Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. The Unicorn

    The Unicorn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    363
    Пол:
    Женски
    36 недела. Цтг покажува слаби контракции. Јас осеќам само здрвување на стомак. 1.5 цм отворена.
    37 недела. Контракциите на цтг поголеми од минатиот пат. Јас осеќам здрвување на стомак и слаби болки во кичма. Докторка закажува цтг за 3 дена. 2 цм отворена.
    38 недела. Цтг стандард си покажува контракции до 50-60. Јас со слаби менструални болки и болки во кичма. Докторка закажува цтг пак за 3 дена. Уште 2 цм отворена.
    После два дена. Отварам очи и уште не станата осеќам топол млаз меѓу нозе. Станувам. Тече проѕирно-розеникава вода како од чешма. Знам дека тоа е тоа. Болките стандард од претходните денови ништо ново. Будам маж. Му викам да се спрема а јас влагам да се туширам. Излегувам од туш. Дома пекол јас се тресам од студ. Возбуда ќе да беше. Цела бременост храбра ама сега ме фаќа некој страв. Стојам во бањарка се тресам маж ме гушка и ми вика се ке биде во ред. Водењак тече како чешма. Се облекувам. Ставам пешкир меѓу нозе. Влагаме во кола. Знам дека одам да родам.
    Пред болница паркинг фул. Маж остава клучеви на чувар да паркира. Влагаме во болница. Пешкир ми виси под фустан меѓу нозе веќе утоп направен. Се срамам што ме гледаат. Ме ставаат на цтг, правам лом и таму . Докторка ме прима. 4 цм отворена. Ме праќа да ме спремаат. Водењак прави лом сегде. Ме сместуваат. Нема слободни соби. Добивам огромен апартман со посебна дневна. Прв пат нешто да ми се посреќи и мене. Добивам клизма, се туширам и ме качуваат во предродилна. Ми ставаат провокации. Во меѓувреме доаѓа анестезиолог ми зима историја. Ми вика кога сакаш може да ставиме епидурал. Болките уште издржливи па викам покасно. Провокацијата почнува да делува брзо. Болките стануваат се поголеми. Ме проверува акушерка. Уште 4 цм отворена. Си викам ако болките се волкави на 4 цм какви се на 10 :О. Викам анестезиолог да ставиме епидурал. Пробувам да не мрднам ама тело некако само ми се тресе. Ме боцка конечно. Многу брзо цела десна страна ми се олабавува од болка. Од лево уште осеќам се. Од старт знаев дека нешто не е ок со епидуралот. Викам анестезиолог. Објаснувам . Ми вика ќе ја појачаме. Џабе. Само поише отрнува десната страна. Од лево никаква промена. Доаѓа докторка ме проверува. Уште 4 цм отворена како што дојдов. Ни милиметар повеќе. Бебе високо горе. Болките ги осеќам фул во цела лева страна. Веќе стануваат многу болни. Доаѓа анестезиолог да ми објасни дека во случај пораѓајот да се заврши царски епидуралот неможе да се искористи. Општа или спинал. Чекаме... Боли упм. Ја пцујам анестезиологот у себе дека не ми го ставила епидуралот добро. Веќе немам здив од болки. Доаѓа докторка. Ме проверува. Уште само 4 цм отворена како што дојдов. Им вика спремајте ја за царски, карлицата и е тесна, бебе се бута нагоре, прогрес нема, нема да ги измачувам. Доаѓа анестезиолог да ме праша дали сакам спинал или општа. Бирам спинал. Ме носат во сала. Уште една боцка во кичма. Овој пат друг анестезиолог. Им викам чекајте да делува. Од петни жили пробувам да кренам нога за да им докажам дека спиналот не фатил. Ми се смеат. Бев скроз будна и свесна цела операција. На анестезиологот и кажав дека била страшна, на болничарот дека е срце човек, а на двете докторки што ме оперираа им кажував што сум прочитала за нив на форум. Осетив силно влечење, тегнење, снемав здив. Излезе бебе. Замотано со папочна два пати околу врат и остатокот околу тело. Докторката вика огромна папочна врвка. Фала и до небо што направи добра проценка. Ова бебе никогаш немаше да излезе природно. Ми го ставија бебе до лице да го бубнам и го однесоа. Толку од мојата приказна. Затоа што се понатаму е небитно кога имаш до тебе еден цел нов свет!
     
    На Puffy2019, Mari*, Melinda85 и 60 други им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    2.148
    Каде се породуваше и кај кој доктор?
     
  3. marchi-cool

    marchi-cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    7.140
    Пол:
    Женски
    ја имаш најголемата среќа што не ни почнал процесот на природно пораѓање. Мајка ми со сестра ми се породи со итен царски бидејќи папочната врвца била замотана околу врат. И дури и рекоа да не се движи додека спремат се. Тргне врвната ќе се напрајло проблем.
    Мајки сме секој пораѓај ќе го издржиме битно бебчо да е здраво живо.
    Честитки! :party:
     
    На The Unicorn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Мариаа.

    Мариаа. Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Женски
    Сабота. 17.08.
    Одам на цтг,контракции 0,отворена 5цм,мојот доктор вика иди дома,одмори,среди се утре сабајле те чекам да те примиме,еден ден на патолошка и во понеделник одиме со провокации.
    Дојде недела 18.08 ме примаат,и тој ден испратив 5 цимерки на пораѓај. Свашта видов и паники уште поголеми :)
    Не ни заспав цела вечер.
    Понеделник 19.08. 7.00
    Доаѓа сестра става клизма,после тоа почнува да тече провокација.
    Течеше 3 саати јас многу слаби болки имам,а цтг иде до 100 цело време. Доаѓа докторот ме проверува 7цм отворена,ми пука водењак и вика носете ја во родилна одма. Таму цтг и уште саат време малце појаки болки ,со 8цм ме качија на бокс.
    За неколку минути стигнав до 10цм и само си го слушам докторов ми вика "Марија сега буткаш силно и за кратко ќе се запознаете" :) јас од возбуда или од што не очекував толку брзо да биде незнаев како да реагирам. Реално само 4,5 саати течеше провокацијата,а не беа некои неподносливи болки.
    Дојдоа сите,почнав да буткам ,сите викаат ајде браво,супер си уште малце и оп се губам. Наеднаш снемувам сила и неможам ни глас да пуштам нити напон да дадам. И само слушам некој вика итен царски,бебе се качи горе,му се губат тонови. И го слушам тоа,ме фаќа страв а многу слаба и безпомошна се осеќам. И само докторот со кој ги поминав сите прегледи и цтг-ња во 9ти месец,и на кој сум му благодарна засекогаш во тој момент ми одржа еден мотивационен муабет од минута време и ме врати во живот. Вика после ова се што издржа вака брзо и храбро ,не те правам царски па што сака нека е.И така во тој момент ,ми дојде некоја сила 3 напони,златен лакт на доктор ме притисна и конечно осетив олеснување :) Прашав само зошто не плаче,добив една насмевка и за секунда следуваше најубавиот плач и љубов на прв поглед.
    Се после тоа заборавив :)
     
    Последна измена: 8 септември 2019
    На Frosty!, Puffy2019, Yowannty и 52 други им се допаѓа ова.
  5. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    997
    Срцки како ви е искуството со трето дете? Дали навистина се раѓаат побрзо од претходните?
    Ваше искуство или на некоја ваша познаничка е добредојдени
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    12.428
    Допаѓања:
    63.684
    Пол:
    Женски
    Дојде ред и за мојата породилна приказна :)

    16 септември - прв преглед на цервикс и ЦТГ - покажува контракции на определено време , а јас не ги чувствувам. Отворена 2 прсти. Докторот ми вика денес или утре ќе се породиш. Ние со мм шокирани зошто бев 35+6 , а до 15 октомври имаше уште месец. Ме праќа истиот ден поручек повторно на ЦТГ. Одам и повторно контракции , отворена 3 прста, но докторот не ме задржи во клиниката ми рече оди си дома и дојди утредента на 17.09 во 9 часот сабајле..
    Ние со мм неспремни , нешто пикнато во торбицата , му ја однесовме вечерта и дома дојдов и досредував уште други работи за во клиниката.

    17 септември - повторно преглед на ЦТГ. Контракции јаки , толку јаки што јас осеќав здрвување на стомакот , но не болки , дојде докторот ме прегледа и бев отворена 5 прсти. Ми приклучија систем за епидурална , ме поврзаа и со инфузија и ми рекоа да се движам со инфузијата. Беше 12 часот кога тоа го направија. Шетај , шетај низ ходникот со мм , и на 15 минути ме викаше акушрката да ми прави ЦТГ. Дојде повторно докторот некаде 17 часот. Бев 6 прста отворена , пак ајде да шетам. Ми ставија прва мала доза епидурална. Шетајќи ме прашуваа болки дали имам , ни б од болки. 18и30 ме прегледа докторот - 7 прста отворена , чувствував некои болки ама не тие што треба да бидат. Докторот ми вика легни - ќе ти го пукнеме водењакот. И така истече цела вода лежејќи во кревет. Ме станаа пак на шетање , па потоа видоа дека беба не се спушта па ајде некои вежби со клекнување доле плус давање напон како за во вц кога идеш по голема нужда. :lol:
    19и30 - отворена 9 прсти , болка одвреме навреме некоја остра од лева страна и позади грбот , но не да се виткам од болки и сл , тогаш ми ставија цела доза епидурална и тука ми рекоа да давам напони. Мене ми доаѓаше болката и тогаш се напнував силно и по три напони дојде на свет Викторија :inlove: во 19и55 се породив 36 недела точно - 3120 гр тешко и 50 цм долго. Доле распукав и ме шиеше докторот. Не ми беше непријатно благодарение на епидуралната ама потоа кога помина дејството почна да ме пече ненормално. Поминав многу лесно , акушерките се смееја дека сум можела и дома да се породам :D

    Мм беше до мене цел ден , и беше исплашен , препотен , повеќе од мене , јас цело време се обидував да се смејам и покрај тоа што ми беше многу страв. :D
     
    На TravellerS, Abeja, 24.07 и 60 други им се допаѓа ова.
  7. Poklonce

    Poklonce Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе, да се надеваме дека сите ке си поминеме вака лесно.
     
    На koritsaki, Bjanka82, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  8. MarijaAl

    MarijaAl Нов член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Немам многу за кажување, се породив со закажан царски.
    Посреќна во животот не сум била.
    Веке втората недела се вратив во нормала.
     
    На 24.07, Lolipop23, Anomis11 и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Nina1985

    Nina1985 Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    209
    Daj boze i jas da pisuvam vaka kako tebe,i mojot carski e zakazan ama frka mi e vo glava nevidena ...
     
    На Ms allways right му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MarijaAl

    MarijaAl Нов член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Нема потреба мила, за секого неговата приказна е најубава колку и да е кратка или долга.
    Со убави мисли, ќе имаш прекрасен пораѓај. Ќе се чуствуваш горда на самата себе, дека на овој свет донесе нов живот.
    Ти си победник запомни и све е полесно.
     
    На candy.cane, kockichka и Larahappy им се допаѓа ова.
  11. hristin4e

    hristin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да пишам нешто ... 02.09 термин одам на болница спремна денес треба да родам , доктор ми вика оди дома рано ти е се во ред воопшто не отворена дојди за 3 дена по можност имај болки . Јас се смеам и да имам нема да сетам отпорна на болка сум . По 3 дена пак исто цтг нормално цело време исто без болки јас се смеам мажот ми вика 10 месеци бебе носиш . 8.09 пак цтг пак ме врака дома и ме вика добро ти до нова годна да не сакаш да го носиш абер немаш ни од болки ни отворена ни пак бебе спуштено долу на 11ти пак да дојдиш за цтг . 11.09 јас прв пат наспана оти цело време ме врака си викам и денес ке ме врати одам на цтг прво ни болки ништо и си викам аа си одам дома пак.. Иди докторо ми вика Христинче ајде облеквај спавача одиме на царски јас онемев ,а дома не си одам му викам тој се смеј јас си плачам оти не бев спремна за тој ден.. нмв цел ден поминав во предродилна цтг инфузии си гледав тв опуштено си викам супер ми е мажот ми входник дреми и си плачи :D 17: 20ч ми ставаат катетар ме носат во операциона јас се плашам само од анестезијата ми ја ставаат и ми се здрвуваат нозете лежам тие си сечат си работат си прат мајтапи јас се смеам супер се 17 :50 дојде на свет Андреа јас кефој нооо сега веке сакам одма да станам пребледев нозете не ги осекам докторот ми вика лежи сега ке почниш да ги осекаш уживај . Се поминав супер се дп моментот кога требаше да ме префрлат во соба од интензивна тука веке кошмар јас едвај стојам сестрата ми вика не глуми станвај ајде а јас гола цела нок не облечена како што излегов од операција ме носат во соба со се катетар и ми викаат ако ти се наполни стани истури си го јас си плачам неможам да станам одма боли многу .. цимерката всоба ме теши стани шо побрзо оти утре ке ти го донесат бебуш нема да ти поможат ич . Јас си викам леле ако не станам ништо не прам во истата вечер станав 5 пати др ден се осекам мн подобро станвам малку полесно бебушка со мене веке 3 ден станвав со се помалку болки а еве по 10 дена веке немам никаква болка ... резот воопшто не се познава и сум презадоволна од докторот Михајло во битолската болница ... тоа со сестрите и др докторки е ужасно искуство би имала уште 5 деца со царски само не би сакала да го имам искуството со сестрите таму.. на сите мами со лесно било царски или природно .. :hug::makeup:
     
    На 24.07, Puffy2019, Mari* и 27 други им се допаѓа ова.
  12. SexyGirl2

    SexyGirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2017
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Терминот ми одмина и секој ден веќе ми беше како вечност... Се нервирав зашто немам никакви знаци за раѓање. Терминот ми беше на 29 Август, јас се подготвував уште почетокот на Август и си очекував во секој момент. После терминот правевме ЦТГ секој ден, болки нема. Навечер пешачење по 3-4 км, лажни контракции. На 04.09 ме испратија на ЦТГ во болницата кај што треба да се пораѓам. И таму мирно ЦТГ, бебе си мрда. Отворена ич. Ми кажаа да отидам на контрола за 2 дена. Беше 06.09 одам на контрола 8 дена после термин. Други доктори на смена. Кога ме прегледаа ми викаат па требало до сега да дојдеш да те задржат...па јас бев пред два дена ама тогаш другата докторка не кажа да ме задржат. Не отворена повторно, болки нема. Плодова вода поднамалена и почнаа да разговараат за царски. Ми кажаа да останам дека ќе ми дадат пижама. Јас испаничена, плачам. Мажето ми ги донесе торбите од кола и ме теши. Да не се плашам дека ќе ми стават анестезија дека нема ништо да осетам и наскоро ќе се гушкаме со бебушка моја. Ме примија и ми кажаа да почекам дека пред мене има друг царски. Докторката ми кажа дека планираат да ме породат царски бидејќи не сум отворена и не е сигурно и со провокација дали ќе бидне отварање. Чекав околу 2 часа. Расплакана и исплашена. Ме однесоа во предпородилна, ми земаа крв и ми измерија притисок. Потоа во соба ми ставија камила во рака и ми пуштија инфузија. Me однесоа во операциона сала. Таму ми ставија катетер и потоа ми кажаа да се опуштам ќе ми стават спинална анестезија. Таму ладно, јас се тресам како лист, што од ладно, што од страв. Ми ја ставија анестезијата и нозете почнаа да ми се утоплуваат и да не ги осеќам. Се стопли од анестезијата и се смирив. Ми ставија кислород , над мене гледам само сијалици. Почнаа...не осеќав никаква болка само дека некој ми чепка по телото, осетив како ми тегнат нешто, па ми буткаат. Само го чекав моментот смирена да слушнам плач. Во еден момент изгледа ја пукнаа постелката и слушнав како млаз вода истече како фонтана. И кашлање од бебчето. Се засркна душичето од водата и одма почна да плаче. Тој момент не се опишува, плачам и јас од среќа! Анестезиологот ме гали по коса ми вика ајде не плачи, ја слушам докторката вика убаво бебе. Ја однесоа да ја средат и ми ја носат плачејќи. Само што ми ја доближија до лице се смири секундарно и престана да плаче. Ја бакнав, најмекото лиценце што постои. И ја однесоа. 3500гр, 48 цм. Потоа чекав да ме средат мене. Мислам откако ја извадија имаше уште многу работа околу мене. Само прашував уште колку има. Ме завршија. Ме вадат од операциона за да ме носат во шок соба. Само што ме извадија мажето мое тече и ме гушка му викам оди види го бебето. Ме гушка мене и отиде да ја види и ми кажа дека вечер кога ќе ме симнат во соба ќе ме чека да ме види. Ме однесоа во шок. Се тресев 2 саати како лист. Ме покрија и со ќебе. Се утоплив па ми стана жешко. Таму досадно само двајца дедовци и девојката со царски што ја правеа пред мене, но не разбирала баш македонски. Нема со кој ни муабет, ни телефон ни саат. Ме качија во 15 часот и ми кажаа ќе ме симнат во 21 вечерта. Лежам и цело време мислам на мојата душа, на моите блиски, дали веќе знаат дека се роди мојата среќа. Времето не минува. Гледам низ прозор... Цела вечност...Конечно дојде време да ме симнат. Ме симнаа и доле пред да ме внесат во соба гледам низ прозор мојот сакан, моите родители и свекрва. Ме облека емоции не можам да се воздржам. Ги пуштија еден по еден ми честитаа и ме однесоа во соба. Во 23ч ми ја донесоа беба да ја изгушкам. Неизмерна среќа! Утредента ме дигнаа на нозе и ми го извадија катетерот. Пораѓајот не го осетив, но после тоа беше мачно. Болки во раната, силни главоболки од анестезијата и многу инекции. Не пуштија за 1 недела. Си отидов цела помодерна од инекциите, стомакот полека ми се собра има уште малку. Се вредеше за мојата среќичка. Оваа љубов не се опишува со зборови. Но кога ќе помислам пак да минувам низ сето тоа сега за сега не би баш хаха.
     
    На 24.07, Puffy2019, candy.cane и 32 други им се допаѓа ова.
  13. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Не можам да поверувам дека мене ми дојде ред да пишам пост во оваа тема - фала ти Господе :l:

    Не знам ни од каде да почнам... По сите маки за ова бебче, докторот очекуваше да не стигнеме ни до 28 недела, ама фајтерот мој изненади. Истера 28, па 32, па 34 и само чекав да влеземе 36 за да ми се смири душа. Од 35+1 (значи според докторот веќе влезени во 36 недела) почнавме со цтг секој ден ама беше права линија мирно.

    Во четвртокот сабајле исто мирно цтг ама јас си осеќав дека бебче наскоро ќе дојде и се растрчав по маркети, по продавници да докупам што треба, почнав дома комбинации за облекување да и правам :D Пред ручек мм вика Збесна денес, ајде легни малку пред тв, дремни. И како што легнав, да се свртам на страна, само слушнав внатрешен звук како пукање балонче влажно :wasntme: Станувам, одам да мочам, нешто ме наболува и мочкањето траееее. Излегувам, чувствувам нешто одеднаш во гаќи протекува. Се враќам брзо во веце, гледам гаќите мокри од проѕирна водичка. Седнувам на шоља и тече, тече :rofl: И искачам (среќа маж ми дома што беше, обично е на работа тоа време!), му викам Ќе ти кажам нешто сега ама немој да паничиш, злато. Мислам дека ми пукна водењакот :wasntme:

    Кога скокна од биро, Добро, добро! Ќе имаме бебе! И демек да ме смири мене, доаѓа, а напет како пушка го гледам се тресе :D Мене во меѓувреме ми тече вода по хеланките. Ставам улошка, брзо пикам во ташна само некои основни ствари, среќа бев средена бричена туширана сабајле од прегледот и тргаме за Систина. Сите викаат Има време, не е баш така ко на филм ама кај мене беше баш ко на филм. Дур возевме накај Систина мене веќе ми почнаа редовни контракции на 8-9 мин, проследени со така фина болка. Леле луѓе колку вода истече од мене! Цели хеланки ми беа УТОП, течеше по нозе. Во Систина ме дочекаа среќни, докторот вика Абе знаев јас што мислиш зошто те викам секој ден, одма ме однесоа во соба, ме ставија на цтг, ме избоцкаа, дојде анестезиолог. Јас брате јадена сабајлето во 11 доручкувавме, клексан боцната претходната вечер во 21, а нели не смее 24 часа пред анестезија - анестезилогот вика Немаш гајле, одиме со спинална. За беља, доаѓа итен царски и мене ми викаат Чекај 45 минути, не е итно кај тебе, лежи си. Јас цело време се смеам, оклештена, дали малку од паника, ги смирувам сите полудени наоколу (маж ми, мајка ми, на телефон татко ми). Во меѓувреме моите контракции почнуваат на помалку од 5 минути, боли, осеќам како се шири карлица, се цепи грб, а цтг не регистрира ништо, макс 30 - дури и паѓаше на 0 во моменти кога се потев од болка. Среќа што бебе беше карлично иначе си реков Готово јас ќе се породам дур ме земат. Два саати така си се измачив и ајде, ме земаа. Одиме нагоре, мм ме бацува, јас се крстам Чувај не Боже.

    Језив беше царскиот нејќам да навлегувам, све осеќав што прават, само го чекав моментот да видам дали ќе заплаче бебе. Кога го слушнав тој плач, почнав да рикам и јас, не можев да се сопрам. Ми ја принесоа до лице да ја видам и како што плачеше, кога се допре до мене, престана одма ;( Убава, убава, убава, бела, со косиче темно, со минијатурно носе и усте. И веќе ништо не ми беше важно, светот застана.

    Ви посакувам на сите ваква радост, да ви се наполнат душите и рацете :hug:
     
    На 24.07, Ava.84, ddevojce и 64 други им се допаѓа ова.
  14. Starlič

    Starlič Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Рано насабајле на работа, како што бев накострешена, нервозна, излегов кафе да пијам, и ти ја читам приказнава. Ме расплака за сите пари бе жено,мајко.. Гушкај се со малото и уживај ја заслужувате таа среќа.. :hug:
     
    На Queen8, happygirl, butterfly.mk и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Ann.loves.you

    Ann.loves.you Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    475
    Читам и плачам , се соживувам и многу ми е мило како да те познавам.
    Господ да ви дава многу здравје.
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  16. macence994

    macence994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Баш чекав кога ќе имаш време да пишеш како помина и ете се расплакав од радост . Гушкајте се и уживајте со бебушот . :hug::hug::hug::hug::hug:
    Се надевам за брзо и јас ќе пишш во групава (веќе сум 37недела и паника ме фаќа )
     
    На butterfly.mk, EvieBabe и happygirl им се допаѓа ова.
  17. Nina1985

    Nina1985 Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    209
    Dojde vreme i jas da pisam na temava koja iskreno nemav mnogu hrabrost da ja citam dur bev trudna.Znaev deka ke odam carski i se plasev premnogu od operacijata ja zamisluvav strasna no seto toa sega ke kazam deka nemalo potreba.
    38ma nedela odam na ctg i malku plodova voda namalena a veke dogovaravme da bide carskiot 01.10 no so ogled na toa deka postelka veke zrela resi doktorkata da ne cekame ,me stavi na program za 25.09. Se vrakam doma vo paniki cela sto i kako ke se odviva .Naredniot den 24.09 odam vo sistina otvarame istorija,se vidov so anasteziologot taa tolku opusteno mi objasni za spinalot ,doktorkata isto taka za operacijata me smiri deka carski im e veke rutinska i lesna operacija da ne se plasam .Neznam kako no za nekoe cudo me smirija i ubedija deka nema da e strasno.Dojdov doma se zivo sto imav da dosredam niz doma srediv ,i vecerta vo 20h otidov na priem.Taka bev smirena i bez panika samo mislev deka utre ke ja imam princezata vo race.Nokta sum uspeala i da zaspijam ,staviv alarm da me razbudi vo 05.30 zs sestrite mi rekoa vo 06h klizma ke dobijam .Se sluci i toa ne bese strasno nit bolno (prv pat so sin mi imav bolki koga mi ja stavaa i mislev deka pak ke me boli)Se procistiv se istusitav mu se javiv na sinko da go cujam i za kratko dojde sestrata mi stavija infuzija za pred operacija neli.Uste ne bese istecena infuzijata mi rekoa sednuvaj na stol otime vo sala .Se smeev deka nisto ne mi e mozam da odam ama procedurata e takva moralo da me vozat ..Vlagame vo sala za koja ja zamisluvav kako nesto "strasno"no gledam kako ordinacija nekoja samo sto ima stol na sredina .Tamu veke site sobrani anasteziologot prv me preceka onaka so nasmeano lice i tolku pozitiva od covek(go birav sama moram da kazam)dr Velickovski e anasteziolog koj sto so muabet ve "opiva"zaboravate kaj ste od sto ve zazboruva i ve smeee.Site me fafia od ednas na stolot sednata bolnicarot me mesti da se navednam kako treba drug mi oblaka corapi kompresioni zs veni imam.Anasteziologot me bocka veke iskreno ne ni osetiv bolka samo me pecna kako koga vadime krv od vena takva bolka osetiv ,mi objasni deka ke osekam trnenje na noze e tuka bese "smesno"mislev odma ke mi se vkocanat gi mrdam celo vreme i im vikam ama jas gi mrdam gi osekam ,nemoj da ste pocnale :D
    Doktorkata pristigna nasmeana kako sto e sekogas dr Trajkova Kornelija e mojata doktorka koja ja obozavam .Veke ne osekav deka mrdam so noze me udria so nesto me prasuvaa dali osekam.Pustija muzika ,mi muabetat site a imase nekade 7 dusi vo sala personal.Doktorkite Dr Trajkova i dr Timceva asistirase veke pocnaa da me ",gulickaat"po stomak.Nie razmuabeteni so anasteziologot u veliko :D,jas pribrana smirena dur cudna sama na sebe zs se plasam i od obicen pregled znam da ispanicam a sega bev druga licnost.Toa tegnenje i vlecenje ko sto go slusav od drugi jas ne go osetiv ,samo osekav kako da me golicaat i da mi mrdaat stom ama ne mi bese ezivo nit strasno,za moment osetiv kako da me stegna nesto vo gradi kako vozduh da gubam na sekunda i veke doktotkata vika eve ja princezata ,jas vo shok ne mi se veruvase deka tolku brzo ja izvadija mi ja stavi do glava taa place rastura jas placam i se smeam vo isto vreme .Site doagaat do glava kaj mene mi cestitaat ,neonatologot ja pregleduva ja ocenuva so 10ka a taa ubava preubava "palcica"2800 gr so 47 cm malo covece koe me osvoi vo prvata sekunda .Veke mi dadoa nekoj sedativ bev taka malku zasemutena ama sepak svesna samo sto mislam deka za 5min me sosija .Doktorkite tolku bea uigrani sto ne slusnav nikakov muabet sto se raboti.Za kratko bea gotovi dvete me izguskaa mi cestitaa mi rekoa deka se pominalo vo najdobar red.Me nosat vo intenzivna mi stavia infuzija i me pokrija so jorgan i toplenje mi pustija .Za brzo vreme pocnav da osekam kako mi trnat nozete i kako pocnuvam da gi mrdam .Dr anasteziolg do mene celo vreme vika kao super si za kratko ke te simneme vo soba .Bolki nemam nikakvi ,nisto ne me bolese ,me spustija dole na oddel mi stavija infuziii i inekcii protiv bolka .Jas zvonam odma na viber muabetam so bliskite :DDojde dr da me vidi jas ja prsuvam zosto ne me boli i koga ke pocne:DTaa mi objasnuva deka mozno e da nemam jaki bolki deka sum pokriena so lekarstva i taka i bese ,do vecerta osetiv nekoi tapi bolki kaj sto bev secena no daleku od takvi ko sto ocekuvav ovie bea izdrzlivi i bea kako presekuvanje koga ke imam dobieno no ne bolese strasno i mnogu,katetarot recisi i ne go osekav deka mi stoi (i od nego se plasev kakvo custvo e toa)Lezev na grb i poleka mrdav so noze levo desno .Sabajleto vo 06h sestrata me prasa dali sakam da stanam jas odvaj cekav se plasev kolku ke boli no bev resena deka moram da stanam.Stanav poleka bez nekoja golema bolka,nitu mi se vrtese ,poleka uspeav do toalet sestrva vika super si ,mi go izvadi katetarot ne bolese.Denta veke setav sama niz hodnikot ,bolese samo na stanuvanje.Doktorite sto odea na vizita koga ke me sretnea niz hodnik mislea spontano sum porodena .Se na se ova e moeto iskustvo od mojot carski koj go posakuvam na site.Ova mi e vtor poragaj prv pat bev spontano ,koga bi ragala pak bi odela na carski.Super sum veke eve mesam kifli denes na sinko mu se jade!:D
     
    На 24.07, ddevojce, Girl-Rabbit и 35 други им се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    2.148
    I jas sum dogovorena so dr Kornelija (ke cekame priroden poragaj) i bas mi e ubavo vaka ubava prikazna koga ke procitam. Chestitki majka i golemi da rastat decata :)
     
    На BY<3, Nina1985, Puffy2019 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    112
    Има ли некоја што примала клексан,ја фатиле болки и морала царски хитен?Ме фаќа страв!Во 36та влегувам во недела.Два пати дневно се боцкам.Нешто такво да не ми се случи.А и метилдопа пијам.Нешто притисок качив во Саботата.
     
  20. marchi-cool

    marchi-cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    7.140
    Пол:
    Женски
    јас не верувам да е од клексанот ама ќе каже доктор па пренеси да знаеме за состојбата.