Оооо шубо. Не ме чекај ич чим те пуштаат. Оди дома и гукајјте си се со бебушот. Јас денес требит да одам на контрола кај Мимоза па ќе видиме што ќе речит.
Еве ја и мојата приказна . Си бев на редовна контрола, средина на девети, цтг мирно, момата успана, но кога ме погледна на ехо докторот ми вика немаш скоро ич плодова вода, мора да биде деновиве . Ми предложи да пробаме со провокации и тоа уште вечерта да ме примат. Јас преплашена од провокациите, не замислував дека така ќе оди процесот, затоа што од седми бебушка беше доле поставена, одмаравме дома, лежевме да не се роди порано и сега наеднаш провокации . Разговаравме со сопругот, се стабилизирав и си реков дека ќе издржам. Цел ден се шетав, да испровоцирам но ништо. Вечерта ме примија, средија и во 12 ноќта ме однесија во предродилна. Таму ми ставија вагиналета за омекнување на грлото и ми рекоа да пробам да преспијам, дека ќе ми треба сила следниот ден. Навистина преспав некој саат . Дојде утро, дојде акушерката, ме прегледа, вели еден прст само, уклучи цтг и провокации. Јас никакви болки не чувствував.Тогаш го пуштија и сопругот па си имав друштво и поддршка, тоа е од огромно значење. Ме следеа на секој час, цтг покажуваше контракции но јас никаква болка. На секое проверување ја зголемуваа дозата на провокација. После неколку часа почнав благи болки да чувствувам но ништо страшно. Но не продолжив да се отварам. Дојде докторот и ми рече дека ќе го пукне водењакот, ако не продолжи процесот, одиме царски. Тука многу се изнервирав, си реков требаше да си чекам болки сама. Ми го пукнаа, воопшто не болеше, не ни осетив. Е потоа за само 5 мин, почнаа болки. Се издржуваа уште, почнав да се движам, штом ќе осетам болка застанував и ќутев . Наеднаш добов нагон за повраќање. Дојде акушерката, ме прегледа и рече добро е 5 прста, напредуваме. Јас повраќам, но среќна што тргна работава. Ме праша дали сакам епидирал, јас прифатив. Поминаа упте 40 мин во болки додека да стигне анестезиологот. Ме боцнаа, не беше воопшто страшно и за некоја минута нема болка, какво олеснување. Почна да ми се треси снагата, ми рекоа од анестезијата било. Мислам дека олеснување плус беше што ни тоа што проверуваа со рака колку си отворена, сега веќе не болеше. Така мина уште час и половина, они си доставаат провокација, цтг оди до 100 а јас освен жешки нозе, ништо друго не чувствував. Ме прегледаа и викат ти си готова, имаш ли напони, јас ништо . Ми велат ја гледаме главата ајде да ти покажеме како да напнеш. Ми објаснува акушерката, доаѓа докторот, ме наместија. Тука почнав да осеќам болки само на десната страна, таму притискала главата па таман да можам да осетам напони, но болките беа како менструални, ништо страшно. Ми ја намалија анестезијата, јас цела во страв дека сега многу ќе ме боле. Давам еден напон, ми велат посилно, на вториот докторот ми вика сега ќе осетиш многу јака волка како нешто се откинува од тебе . Давам напон, испадна главчето, акишерката ми ги држи нозете а сопругот одпозади ме турка и на третото си ја видов бебушка како испаѓа. Не осетив никаква јака болка како што рече докторот, дури не ми се веруваше. Го слушнав најгласниот и најмилиот плач . Ми ја дадоа да ја погушкам и ја однесија да ме досредат. Шиењето го чувсвував како допир, никаква болка. Но закрепнувањето ми беше прилично долго. Многу ме болеше раната, не можев да седам, станувам, не можев да функцуонирам. Тек после еден месец ми паднаа конците и осетив ослободување. Се на се, кога ќе се сетам сега, ми иде убавина на душата за овој чин, затоа што си родив љубов која ќе трае цел живот
Девојки пред се честитки за бебушките, на храброста и убавината доживувањето од процесот да се стане мајка.Би ве замолила и да напишете каде сте се породиле за да се споделат искуства,но знаеме дека секој организам и пораѓај се индивидуални,но сепак љубопитни сме што не очекува.Поздравче мили мои
Мајки здраво, да прашам дали епидурална анестезија даваат во државните болници? По читањето гледам дека повеќето се од приватните, не сум запознаена дали може и во државните ако побараш.
Да ,јас во гак си добив .Си побарав и си добив.Е сега убаво е кога ќе ја стават,болки се губат ама после кога ќе ја шибнат провокацијата ти добиваш напон ама малце е потешко да напнеш.Барем јас немав контрола врз напоните,бутав ко сивоња некој па се расцветав.
Ајде да ја пишам и јас мојата приказна дур го шмркам кафето од нога 09.06 недела,ме буди болка така појака менструална,трае 30 секунди и пушта.Се повторува неколку пати на интервали од половина час .Му кажувам на мм ама пошто е 4 сабајле ми вика спиј ајде и си заспав.Станав во девет ,болки нема.На тераса кафе и доручек и се спремивме да идеме на кеј и да пазариме.Кога во вц одам крв на тоалетна.Се јавувам кај докторкава и ми вика одма у Гак. Одам тамо,прават цтг тоа покажува некоја контракција.Отворена 2 прста.Ајдее честито болнички кревет.Ме задржуваат . Болки нема никакви цел ден,и некаде накај 22 се истуширав,со цимерката да спијеме и кога фатија болки мислам готово.И барам на таа спазмекс ми вика "Аааа неможе без доктор тоа" одам во тоалет ,се укочив неможев да се мрднам.Цимерот спие,а ја ќутам не офкам за да не ја разбудам Кои болки на интервали бре,нон стоп болеше Конечно дојде во 01 саат Тантуровски,Цтг контракции покажува само 40 (какви ли се од 100?) Не им е точен апаратот бре.Отворена 5 прста. Ајдеее Среќо идеме у родилно.И се качив горе,болки ужасни,јас повраќам а таа ме прашува се од прво колено и мое и на мм.Ми идеше да ја треснам. Ме носат на бокс,ги молам за епидурал и си добив .Се потпишав,не смееше ради фраксипарините Ми олесни одма.Ми го пукнаа водењакот и се чекаше.Дојде 4 и помина дејство на анестезија,уклучија провокација.Осеќам болки и напон ама незнам да го дадам,бутам ко сивоња некој.Сите капилари ги испукав по телово. Три доктори ме породуваа,ме сецнаа и плус распукав.На бебето почнаа тонови да му паѓаат но златен лакат на Миле успеа толку силно да го истисне сонцево од мојот стомак. На 10.06.2019 во 4.40 се роди лепотицата моја ми ја ставија на меше така топла и мала.Се исплашив,ги замолив да ја тргнат бев изгубена во некој свет.Глас не пуштив да викнам,ама затоа во себе трпев. Ме успаа и ме сошија. Се заврши добро на крај.Да ,се заборава се кога тоа мало немирно сонце ќе те погледне со очи џамлии и ќе ти згрее душа.Искрено,за второ само царски.Не би можела пак исто. Инакуу,поише боли цицко-стискање да видат дали имаш млеко него пороѓајот
Ама болка е у пм Јас за неколку дена се средив ама дур не се породите читајте што се да правите за да си го олесните тој период.
Мила дај Боже да помине се без компликации, се друго се издржува, ако не било така нема да раѓаме гушкај бебето и за некоја година направи и друштво на среќата твоја. Тогаш сигурно ке биде полесно. Ве гушкам.
Др Златко Палчевски, само пофални зборови за него и услугата и негата. Кога би бирала повторно пак би ја избрала систина.
Ајде мојата породилна приказна. Четврток со поминат термин 4 дена ме задржуваат во болница, бебе цел месец не напредува. Ми викаат сабајле ќе пробаме со провокации. Не јади ништо вечерва, утре ќе те клистираат рано. Петок. Гужва имало, итни случаеви и нема провокации. Цел ден плачки што седам у болница плус денови, ама ајде ќе помине. Доручкав, ручек и вечера нема рано сабајле у сабота ќе сум добиела провокации. Цело време отворена 3 цм. Сабота. Цела ноќ непреспиена, сабајле рано на ехо, плодова вода многу малку, се чудат како не приметиле. Бебе слабо активно, си мислам само позитивно ќе биде се во ред. Дојде време за клистир, во 11 часот и право на провокации. До 4 саатот на провокации, 6 прста отворена и ме носат во родилна сала. И тогаш почна хоророт. До 6 часот се отворив 9 прсти и ме качија на бокс. Напони на 2 минути ама бебе се качило високо не се симнува никако. Клекни, шетај па качи се на бокс, не оди. Ме прочепкаја долу, крвавев многу ама со надеж дека ќе помине побрзо не се плашев за прв пат. Почнаа да ме стискаат по стомак да го бутнат бебето подолу тоа не оди. На цтг почнуваат тонови да паѓаат околу 10 часот и прашувам зашто, нормално било од нап. До 00 и 45 ме мачеја пробај вака, клекни долу, гмечи по стомак, сврти се на една страна напнувај, ќе се симне и ништо за на крај да ме однесат на итен царски пошто бебе ги губеше тоновите. После ми кажаа и тесна била карлицата, секако не би можело. Од тогаш до шок соба ми е се ко низ магла, пошто бев преуморна, утепана буквално. Знам само викнаја, мајка види го бебето машко е и знам го бакнав друго ништо. Следно сеќавање, шок соба. Гледам 1 и 45 по полноќ и не ми е верно што се деси... Не чуствував ништо само бес и нервоза. Им побарав телефонот да ми го донесат, да му се јавам на сопругот знаев дека ме мисли и не ми го дадоја а сите во шок соба имаа. Се јавив од една што беше до мене, го израдував и следно се сеќавам како станувам во 5 часот сабајлето, не ми беше верно дека нозете се мои, дека ги чуствувам. Побарав апартман да ми дадат, немало и ме сместија во соба. Станав два пати дента, утредента повише и полесно ми беше. Боли, да, ама за бебето мое се издржува се. Денес ме проверија, на ехо е ок и раната е добра, доле сум испукала од нап ама не сум шиена, ќе заздравело само. И тоа боли. Бебето беше супер, млеко ми надојде а тоа лакомо за цицка си влече и супер ни одеше. Вчера педијатар вели добар е, денес се спремаме за дома, он има жолтица и високо црп. Го земаа, нема да е со мене. Се надевам ќе биде океј се. Јас сум добро иако психички попуштам, неможам да се смирам. Болка ко болка се заборава, се лечи ама психички сум истоштена. Се изнамачивме за ова бебенце, со душа го чекавме, цела бременост беше супер си напредуваше за на крај да испадне вака. Многу се нервирам, душава ми се корне. Најтешко ми е што не е со мене, да го гледам тоа усте мое како прави фацки се смешка и се лути. Да ги видам тие најубави очиња, за кои ме боли душава. Додека сите мајки се мазат со своите бебенца, јас плачам. Ќе помине се, знам само треба да се издржи. Морам за срцето мое.
@cinderella5 ајде мајка најстрашното поминало,бебко да заздрави и ќе ти го дадат,за брзо ќе биде, чувај сила за него ќе ти треба
Честитки мила, синчето твое сега е како н плажа го сончаат за да се исчисти побрзо. За црп ке му дадат некое антибиотиче. Не се секирај, ке си одите за многу брзо, се ке биде во ред. Ве гушкам
Еве ја и мојата најкратка породилна приказна. Надминат термин не чувствувам болки, ми се грчи само стомакот, имам ко трнење, одам во болница ноќта, 4 цм, ме задржуваат. Сабајлето ме проверуваат 4 ипол сантима, ајде во предпородилна, индукција. Е после тоа беа болки. Ми го пукнаа водењакот, дишев на напони и броев. Ама бев среќна пресреќна.. Следен преглед, одма на бокс, за десет мин доаѓа бебе. За неколку саати (два-три) се породив, бебе над 4 кила, јас испукав плус. Тие неколку саати ко десет минути ми се видоа. Одвај чекав да го видам бебенцето мое. Крајот ми беше најсреќен. Не сакам да ја заборавам болката, затоа што таа болка не е болест, таа ми донесе радост. Знаев дека филмски ќе се породам. Само не ги фатив болките и водењакот дома. Бебе во одлична состојба другиот ден си дојдовме.
Ајде миличка низ што поминавме и ова ќе помине и сама пиша се изнамачивме значи го имаш веќе бебуш до тебе го донесе на свет најубавото суштество си ја роди најголемата среќа на светот што сакаш повеќе.ти си една храбра и силна мајка и мораш да издржиш се за тоа човече малечко.јас последниот ден се потпишав сама да си одиме со бебе а имаше жолтица ама неможев да издржам веќе со почесто доење малку изложување на сонце во текот на денот и се си се среди.а цимерката до мене исто покачено црп и терапија и дадоја на бебе таа се потпиша и си замина и дирекно на педијатар отидоа и се си беше во ред со бебе.немој да се грижиш воопшто се ќе биде супер за некој ден ќе си гушкате домче со бебушка најсилноооо