Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Се осеќа сѐ.
     
  2. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    733
    Пол:
    Женски
    Секоја чест на храброста, да сте живи, здрави и најсреќни. :*
     
    На Baby boo и t-sweet им се допаѓа ова.
  3. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    733
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да напишам дури моево маче не се разбудило.
    На 15ти вечерта, со многу плачки зошто не може да се оди по нормален пат, да се чекаат болки и се што следува, решив да се договорам со докторката утредента да започнеме со провокации затоа што се испостави дека навистина има ризик од папочната врвка.
    Се заинаетив, и решив сама да испровоцирам дел од процесот.
    Околу саат време вечерта одев горе доле по скали, решена да го забрзам бебето.
    Утредента на 16ти, станав за до вц и видов дека гаќите ми беа доста влажни, реков сигурно е воденикот, но малку е, па не е страшно. Пред излегување од дома, на мокрење повторно малку вода.
    Рековме, и онака во 8 вечерта требаше да ме примат, дај ќе отидеме порано да провериме како е ситуација, ќе прошетаме, па ќе се вратиме во болница..
    Отидовме, цтг стандардно мирно, со по некоја мала контракција, и многу слаби болки. Но, и покрај тоа решија да ме задржат.
    Цел ден на цтг, контракции исти, болки исти. Вечерта како луда шетав напред назад низ соба и почуствував нешто чудно долу, како дел да се поткина. Веќе беше почнато местото да омекнува. Се израдував, и си реков дека до утре сабајле ќе се породам. Но, дојде утрото, болки нема. Ме качија во предродилна, и почнавме со провокации. Некаде после еден час, контракциите се зачестуваа, болките засилуваа. Ми ставија епидурал, ме проверија, 4 прста отворена. Повторно провокации, болки уште појаки, 6 прста. Дојде докторката, и го пукнаа воденикот. Повторно провокации, со 8 прста ме однесоа на бокс.
    Болките беа многу големи, рекоа, сега ќе раѓаш.
    Појачаа провокации и почнавме Паника до таван, час слушам инструкции, час урлам и викам дека не можам да издржам. Некаде пред крајот, сосема се изгубив, ги гледам докторите, не знам ни каде сум ни кои се тие. Набрзо се вратив на себе, го погледнав маж ми, напнав повторно неколку пати и излезе нашата среќа, а болката исчезна. Ми го дадоа да го гушнам. Ме смири. Почуствував некоја прекрасна топлина во душата. Го мереа, средуваа, па го дадоа на тато во прегратки, тој беше цело време со мене и вечно ќе му бидам благодарна за тоа. Потоа следуваше шиење кое исто така беше болно, се чуствував. Очигледно, анестезијата делувала само на нозете...Ме оставија да одморам околу два часа на бокс, па ме однесоа во соба.
    Никогаш досега не се имав чуствувано поисцрпено, но вечерта кога ми го донесоа во соба, веднаш се освежив.
    Најубавото чуство беше кога се погледнавме очи во очи... Нешто најпрекрасно на овој свет.
    И сега секој наш поглед и допир е нешто најскапоцено за мене.
     
    На Starlič, Lolipop23, minne992 и 31 други им се допаѓа ова.
  4. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Женички ви благодарам од срце на сите.
    Вие на форумов ми бевте огромна поддржка во најтешките моменти и сите до една ве гушкам најсилно. :hug::hug::hug:
    Јас сеуште не сум свесна што се случи, можеби дека бебка уште не е со мене, само таму ми се мислите. Ама битното е дека е добра и одлично напредува. За брзо ќе се гушкаме дома :inlove:
    :l::l::l:
     
    На flower30, mariz, NNA и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.848
    Допаѓања:
    10.346
    Да е живо и здрава мајка. Уживајте
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја споделам и мојата приказна. На денот кога ми беше терминот, сабајле во 4 ме разбуди болка, онаква менструална. Не беше којзнае колку силна, но беше доволно да ме разбуди. За да бидам сигурна дали е тоа контракција за породување, почекав да добијам наредна. За некои 20тина минути имав уште една, нијанса појака. Знаев дека дојде денот, го разбудив мм за да му кажам, и му реков дека кога ќе дојдат на 5 минути, идеме во болница. И така јас низ дома се спремам, туширање, средување, пакување, болките од 20, на 10 па на 6 минути. Го будам мм и тргаме накај Систина. Ме уклучија на цтг, и некако дали легната дека бев, поблаги беа. Првите неколку со интензитет 20-30, а после нив последните 2, 3 стигнаа до 40-50. Интервалите им се зголемија на 10 до 15 минути. Ме прегледа дежурна докторка, вика бебе е високо и ти си отворена 1.5 см. Иди дома, чекај дали ќе почне појако, нема зошто овде да седиш. И си одиме ние дома, и контракциите си се враќаат на 5, 6 минути, со прилично силна болка. Накај 4 ипол преку ден пак отидовме во болница, ме уклучија на цтг и скоро саат немав никаква контракција. Ме гледа сега мојот доктор, вика ништо, иди дома, процесот е почнат ама вака можеш да тераш многу време, не си отворена, високо бебе, нередовни контракции. Си тргаме пак на дома, и во кола јас контракции ама многу силни, на 4,5 минути, скоро без воздух ме оставаа. Дома стигаме, јас викам на мм дека не бива, мора назад, ѕвониме на докторот, и тој вика ајде враќајте се. На цтг сега си покажа убаво контракции, ама го правев седната. Ме однесоа на прием а мене контракциите се зачестија на минута, минута ипол, мнооогу болни. Така едвај до 12 часот издржав, побарав епидурална. Ми ставија и чекаа да се отворам. До 6 сабајле се отворив 8 см и таму застанав. Почнав да осеќам нагони за буткање, како бебе да излегува. На бебе главчето заглавуваше и почнуваше да му се намалува срцевото биење. Така тоа траеше уште 4, 5 саати, кога пак заглави главчето и не можеше да се одглави, одеднаш срценцето од 140 почна брзо да паѓа и стигна до 80, и веднаш ми направија царски. Додела да чујам плач имаше нецели 5 минути, но мене вечност ми се виде. Мислев дека бебето ќе ми умре заради некоја си моја анатомска грешка на срамна коска, што не дозволуваше бебе да излезе. Се роди синко, заплача и мене живот ми дојде. Мене овој прв пораѓај ми беше најтрауматско нешто, ги поминав болките од природно пораѓање, и од царски. Мислев дека синко ќе умре, но ете мое силно чедо се избори и издржа како маж! :l::inlove:
    Малце на широко раскажав, тоа е тоа.
    Наредно на закажан царски и не ризикувам живот на бебе никогаш повеќе!
     
    На Starlič, ***Bony***, Tedyyy и 42 други им се допаѓа ова.
  7. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.125
    Пол:
    Женски
    @tetoviranta ме израсплака рано сабајлечки :hug:
    Гушкајте се сега, комплетни сте домче.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Znaci ve citam i placam... sekoj den se poveke mi e strav, kako li ke izdrzam, kako li ke pominam.. kako ke znam koga e toj den. Kako ke go izmuknam od dole ziti se.. stravu koski mi e...
    Alal na site vas, kapa vi simnuvam sto se smireno ste napravie.
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Не се плаши.
    Сите сме мислеле претходно и сме се секирале.
    Тој ден добиваш посебна сила и моќ.
    И не биле сите смирени...

    Дур трепнеш, ќе пројде.
     
    На S.J.Parker, Flower123123, Coco31 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.005
    Допаѓања:
    133.953
    Незаборавно. Пораѓајот скоро пола го заборавив, ама моментот кога ја извадија и ја ставија на мене, кога ме погледна во очи... апсолутно најдоброто нешто во животот. Магија беше.
     
    На Puffy2019, Coco31, NNA и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
     
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.792
    Допаѓања:
    33.718
    Пол:
    Женски
    А зошто читаш овде?Оваа тема не е за прворотки.Секој со својата среќа никој не мине исто.
    Милијарди жени родиле ти да не си послаба од нив.Тоа е се природно не се плаши.Опушти се и уживај. Денот сигурно ќе го познаеш.Мисли само позитивно и смеј се кога ќе добиеш болки.Со секоја болка си поблизу до бебето.Слушај музика или опушти се со када топла вода.
    Не е толку црно како што мислиш.Мисли само на бебето и на првата средба.Мисли што ќе му кажеш кога ќе го видиш.И нормално диши.Ајде со среќа па овде да пишеш една позитивна прилазна(fingers)
     
    На Flower123123, NNA, Someday и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Таа што рекла дека немала страв-лаже!
    Нема трудница што не и е страв, само како викаат, тоа што влегло ќе излезе.
    А јас се тешев со помислата дека е еден ден и ќе помине, одма ќе помине.
     
    На Puffy2019, NNA, Leo-nora и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да заборавам кога ми го ставија на гради и како само се скроти, се стутка во мене и престана да плаче во истата секунда. Неопишливо:inlove:
     
    На Petra777, omilenacvena, Puffy2019 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.005
    Допаѓања:
    133.953
    Тоа го викаше една акушерка, чудото на пораѓајот. Моментот кога ќе прекине да плаче и ќе се гушне со мајката, вика и по 20 години работа, секој пораѓај сме восхитени од моментот кога ќе се запознаат и се ќе се стиши. Се раѓа љубов :)
     
    На AthenaAsamiya, MarigoldA, victoria и 20 други им се допаѓа ова.
  16. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја раскажам и јас мојата сказна:D најпрво да ви кажам дека цела бременост ми беше страшно тешка да не ве замарам со тоа а капак на се беше тој деветти месец каде што доживеав најмногу стресови.
    Значи понеделникот 3 јуни погребот на свекорот јас нормално не присуствувам и онака сум веќе растревожена и под стрес.си легнуваме околу 23 со маж ми јас ништо не чувствувам ништо исто како секој ден.а другиот ден имавме закажано за цтг и да го закажиме царскиот со докторот што ќе ме пораѓа.
    Се будам околу еден по полноќ и чувствувам болки ај викам да не паничам одма можеби се лажни ќе мерам прво и гледам на дваесет минути на пола сат различчни интервали а викам можно е да се тие и наеднаш како да се подмочувам ама не голема количина и веќе ме фаќаат паники полека станувам и пак протекува леле викам водењакот е ова сигурно ајде ќе одам до вц ама маш ми се разбуди што е вика кај одиш ништо вика спиј мислам водењакот ми пукна не паничи нема ништо и тој одма како бе ајде одиме во болница вака онака абе каква болница додека не се средам капење ова она нема болница и се убедивме некако во два и триесет стигнуваме во болница дежурната докторка ме проверува на ехо да вика намалена е плодовата вода ќе те задржиме сабајле во 7 одиш на царски.лежам во предродилна болки идат ненормални Господ го видов мајко моја коси си корнам ај викам царски не е вака ама ќе издржам поминува 7, 7 и 30 ништо ни анестезиологот ни доктор да ме пораѓа барам сестри викам не се издржува викнете го анестезиологот да се договориме да потпишам одам на царски и крај.доаѓа докторката чекај вика да те проверам колку прсти си отворена нее бе и викам шо ќе ти е тоа и онака царски ќе ме пораѓаш абе ај вика само еднаш и гледа седум прсти а вика јас не те пораѓам царски супер наод имаш за природен пороѓај не бе викам закажав јас веќе царица да будем.и се инаетам така го вика маж ми ова она да ме разубедат не јас паника ме фатила некоја не попуштам од првиот пороѓај знам што ме најде се комплицира и овој таков ќе биде си имав зацртано.иде една сестра ми вика слушај полесен е природниот за опоравување а и повеќе од пола ти помина за еден сат ќе си готова се што ќе ти кажам ќе правиш ќе соработуваш и ќе видиш колку лесно ќе се породиш чекај да те видам абе вика за 15 минути десет прсти си отворена одма на бокс одиме.и ај ме убедија некако.поради мојата анемија морав за време на паузите измеѓу контракциите само да спијам бидејќи немав воопшто сила.конртракциите беа страшни значи неиздржливи ама ете издржав успеав и така пола спиење пола напови јас на свет ја донесов мојата среќа Деспина и ги искусив и двата пороѓаји и царски со првото и природен со второто.моментот кога излезе бебе од мене е неописливо олеснување сварно нема зборови да се опише мора да се искуси и точно е она дека кога раѓаш како 280 коски се кршат во тој момент.кога докторката ми ја стави на гради се тресев и плачев како мало дете.и да не заборавам дека го пцуев маж ми до тука и назад за цел живот а принцот што ме пораѓаше цело време слатко се смееше на моите збови и кога ја виде ќерка ми а иве абе ова на маж ти ми личи а она плукнато на мене фотокопија :D викам докторе слабо гледате цела е на мене поздравете го маж ми сега надвор нека бара швалерка од денес ако сака трето дете машко и дека бебево е цело на мене :D
    Е за мене најболно од се беше шиењето на раната абе тогаш ги видов сите светци на чело Господ незнам зошто лошо искуство имав со тоа а имав и анестезија ама сепак многу ми беше болно.знам дека на докторот му ја стегав многу раката и дека многу пцуев ама на крајот се извинив а сите ми рекоја дека реакциите биле на место и да не се извинувам.
    Ја издолжив многу ама ако не се лутите.ме средија се и докторот ми рече одма да спијам зошто сум премногу истроштена заради анемијата и на секои 15 минути да доаѓа сестра да ме проверува.добив кеса со крв инфузии инекции против болка антибиотик и бев како нова.тоа е се народе
     
    На ***Bony***, Puffy2019, Coco31 и 35 други им се допаѓа ова.
  17. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    @Ive13 ме изнасмеа со дел од постов за пцуењето и инаетот. Важно помина здрави живи бидете и гушкајте се со бебе.
     
    На NNA, mariz, Septemvri и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.264
    Допаѓања:
    170.536
    нека ти е живо и здраво бебето
    ти си најмеродавна да кажеш кој пораѓај е полесен царски или природно?
     
    На NNA, Martka, Ive13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Novella

    Novella Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2018
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Да ти е здрава и жива ќерката @Ive13. Со кој Др се породи, срцка?
     
    На Ive13 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Да миличка и двата ги искусив фала фала и ќе ви кажам за од страна на болки и такви работи полесен е царски значи не одиш до фаза да чекаш ненормални болки како за природниов а од страна на опоравување после пороѓај полесен е природниот пороѓај бидејќи истиот ден стануваш се движиш одма јадиш млекото побрзо ти доаѓа итн.сепак кој и да бил пороѓај да го искусите мили мои вие ќе станете МАЈКИ ќе ја имате таа најубава улога на светот воопшто да не ми се сеќирате и со царски и со природен сепак сме Мајки
    Миличка др Кате Попоска беше вечерта кога ме прими и остана до крај за да ме породи ама и лепотанот др.Горан Маркоски си дојде на смена сабајлето и тој присуствуваше со двајца доктори си бев најјаки на светов.сварно немам зборови како да ги опишам двајцата број еден во болницава препрофесионални до тука и назад ептен посветени на работава до максимум.после породување и двајцата по сто пати дојдоја кај мене се е во ред добра си ајде ти си херој денес од царски се породи природно зошто незнам дали знаеш не е многу пракса во Охрид досега да пораѓале така ете и јас до крај првиот царица и вториов идев за царица да будем.од срце посакувам еден од нив двајца да ти биде на смена миличка па макар и двајцата.до кај си ти да те чекам денес?нас не пуштаат конечно денес :l:
     
    На NNA, Martka и Novella им се допаѓа ова.