1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Немам болки јас.Ништо не ми е.Мисли ми се вртат.
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.642
    @EvieBabe имаше боцнато клексан па отиде на царски.
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    И?Чекале со саати или веднаш ја породиле?И каде?Која клиника?
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.642
    Imas na prethotnata strana iskustvo od nea, procitaj go
     
  5. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Со спинална била.Ок се смирив малку!
     
  6. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.549
    Пол:
    Женски
    Јас бев све што не треба :D Имав боцнато клексан претходната вечер во 21, а имав и доручкувано обилно, плус чоколадо после јадев, вода пиев. Сестрата ми рече Ќе процени анестезиолог дали ќе биде проблем све ова зашто храна не смее 6 часа, а течности 2 часа пред анестезија. Клексан 24 пред царски.

    Анестезиологот не се позамара, му кажав се и рече, Немаш гајле, одиме со спинална. Во Систина се породив инаку. Немав никаков проблем.
     
    На do-re-mi, Sexybaby86, Anomis11 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.609
    Допаѓања:
    103.865
    Пол:
    Женски
    Без паники, само може, што и не мора да значи нели, ќе крвариш повеќе. Уствари и од долго користење на антикоагулант сепак и 24ч да поминат може да се крвари повеќе.
    Немаш ама никаква потреба за ваков стрес и паники.
    Со лесно и со убаво, па наскоро фали се дека имаш полни раце работа :inlove:
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Мене нешто страв ме фаќа.Во 36та влагам за некој ден.Нешто и притисоков ми се крена во Саботата.Ме задржаа во Понеделникот ме пуштија.Имам врски на клиника ми рекоа ради години(42)а и крупно бебе,сега и протисок најверојатно царски.Сега си размислувам сигурно имале хитни за царски они во кариера во било која болница што им се боцкале.И ти ме утеши!Фала!Хормони вријат!Таму ме боцкаа со флостерон.За секој случај ради притисокот.Си викам сега да не се роди порано?
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  9. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.609
    Допаѓања:
    103.865
    Пол:
    Женски
    Од каде па сега тоа?!
    Немој да трескаш вакви глупости, куп идни мајки ќе те прочитаат и ќе се извадат од памет!

    И со флостерон и дексаметазон ме боцкаа, па ни К од контракции не добив :)
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Во ред!Можеби се глупости што зборам.Ама тоа се работи кои мене ме плашат!И знам дека тука има секакви случаеви едноставно барав мислења!
     
  11. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.609
    Допаѓања:
    103.865
    Пол:
    Женски
    Се ми е јасно, но чим си го имала овој страв си требала веднаш да побараш мислење од докторот, а не да си отидеш дома и да си правиш паники.
    Биди си спокојна и чекај си го бебе, се е супер и во ред и се ќе биде најубаво, само убави мисли :inlove:
     
  12. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Значи на клиника имаше таква гужва што не можеш ништо да прашаш.А и не ми текна.Благодарам на осговорот!Ме опушти!
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.549
    Пол:
    Женски
    Јас две дози Флостерон примив па не добив од него контракции, уживај си. Благодарение на него моево мало дише само од раѓање без ниту еден ден во инкубатор :) Нека не те фаќа паника, си ја знаат работата.
     
    На emkaemka, maticka и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  14. Nina1985

    Nina1985 Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    222
    Vo najdobri race si sto bi se reklo:D
    Doktorkata e tolku mnogu vnimatelna ,strucna ,nezna i vistinski profesionalec e ! Jas prosto ja obiozavam❤
     
    На KuklickaSk и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  15. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Јас веќе од Недела сум во 36та!Безбедна зона!Сега бркам врскички за на клиника!А,примаат во "Систина"така за породување да им отидеш?Болки да те фатат и да отидеш?Или пак ако не се снајдам како треба,да одам од Понеделник да си договорам доктор што ќе ме води?
     
  16. Poklonce

    Poklonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Здраво, еве ја и мојата породилна приказна. 29.09.2019 вечерта забележав кафен исцедок и веднаш и се јавив на докторката. Ми рече ако почнеш да осеќаш болки веднаш дојди, ако не утре сабајле пред 8 часот те чекам. Јас имав болки само во половината кои не беа силни за да не можам да ги трпам. Свекрва ми се испаничи вели ајде спремајте се одиме, им викам не, легните спијте утре ке одиме. Утрото се спремавме и заминавме. Докторката ме прими, прво ме уклучија на цтг, почна да покажува контракции, ме прегледа и ми вика отворена си 3 прста плодот е многу ниско, ќе те задржиме, процесот е започнат денес ќе биде работа. Во 9ч. ми стави таблета вагинално и ме однесоа во соба. После еден час почнав да чувствувам болки но слаби. Дојде анестезиолог и ме праша дали ќе сакам епидурална, му реков да. Ме однесоа во салата за породување, ми ставија епидурална и ме качија на бокс. Ме прегледаа, 4 прсти отворена и во 12ч. докторката ми го пукна водењакот. Ме вратија во соба, мм беше до мене, ми рекоа да не легнувам и да стојам цело време. За половина час почнаа појаки болки и осеќав како грчење на стомакот, викнав сестра и пак ме однесоа на бокс. Бев отворена 6 прста и многу ми студеше. Кај 14.30ч болките се зголемија и покрај епидуралната, од левата страна не чувствував ништо, но од десната болките беа многу силни. Анестезиологот ми рече дека цевчето било свртено повеќе на левата страна и течноста одела само таму и затоа не фатила од десно, ми рече ако сакам можел да го помести малку, но јас од болка не можев да одговорам а не па да станам од боксот. И така после 15:00ч.почнав да имам силни напони, на 30.09 во 15:48ч.дојде на свет нашата малечка тешка 3400кг и долга 50цм. Ја ставија на мене и од среќа не знаев што да направам. Тие ми чеституваат јас само ја галам и плачам од среќа. Ме сошија веднаш и го пуштија мм кај мене, се гушкаме и плачиме и не знам дали си честитавме. По три дена не пуштија дома, на мм му велам сега да ми речат дали ќе раѓаш пак веднаш ќе одам не било толку страшно. На сите ви посакувам да помините лесно како мене, ве гушкам
     
    На NNA, Mari*, Veki4kaa и 38 други им се допаѓа ова.
  17. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Ајде и јас сум на ред. На оние поолашливите не им препорачувам читање
    :)
    Значи вака,прво приметив кафен исцедок ипочнува бев на цтг к матичниот,тој ми рече за посигурно оди во болница.
    Бев петокот на цтг во болница и преглед вагинален и ми рекоа немаш ништо имаш уште време.
    Бидејки бев бремена со трето имав страв да не се деси нешто набрзина. Саботата бев со маж ми да пазариме и од ко дојдов дома се осетив чудно. Ај ок.
    Мм легна јас уште малку реков на моб. Ме фати пролив а цел ден имав јак кафен осцедок.
    Кај 12 часот на полноќ приметив чудна болка во долниот дел на стомакот. До 2ч болката се влоши и се прошири накај кичмата и тоа на 5 мин. Се истуширав,го разбудив мм децата ги однесовме кај мајка ми и пред 4ч бев во болница каде започнува страшниот дел.
    Ме примаат отворена 3 прста,но болки јаки. Им кажав водењакот не ми е пукнат. Ме ставија во предпородилна. Запишаа историја но ништо друго,ни клизма,ни канила ни крвна слика. Ај ок.
    Проаѓа 7ч доаѓа друга смена. Гледаат нема крвна слика,нема канила јас веќе имав нап. Ме гледа една докторка ми вика 5 прста имаш време. По 10 мин доаѓа друга. Викам имам нап,водењакот ми е цел. Ме прегледува и узбуна бргу крвна слика,отворена е скроз. А пред 5 мин не бев :| ај ок
    Итно ставање канила и на бокс. Јас веќе нема сила,водењакот цел и почнав да се губам. 3 ме прегледаа и демек немам водењак. Гурам ама еднава нога почна да ми игра сама. Седи мирна викаат ама не можев. :o
    Гурам и одеднаш бабицата викна има водењак. Итно ми го пукнаа. Одма ми дадоа малку вода. 4 ме држеа две ми го гураа стомакот. Јас бев готова финито само мислев на беба да не и биде нешто.:(
    Ми пуштија провокација,зедов здив и силно напнав,реков ако се изгубам јас таа да е ок.
    По толку маки во 9:20 се роди мојата трета среќа.
    Таа излезе јас во шок. Не испукав и не ме сечеа. Ама немав сила ич. Еден саат ме оставија на бокс после во соба.
    После 3ч едвај станав уште како во шок.
    Со сестрата ај до вц, таму седнувам гледам нешто виси.
    Викам шо е ова дека на крај ко, низ магла се сеќавам дека ми ја извадија плацентата. Сестрава вика ау газа ти виси. Е се изнервирав ми вика чекај ќе ја извадам,викам не фала сама јас. Извадив газата и сваќам колку само лошо поминав.
    Од давања нап и кичмава ја здробив и проблеми си имам. Но цуцата е супер и си цица.
    Позз до вас . Благодарам до сега што мене поддржувате
     
    На NNA, Annath, Abeja и 27 други им се допаѓа ова.
  18. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    12.729
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да ја напишам мојата втора приказна додека спијат малишаните. :)
    Значи после стресот во 32 недела дека сум со омекнато грло останав дома да лежам и редовно следење на цтг. Скоро секој ден, некогаш и по 2-3 пати. :| И покрај сето то ние издржавме до 38 недела.
    Беше 05.10, ние поканети на свадба. Маж го пратив по невестата, а јас реков не одам за да можам да сум поодморена за вечерта. :) Отидов на фризер, дома се спремавме и заминавме. Ама цел ден имав некое чудно чувство и многу често ми се здрвуваше стомакот. Ајде си реков ништо не е, од возбуда.
    Стигнавме во хотелот, се ок, дури и танго и оро свртив. :lol: Ама стомакот не ми се смири, почнав да мерам, контракции на 3 мин. :sweat:
    Му викам на маж одиме на болница готова сум. Пред 10 веќе бевме дома. Само се пресоблековме и заминавме.
    Така нашминкана и со фризура си отидов на пораѓај. 8)
    Среќа на смена беше докторот шо ми ја знаеше цела ситуација па не морав да го барам на тел. Ме става на цтг, редовни контракции, отворена 5 цм. :sweat: Одма ме примија, си се изгушкавме со маж и му реков да оди дома да одмори па ќе му се јавиме во текот на ноќта.
    Ми ставија клизма, инфузија за кратење на цервикс и цтг цело време уклучено. Сестрата и докторот не се одделија од мене. Веќе околу 12 почнав да осеќам подолги контракции шо се спуштаа надолу. Пак преглед со рака, бебето уште не беше спуштено па ми го пукна воденикот. После веќе знаев дека ќе е за брзо. :sweat:
    Лежам врзана на цтг, ми уклучија кислорот малку и секоја контракција ја издишував, веќе бев спремна како. Едно време станав, правев вежби и осеќав се поголеми болки. Веќе стануваа поболни, почнав дури да викам. :) Сестрата ми вели "ако викај, то те чекав".
    Ме провери др пак, бебе уште ненаместено вика одам на цигара и одма идам. Не поминаа ни 10 мин јас веќе осеќам напон. Викам на сестрата, таа одма се спрема, јас веќе не можев да издржам. И викам ова ме турка премногу, не можам да издишувам веќе. Ми се фатија нозете и рацете, не ги осеќав. Малку таа се испаничи ама проба прво мене да ме смири. Одма ме однесоа во сала, сите се растрчаа, ме спремаа, дадов напон, а за вториот веќе немав сила па едвај зедов воздух за да го истуркам. Малку ме сецнаа, малку сум испукала од претходните напори, важно бебе излезе, во 02:40. Ама не плачеше одма. Почнав да плачам зошто не плаче бебето. Ми викаа смири се, во ред е бебето, ние го држиме. По 30 секунди го слушнав. Срцето ми дојде на место.
    Го избришаа, си го изгушкав и си поплачив од среќа. Мојата втора среќа од 2730 гр и 48 цм. :inlove: Помало од очекуваното, др го измери скоро 3 кг, ама важно беше здраво и живо. И витално како шо рече педијатарот. :inlove:
    Шиењето веќе не сакам да го коментирам, премногу ме болеше иако беше кратко. :(
    После цело одделение разбра дека им дошла дотерана родилка со фризура и шминка. :rofl:
     
    На NNA, koritsaki, Annath и 32 други им се допаѓа ова.
  19. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.843
    Допаѓања:
    4.812
    Пол:
    Женски
    Мила ако те фатат болки било во систина,ремедика,чаир или гак имаат дежурни служби и примаат за пороѓај.А за договор можеш исто,само полесно е за договор во систина или ремедика,а гак и чаир за договор мислам дека немаат слух.Со лесно:*
     
    На Queen8, Anomis11 и Starlič им се допаѓа ова.
  20. Melek2018.

    Melek2018. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    1.355
    Пол:
    Женски
    Прекрасна докторка ја обожавам и мене ме породи заедно со др ИВАНОВСКИ..:inlove:
     
    На Puffy2019, KuklickaSk и Martka им се допаѓа ова.