавите, побарав маж ми да влезе, влезе, 40 мин беше со мене, ми олесна со него поиздржливо беше, дојде докторката во 20:00 викам прајме царски(пак јас со тој царски досадна(facepalm)) вика чекаме до 20:30 и одиме на бокс, може? Може викам. Мм до тогаш тука со мене, понатака не го пуштија. Одиме на бокс, мене болки ненормални. Свртисе на страна викаат, јас не, леле исто како со првото ќе биде, ќе се изнамачам знам, паники ме фатија. Незнам колку пати ми испикаа раце да видат до кај е. Јас прајме царски, докторката вика е како бе душо косата му ја фаќам, и јас епа фати главата извадиго, се смее.
    Така помина саат време, докторката алал да и е позитивна цело време ме мотивираше. На крај ми се качи докторката на стомак, бабицата раката сите со сета сила на некоколку напони, сецнаа неколку пати и мојот јунак излезе:inlove: во 21:40часот
    Тој плач најубав на цел свет, да го видам викам покажетемиго дали е во ред. Ми го покажаа, ми го ставија на гради, се скроти милото, се стутка во мене:inlove:се стопив и јас:inlove:
    Го зедоа да го мерат, 3680,52 цм.
    Не кажав во ваѓање на бебе, кога прсна крв, бабицата лом:lol:
    Јас станав го гледам него, после ја гледам постелката, викам цела е, чекај да ја видам папочната врвца, велам се сакам да видам:rofl:
    Е сега чекаме постелката да ја извадат, излезе пола и чекаат, викам е ајде де тргнија:D
    Ајде шиење(facepalm) става анестетик, и почнува, јас пискам будала, викам боли, ајде вика уште 3 боцкања, кожа шијам, е викам на кожа не фаќа анестезија:rofl: док вика абе ти се си знаела седи мирна уште 3 и броиме до 3 конци, ајде викам доста е.
    Ме средија, донесоа кревет за во соба и викам толку ви здосадив:rofl: се смее сестрата вика не:D
    Ме извадија во ходник да се видиме со маж ми и малиот, и ме однесоа во соба. Викаат не ми се верува дека второротка, како прворотка си, ама си јунак браво.
    Ете тоа е мојата 2ра приказна:inlove:
     
    Последна измена: 15 мај 2019
    На mama*rose, Chanell*, ***Bony*** и 42 други им се допаѓа ова.
  18. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    9.163
    Пол:
    Женски
    Кога ја читам твојата приказна, си се породила како од шала:) Дај Боже сите така да поминеме.
     
    На Martka и Adeline им се допаѓа ова.
  19. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Љубави,како тоа не фаќа анестезија на кожа:^)
    Сакаш да кажеш го осеќаш шиењето:worried: е супер .
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Се осеќа шиењето.