Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Као болка така !? Епидуралот не помага тука нели:wasntme:
     
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Боли да.
    Не помогна кај мене.
     
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    Не боли многу, само како боцкање е.
     
  4. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Значи си боли ,џабе викаат не боли шиењето.Да си биде човек спремен :D
     
    На drugarka и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  5. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.779
    Пол:
    Женски
    И мене ме болеше, среќа кратко беше. Епидурал имав, ама изгледа не помага
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    @Adeline жениште си! Браво, си се отворила со минимални болки! Честитки од :l:, нека е жив, здрав и само среќа да го прати. Ве гушкам :hug:
    @srekice ако те шијат одма после пораѓај и не си мн скината внатрешно, додека си загреана не се осеќа, ако не ти кажат нема да знаеш дека шијат. Во тие моменти адреналинот е плафон, местото е загреано ќе мислиш само дека чепкаат нешто. Ако почекаат малце и се олади е др приказна. Ама чим веќе си издржала пораѓај, ќе преживееш неколку конци :hug:
     
    На NNA, Ladyyyy567*, Adeline и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Супер си поминала лепотица моја ти реков јас лавица си ти.ајде уживајте сега.со Мимоза се породи се врати од боледување таа?
     
    На Adeline му/ѝ се допаѓа ова.
  8. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.160
    Јас имав епидурал и не ме болеше шиењето, а имав многу конци. Само чувствував допир и тегнење, никаква болка.
     
  9. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Да баш вчера се вратила за среќа:D:inlove:

    Сега осетив и тоа убаво, а со првото дека премачена не ме болеше а на исто место ме сецнале пак

    Ти благодарам, сите да имате лесен пораѓај ви посакувам:l:
    И да ви кажам, односи во 9ти месец со свршување внатре помага и тоа многу. Тврдам дека поради тоа се отворив толку лесно:)
     
    Последна измена од модератор: 15 мај 2019
    На NNA, Sofi.ja, Lepoticata и 10 други им се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.261
    Допаѓања:
    170.510
    јас не осетив
    а бев и сечена и испукана второродка која у првото помина без сечење ама второто ми наплати
    осекав тегнење да ама болка не
    а имав и киретажа и шиење после пораѓајот
     
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Јас нула болки со епидурал. Значи нула ништо не почувствував од шиење.
     
    На NNA, BoaVista, paleska3 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    И болка да имам знам дека е кратко. Пет, десет минути.. саат.. Ова бременоста е вечност. :D
    Честитки на сите, кога ќе се круниса со бебенце во раце, верувам е најубаво.:wasntme:
     
    На BabyStyle, Flower123123, NNA и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Мене со локална анестезија ме шиеја,и тоа бааги,ми се виде како да трае цела вечност(подолго од пораѓајот).Распукав на повеќе места,и само на мал дел осеќав боцкање-таму кај што не можеше да фати убаво анестезијата.
    И со првото бев и сечена и шиена,и тоа без анестезија,но се издржува:);)
     
  14. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    4.680
    Пол:
    Женски
    Да пишам и јас :)
    Со царски, брз процес.
    Втор ден после термин на контрола на цтг болки и до 100 јас ништо не осеќам, преглед со рака 1 прст отворена, ама тогаш запримети док. дека сум имала тесна карлица и спуштена симфиза и за природен пораѓај многу тешко..
    Ме прегледаа уште 2 доктори и акушерки и истото ми го потврдија кога ми објаснија убаво што е проблемот ич не се мислев и без проблем прифатив царски.
    Заминавме дома со мм се одморив и после ручек се вративме.
    Во предродилна јас насмеана и скроз опуштена, едвај чекам да ме земат..
    Ме зедоа, ме боцнаа до спинал и по 10тина мин го слушнав најубавиот плач:inlove: се вртам го гледам како го спремаат и плачам и јас:inlove:
    Ми го донесоа да го бацам :inlove:
    После во шок соба вистински шок, нозете не си ги осеќам езиво чувство ептен..
    Го пуштија маж ми на брзина да се видиме, тој изгубен скроз :D
    После 12 h ми го донесоа бебето пак :inlove: го гледам, му зборам и плачам..
    Неописливо, најубаво чувство:inlove:
    После вкупно 24h ме преместија во соба.
    Мислев дека ке се онесвестам после првото станување :sweat: само на вода и бистри сокови цело време, раната боли корни:sweat:
    Стигнавме в соба ме фати паника ми се плачеше од болка, немав сила да седам, се прашував дали некогаш ке се кренам пак на нозе.
    Само му пишев на мм дека неможам да издржам веќе.
    И се така се дури не ми го донесоа малото в раце:inlove:
    Наеднаш ништо не ми беше.
    Му пишав на мм дека веќе ништо не ме боли! :inlove:

    И така сега сме си дома, главоболки страшни од спиналната, ушите затнати, вратот укочен и пак како ништо да не ми е, најубавото нешто си спика до мене :inlove::inlove::inlove:
     
    На Veki4kaa, ***Bony***, Girl-Rabbit и 41 други им се допаѓа ова.
  15. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    1.815
    Исто и јас , баш ништо не осетив . Исто со епидурал
     
  16. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Пред да си ја раскажам мојата породилна приказна еден мал дисклејмер: Јас имам таква среќа секогаш да ми се случуваат ретки компликации, и само затоа што ова ми се случи на мене не значи дека ќе се случи на некоја од вас. Не сакам да уплашам ни една идна мамичка, но сакам да потенцирам колку е важна присебноста во критични моменти.

    Се започна на 15.05. Јас на строго мирување веќе подолг период заради скратен цервикс и отворена 1 прст. Како и секое сабајле станав, отидов до тоалет и назад во кревет, се си беше најнормално. Негде околу ручек станувам пак до тоалет ама осеќам дека стомакот ми е многу низок и од пола нагоре празен. Како течеше денот почнав да осеќам некоја тапа болка и притисок ниско доле, и стануваше се појака. Вечерта околу 7 веќе ме фати страв и отидов на ГАК. ЦТГ мирно, јас 3 прсти отворена, бебе многу ниско, ме задржуваат на патолошка.

    16.05. Утрото ме будат јаки болки. ЦТГ покажува контракции. Одма инфузија магнезиум, за среќа делува и се смируваат контракциите. Во меѓувреме примам и уште една тура за зреење на белодробије.

    17-19.05. Се е мирно, освен што почнуваат да ми пукаат вените, па за секоја терапија мора да ми менуваат канила и да лежам мирна како мумија. Нема вена на рацеве што не ми е избодена по минимум 10 пати. Модра сум од рамења до прсти. Во неколку наврати при разговор со другарки им кажувам дека чувствувам дека ќе се породам во понеделник на 20ти.

    20.05.- 34 недела и 1 ден. Утрото осеќам некои тапи болки и притисок во половината, колковите и карлицата. ЦТГ покажува мн слаби контракции, меѓутоа со тек на време пристисокот станува се посилен и поболен. Ајде вагинален преглед, 5 прсти отворена, бебето напикано скроз во канал, дури се напипува. Решаваат дека е ризично да се сопираат повторно болките и во 14:45 ме качуваат во предродилна. Тука веќе почнаа јаки контракции и напони. До 16:15 се шетав низ предродилна и се концентрирав правилно да дишам низ контракциите. Во 16:15 ме прегледуваат, 6 прсти отворена, време е да се пукне водењакот. Од водењакот истече кафена плодова вода. Од преголемиот притисок беба се искакала и тоа многу. Нема да навлагам многу во детали, но накратко ми кажаа дека е многу опасно и за бебето и за мене и дека мора да родам што побрзо. Ме оставија да дотече водата, во меѓувреме се крена паника да се спреми сала за итен царски ако има потреба, неонаталози со спремен инкубатор чекаат повик за одма да дојдат по бебето Јас лежам, дишам длабоко и пробувам да останам присебна и да не испаничам. По некое време дојде акушерката и ми вика ајде тетовирана дојде време да раѓаш идеме на бокс. Ме поврза на ЦТГ да пратат тонови на бебето и во истиот момент контракциите ми се намалија, а напоните станаа ненормално јаки. Ми пушти јака провокација да тече многу брзо за да се изедначат контракциите и напоните, ме легна на страна со левата нога крената и ме предупеди дека болките ќе станат премн јаки ама дека немаме друг избор и дека морам да ги изджам и да останам свесна. И така беше, за неколку минути болките станаа ненормални, но јас не пуштив ни глас. Само мислев дека морам да издржам за ќерка ми, дека морам да сум присебна. Почнав да осеќам дека морам да напнам, и кажав на акушерката, ми помогна да се свртам да се наместам на боксот, ми објасни накратко како да напнувам и по 5-6 јаки напони, без да пуштам ни звук осетив олеснување. Неколку секунди тишина и одеднаш плач на бебе.
    Во 18:53 на свет дојде мојата мала но многу силна Мила. Живородено, женско бебе-зборовите кои толку долго копнеев да ги чујам. Ми ја стави на стомак, јас почнав да ја галам и да и зборам, а она ме стегна за прст и ми се искака на стомак. Одма да покаже кој е главен. Се сеќавам и дека искоментирав колку многу коса има. Многу кратко беше на мене, веднаш дотрчаа доктори, ја земаа, ја проверија дека се нема напиено и нема вдишано од водата и ја однесоа во инкубатор. Мене ми ја извадија планцентата и ме информираа дека не сум скината и нема потреба од никакво шиење. Јас цело време им се заблагодарував на акушерката и на Бога. Ми ги спои нозете и ме остави да си одлежам на бокс, а во меѓувреме ми го даде телефонот да се слушнам со блиските. По 2 часа ме однесоа во соба, ме сместија, ми кажаа дека бебето ми е во инкубатор и дека повеќе детали ќе знам утредента.

    Ноќта ми беше најчудна ноќ во животот. Се осеќав како да лебдам од среќа, се плашев да заспијам за да не се разбудам и сфатам дека се било само сон. Но во исто време бев и многу загрижена за Мила. Не знаев ништо. Само сакав да ја видам со свои очи дека е добра. Бев целосно истоштена но не склопив око.

    21.05 во 13ч ме однесоа да ја видам. Плачев како мало дете над инкубаторот. Што од среќа што е добра, што од тага дека е во инкубатор избоцкана со канили. А она спиеше толку мирно и чат пат ќе се истегнеше и ќе направеше некоја гримаса. Дишеше самостојно, без маска само со пуштен кислород во инкубаторот кој го изгасија вториот ден и одтогаш диши смостојно собен воздух. Ми кажаа дека е многу јако и жилаво бебе и дека никој не очекувал дека ќе биде толју стабилна и силна. Срцето ми се исполни.

    Мене вчера ме пуштија дома. Мила остана во болница. Секој ден ме информираат телефонски за нејзината состојба. Во нормални услови јас би можела да ја посетувам два пати во неделата, но поради епидемијата со морбили посетите се забранети.

    Знам дека родив мало херојче, знам дека она е јунак на мама и дека ќе се избори. Неможам да го дочекам денот кога ќе си ја донесам дома, тешко ми е и многу ми недостасува, но најбитно од се ми е да биде добра и да ојача што поише за да после дома се гушкаме и си ја пружиме најголемата љубов на светот.

    Мешиња галете се, не се потресувајте за глупости, уживајте во бременоста и кога ќе дојде магичниот момент бидете присебни, сконцентрирани, не трошете сила на викање, дишете длабоко и слушајте инструкции. Од вас зависи се. А вие сте силни жени кои подаруваат живот и можете се!

    Ве гушкаат силно мама и Мила!
     
    На Isabel, Ana.Jones, BabyStyle и 72 други им се допаѓа ова.
  17. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    6.310
    Пол:
    Женски
    Ти и Мила сте најголеми херои!!! Ви праќам многу љубов :l:
     
    На tetoviranta, NNA, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    @tetoviranta ти си љубов голема и Мила е голем борец и ќе те гушка наскоро. Ти драга моја излежа половина бременост и ти си не мајка туку мајкиште мила моја.

    Ви ја посакувам сета среќа на светот вам четворицата дома. Сега гушкајте се сите оти сте сите гушкала убави.
     
    На tetoviranta, NNA, paleska3 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    9.163
    Пол:
    Женски
    @tetoviranta што да кажам .... плачев додека читав, бидејќи имам слично искуство на твоето... за среќа јас издржав да влезам во деветти месец. За брзо ке уживаш во мајчинските обврски, ти си многу храбра мајка и имаш уште похрабро бебе, те гушкам.
     
    На bela.m, Presrekna, tetoviranta и 4 други им се допаѓа ова.
  20. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Борец си голем.Та бакнувам и гушкам ама онака силно воздух да снемаш кога ќе те стиснат:hug: за храброста.
    И во право си потполно.Ма има ли болка,неспиена ноќ,повраќање ,киселина или било што друго кое што може да се спореди со првиот плач на бебето и зборовите на докторите дека е се во ред?!
    Јас мислам нема,и нема жалење и офкање веќе.
    Јас која се плашев толку си реков ,нема страв ,ќе ќутиш за да ја видиш.Ништо не боли толку.
    Одвај чекам да ја видам мојата лепотица :inlove::*
     
    На bela.m, Presrekna, Martka и 5 други им се допаѓа ова.