Можда ми е глупо прашањето,но бебињата со жолтица се родени во ГАК или.....Извините на прашањето.Честитки на новите мами и им посакувам убави периоди со бебушките.Ве
Нема врска каде е родено бебето. Физиолошката жолтица не е нешто што е заразно и е едно од најчестите состојби кои имаат потреба од медицинско внимание кај новороденчињата. Терминот жолтица се однесува на жолтата пребоеност на кожата и на склерите, предизвикана од акумулација на билирубин во кожата и во мукозните мембрани. Жолтицата е предизвикана поради покачување на нивото на билирубинот во телото, односно неможност црниот дроб да го метаболизира билирубинот, состојба позната како хипербилирубинемија. Приближно 60% од терминските и 80% од претерминските бебиња развиваат жолтица во првата недела од животот. За среќа не е ништо сериозно и се решава со фототерапија. @cinderella5 Немој да се грижиш, бебуш ќе се посонча и ќе биде пак со тебе за многу брзо. Замисли како ми беше мене во 13 дена ја видов два пати во првите два дена и тоа преку стакло и толку. Прв пат ја земав во раце на 13тиот ден кога си ја зимавме дома. Биди силна, и искористи го времето да се смириш, раздвижиш и подопоравиш, за кога ќе ти го донесат да имаш сила да надокнадиш. Ве гушкам
Најпрво да е живо и здраво мораш да се соземеш за него, значи мораш, ти единствено сама можеш тоа да го направиш. Бесна сум јас што читам како те изнамачиле, Будали! Со големо Б. Ќе престанат ли некогаш да не мачат нас родилките ли? Безобразлок, како да пропуштат такви битни работи бе, пораѓај е комплицирана ствар, а тие го земаат здраво за готово. Господ ве чувал. Дали се свесни дека од после влијае ептен на психа на мајката па се префрла на бебето. Со нови животи работат со наталитет, срамота. Мораш да се соземеш, жолтицата брзо ќе помине, малото ќе си спие нема ништо да осети, а после кога ќе ги погледнеш повторно тие очиња, светот е твој!! Не плачи, му требаш на бебе
Ne sakav da ja spodeluvam mojata prikazna bidejki bev iztraumatizirana ama denes resiv da raskazam. Se porodiv pred 3 nedeli vo Cair, zdravo pravo detence, posle 2 dena pominati na patolosko so vkluceni provokacii. Samiot poragjaj se odvivase bavno i tesko, skoro 11 casa pominati na boks poradi dosta izgubena krv i padnat pritosok. Zavrsiv so katetar i strajfna (gaza). Na rodilno lezev eden den, no bidejki mozev da prodolzam so terapija doma i bebe bese ok me pustija (so dosta nizok hemoglobin). Iako seto ova za mene bese traumaticno iskustvo so cel strav nekako uspeav da se vratam pri sebe i da zaboravam so se se desilo (neli vikaat se se zaborava). E sega sleduva najinteresniot del. Posle 19 dena pominati doma slucajno sama zabelezav deka od gazite koi so mi gi stavile mi imaaat zaboraveno edna. Zavrsiv na cistenje i vnatresno perenje. Srekja so ne dojde do pogolemi komplikacii. Za higiena, odnos sprema pacienti nemam zborovi, ama vakva neodgovornost nemozam da se pomiram, kako moze da ne pisat na karton deka voopsto imam gazi i da mi izvadat samo edna.
Честитки до бебушите,а на феминките брз опоравак.Е сега вака:Јас не знам како ќе поминам,но сите овие работи според мене треба да се пријават во минисѕерсвото и да не дозволиме да ни забораваат предмети во матка.Тоа е голема грешка.Е баш да ги видам дали ќе заборават газа на ќерката на докторката.Девојки пријавувајте ги овие работа кои не треба да се игнорираат.Секое добро
Дали е можно 3 недели газа внатре да не скапе? Не ми се верува, сигурна си! ? Ако е така свака ти част си имала среќа.
Мојата приказна.. понеделник 19 јуни (3 дена надминат термин за пораѓај) во 08:00 часот одам на цтг и ехо (требаше на 2 дена а јас отидов на 4), тука чекам цел час, потоа дојде др Ива на гак и ме прегледа, виде намалена плодова вода, слаби движења на бебе и веднаш отиде кај Самарџиев да праша за место слободно на патолошко.. ме остави но не ме смести на патолошко туку директно во предродилна сала... таму лежев некои 2 часа, за среќа се ослободи место на патолошко и ме спуштиа долу... се сместив, лежев така незнаејќи каде се наоѓам, испаничена зошто се намалиле движењата на бебето и плодовата вода.. не можам да заспијам.. размислувам што ќе биде со бебуш, со мене... дојде време за вечера мене не ми оставиа јадење со изговор ме спремаат за пораѓај.. ми рекоа ни вода да не пијам... така и направив.. ме викнаа за цтг.. тоа мирно.. без контракции без ништо.. се си е ок.. ме враќаат во соба.. добивам слаби болки, идам во вц и што да видам крв... не испаничив бидејќи претпоставував дека е мукозниот чеп.. дојде една сестра и и кажав дека имам крв на бришење ми рече дека сигурно ми паднал чепот.. ме испрати во собата за прегледи и ја викна др Адела... така ме виде и ми рече дека 3 прста сум отворена и дека не е страшно ништо да идам да си легнам да одморам... така и направив.. се трудев да заспијам ,пак не можев .. некаде после полнок сум заспала... сабајлето доаѓа визита... јас будна, жедна и гладна... им кажувам за тоа ми викаат не ти не смееш да јадеш и да пиеш те спремаат за пораѓај... се откажав од тоа, си чекам време... цел ден така со повремени болки и слаби грчења на бебуш... кажав на една од сестрите и таа веднаш ја викна докторката... дојде др ме однесе во собата за прегледи и ми рече дека ќе ми стави индукации. Воопшто не знаев што е тоа.. легнав на креветот кога таа го стави спеклумот потоа внатре полека стави црево со три отвори.. потоа вбризга 4 инјекции внатре и на крај ми бутна внатре едно големо апче слично на оспен...не знам шо беше тоа.. ми рече дека ова ќе ми помогнело да се отворам побрзо.. се вратив во соба и така неколку часа лежев со цревото внатре... потоа почна да протекува крв низ отворите на цревото.. дојде сестрата пошо ја викнав ме виде и ме праша дали имам болки.. јас немав никакви болки.. само имав нагони како за голема нужда.. кога тоа го кажав таа рече дека не е тоа за нужда тоа е за пораѓај нагон.. немаше доктор на патолошко па мораше од родилна сала да вика...околу 17 часот дојде докторот му објаснив шо осеќам, тој веднаш ме однесе во собата за преглед и со сета сила го повлече цревото и шо ќе видам.. на врвот од цревото се оформила топка голема како тупаница... провери со рака и рече дека сум отворена 8 прсти.. веднаш ме качиа во предродилна сала.. таму наместо да легнам ми ставиа провокации.. тука 2 часа со провокации и со одење натака навака (како Балтазар) се отворив уште 1 прст... ми го пукнаа водењакот (но не во целост) и ме качиа на бокс во 19 часот.. е тука ми почнува хоророт... добив јаки болки на секои 2 мин.. потоа зачестиа... неиздржливи беа.. покрај мене беа Калчев и Зулбиери.. ми даваа инструкции како да дишам како да напнувам и ред др раб...на секои 5 мин проверуваа со рака до кај е бебе а бебе се качило горе од индукациите наместо да се спушта надолу (а ниско го носев).. видоа дека водењакот не е истечен скроз па бутнаа со рака внатре да го доистечат... ми ставиа 2 инјекции со образложение да ја стимулираат матката да омекне да почне да се спушта бебето надолу.. за жал тоа не се деси... бебе уште е горе... така час и половина со јаки болки лежам на бокс.. приклучена на кислород и на цтг.. јаки контракции покажуваше а јас не можам да се породам .. повторно преглед со рака, и коментар од типот се створило капче.. прашав што значи тоа ми рекоа не е страшно тоа ќе се породиш... на фацата им се познаваше дека беа во паника.. 3 саати на бокс а бебе нема абер за спуштање... повторно ми ставиа уште 2- 3 инјекции и пак на кислород приклучена... снемав сили ни за зборење ни за напон.. побарав да ме породат со царски.. не сакаа ми рекоа дека сум отворена 9 прсти и дека за кратко ќе се породам.. се мачев уште пола саат со болки.. боксот го исправиа а јас врзана за нозете, буквално висев на бокс, задникот ми висеше а колениците ми дојдоа на раменици... болки необјасниви, кога Калчев со сета сила ме притисна врз стомакот а Зулбиери ја бутнал раката внатре и му ја фати главата на бебушот.. полека го повлече и во таа прилика малку ми го напукнал каналот од каде што изгубив мн крв... со два напони и со голем рез од ножиците на акушерката во 22:30 се роди мојот убавец.. почувствував олеснување.. ми го ставиа синот на гради, го гушнав силно и го бакнав.. потоа го ставиа карши мене да го гледам... дојде време за анесезија и за шиење.. ме сошиа и оставиа да лежам 2 часа на бокс.. потоа донесоа количка за да ме однесат во соба да си легнам.. таман кога да станам јас се онесвестив... не знам колку време се труделе да ме освестат.. повторно двајцата доктори и акушерката околу мене.. но имаа и помош од друга докторка... се освестив и шо да видам еден масира раце друг нозе трет ми мие лице четврт вика по мене .. сите испаничени ме гледаат и пак ме приклучиа на кислород и на инфузија, ме оставиа уште 2 часа да лежам така на бокс.. ем премрзната ем изнемоштена ем вкочанета се мачам да не заспиам од страв дека нема да се разбудам.. пред да ме однесат во соба во 3 часот по полноќ ми ставаат уште 2 инјекции во задникот и ме однесоа на 2 спрат зашто на одделение нема место.. ми помогнаа да легнам во кревет и ми рекоа да отспиам ... се трудев да заспиам но тешко.. некако сум заспала и некаде околу 7 часот доаѓа визита ... ми ставаат уште една инјекциа.. и ми рекоа да јадам нешто за да имам сила .. јас два дена во болница немав ни јадено ни пиено вода.. после донесоа јадење, каснав малку .. 2 дена лежев таму без бебето... потоа ме спуштиа на одделение и приквечер ми го донесоа синот... ми кажаа дека имал некоја инфекција и покачено црп.. родено е со апгар 7/8 .. ми рекоа дека тука треба да лежиме неколку дена бидејќи и тој и јас требаше да примаме терапија... за тие неколку дена јас за малку ќе фатев маститис бидејќи бебето не цицаше, беше навикнато на прихрана со шприц.. се измолзував, трпев јаки болки, сестрите доаѓаа проверуваа дал имам млеко, стискаа и тоа ептен болеше.. секоја различно ми кажуваше.. де имам млеко де немам млеко, де не можам да дојам зашо пупките се мали.. де можам да дојам сум имала пупки.. ахх маки големи.. се трудев да го научам да цица.. и конечно успеав.. ама дур го научам намали на килажа.. од 3450 дојде на 3230... тука лежевме 6 дена.. на 26 не пуштиа дома и сега се чуваме, растеме... иако викав дека ќе заборавам се но не се заборава.. тоа останува засекогаш врежано во меморијата.. но некако поттиснато настрана сепак бебуш ми е ок.. жив и здрав...
да ти е живо и здрав синчето тежок пораѓај си имала ама голем Господ се изпаднало добро на крај е ти ке си ги кркаш стравовите и болките и ке ти биде голема таума ама тоа е само да сте живи и здрави другото не се заборава ама ке обледнат секавањата и само како филм ке ти биде
Фала, фала да си жива и здрава... Баш така...потежок здравје.. лош филм би рекла... и би го поттиснала длабоко во сеќавањето... ама дур боли ранава од сечењето тешко дека ќе се поттисне сé... дури и после 22 дена од породувањето раната ептен ме боли, мислам дека имаат испуштено делче што не е сошиено.. а тоа е веќе друга приказна... конците сами си паднаа, нема веќе крварење но болката е тука поради тоа несошиено делче... на ова топлово од што се потам па ептен е јака но со туш си ја заблажувам болката... но да не се жалам синко мој ми дава сила...
Многу си се измачила мајка, да е жив и здрав малиот, голем да расте. И не, не се заборава како што велат, се' се памти од А до Ш. Барем јас секогаш ќе го памтам секој детал од мојот пораѓај. Ама нели мајкина љубов е немерлива, пак би поминала низ истото и денес. Гушкајте се и побрзо опоравување.
Па се надевам дека ќе помине... малку да ми помине да се средам за да можам да одам кај матичниот гинеколог да ме види, да види до кај е ситуацијата со раната а и со матката..
Фала да си жива и здрава... ма таква "среќа" сум имала за така да поминам... но да, вреди за сите пари... и кога ќе подразмислам повторно би поминала низ истото.. сепак овие ангелчиња се наше најголемо богатство...
@kikin Iskreno bev u sok ne znam kako se vika, znam samo deka bese slaba, plava doktorka mlada. Inaku me poragjaa Dragica i Pranvera, a Trajcevski nadgleduvase. Svesna bev koga mi go stavija katetarot, ama za gazite neznam koga gi stavija
@beba@meba i jas sum porodena na 19ti.. i kaj mene ima mal del koj uste ne e zarasnat. Megjutoa poso pokraj ova so se izdesava so gazata veke bev na ginekolog i mi kaza deka e se dobro sosieno. Ne se misli, toa deka si povise secena pobavno zarasnuva
Абе нормално е гази да ставаат додека шијат, ама не да забораваат. Сигурна си дека има газа? Како ја виде? Има конци да не почнале да ти паѓаат па да мислиш газа е...
@kikin Sigurna sum bidejki mi ja izvadija i veke go pominav procesot so vnatresno perenje, bev kaj ginekolog. Od cair ne dobiv nikakvo izvinuvanje, samo instrukcii kako da me iscistat ili ako sakam da idam kaj niv, ama nemav hrabrost da im stapnam tamu pa maticniot zavrsi rabota