И мојата породилна приказна не е за кажување, поминав многу лошо но за среќа со добар крај. Се заборава се.
јас веќе ви кажав, породена со форцепс (клешти)....мислам дека не треба да објаснувам нешто посебно нели? и тоа не беше толку страшно отколку компликациите со шиењето...отоци, хематоми и сл. кои до денес ги имам......затоа се плашам за вториот пораѓај! а болки имав неполни 6 часа...и тоа ептен издржливи....како за прворотка топ поминав! но, после 5 дена во болница, си дојдовме домче...со моето бебувче кое се роди 3.700 53 цм.....мојот МАрко..
и јас како тебе само што со епидурална се порагав а за после во соба д не зборам како што рече и сама ужас нема никој јас се карав со сите уместо да седат со тебе едно саат два за да видат дали добро го доиш детето и сите останати работи они им е гајле затоа кога ке влезеа кај мене у соба офкаа од мака а јас им викав и ја офкам од вас епа и вие од мене пошто бев 7 дена у гак сменив 4 цимерки сите се смееа со мене т.е алалда ти е како им викаш а што да се правам мутава и така едевај чекаа да си одам и на крај на свое барање си отидов пошто готово ке тепав таму се живо и така и ја со врски наредено не наредено тоа тие а една од цимерките само што ја донесоа и после 5 саата и се мочаше негде беше 2 по полноќ и јас сум заспала и слушам некој вика сесро сесро и се изнервирав станав абе 15 мин.викаше јас неможев да и помогнам голема беше ми беше страв да не паднеме и одам таму у собата кај сестите и таа игра кари а јас и викам ти ма слушаш или глува си ај станувај наженава и се моча треба да и се помогне а таа ми вика па сеа ли најде ај да ја довршам играва лелеле викам ти ма нормална ли си што збориш стануј пред мене лел како сум се изнервирала и сега дур пишувам се нервирам стана отидовме у соба и на крај иреков утре кај докторот одиш на рапорт за ова твое нестучно понашање и така и беше е давидите после леташе околу сите мајки и така на така позз
Na kratko i moeto iskustvo.Bidejki terminot mi bese nadminat nedela dena,maticniot me isprati na bolnica,da polezam,da me sledat.Tamu 3 dena,sekoj den ctg,vaginalen pregled,eho.Bolki nemav,otvorena edvaj 1 prst.Mi pravea amnioskopija,da ja proverat bojata na plodovata voda.Bese mlecna,se si bese ok.Utredenta mi uklucija provokacija od koja dobiv epten slabi bolki koi sto ctg gi registrirase a ja ne gi osekav.Posle 2 casa otkako ja ukl.provokacijata,koga stanav od krevetot osetiv kako mi potece nesto.Stanav i otidov da i kazam na doktorkata,taa veli kaci se na box da proverime kolku si otvorena.Koga brkna go dopuka vodenjakot,no vodata ne bese mlecna tuku zamatena,a ja otvorena 1 prst.Doktorkata veli rizicno e da cekame da se otvoram,moze da ima posledici bebeto i pravec iten carski rez.Vo 14,35h se rodi mojata princeza so spinalna anest. E posle otkako pomina dejst.na anest. Gospod go vidov 3 dena lezev zakovana za krevet,so bolki,primiu milion infuzii i injekcii.A za odnosot na personalot,horor,takva necovecnost i arogancija,ne daj boze nikomu.Taka bev prinudena,da potpisam i da si odam predvreme od tamu.Sega zakrepnuvame poleka i se guskame ro bucka
И јас не би ја кажувала мојата породилна приказна чисто онака зашто не поминав ок и сакам да заборавам али морам да кажам дека нема поубаво нешто од тоа кога ќе го видеш за прв пат тоа мало душиче кое што се створило цели 9 месеци во тебе кое дишело и се хранело од тебе чувството сум го слушала али не сум го осетила се до моментот кога ко видов, инаку се породив на 22.05.2013 во 17:50 часот во државна со царски рез... п.с сеуште неможам да поверувам дека ова невиното срценце што лежи до мене дека сум го носела цели 9 месеци
Нема да го заборавам моментот кога требаше да станам после 24ч за прв пат...Кјара ја немав видено одкако се породив само кога излезе и толку. И мене ме спремаат да станам болки не можам да се дигнам и во тој момент ми ја носат до мене... Добив сила како никој луѓеее не знаете кое чувство е која сила ја добив..плачев како мало дете кога се исправив а не смеев да ја пипнам дека со катетар Тој момент никогаш нема да го заборавам.Злато мамино
I jas so katetar, infuzija...mi ja nosat malata,odvaj se dignav da ja dopram,pomiluvam.Za doenje duri 3 den mi ja donesoa otkako mi zavrsi terapijata i gi trgnaa od mene site tie raboti.
Баш Форко, господ во тој момент ти дава сила, раната боли а ти стануваш само за да го наместиш убаво бебчето, па уште кога почна да плаче заборавив и на болка и на се, а најмногу жал ми беше кога го видов како беспомошно плаче кога беше на фототерапија за жолтицата , неможев да му помогнам а солзи сами ми течеа, тоа е тоа мајчинско чувство од кога сме дома мислам дека бебето се препороди не плачи толку како во болницата се гледа дека му годи, бидејќи од услугата таму сум страшно разочарана, премалку вработени а премногу бебиња
Мојат породилна приказна започна на 16ти Мај во 1 часот по полноќ... Само што заспав и по неколку минути осетив како ми се слеа топла водичка по нозете. Немав никакви болки, мм му се јави на мојот доктор, му кажа дека ми пукнал водењакот, полека се спремив, се истуширав, имав време да си направам и фризура и да си се нашминкам и средена појдовме во болница накај 3 часот. На сестрата што ни отвори така насмеано и кажав, јас... дојдов да се породам Се поднасмеа, ме праша која недела сум и им јави горе на одделение дека носи родилка во 39тата недела со пукнат водењак. Ме сместија во еднокреветна соба, мм беше со мене цело време, си пуштив телевизија, си четував на Фејсбук, уживанција. Ме приклучија на ЦТГ, контракции имав но не осеќав никакви болки. Така беше се до кај 8 часот утрото. Дојде мојот доктор, кој за сето време беше во контакт со докторите кои беа дежурни и ме пратеа, ме провери, бев отворена само 1 прст и рече дека е време да почнеме со провокации. Болките почнаа да доаѓат, на почетокот беа мали, издржливи, но како поминуваше времето стануваа се појаки и појаки. Отварањето одеше споро, со јаки болки кои беа на 2 минути бев се до кај 16 часот, ме прегледаа повторно, бев само 3 прста отворена. Ми ја зголемија дозата на провокациите, болките стануваа се појаки, беше време за епидуралната. Еххх, кој рече дека болки нема со неа, ги имав повторно, но не толку јаки, беа издржливи но уморот си го правеше своето. Устата страшно ми се сушеше, сестрата ми донесе водичка но несмеев да пијам, само да ја мокрам устата... Смената на мојот доктор беше завршена, но постојано се јавуваше да праша до каде сум, како напредува отварањето а тоа одеше споро, рече да ме прегледаат накај 17 часот, бев едвај 3-4 прсти отворена... Повторно ми ја зголемија дозата на провокациите за до кај 20 часот да супеам да се отворам некои 6 прсти. Ме пратеа постојано, болките стануваа повторно неиздржливи, бев со епидурал кој сам се контролира колку анестетик и кога ќе сакаш да пуштиш, можеби тоа ми беше грешката што го избрав тој начин, контракциите беа на околу 2 минути, не траеа долго но додека анестетикот почнеше да делува откако ќе го притиснев копчето за нова доза, контракцијата веќе поминала, практички, како и да немав епидурална, можда малку намалени болките, можеби и исти, кој знае, бев премногу уморна и само го чекав моментот кога ќе го гушнам моето сонце. Дојде накај 21 и 30 часот, почнаа се почесто да ме посетуваат доктори и сестри, се погледнуваа меѓу себе и нешто си шепотеа. Знаев дека е нешто сериозно, им ги читав лицата дека нешто не е во ред но не сакаа да ме плашат. Со мм се погледнавме, незнаевме што е работата, но нешто ми кажуваше дека не е така како што треба да биде. Времето одминуваше, болките се повеќе и повеќе ме изморуваа, во себе се молев Господ да ми го чува најмилото, само тоа ми беше битно во тој момент. Си повторував, Господе, ти кој си најголем, чувај ми го чедото, дозволи ми бар да го чујам да заплаче, да го видам, ништо друго не барам од тебе... Влета педијатарката во соба, го гледаше ЦТГ-то и нешто и кажуваше на сестрата, се што успеав да разберам беше дека бараше да го повикаат мојот доктор. Прашав што не е во ред, реков јас повеќе неможам да издржам, немам сила ни да зборувам, незнам како ќе успеам да се качам на бокс и да раѓам. Имав солзи во очите, така матно ја гледав. Рече и на бебето не му е веќе пријатно во стомакот, долго време си со пукнат водењак, помина 21 час, на цтг-то покажува тахикардии, твојот доктор доаѓа, ќе те прегледа колку си отворена и одиме или на бокс или во сала, бебето мора да се вади. Срцето за момент мислам престана да ми чука, плачев во себе но немав сила солза да пуштам, само се молев се да биде во ред со моето најмило... Го чув гласот на мојот доктор. Ми олесна, се почуствував посигурно, тука е, имав неизмерна доверба во него. Влезе кај мене и рече пиле, ајде да видиме што е со бебчето. Ме прегледа, бев едвај 6-7 прсти отворена, се сврте кон колегите и рече спремајте сала, ова бебче ќе го вадиме со царски. Ме спремија, ја донесоа количката, едвај успеав да се дигнам од креветот и да седнам во неа, помислата дека наскоро на свет ќе дојде моето најмило ми даде некоја сила, необјаснива сила. Се поздравив со мм, ме гледаше со очи полни со солзи како ме внесуваат во салата. Ме спремија, цел тим беше околу мене, постојано ми зборуваа дека наскоро ќе го слушнам плачот на моето чедо и ќе го гушнам. Го чекав тој момент. Минутите ми изгледаа како саати. Сонцето се беше вовлекло скоро под ребрата од десната страна, на десна страна и си го носев цела бременост, убаво му беше кај мама, не сакаше да излегува. По неколку минути слушнав плач, плач кој нема да го заборавам до крајот на животот. Беше 23 и 27 часот кога на свет дојде моето чедо. Го видов како го ставија на креветчето до мене, почнаа да го чистат, му ставија пеленка, го средија и ми го легнаа на гради. Солзи ми течеа од очите, немав сила да изустам ни збор, го гушнав а тоа ги отвори очињата и гледаше во мене. Престана да плаче. Како да ми кажуваше мама, се ќе биде во ред. Го зедоа и повторно го слушнав тој силен плач. Рекоа време е да го однесеме да го види тато. Го изнесоа од салата. Јас лежев, чекав да завршат со лепењето. Ги затворив очите, во себе му заблагодарував на Бога што ми го спаси најмилото, ми даде да го видам, друго ништо повеќе не ми беше битно. Ме фати дремка, не ми беше важно дали повторно ќе се разбудам, срцето ми беше исполнето, моето јуначе беше тешко 3260 грама и долго 49цм. Тој ден, 16ти Мај 2013 година, јас станав мајка, мајка на едно сонце со најубавите очиња на светот. Бескрајна благодарност до целиот тим на Ремедика а особено до мојот доктор Јован Ефремовски во кој имав бескрајна доверба од самиот почеток.
Cliona cestitki za beblakot golemi da rastete Me raznezni prikaznava,majkicka se macela za svoeto bebe...i sega koga i e vo racete nisto ne e bitno Guskajte se,najubavite momenti od zivotot ti zapocnaa pozz
Сега да ме праша некој, уште 100 пати низ истото ќе поминам. И после се, тој ден ми е во најубаво сеќавање, денот кога станав мајка
Клиона, да си ми блиску ќе те избацував жими мајка! Совршена приказна за мајчинство, совршена приказна за совршен почеток! Одвај чекам и јас да поминат деновите за да си го допрам чедото, толку чекано и посакувано!
Да ви раскажам за моето најубаво искуство. Послаби болки ми почнаа кон 16 часот. И набрзо потоа си почнаа посилни на пократок период. На основа на искуство од други мајки болките ги трпев дома се до 22 и 30 часот, кога почна д аме фаќа паника. Се спремив и тргнав на болница. На ЦТГ си кажуваше супер контракции, па оттука на вагинален преглед и одма на бокс. За неполни 40мин. со 2-3 напони го родив моето најубаво синче. На сите ви посакувам лесен пораѓај.
Пред да почнам со мојата породилна приказна сакам на сите идни мамички да им посакам да си поминат лесно како мене Се почна на 3-ти јуни кога јас бев во 37 нед.и 4 ден. Како и секоја трудница околу 5 часот станав до тоалет, кога што да видам-водењакот си го завршил своето. Го разбудив мм и полека почнав да се спремам. За чудо бев само збунета а паника нигде. Влегов си се истуширав, си се нашминкав, а мм со списокот во раце ме спакува, си се бацнавме и рековме-ПОЧНУВА, и...тргнавме. Ме прими дежурниот доктор, ме прегледа, но бидејќи имав серклаж не бев отворена, а не чувствував ни болки, иако на цтг покажуваше контракции. И како да сум плаирала, мојата докторка беше прва смена. Ме качија на одделение, ме сместија во соба каде што ги спремаат родилките, мм цело време со мене, сестри организирани...немам збор. Дојде и 8 саат, а со тоа и смената на мојата докторка. Ми го извади серклажот, ми ставија провокации и постепено почнаа болките. Одбрав епидурална, меѓутоа чекаа да се отворам околу 3 прста за да ми ја стават. Бидна и тоа, а болки никаде Доде и 18 часот каде почнав да чувствувам ширење на грлото на матката, напон и му викам на мм тоа е тоа. Стискај копче, вика некој се пораѓам. И оп...10 прста. Ме бакна докторката во мешето и вика одиме во сала. Ме легнаа на бокс, приклучија цтг, ми објаснија како да дишам и напнувам, и со нивна помош, за кратко време со неколку напнувања се роди моето злато, сонце на мама и тато...со апгар 9/10. Па се сликавме, па се радувавме, а по кратко време го пуштија и мм да влезе, па така фино лепо си се исплакавме, емоции на куп, момент кој никогаш нема да го заборавам-раѓањето на нашето прво дете, плод на нашата преголема љубов. Ах колку се романтични тие моменти. Иначе поминав без епизиотомија, истече инфузијата и по кратко време ме префрлија во соба, каде после пола саат станав без проблем. Сето ова искуство траеше 12 саати кои поминуваат за миг... Голема благодарност до тимот што ме пораѓаше во Ремедика
Најдов време и јас да ја раскажам мојата породилна приказна. Мислам дека ќе им биде од корист на идните мамички што имаат правено конизација пред бременост. На 22ри Мај во 4 сабајле ме фатија болки и јас за да не ги паничам по дома си чекав до 6 да се разбудат па да тргнеме. Ме испокара свекрва ми, но јас гледав да бидам што посмирена за да не се креваат паники. Од мене истече цела кофа, и вода и крв и нешто зеленко. Стигнавме во Чаир и сестрите одма ме наместија за пораѓај, се симна Др. Јегени да ме прегледа и виде дека не сум воопшто отворена. Мене ми текна да му кажам, да го потсетам дека имам правено конизација пред 4 години. Кога чу за конизацијата ме прегледа вагинално и виде друг проблем (што во моментот не ми го кажа мене туку само на свекрва ми и мм). Рече дека морам итно на царски, јас без паника се согласив затоа што едвај чекав да ја видам мојата најмила Ема. Ја извадиле од мене во 8и20 и бев 5 дена во Чаир, запознав супер мајки и многу бев среќна што моето сонце одма почна да цица. Е сега за конизацијата. Ја правев пред 4 години во Систина и таму успеале ласерски да ми го залепат грлото на матката со бешиката! Си гноело тоа и откако сум забременила настанал надворешен процес, па така јас на мојот царски пораѓај си имав и абдоменален хирург што ми ги спасуваше бешиката и матката од инфекција. Сум имала среќа што докторите го открија овој проблем и ме исчистија на време. За да биде се супер маж ми по мекиците со кумот и со брат ми си направи сообраќајка и заврши со повеќе конци од мене. Не ми кажуваа за сообраќајката за да не сум го изгубела млекото, но јас го осетив. И покрај се дома си го имам најпрекрасното нешто н свет мојата Ема . Ја сакам со цело битие!!! На сите ви посакувам ваква среќа