1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    4.593
    Пол:
    Женски
    Честитки синче:inlove:
    Какво е тоа црево што ти го ставиле се зачудив? Ти кажаа после за што било?
     
  2. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Фала, фала да си жива и здрава :inlove: ... тоа црево е слично на катетер.. само што е со 3 отвори... инаку тоа е индукација за да помогне да се отвори трудница уште неколку прсти.. мене ми помогна да се отворам 5 прсти но од тоа бебе се качи високо иако го носев цела бременост ниско...
     
    На Adeline му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Melek2018.

    Melek2018. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    1.355
    Пол:
    Женски
    Честитки до сите храбри мајки ви посакувам брзо закрепнување и најубави денови да си имате со бебињата све се заборава секој лош момент се заборава ама треба да се гордееме со себе какви душички сме донеле на овој свет.. ве гушкаме сите :inlove::hug:
     
    На Turna и Martka им се допаѓа ова.
  4. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Здраво еве ја и мојата приказна... 27 јуни четврток ме примија во болница за да пробаме со провокација да ме породат инаку до 02.07.19терминот заради намалувањето на плодова вода мислеа да не чекаме многу.... Ме примија ми уклучија инфузија и ни Б од болки наредната ден ме пуштија дома... Помина и цела недела после терминот одев секоја ден по два пати на ехо и цтг и на 10.07.19 ме примија повторно за да пробаме пак инаку 8дена поминат термин... Исто и тогаш немав болки никакви по некое време ми потече крв од носот и ја исклучија инфузијата ми рекоа одмарај до утре наспиј се.... Наредната ден помина визита ми уклучија пак а јас не бев ни прст отворена ама ми било мн омекнат грлото на матката па докторот да ми олесни при проверка ме отвори 4прста ме болеше ама мораше,, по некое време околу 10 почна да ми се врти и пак ја исклучија инфузијата и почна да ме фаќа паника како ке биде што ќе биде јадев малку и ми беше подобро во 12.30ја уклучија повторно и наеднаш ме фатија болки имаше една на бокс за пораѓај и не ме проверија на цтг жената се породи и ме викаат ја едвај стасав до бокс ме проверија ми вика докторот лее готово ке раѓаш немавме време за клизма.а и водењак от не ми беше пукнат и они не го пукнаа бидејќи немав вода. 14.00 принцезата стаса со само две напнувања не ме сецнаа ни ме пукна малата а беше доста голема се роди 4кг 55см....се на се супер си поминав:):l::l:
     
    На NNA, buba4e89, elcezelce и 33 други им се допаѓа ова.
  5. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Одлично си поминала за толку голем плод. Да е здраво и живо бебето и гушкајте се сега. Поздрав.
     
    На piksooki, Мецаа91 и Septemvri им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    95.698
    Пол:
    Женски
    Ехеее колку ситуации сме се начитале за оставени гази и по 1м, што не ти е верно? Сестра ми после 2 недели од пораѓај отиде гнојна ќеса колку јајце и извадија, со шиење и дебелото црево потфатено. Зошто не ви е верно еве не знам. Мајкава ја прочита ли како ја измалтретирале на ГАК, тоа е кланица, затоа и се плаќа на приватно.
     
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.435
    Пол:
    Женски
    Какво извинување јас кога отидов на внатрешно перење и преглед,кога и кажав на докторката дека ми заборавиле газа се изнасмеа ми рече поклон од Чаир а?Искрено мене воопшто не ми беше смешно.А извинување не ни очекував
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Фала и вториот пат поминав исто лесно ама тогаш малата беше помала 3150 и ме фати страв знаев сега дека ќе биде поголема од дадите... На сите им посакувам така лесно да си поминат многу големо значење има пораѓајот ако е убав и опоравувањето е полесно и физички и психички... Поздрав и од нас
     
    На Presrekna и Martka им се допаѓа ова.
  9. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Со трето се породи?
    Мене сега ми е трета бременост 8ми месец сум и умирам од страв хах
    И со првите две сум природно
     
    На Martka и Мецаа91 им се допаѓа ова.
  10. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    1.211
    Пол:
    Женски
    Дојде ред и јас да раскажам, иако уште сум истрауматизирана :rofl:
    Одам на редовна контрола цтг и ехо на клиника (40+4г.н) и на ехо докторот ми вика нема плодова вода ич кој те гледал тебе вака така(а иначе бев два дена пред тоа на контрола и се си беше супер), после тоа гледа и ми вика ти шо ти кажаа женско бебе дека носиш? И ја го глеам зачудено викам не, машко, да не го сменило полот случајно? (facepalm) и си продолжува со муабетот дека тоа ехо е најкатастрофалното у цела клиника бла бла, ми дадоа спаваќа вика ти остануваш. Ме праќа у родилна сала јас 1прст отворена и ни б од болка. Таму ми ставаат клизма, ми зимаат крв ау мислиш ќе раѓам за 5минути, ја изгубена не знам шо ми се дешава.. После некој 3-4саати уствари ми кажуваат немало место на патолошка затоа ме качиле у родилна, ме префрлија доле и таму лежев 3дена за без врска, следниот ден ме гледаа на ехо, ми викаат има плодова вода ама млечна е(уште не знам што значи тоа), и на крај третиот ден се одлучуваат да ме прават царски ама пред тоа морало да пробаат со идукции па ако не иде така царски. Ме однесоа у родилна пак да ми прават амниоскопија(после ова почнав да крварам), ме симнаа на патолошко Ми ставиа едно цревце и една вагиналета и лежев 4саати,почнаа болките, сум се отворила 4-5прста.ми го извадиа цревцето и си искочив ја со мм да се видиме, кога тоа болки на 2минути,идам кај докторот да му кажам ме прегледува и ајде пак у родилна, ме ставаат таму на цтг и сите тука околу мене(не беше баш добро цтг то). И тука почнуваат прво еден доктор ме прегледува вика 4-5прста,овој шо ме качи вика како кога ја со 6-7ја качив, доаѓа друга докторка вика комплет е отворена качете ја на бокс. 16:30 ме качуваат на бокс и ме вртат на страна, имаше уште мн прегледи со рака тука и пак сите различно кажуваа, и така почнав да добивам напони, случајно дојде еден доктор виде дека иам напони и ги викна останатите 5-6души :rofl:се местат сите, почнувам да напнувам, двајца ми рипаат врз стомак, еден влече, друг сече, со 3напони искочи буцкото мој во 18:40:hug:, ги снема сите болки, се додека не дојде докторката да ме шие, 20конци и уште ми вика ќути добро е што те сокрпев:rofl::rofl: и еве и после 9дена уште не можам од кревет да станам(facepalm) мислам дека породилните болки не ме болеа толку колку епизиотомијва.. Толку од мене, со лесно нека ви е на сите што треба да се породите :hug:
     
    На NNA, Dana31, Annath и 31 други им се допаѓа ова.
  11. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Да душо со трето се породив, не ми беше ич страв околу пораѓајот само ме плашеше тоа што до 38н беше карлично поставено бебето во 38се намести и така остана сум имала среќа сепак... Со лесно нека ти е
     
    На koritsaki, 24.07, Girl-Rabbit и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Прво честито.. Болки како болки поминуваат сеќавањето останува ама кога ќе ја погледнеш таа мила невина фаца што лежи до тебе се поминува, гушкај те се уживајте
     
  13. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Додека спие до мене бебе, го гледам и милина на душава ми е.

    Термин 29.05. Редовни прегледи и цтг на 2 дена во Чаир. На 2ри јуни се испоставува дека плодовата вода е доста намалена и мора да ме хоспитализираат, да сум под надзор. Не кажувам на никој дека сум в болница, освен на маж ми и сестра ми. Подолу хронолошки приказ на моето патешествие. Морам да напоменам дека сум крајно задоволна и бескрајно благодарна на персоналот во Чаир, отидов без врски, однос прекрасен, чисто, пречисто, големи професионалци и пред сè, луѓе со срце, од чистачки, преку сестри, до доктори, хирурзи, анестезиолози, педијатри.

    02.06. Хоспитализирање. ЦТГ уредно. Во собата кај што ме сместија, едната цимерка веќе замина на пораѓај. Донесоа друга.

    03.06 Нема болки, водењак не пука, цтг уредно. Докторите викаат ако до вечер не биде ништо, утре сабајле почнуваме со провокации. 2 цимерки заминаа на пораѓај, вкупно 3. Донесоа нови трудници.

    04.06. Не смеам да јадам. Клизма околу 9 ипол. Провокации од сабајле до 3. Ни јадена, ни спиена, ни пиена. Ефект 0. ЦТГ уредно. Цимерката што ја примија со мене замина на пораѓај. До вечерта уште 2 однесоа (една само што ја донесоа, и земаа историја и за пола саат ја однесоа у родилна). 5 до сега.

    05.06. Веќе почнува психа да ме фаќа. Визита вика пак провокации. Барам царски, психички паднав, ни б од болка. Пак клизма, пак провокации, пак ништо, пак 2 нови цимерки испратив на пораѓај, 7 до сега.

    06.06. Ноќта донесоа цимерка, ја однесоа на пораѓај. Клизма. Провокации. Психа ме мава, бебево нејќе да излегува. Уште 2 на пораѓај однесоа, 9 до сега.

    07.06. Молам доктори за царски. Не. Не молам, проколнувам, психички паднав, од провокации потеков, канели на сите можни вени. Пак клизма, пак провокации. Демек ако не изреагираш денеска, утре царски. Некако се смирив. 2 цимерки со закажан царски отидоа на пораѓај. 11 до сега, а јас? Околу 12 ипол дента почна хоророт. Почнаа да паѓаат тонови на бебе. Сестри, доктори трчаат околу мене, сврти се наваму, сврти се натаму, на грб, на страна. До 6 саат ме држеа цело време така. Прекинаа провокации. Ми ставија декстроза. После некое време уште една инфузија, не ни знам што беше. Бебе се стабилизира, мајка не. Ме пратија да јадам, бев отечена и изнемоштена после 3 дена провокации, 5 дена на патолошка и 11 жени испратени на пораѓај. Пак цтг, пак паѓаат тонови, пак доктори трчаат, сестри трчаат, јас отворена пола прст. Болки јок. Паника 3000. Во 18:30 рекоа ако пак паднат тонови, идеме на итен царски. 19:30, тонови драстично почнуваат да паѓаат, сестри у паника, доаѓа д-р Младен, вика носете ја у предродилна. Пак клизма. Доаѓа анестезиологот, ми објаснува нешто, јас вознемирена, нити ја слушам, ниту пак сум способна да ја исперцепирам. Прскаат вени, во исто време акушерката ме прашува за историја, докторот следи тонови, се спремаат за итен царски. Ми ставија катетер. Одам кон сала, а нозе ми се тресат, мислам дека ми се пресечени. Мисли само дали е бебето во ред. Во сала ме соблекоа, ме седнаа, ми ставија спинална и ме легнаа. Оттука натаму се сеќавам само на неколку сцени: кога влезе д-р Младен, кога ми го подадоа да си го видам бебулето, ми го допреа до образ и ми подадоа телефон со веќе свртен број од маж ми да му кажам дека е татко, плачам и се смеам во исто време. Наредна сцена ме префрлаат од операциона маса на болнички кревет и 22.30 се будам на интензивна. Куцаат, титкаат апарати околу мене, тивок разговор негде од десно. Дојде сестра. Јас се тресам, ладно ми е. Ми кажа бебе е супер, родено во 20.30, 3300 гр, 50 цм. Толку. Побарав течност и ако сакаат да ми го донесат телефонот.

    08.06. Некоја минута по полноќ. Се освестувам и почнувам пак да си ги чувствувам нозете. Малку по малку. Не ми е веќе ладно. Не ми е веќе страв. Не можам да спијам. Сакам да си го видам бебето. Се јавив дома. Пијани. Што од радост, што од алкохол. Се јавив на маж ми. Превозбуден, едвај 2 реченици сврзавме и двајцата. Цела ноќ ми беше како вечност. Дремни малку, па мисли си. Почнаа болки од раната. Некоја вришти на бокс. Нека и е со лесно. Околу 7 нè натераа сите (6 или 7 родилки бевме), да станеме до чешма и назад. Рана боли, крв тече, ама стискаш заби, оти со секој чекор повеќе, сè повеќе се јачиш и заздравува раната. 12.30 ме однесоа на одделение. Болки јаки, ама се трпат. Глас фатен. Уште отечена. Вени испрскани, модрици со големина на географска карта. Бледа. Неспиена. 18 часот, носат бебиња. Го носат и моето.

    Солзи. Возбуда. Среќа. Срце ќе ми препукне од радост. Можно ли е? Какво ли е совршено. Очи отворени, чиниш, сè гледа. Личи на мене. Очиња на тато. Љубов.

    Не забораваш. Не се заборава. Ама се радуваш дека имаш полни раце среќа и душа полна љубов.

    Останавме уште 5 дена. Компликации кај мене, бебе супер. Нејсе.

    Сега сме дома, само што цицаше и продолжи да спие. Очи ми се полни, срце ќе препукне од радост. Од ден на ден, сè поубаво ми е на душава кога ќе го погледнам и ќе си речам - вредеше.
     
    На NNA, Luminary, Annath и 49 други им се допаѓа ова.
  14. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.550
    Пол:
    Женски
    Душа бе, те измалтретирале непотребно, а ти пак со најубави зборови презадоволна од сите во Чаир :) Мислам дека не смееле да те остават толку да се мачиш и да ве доведуваат во ризик двајцата кога виделе дека не оди толку време со провокации. Нејсе, биднало, најважно е сега дека се завршило добро и дека беба е домче :l: Да даде Бог сите да си дочекаме.
     
    На Puffy2019, Presrekna, Turna и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    7.978
    Пол:
    Женски
    Додека ми е тазе и јас да ви раскажам.
    16.08 Околу 18ч.почна некое мало крварење, се јавив на лекар ЦТГ нема болка, отворена ич. Истиот ден од 19:30 бевме на роденден. Си се изнајадов и се прибравме околу 11:30.
    Во 12:10 пукна водењак
    Се враќаме во болница ЦТГ мирно, болки нема, отворена 2 прста
    Ме примија, ми ставија антибиотик и рекоа легни си вечерва нема ништо. Маж ми си отиде дома да поспие.
    На кај 2 почнаа болки, издржливи.
    На кај 4 др.вика 6 прсти, болки веќе
    Поголеми. Ме прашуваат дали да да го викаат мојот Др или да продолжам со тој што е на смена, но ми напомнуваат дека очекуваат многу брзо да биде породувањето, па да не доаѓа за џабе.
    Така и беше, на кај 5 болките беа многу големи, ми ставија некој анестетик кој малку ми ги ублажи, во 7 веќе памукчето ми беше во раце.
    После следеше шиење зашто сум испукала.
    Се на се завршив многу брзо. На сите ви посакувам лесен и брз пораѓај.
     
    На NNA, orhideea, MarigoldA и 27 други им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Јас додека имам време,а знам дека во наредните 5 години ќе немам :rofl: да си ја раскажам својата втора приказна:lol:
    Малку збунувачки ме фати така одеднаш си чекав термин,одам на контрола кај матичен како секогаш ми дава упат за на одделение да се договорам што како понатаму,малку имав страв сепак знаев што ме чека ама пуста нетрпеливост. Одам и на одделение преглед нормално и ме прашуваат каде сакаш да се породиш им викам Охрид најблиску ми е не можам подалеку. Ок си добив упат за Охрид ми вика сестрата приоритетен ти е одма оди прашувам зошто итен ми одговараат за побрзо да завршиш работа не се оди еден ден пред термин. Ок одам дома спремам документи го станувам синчето се спремаме дома обврските незавршени немав време реков ко ќе се вратам. Одам Охрид на одделение негде на пладне ме пречекува сестра и објаснувам таа зема упат гледа се јавува кај докторот вика имате итен пациент мене срце впетици што им е на луѓево. Иде доктор прашува болки и колку сум отворена му кажувам ништо такво немам . Ок ајде на ЦТГ гледа ЦТГ вика добро е остануваш јас се мавнав во глава. Како бе? Дојдов да се договориме околу поаѓај термин ми е за 6 дена да ми кажете кога и ќе дојдам. Нема таква процедура остануваш. Ок. Синко плаче јас срце ми се кине не знам што се дешава збунета скрос. Ок одам ме сместуваат лежам во кревет 1000 мисли докторот дојде пак вика ќе чекаме утре визита па ќе одлучиме. :sweat: другата ден вика на програм си утре (среда) после ручек,седам чекам после ручек да дојде кога идат порано и ми викаат ајде те земаме да те спремаме. Мислам дека тоа спремање беше најтрауматичното нешто во мојот живот. ЦТГ средување катетер боцкање се топтан јас од страв Господ го видов ајде додека се спреми тимот излегов беше маж ми и син ми тука се изгушкавме ме дорасплака. ;( влагам внатре спремна со кревет до сала. Да скршам еуфорија со позитивни мисли и со шалење со персоналот се ослободив. Анестезиологот вика ставаме венски лек и диши во тубусот. Дишнав 3 пати сетив дека ме фаќа им викам заминав јас се гледаме за пола саат. Се исклучив, на крај почнав да сеќавам најпрво раната како ми ја дошиваат ме мачкаат и се тоа пече. Следно беше анестезиологот кога рече ајде буди се. Раната корне пече не се издржува. Одам во шок соба. 2 дена таму едвај станав тегнат конци леле мајко. Млеко нула,со првото истата вечер ми дојде сега нема јас паника. На крај се се среди издржав. Докторот ми вика ти направив пластика како викам? Така првиот рез то беше катастрофа немав услови да ја извршам операцијата,ја отстранив лузната ја отстранив и вишокот кожа па тек после пораѓајот сега си како еднаш да си сечена. Чуден рез. Првиот ми беше без конци као демек ласерски,сега некое внатрешнп шиење со неколку конци. Сега после 5 дена конечно се спремам за дома
     
    На Annath, MarigoldA, Coco31 и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool уште еднаш честитки!! А зошто земаа одма царски да те прават? Имаше некоја индикација? И зошто со целосна анестезија?
     
  18. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Па пишува дека првото и е исто царски
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Ок е, знам дека првото ѝ е царски. Веќе со неа дискутиравме на тема природно породување после царски. И мене првото ми е царски па кај и да е имам зелено светло да пробам сега за природно.
    Или твојата теорија е еднаш царски - секогаш царски...
     
    На happygirl, fana и marchi-cool им се допаѓа ова.
  20. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Колку време после првиот царски имаш зелено светло за природен пораѓај?
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.