1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Тазе мамички Фала на одговорите.
    Бев на цтг бебе малку успано, ама го разбудија, инаку нема контракции.
    Рано било уште. Пишав во труднички муабети.
    Уживајте со бебињата,
     
    На Mamamami и Ana.Jones им се допаѓа ова.
  2. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.322
    Допаѓања:
    7.979
    Пол:
    Женски
    Малку каснам со одговорот, ама оправдано ми е сега :) последните два дена кај мене беше многу успано и неможевме да го раздвижиме. Може и случајност беше, но кај мене така..
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Ме расплака бее... Нека ти е живо и здраво. :inlove::l:
     
    На Ana.Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Таман си е одговорот мила. И мене денес на цтг ми ја будеја со мрдање, еве и попладнево слабо ја осеќам.
    Сега нешто се бранува и тегне, а др сто пати ми нагласи ако ја нема да одам на цтг. Па треба во болница да, се преселам. Нареден пат не им се враќам дома. Ова, е стресно и за мене од за бебе.
    Уживај со бебушот, се бараме во мајчински муабети, ајде отварајте терен таму
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana и Septemvri им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.707
    Допаѓања:
    72.605
    Пол:
    Женски
    Јас па мислев тоа гадење ми било од влечењето. Зашто ми напоменаа сега може ке ти се повраќа и канче дури имаа спремно :D И во тој момент бутнаа раце ја влечеа бебка, желудник ми избуткаа во грло :rofl: И мислев дека поради тоа ми се повраќало :lol:
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.595
    Пол:
    Женски
    Уште не ми се верува дека стигнав до тука, и јас да си ја раскажам мојата породилна прикаска. :wasntme:

    Петок, 16ти Август, 7 и 30 на утро сме веќе на клиника, во договор со гинекологот.
    40+2 ден, доктор сметаше дека нема потреба да се чека повеќе.
    Возбудена и преплашена, ама среќна што ќе гушкам бебе наскоро, цела ноќ око не склопив. :wasntme:

    Докторот имаше организирано се, мое беше само да се појавам и да следам инструкции на сестрите додека тој дојде.
    Ми земаа крв, ми дадоа клизма, и следно го чекаме докторот да почнеме со провокации.
    Дојде, почнавме. Како многу одговорен пациент правев се како што ќе бев советувана. Првата провокација со таблети не даде некаков резултат. Освен што неколку пати пулсот на бебето нагло падна и одвреме навреме прескокаше. Докторот ме прегледа вагинално и продолживме со наредна провокација во вид на инекција, венски. За кратко бев замолена да прејдам во друга соба и да ме проверат со друг цтг апарат. Ми велеа дека се е во ред, ама јас знаев дека нешто не е. Не можеа да го регистрираат срцето на бебето, па откако го регистрираа преминавме на следна провокација, инфузија со која додека течеше во мене, ја бев пратена да шетам низ одделот. Иако не се отворив повеќе од 3 прсти, конечно почнав да чувствувам контракции.
    Срцево да можеше да збори ќе препукнеше тој петок, иако никој ништо не ми кажуваше. По некое време пак на цтг, кога веќе срценцето не можеше воопшто да се регистрира, па не знам веќе ни во колку јога позиции ме вртеа за да го најдеме... на крај ми ја допреа инфузијата и ми пуштија серум наменет за бебето додека подготвуваа сала за итен царски.

    Јас во агонија почнав да липам лежејќи немоќна да направам ништо што може да помогне... гледав како светов ми се распаѓа пред очи. Маж избезумен.. ме држеше за рака цело време, а и самиот не знаеше кај тера..
    Гледам горе во плафонските светла како од 4 кругови стануваат 40, а во собата карши сите растрчани спремаат се што треба за царски.
    Бебе реагира конечно добро на серумот.
    Докторот приметува на цтг дека ја веќе имам силни контракции и ми вели дека кога серумот ќе дотече, матката ќе се опушти и ќе престане да боли. Мене ништо не ми е веќе важно само бебе да е живо.

    Ме преместија во сала. Претходно со маж се изљубивме пред врата без збор да си кажеме како да е последно...

    Анестезиологот, беше дотичен чичко Самир од Јордан, кој по некоја случајност знаеше на македонски да каже “како си и добро” па цело време пробуваше да ме опушти држејќи ме за рака и објаснувајќи ми што се се дешава зад зелениот чаршав.
    Сите 10тина души што беа во салата беа многу прекрасни, видоа колку сум вознемирена и сите ми даваа неизмерна поддршка, ме галеа и ми зборуваа цело време.

    Имам документирани слики од целата процедура за време на царскиот, ама сеуште не сум спремна да си го видам резот отворен. Го спуштија зелениот чаршав последните секунди пред да го извадат бебето и тоа е се што видов. Видов како ја вадат од мене целата испреплетена во папочната врвца што било и причина лошо да ги поднесе провокациите.

    Жива е и вреска колку што ја држи глас!!! За мене доволно да оживеам истиот момент. (иако од тој момент и двете не престанавме да плачеме сеуште :) )
    Во тој момент се за што се грижев претходно, дали стомакот ќе ми остане, или ќе ми се појават стрии, или за глупавиот кафен исцедок, болките и мачнините.. се тоа стана толку мало и безначајно во споредба со неа, која е цел еден посебен универзум.
    Таа е толку мала, а толку голема љубов. Едноставно не постои збор да опише колку многу ја сакам.
    И додека ми спие во еднава рака, а маж до нас, не постои поголема среќа на светот што ги имам нив двајца во животот.

    Многу детали прескокнав, па може ќе делува збунувачки, ама раскажав највеќе ради себе. Да си документирам на еден начин, дека за неа, повторно би поминала низ истото и многу повеќе.
     
    На NNA, piksooki, Vikk22 и 100 други им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Ме расплака, не можам да ти опишам какви емоции и спомени ми разбуди. Да сте живи и здрави, среќа на крај добро завршило се. Еден ден ќе и раскажеш, ќе дознае каква мајка борец има. Среќна е што има мајка каква што си ти. Бакнежи за двете :l:
     
    На crazylady, Larahappy, Bozica1980 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    118.155
    Пол:
    Женски
    Ме изнаплака, се наежив додека те читав, херои наши сте и ти и ќеркичка:l: :l: да сте здрави и живи, се' помина, сега уживајте во заедничките убави моменти:hug:
     
    На Larahappy, Tajnaotrovna, Milobebence и 9 други им се допаѓа ова.
  9. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    3.672
    Пол:
    Женски
    Ме наежи, се изнаплакав, што неретко се случува читајќи ја темава. :inlove:

    Сеуште не сум во брак, ниту сум родител, но сум редовен посетител на темава и нетрпеливо ги чекам вашите приказни. :D Плачам и се радувам со вас. Честитки и браво за сите храбри мамички, душата ми се стопува кога ве читам. :hug:
     
    На Larahappy, Ivan4e04, mari_sa и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Поштено се изнаплакав и за тебе мила што си преживеала, и за твојата хероина која е твој универзум, и за мене што сум мајка и знам што и како боли и за она непознатото што е пред мене додека не си ја гушнам мојата втора среќа мојата палчица-слончица.
    Сега се помина, се се заборава само љубовта останува која ќе се зголемува со времето и ќе те чуди кај била до сега скриена.
    Изгушкај ја бебушка и уживај.
     
    На Larahappy, koritsaki, Milobebence и 4 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.715
    Пол:
    Женски
    Да е жива и здрава! На одмор се мислев и си викам, те ене го дека е Крф, од карши (во Ксамил бевме) ако се породи Јовче наше ќе тркнеме со еднодневните тури на по едно узо :inlove: Ве гушкам неизмерно и двете и нетрпелива сум да го кажеш името на лепотицата, ако сакаш нормално, море и слико во темата за бебуши чекам :inlove::l::*
     
    На Larahappy, Milobebence, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    :l::l::l::l::l: ме расплака :hug::l::l::l:
     
    На koritsaki, Sexybaby86, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.322
    Допаѓања:
    7.979
    Пол:
    Женски
    Ние сме многу храбри суштества, затоа Господ ни овозможил да можеме нови животи да донесеме. Бидете живи и здрави, се најубаво.
    И јас во мојата приказна напишав дека е филмска и лесна, не сакав да кажам еден детал н крајот кој беше опасно изненадување за сите. Но го кажувам не да ве плашам, туку да ве охрабрам дека Господ за се им решение. Моето бебе се роди спонтано со ппчаник околу вратот што и не е толку невообичаено, но после него следуваше еден голем чвор во должина кој спречувал бебето н крајот да се храни нормално, а на ехо не се гледаше. Во цела ситуација среќен околност беше што мајка природа направила ппчаникот да се има должина дупло подолга од нормалната, за да моето бебе остане живо и здраво. Мајки верувајте во Господ, се ке биде во ред со божја помош и вашата храброст.
     
    На Puffy2019, Ann.loves.you, Girl-Rabbit и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    И мене не ми се верува дека до тука стигнав.
    Ајде малку оптимизам тука.
    Денес 38+6. Станав утрово, (поточно не ни легнав) како и секој ден со 0 симптоми за раѓање.
    По дома се средив, но ме јадеше црвец оти 3 дена бебето ми беше смирено. Поретко и помлитаво го осеќав. Инстинктот не ме излажал до сега, па и се јавив на др. во плодност и ми рече во 14-15:00 кај мене. Се средив и дојдовме. Ехо во ред, само папочната врвца правеше како прекини, ништо страшно.
    Ми стави провокација вагинално, и ме примија, прочистија, крв, шеќер мерија. Отворена 3 см. Болки на цтг до 80-90 но издржливи. Со мм во соба седевме.Во 17:00 ми го прснаа водењакот. Почнаа болки на пократки интервали над 100. Сеуште издржливи. Ме прашаа за епидурал, не сакав. Веќе на бокс во породилна. Кај 17:30 ме проверува др 8-9 см отворена. Вели ти брзо ќе раѓаш.
    Почнаа посилни болки, диши издиши, во 18:00 прв напон, па втор и во 18:15 со третиот излезе палчица моја. Права палчица. Една педа. Но радост невидена. Срцето ми се наполни.
    И др вели арно што индуциравме, веќе сум имала крвава постелка. Важно помина.
    Ни сечена ни пукната. Ме исчистија, 2 саати на бокс, сега сум во соба. До сега се доевме и љубевме и сега Мама да одмара.
    На сите ви посакувам ваква лесна бременост и уште полесен пораѓај.
     
    На NNA, Luminary, Puffy2019 и 72 други им се допаѓа ова.
  15. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    честито нека е жива и здрава :inlove::inlove::inlove:
     
    На Martka и Presrekna им се допаѓа ова.
  16. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    1.211
    Пол:
    Женски
    Колку убаво што не си шиенаа, мислам и јас да не бев шиена немаше ни да ми текнува дека сум раѓала :rofl:
    Жива и здрава нека е палчица, па да си расне со мама и тато, и само радост да ви носи:hug:
     
    На Ladyyyy567*, Kitten, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Turna

    Turna Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    @Presrekna нека е здрава и жива:inlove:
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Честитки мила,да сте живи и здрави,многу радосни моменти:inlove:
    @Presrekna исто ви посакувам и вам..уживајте во заедничките моменти,да сте здрави и живи:hug:
     
    На Martka и Yowannty им се допаѓа ова.
  19. maja1511

    maja1511 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Додека моето сонце спие да си ја кажам како си поминавме:DНа 22,08 сабајлето уште во 3 болки ама си викам не е страшно зашто и претходните денови ги имав...пробав да заспијам ама со паузи:Dво 5 станав за во тоалет и го видов чепот живи радости..почнав да ги мерам контракциите кога гледам на 10 мин.Муж испаничен вика ајде одиме во гак ..јас се туширав се спремив и во 7 отидовме ..др вика 4 прсти отворена и ме прати на патолошка демек рано било...ја му викам трета бременост прати ме горе до 12 ќе се породам да не правиме папирологија за џабе тој се инати...ајде отидов на патолошка за саат време доаѓа др да ме прегледа-6 прсти ....ајде горе во предродилна сала веќе 9 саат болките сеуште издржливи таму цело време шетав освен цтг кога правеа...накај 11 почнаа поилни болки сестрите ма однесоа на бокс ама не сакав да се качам дури не почнав да осеќам напони туку шетав околу боксот и во 11 и 35 се роди мојата љубов 3770...сега сме дома и се галиме поздрав до сите
     
    На NNA, Puffy2019, Mari* и 42 други им се допаѓа ова.
  20. Imparkt

    Imparkt Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2017
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    После 6 месеци да ви ја раскажам и јас мојата приказна
    Недела 10ти фебруари цел ден не осетив речеси никакви болки па со маж ми околу 18ч излеговме да прошетаме малку само што излгов од кола почна некоја чудна болка во половината па во стомакот пиевме кафе во град а јас седам и осекам болките се почести и почести почнав да гледам на саат скоро на 10 мин од таму отидовме во wakiki мм разгледува па и пробува во гардероба а јас едвај стојам и му викам ајде си одиме имам болки се збуни човекот одма се заборави, брзо дома се пресобчеков торбата за во болница и одиме одма цтг а тоа мирно а јас јаки болки ништо ми вика докторот оди си дома нема да рагаш чекај појаки и почести болки па дојди ако имаш појаки болки, и така се вратив дома и цела нок со болки на 10 мин око не можев да склопам, утредента околу 8ч пак отидов ме прегледува докторкатата ми вика 5 прста си отворене ке те примиме ке се породиш денес и така ме качија горе се спремив и провокации ми ставија ме малтретираа цел ден качи се на боксот небива јас отворена 10 прста давај напон не бива и така цел ден од сабајле до вечер до 22ч кога почнаа да губат тонови од бебето и брзо ме подготвија за царски цел ден не виделе докторите дека бебето е големо и дека ке биде многу тешко да се породам природно, и така во 23:15 го слушнав најубавото детско гласче на цел свет го гледам и незнам дали е моето бебе или мм се смалил копија татина се роди син ми 4 600кг.
     
    На NNA, Puffy2019, Mari* и 39 други им се допаѓа ова.