1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Ве читам на оваа тема откако разбрав дека сум бремена. Психички се спремав за тоа што ме чека. И конечно бидна :)

    Договорената докторка ми замина на пат. Замената вчера дежурна, па ај си викаме чисто едно цтг, да провериме до кај сум, инаку 38+4. Си дојдов, ме наместија, регистрираше две болки до кај 75-80, на размак од 10 минути. Бебка со главата скроз ниско спуштена, и само 1 прст отворена.

    Си се спакував и си отидов на кратка прошетка, договорена дури во четврток да се вратам пак на цтг.

    Арно ама откако стигнав дома, си седев со раката на стомак, за да осетам кога ќе се згрчи, затоа што болки немав никакви. Кога сфатив дека уствари тоа се редовни контракции, патот пак назад до болница. Сите подзинати останаа зашто болките одеа до 100, и си траеја, а јас не реагирав. Дојде докторка, гледа резултати, вика ти ќе си останеш вечерва тука.

    Ме спремија за нов вагинален преглед, уште само 1 прст. Ново цтг болки се уште, и по секоја болка паѓаа тонови кај бебка. Заврши и тоа цтг, ме спремија и испратија во сала. Анестезиолог супер, ме муабетеше цело време и се ми објаснуваше детално. Докторката уште посупер, заедно со целиот тим.

    И така вчера, на 13.10 нешто пред 21ч, веќе ја видов мојата глуфка :D со 3.5кг и 51см:)
     
    На NNA, kavadar4anka, Slonce91 и 42 други им се допаѓа ова.
  2. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    На клиника се породивте?Кој доктор ве породи?Колку траеше царскиот?И јас царски ќе се пораѓам.Колку време бевте во интензивна?И од последното јадење пиење колку време помина?
     
    На hristin4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hristin4e

    hristin4e Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    Јас можам да ти кажам нешто царскиот рез со се подготовки ставање спинална и спремање за операција можи трај 1час јас во 5 и 30 влегов во сала во 6 и 30 излегов. Кај нас во Битола на интензивна не чуваат 24ч незнаж како е во др болници. Не смеев да пијам и јадам ништо од сабајлето ко ме примиа од 8ч ми ставиа клизма . Послем операцијата ми рекоа дека послем 2ч кога ке помини дејството на анестезијата смеам да пијам течности на почеток помалку послем ми рекоа дека до сабајле морам да испијам 2л течност . А за јадење јас ич не јадев во депресии бев сакав дома, а инаку откако ке ти стават чепче да се прочистиш послем можи да јадиш кај нас бт 3тиот ден дури чепче ставаат . Кај мене не ми ставиа бидејки без тоа појдов во вц. :hug::hug: Со лесно мајка и не се плаши:l:
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Дури сега го гледам ова :| ни требаше малку време додека се привикнеме. Во Ремедика се породив, кај др Котларова. Во 20:33 ме боцнаа со анестезијата, во 21:30 веќе бев во интензивна, а во 22:30 во соба. Околу 16:30 завршив со ручекот, ама мораше итен царски. Ме предупреди анестезиологот дека може да ми се лоши зошто сум јадена, и стварно се случи, ама им кажав на време, ми дадоа канче и лесно се заврши се :)
     
    На LadyC, Girl-Rabbit, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AnnaPe

    AnnaPe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    39+3 контрола , докторот вели дека нема никакви индикации. 39+3 ми излезе нешто како жолтеникаво желе - поразличен од исцедокот кои го имав претходно месец дена.
    39+4 ме разбуди силна краткотрајна болка во 5 и 30. Одам во вц, гаките мокри ама не скроз. Болка,по 17-18 мин уште една. Додека се освестив дека се вистински контракции стана 7 и 30 часот. Контракциите веќе на 10 мин. Ми потече крв,И си повикав брза помош. Додека стигнав во болница веќе беше 8 и 30 и контракциите беа на 4 мин, отворена 3 см. За 1 саат се отворив од 3 до 4 см,бабицата проверува и ми кажа да напнам 2-3 пати и станаа 8 цм. Тоа беше во 10 часот. Од 10 до нешто кратко пред 11 се отворив до 10 цм, со два напони излезе најубавиот глас на цел свет :inlove:
    Беше брзо и лесно. Траеше 5 и пол часа.
    На сите идни мами им посакувам да поминат дури и полесно.:hug:
     
    На NNA, Enci200, LadyC и 47 други им се допаѓа ова.
  6. BrideToBe

    BrideToBe Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    86
    Cestitki srcka! ❤ Golemi da rastete zaedno! Daj Boze na sekogo brz i lesen poragjaj!
     
    На AnnaPe му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    4.924
    14.10 бевме на гости си дојдовме накај 1 часот дури се наместиме легниме не најде 2 мм во кома мене сон не ме фаќа болка во грб и како жилата да ме оптега ама си реков од киселини е ме болеше веке 2 дена. Сум заспала накај 3 ме разбуди менструална болка прилично јака и дијареа болката беше прво на половина час па на 15 и на 5 чекав до 9 да отвори матичната и кажав имам болки она испаничена рано е 35 недела па ајде цтг па ајде вагинален преглед цтг контракции 60 80 грло омекнато изгладено бебето тргнало. Се слушнав со др Таше му кажав човекот ме чекаше ме видоа и ме примија. Во 12 ме примија со 1 цм отворена во 5 часот бев 5 цм ми ставија епидурал во 6:30 ми го пукнаа водњњакот а во 20:45 на свет дојде природно моето јуначе 2220гр самостојно дишеше благодарение на др Таше кој во 34 недела ми даде зреење а ме породи др Сотир душа од човек
     
    На NNA, LadyC, piksooki и 36 други им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.866
    Јас се породив со договорен царски затоа што бебето во 40та недела беше големо, со голем дијаметар на глава, не можеше да се спушти во канал и докторката не сакаше да ризикува. Кога ми кажа дека најбезбедно е да одиме со царски и ми олесна и се разочарав во исто време. Многу читав, одев на предавања за правилно дишење, за процесот на природен пораѓај, и бев психички спремна за тоа. За царски не знаев многу а ми олесна зошто знаев дека нема веќе да чекаме и дека бебе ќе биде безбедно извадено.
    Самиот царски е краток, бебе излезе за 20 мин, убав, голем, него го однесоа мене ме завршија за уште пола саат. Болките почнуваат откако ќе помине амнестезијата, и првиот и вториот ден боли многу, посебно кога ќе станеш. Ама од трет ден веќе се функционира ок, и се надевам дека и дома ќе можам да функционирам и да се грижам за бебе. И тоа е мојата приказна.
     
    На NNA, lavinija28, LadyC и 33 други им се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Конечно собирам сила и наоѓам време да ја пишам мојата втора породилна приказна.
    После 36 недела, на секој преглед бебето беше во различна позиција. Имав многу плодова вода, па имаше многу простор да се врти како сака. Во 38 недела бебето беше во трансверзална положба, па начелно се направи план на почеток на 40 недела да одам и да се сврти рачно, да ми се пукне водењакот, и да пробам да се породам природно. Датумот беше одбран, 23 септември, понеделник. Бидејќи немав никаква индикација за болки, многу плодова вода, грло тврдо, затворено и преку 4 см долго, постелка 1 степен на зрелост... претпоставував дека нема ништо да тргне од себе до тогаш. Према тој датум, се направија сите планови, кога да дојдат моите за да ја чуваат ќерката, кога да спремам чанта за во болница... кога да се издепилирам...
    Претходната недела, на 16 септември, 38+2, на стандардниот преглед кај мојот гинеколог, цтг мирно.. бебе уште во трансверзална положба. Ја прашав докторката за едни болки кои ме мачеа веќе недела дена, не беа породилни, ниту контракции, беа како болки од воспалени мускули, како после вежбање, и тоа во пределот на стомакот долу каде што е првиот царски. Ме јадеше црвец затоа што заради тие болки не можев нога да кренам.. не можев сама да влезам во када... докторката ме посоветува да одам одма на клиника, да ме проверат... можно е да било прснатина на матката, рече дека имала ситуации во кои жени имале пукнатина а не ги болело многу. Дента, договорена со маж ми после преглед да јадеме заедно, дете во градинка, тој ме чека долку пред гинеколог на пауза од работа со фалафел, јас слегувам долу и му викам ништо, мораме на клиника. Се јави на работа дека не оди... и демек да одиме итно. Не бре, ќе одиме до дома, да земам чанта ако ме задржат случајно, и плус сакам фалафелот да си го изедам ко човек. После тоа, тргнавме накај клиника, јас плачев некако по пат, имав некое глупо чувство. Сфатив дека ќе ме прегледаат и ќе видат дали се работи за прснатина на матка, и дека ќе си одам дома. Ме примија, отидов на цтг и кај нив, а се тувкав затоа што требаше дете од градинка да земеме за брзо. Си реков, што мора цтг сега, кога правев сабајлево. Ајде цтг.. испадна супер, мирно. Дојдоа со ехо. Видоа дека бебето било во карлична положба, и сега немало потреба да го вртат, можам да се породам спонтано ако сакам. А можам и царски, нели, бидејќи е во карлична положба, а и имам основ заради првиот царски рез. Мое е да бирам. Јас ги гледам ко теле целата, мислам дома си одам, тие да ме прашуваат за сега одма што сакам, доаѓа сестра со браунила да ми стави, ми се носат формулари... јас во шок! Сѐ што гледам е саатот и дека нема кој да ми го земе детето од градинка. Ме оставаат со маж ми да одлучиме што ќе правиме, мојата одлука е да си заминам и да си го земам детето од градинка.. после градинка требаше да ја носиме на прв час музичко, требаше да е првиот час во присуство на родител... да не зборувам дека следниот ден имаше прв час танц, во петокот имаше карате прв испит.. сето тоа го имав планирано да сум со неа таму, па понеделникот да се породам...

    Ајде, низ солзи и рикање и нервози, се јавивме на другарот што ни е тука, ако може да излезе од работа да ја земе, па ѕвоневме во градинката да го овластиме дека може да ја земе од градинка и плус да го замолиме да ја носи на музичко и да седи со неа, па после кај него да ја земе дома. Ѕвонам кај моите, наместо да гледам во формулари, јас гледам во летови итни, кога може да се стигне најбрзо тука... нервози невидени.. а доктори само се претеруваат и ми носат формулари за анестезија, формулари за царски, формулари за спонтано раѓање од карлична положба со сите ризици и несакани последици... хормони вријат.. си велам, не сакав вака, не сакав сега, бебето не е спремно, јас не сум спремна, телото мое не е спремно, ништо не е започнато, хормонално не сум таму каде што треба да бидам...
    Со првиот царски бебето беше веќе надносено, имав мали болки, грлото беше отворено 1 прст... плацентата зрела... веќе беше процесот започнат...

    Згора на сѐ, тоа инсистирање како сакам да се породам.. и да одлучам сама, без никаква професионална поддршка за тоа што е посигурно статистички... ми правеа огромен стрес.
    Си реков, сакам природно. Ама барем да беше со главата надолу. Што ли ќе притиска за да се отвори грлото? Еве, ќе ми пукнат водењак. И што? Процесот не е почнат. Ништо не е почнато. Зарем одма со провокации ќе почнат? А ми кажаа дека со провокации не би сакале затоа што имам прв царски и ризикот од руптура е многу поголем кај предизвикани контракции од индукција. Башка карлично? Да беше веќе почнато нешто, да имав болки, радо ќе пробав природно. Ама од добро седење? Во едвај на почеток на 39 недела? Што прашање е дали е стварно 39 недела??
    Ги молев да ми кажат што е попаметно, не сакаа. Не смееле. Одма се јавив кај мојот гинеколог во МК, да го прашам него што мисли. Ми рече, царски. Без сомнеж. Најдобра опција за бебето. Големи се шансите да завршиш на итен царски, затоа подобро на закажан кога ништо нема да е фрка.

    Одбрав царски. Сакаа да ме земат вечерта. Едвај ги премолив за сабајлето. Мајка ми најде карта за следниот ден да дојде. Мислев ќе ме пуштат дома, ама не. Сум морала да останам. Ама ништо не ми е, ги убедував. Болките ги имам веќе подолго време. Не се контракции. Ама не смееле да ме пуштат дома откако веќе сум се пожалила на болки. А сѐ што сакав е да имам време да си ја гушнам ќерката, да ѝ кажам дека ќе одам, да се издепилирам, побогу, да се средам... ама не. Дојде и анестезиолог да направиме муабет пред операција и да потпишам формулар. Ми рече дека заради тежината можно е да мораат со целосна да ме оперираат. Тоа многу ме насекира, земајќи во предвид дека сакав да е повторно спинална, и да имам шанса да си го гушнам бебето одма... да си седам со сопругот на царскиот... и да имам вистинско поврзување со бебето одма на града, макар било нели царски. Дојде после и бабица, и ми го раскажа цел царски по процедура, што ќе правеле, како сечеле и сл... ни кажаа дека може да присуствува сопругот, и тоа да легне на земја ако му се слоши, бидејќи немале персонал што се грижел ако на придружбата им се снеможувало. При тоа добивме хорор приказна дека имале случај кај што на сопругот му се слошило, паднал лошо и умрел. Ноу комент. Уште тоа ми требаше да го мислам во целите тие мигови. Маж си замина по ќерката, јас останав таму сама. Цела вечер седев и плачев, се нервирав, си мислев ако одбрав царски и си направив од готово вересија... ако нешто ми се случи... бебето цела вечер клоцаше и се вртеше.. око едвај склопив на некој саат...многу ми е криво, но во тој момент не ни мислев на бебето, мислев само на ќерката, на мажот.. сѐ испадна некако исфорсирано, некако итно а без никаква итност...

    Кога станав сабајлето, веќе бев насмеана. Спремна. Цела вечер се соочив со сите црни мисли и успеав да ги надминам. Бев спремна за тоа што ме чека. Бев во вц, се истуширав, спремна јас нив ги чекав. Ме земаа, ме симнаа долу.. чекав да дојде маж ми, закачена полугола на цтг. Повторно цтг мирно и ок.. и дојдоа да направат ехо пред царскиот за да можат да знаат како е позиционирано бебето пред да сечат. Докторката гледа, бара со ехото, и гледа дека бебето е во овој момент свртено со главата надолу. Наеднаш морав да донесам итно одлука, дали да ми го пукнат водењакот и да пробам природно, или да продолжиме со царскиот. Повторно ги прашав што мислат тие, како би одело, но, на жалост, никој немаше време да ми одговори на моите прашања. Никој не сакаше да ми одговори што е најбезбедно во мојата ситуација... маж ми уште возеше накај нас, јас морав да донесам одлука во 5 минути за да знаеле дали да ја ослободеле салата за некој друг... тој притисок и таа нервоза не му ја посакувам никому. Плачев многу, ја молев докторката да ми каже ако би била на моето место што би направила, но таа ладнокрвно ми одговори дека не била лично засегната од мојата состојба, и затоа не би можела да ми одговори. Сто прашања ми се вртеа повторно, ако ми пукнат водењак, што правиме.. дали ќе почнат контракции... дали ќе ми дадат провокација... уште колку ќе трае ова.. дали сепак ќе завршам под нож после 30 саати и повеќе контракции и неотворено грло... дали ќе завршам пострашно дури, со некоја руптура на итен царски.. што ако навистина болките се заради руптура... нели е најдобро да се направи ревизија на матката на „отворено“... но не можам да лажам дека осеќав вина дека бирам царски, дека ете се чувствував недоволно храбра да пробам природно... искрено, смачено ми беше од тоа да не знам како ќе се породам, да не знам што ме очекува, затоа што едно е да не знаеш, ама да знаеш дека седиш дома со стомак и чекаш да почне процес.. а друго е да седиш и да не знаеш веќе што сѐ ќе треба да се направи за да излезе бебето... сто пати се смени мојот родилен план... и во целата фрустрација и сите солзи и нервози, особено откако веќе се имав помирено за царски, решив дека морам да ставам крај на целата нервоза и стрес. Царски. За саат време ќе е сѐ готово и ќе заврши мојата голгота некако.

    Тргнавме накај сала, маж ми го нема уште, цело време ме прашуваат каде е, јас нервозна, викам, ако не е тука, тоа е. Што да правам. Додека ме спремаа за спинална, се појави целиот облечен за во сала и со маска. Три пати бев боцкана за браунила. Две огромни модрици. Боцка анестезиологот, мене шпицаста болка како да ме буши некој.. не бива. Боцка пак, не бива. Мене ме фаќа паника дека ќе ме успијат, а не сакам. Ми паѓа притисок, ми се врти, ми се темни пред очите. Ми додаваат нешто во инфузијата, подобро ми е. Викам нозе ми трнат. Ми вика уште не сум те ни боцнала... После 15 минути проба, успеа да ме боцне. Осетив топлина и како ми се здрвуваат нозете. Им велам, нема да почнете да сечете без да проверите дали фатила анестезијата, нели... и плус ги замолувам да не ми раскажуваат што се случува или да ми кажат кога ќе сечат. Маж ми е од мојата лева страна, анестезиологот од десна. Ме фаќа возбуда, но повеќе страв. Лежам на маса, и споредувам со првиот пат. Првиот пат бев во МК, во сала каде што се чувствував како дома, ме сечеа затоа што веќе мораше, верував на докторите во тоа што го работат, знаев дека сум во најсигурните раце. Тука сум меѓу странци, среќа сопругот е со мене, не знам дали е ова најпаметната одлука, не знам дали ќе е сѐ ок...
    Ми беше раскажано дека ако е сѐ во ред со бебето, ќе ми го дадат одма на гради, а доколку не е, викаат педијатар. Чекам да излезе бебето, но почнувам да чувствувам како да не можам да дишам, како нешто да ме притиска многу силно кај градите, и ја прашувам анестезиологот дали е тоа така ок, станува да види, и ми вика, не се секирај, не е ништо страшно, имаат потешкотии да го извадат, затоа осеќаш така.. ќе помине за брзо... слушнав плач на бебе, но слушнав и дека викаат педијатар, а јас уште не можам да дишам... во моментот здивот ми се зема и буквално и фигуративно, слушам плач, значи си велам живо е, зошто педијатар... нешто ми ставија во инфузијата, маж ми ми вика сврти се, ене го, тука е, бебе, јас се вртам едвај, гледам бебе, ама уште не сфаќам што се случува... додека пак кога се роди ќерката, ја гледав и солзи ми течеа од среќа.. сега бев збунета и преплашена, и осеќав грижа на совест што ја немам таа неизмерна среќа туку само голем страв... одма ми го даваат на гради, докторот вика дека е сѐ во ред, ми објаснуваат дека морале да викнат педијатар за да им потврди дека е сѐ во ред и дека не го повредиле тие при вадење бидејќи тешко одело вадењето. Јас се смирувам иако уште не можам убаво да дишам... маж ми го држи, јас го гледам и наеднаш сѐ ми е полесно. Моментот дека ме шијат, дека ме притиска кај градите, што се случува со мене, наеднаш ништо не е важно, тука е моето бебе, помина, готово, нема веќе неизвесност и нервоза, тука е, здраво е, мекано и преслатко, заквичува од време на време, го галам позади увото и престанува...

    После операцијата, нѐ носат на интензивна, седиме тројцата и се гушкаме, се сакаме, ме замолуваат дали може да го земат да го измерат. Се согласувам, маж ми оди со нив на мерење, јас седам и гледам низ прозорецот во природата, и сум насмеана дека е сѐ во ред. Дојде и педијатарот, и ми кажа дека е сѐ во ред, дека смееме да сме заедно, дека на почетокот малку оксигенацијата била помала, ама дека е сега супер и нема проблем.
    Се враќаат од мерење и од тогаш бевме нон стоп заедно. Единствено што нѐ одвоија беше за мерењето. Првиот ден голи двајцата, кожа на кожа.

    Дојде докторката да ме информира како поминала операцијата. Ми кажа дека сѐ било во ред, освен што бебето било повторно во карлична позиција и тоа со едната нога нагоре а едната надолу и дека позицијата на бебето била нестабилна. Ми кажа дека имало премногу плодова вода и затоа имале потешкотии да го извадат, кога пробале да го извадат се пикнало погоре, и морале да го влечат за една нога па затоа дошол педијатар да го провери дека не исчашиле колкче при вадењето. Ми кажа дека сум изгубила малку повеќе крв над просечното, ама дека не е страшно. Дека сѐ понатаму било супер.
    Никој не ми потврди дека царскиот бил основан. Но, кога бев на прегледот на гинеколог, докторката бидејќи добива детален извештај од болницата, ми кажа дека царскиот бил супер одлука што сум ја донела. Без да ѝ ги кажам моите сомнежи, без ништо да спомнам. Ми рече дека е за породување природно после царски, но дека со толку плодова вода и со таква нестабилна положба на бебето, без почнат процес на породување, се сомнева дека би успеала да се породам природно. Ми рече да била на мое место, би одбрала царски. Викам зошто никој не ми даде никаква препорака, не ми кажа ништо и ме оставија да плачам и да не знам што да правам.. ми кажа дека не смее да се даваат никакви сугестии и дека желбата на трудницата е најважна, сѐ додека не се во прашање животот на трудницата и на бебето. Но, дека изборот да одам на примарен царски, а не секундарен (итен) е најдоброто нешто што сум го направила за моето бебе.
    Иако беше доволно доцна, ми значеше да го чујам тоа. Затоа што со недели се обвинував дека мојот царски кој на моето бебе и на моето тело му дојде „од никаде“ е виновен за неговото некревање на килажа и неснаоѓање надвор од матката, т.е. дека со тоа сум јас виновна што го одбрав. Иако сите ми викаат дека бебето било „зрело“ на 38+3, мене ме јадеше црвец голем и колку и да не сакав да си признаам, осеќав некаква вина. Особено не ми беше сеедно кога патронажната ми префрли низ муабет кога ѝ спомнав дека сабајлето било свртено со главата надолу, нешто во стилот „ете, ти цела вечер си се секирала за царски, и како бебето да те слушнало и се свртело со главата надолу“... демек, јас сум крива, бебето ми дало знак како сака да е родено, а јас сепак сум одбрала царски.

    Мојата приказна не беше цела магична како првата, но, магијата која ја донесе присуството на мојот син, од моментот кога го ставија на моите гради,е подеднакво интензивна како првиот пат. Сите стравови за тоа дека треба да делам љубов ги снема, откако љубовта во мене се намножи до бесконечност.
     
    На NNA, SV1911, fina erika и 65 други им се допаѓа ова.
  10. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    Читајќи ги вашите породилни приказни ме потикна да го споделам и моето искуство.
    1. Иако беше пред 4 години сепак сеуште се сеќавам на детаљи.
    Две неуспешни години обидување, проблем машки фактор се одлучуваме за ИВФ кое беше од успешно од прво, на радоста и немаше крај.Секоја контрола страв и неизвесност. Се беше во ред до 30 г.н. После беа недели во неизвесност, дијагноза -преекламсија, висок притисок,бебе заостанува во растот,бев хоспитализирани, велеа ако издржиш до 34 супер ќе биде. Ден по ден беше плус за бебето во меше,редовни контроли ,некако изгуравме до 36 недела. Одам на контрола во болницата и ми велат остануваш нема што да се чека, бебе не напредува,ризично е и за двете, ме прашуваат сакам цаски или природно,поради историјата подобро е царски но сепак е твоја одлука. Искрено се плашев да се нафатам природно,се одлучив за царски.
    Ме примија останав уште некој ден во болница,закажан царски во 36+3, Се помина во ред, мм беше цело време со мене,го слушнавме првиот плач ја бакнав и ја однесоа на преглед, се врати со мм во раце, веднаш ми ја ставија на гради и така се гушкавме уште два саата на интензивна. Бебе се роди 1900гр и 44цм. Не беше ни еден ден во инкубатор, имаше апгар 9/10/10.многу цврсто и жилаво бебе,имаше само топла подлога за одржување на телесната температура. Останавме уште 3 недели во болница,бебе почна да опаѓа во килажа,мене притисок пак ми се крена. Е сега боли но се издржува,не е страшно дават инфузија и лекови,јас дури не ни барав,мојот доктор се смееше како да не сум се породила царски. После два месеци поминати во страв и неизвесност по болници си идеме дома со моето премстурче. Задоволна сум и од персоналот и од се,имав само пофални зборови.
    2. Со мм сакавме децата да ни бидат мала разлика,кога ќере направи една година ,почнавме со обиди,па ако не успееме ќе одевме пак на ИВФ, секако имавме замрзнати ембриони. Но од прв обид јас останувам трудна. Измешани емоции, радост, страв, солзи,мисли милион,што ако пак се роди предвреме,пак висок притисок,болници,дете кој ќе ја чува,еден ден галев мешко другиот ден плашев, си вел3в може избрзавме,требаше да си дадам малку време на организмот, но со верба во Бога си велев мора да биде се во ред,штом ме благословил ќе не чува до крај. Ден по ден,изгуравме до 38+3 кога се роди синко. Уредна бременост,без проблеми, почести контроли,испитување дали пак ќе се повтори преекламсијата, но која иронија со првата бременост висок притисок со оваа низок. Само спие немав сила за ништо а пак и топлото ме утепа уште толку. Закажан царски доктор ми рече брзо е само 19 месеци од првиот,Да не ризикуваме одиме пак царски, во ред реков имав доверба во него и тимот во болницата, (тој работи во истата и се осеќав сигурно).
    Ноќта око не склопив,ја галев ќере и плакав над неа. Се спремивме и одиме со мм,дете остана со баба и. Стигнавме во болница ме примија цтг,крв...милион прашања,бебе вознемирено и јас исто. Овој пат имав страв,се тресе цела,мм беше до мене цело време ме држеше за рака,а од другата анестезиологот. За 10 мин го видов синко заплаче,се бакнавме и го однесоа на мерење ,се тресе цела, некој страв неопислив,едвај чекав да биде готово,само прашував уште колку има. Маже и бебе ги има ,во сеќавање ми беше дека со првото брзо дојдеа а сега баш се задржаа. Конечно дојдоа синко се напил малку плодова вода па му дале чист кислород да дише. Е сега од персоналот за разлика од првиот скроз различно, оти второ бебе воопштп не те ни марат,у стил втор царски,постара си,и нормално ќе боли, па второ бебе ти е нели знаеш како се дои,секој ден плачев ,што од хормони, бебе не фаќа да цица млеко за извоз, поминаа 5 дена и домче е после полека се среди и се навикнавме.
    Колку е тешко дупло е убаво,полна душа и раци, две сонца што ме греат. Господ сегде нема дава ваква убавина.
     
    На NNA, fina erika, LadyC и 41 други им се допаѓа ова.
  11. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Ајде бре жени кај сте :wasntme::D
     
    На Starlič, Frosty!, tetoviranta и 3 други им се допаѓа ова.
  12. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    :?: Си се породивте и ве мрзи сега да пишете некој приказна,
    ние чекамееее :hai:
     
    На crazylady, Ms allways right, tetoviranta и 8 други им се допаѓа ова.
  13. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.043
    Ај да ви раскажам една прикаска:D

    Ќе почнам од првиот преглед на ГАК.
    36+2 закажано кај Иво Ќаев. Мм излегува од работа,најавува ќе заглави 2 часа (вистина заглави барајќи паркинг).
    Стигаме во болница,одам сама на шалтер додека тој се пробие низ гужвата да се паркира (за ГАК треба да има посебен влез и паркинг:envy: )
    Конечно дојде,влегувам во соба 36, легнувам за ехо,во ред е плодот,доволно плодова вода, некој проблеми во бременоста? Да скратен цервикс до 30та недела па се среди. Но на последниот преглед кај матичната рече нема да изгурам до 36та.
    Куца извештај,во случај на болки,крварење одма да се јавиш на ГАК.
    Викам сега да одам на ЦТГ? Не,нема потреба,контрола за 3 недели. :o
    Читајќи ги форумџикиве очекував на прв пат кога ќе отидам да добијам детален преглед, ехо,цтг вагинален преглед и контрола за некој ден,најдоцна 7. Ништо од тоа.
    Почнувам да барам луѓе,да отидам кај друг доктор на преглед "врската" ми вика,добар ти е Иво,само што не збори многу, ама не е проблем дојди кога сакаш кај друг.
    Одам на полна 37 недела. Во амбуланта треба да е Ѓорески,ама не е па ме прегледа специјализантка. Виде на ехо вика ок, јас и викам имам мали болки дали може и вагинален преглед. Се согласи, 1ипол прст отворена вика, ајде направи и цгт.
    Одам за цтг,кажувам која недела сум,таа внатре ми вика зошто волку рано правиш цтг?! (Во 37ма недела,некои тогаш раѓаат|( )
    Го виде,ништо нема во ред е,контрола за 7-10 дена.
    Одам за 10 дена кај Иво на преглед.
    Ме прима сестрата ме праќа на цтг. Јас 38+2. Се враќам, Иво вика рано било за цтг,не сум морала да правам (нели срцева акција на бебето се гледа со тоа,како рано)
    Ме гледа на ехо,се е во ред,опушти се,контрола за 7 дена.

    Епа за 5 дена од тогаш, ден среда почнува болка во левата страна на карлицата позади. Цела бременост ме болеше десниот колк, па бев изненадена што сега ме боли од лева страна.
    Ама болки да не можам да станам од кревет без помош. Ај си реков рано е, до краен термин уште 6 дена, а и треба половината да ме боли,ова не е тоа. Ноќта околу 3 почнуваат мааали менструални болки. Одам во вц на бришење,исцедокот што ми течеше неколку дена сега почнува да добива розева нијанса. Станував ноќта неколку пати,една болка појака,една послаба. Сабајлето во 6 мм станува за на работа,јас будна кажувам што ми е,а тој одма,ајде не одам на раб те носам во болница. Викам чекај рано е,не е тоа сигурно.
    Дента додека се врати он од работа час имав,час немав болки. Си работев низ дома,си направив ручек,застанав да мијам садови,3 попладне и се јави поголема болка. Е тогаш бев сигурна дека ќе одам во ГАК да видиме што е работата. Ручавме,се избањав,отидовме. Рековме ако не е ништо ќе си шетаме во сити мол да купиме нешто за бебето:D
    Ми прават цтг и како по обичај никој ништо не кажува, ајде ехо,пак со молчење,вика ајде сега со рака да те прегледам.
    Пика прсти,шири постепено и почна да врти лево десно, а јас да скокам со задникот од столче. Ми вика седи отворена си,да ти помогнам да те доотворам.
    Вика на болничарката,дај и спаваќа останува. Сестрата на мм од врата му вика оди на шалтер отвори историја. Ние двајцата во шок:wasntme:
    Зарем дојде моментот кој толку го исчекувавме. Двајцата возбудени,исплашени,изгубени:D
    Ме качија во предродилна, си викам охоо па ова ли биле болките,супер 10 ќе родам вака:D:!:
    Мм донесе торбата,го пратија по чепче за прочистување,тој од паника купил цела кутија место едно,а овие па уште ми земаа 2-3 за други пациентки да имале:x
    Се собраа околу мене сестри,акушерки, уште едно цтг,боцкање канела,земаа крв, 100 прашања околу бременоста и ајде сега фати си кревет.
    Таму никој,сама со 8 кревети.
    Вработениве си се вратија кај што си седеа.
    Излегов уште малку да се видам со мм, болничарката беше многу фина,млада девојка со наочари и виткана коса,вика имаш 20-30мин додека не ти проработат цревата види се со маж ти. Поседов со него,празнење во вц.
    Пиев вода и леден чај и нон стоп одев во вц. Дали од притисок од бебето,дали од болките немам поим.
    Го испратив мм зошто не се знаеше кога ќе биде главниот чин,да не дреме џабе.
    Почнаа да доаѓаат родилки.
    Вработениве меѓу себе се шушкаат ќе им пуштиме цтг во 00ч. Па сабајле во 6. Накај 22 почнаа посилни болки. Во 00 пуштаат цтг,не кажуваат ништо,сама видов болки до 80. Накај 1:30 се засилуваат болките. Не знам дали да седам,лежам или да одам. Доаѓа болка,станувам се движам. Ме боли стомак,кичма,притисок доле. После еден саат шетање и силни болки барам доктор да ме прегледа. Акушерката ми вика јас ќе те прегледам. Ми вика кога ќе ти дојде болка задржи здив. Ми го пука водењакот. И тоа ме боли,ама пројде. Викам колку сум отворена. Вика 6-7 прсти. Во канелата ми става нешто,прашувам што е вика лекче. Знам дека лаже,сигурна сум дека е провокација.
    Ми вика дојди на бокс да те прегледам. Се качувам ми доаѓа болка, ми пика раце и тегне лево десно ме шири. Боли неиздржливо, и викам не можам морам да се симнам да застанам многу боли. Ајде ма што ти е седни таму да те прегледам. Станав,клекнав така ми беше полесно. Ме убедува да станам,и викам почекај малце. Се врткаше лево,десно,ајде со мене на другиот бокс. Ме носи во родилна. Ми вика имаш ли напон за какање. Викам не,за мочање. Не,не ти се моча те притиска бебето така ѕи се чини. Не ,ми се моча. Добро мочај. Мочам, фрла тетра пелена да забрише.
    Се качувам на бокс,ставаат цтг, се собраа 4-5 акушери,сестри кој ги знае што се.
    Ајде фати си ги нозете и напни.
    Напнувам ништо.
    Карање од нивна страна како не сум соработувала. А како,кога никој е ми кажува што да правам.
    Ја викаат една повозрасна,албанка ме презима она. Ајде напни кога ќе дојде болка. Затварам очи напнувам. Не затварај очи,ќе ти се слоши!!!!
    Ајде со отворени очи напнувам,губам веќе сила,ми омалаксува телото. Мисли дека е тоа по моја волја, се дере сега ќе земам вакумот ќе го вадам бебето!!
    Пак напнувам,од една страна доктор,од друга сестра со двете раце на стомак го буткаат бебето. Му шепка на докторот ајде епи (знаев дека сака да каже епизиотомија) и во тој момент ама ич не ми беше страв од сечењето. Навистина не боли,се осеќа само тапо сечење. Уште неколку напони,излегува главата,јас цела возбудена прашувам дали излезе,не е уште ајде напни!! Ајде уште 2-3 пати се роди мојот ангел. Во 02:45
    Папочната врвца 2 пати завртена околу врат.:worried:
    По некоја секунда заплаче, ми олесна многу,ми го ставија на препони. Го сврте главчето ме погледна ,а јас си го погалив по косичето. Дали беше 2 мин на мене,го земаа, го ставија спроти мене да го бришат. Јас од страв прашувам дали уште ќе ме боли. Добив иронично не.
    Докторот ја вади постелката и се спрема за шиење. Не знам колку пати повторив дека ми е страв да ми стави анестезија. Рече секако ќе ставам.
    Бебе го измерија и меѓу себе си разменија информација а јас наслушнав тежина и должина.
    Го спрема да го носи и викам дали може да го видам уште еднаш. Ми го доближи го бацив на главче и со брзина а светлината го изнесе!!
    (Додека во нормален свет го стават на града да стимулира лактација)
    Докторот се спрема за шиење вика има многу работа. Молам пак за анестезија,ме боцка. Го осеќам тегнењето,ама не ме боли. Оди накај анусот,дали измина анестезијата или такво е местото таму ме здоболе. Го прашувам како се вика,зошто прв пат го гледам. Ми рече само Васко (млад, по зборењето Кавадарци-Неготино).
    Ме среди,излезе. Доаѓа оваа првава што ме малтретираше и викам може ли инекција за болка. Вика кај те боли,шиеното? Покажувам доле ниско,а ништо ќе помине. Доаѓа болничарка ми го спојува боксот,ме покрива со чаршав и ќебе. Почнувам да се тресам како куче. Целото тело ми игра. Замолив да ми го подаде телефонот. Ѕвонам на мм да му кажам дека станал татко. Тој па заспал чекајќи. Му кажувам дека немам батерија,полначот ми е во кеса,не смеам да мрдам а не можам да ја дофатам.
    По некое време поминува анестезијата почнува да ме боли раната. Поминуваа оваа истата викам може ли инекција за болка. Вика имам само спазмекс. Викам нема ли да помогне тоа? Не,немам ништо за болка.
    Го праќам мм во аптека да купи,од таму не му даваат му викаат да бара на ГАК.
    Му пишувам и ми се гаси тел.
    Дошол на врата ,искочила оваа ја замолува за инекција и да ми го стави тел на пунач.
    Доаѓа напната, мори плачке се жалеше на маж ти, викам да. Ме боцна,го стави тел на пунач. Опа имало инекција за болки.
    Така дремев до 7 саат кога дојде прва смена, да ме прегледал доктор а и онака немало кревет кај родилките. Ме прегледа др,ме преместуваат кај родилки,прашувам за бебето,викаат да дојде болничарка да те среди ќе го донесат. Чекав болничарка два саати,па со врски дојде ме среди. Мм ми донесе јадење,мртва гладна бев. Бев во соба што се влегува во друга соба, едно 6-7 жени,хаос. Им текна да ме преместат.
    Таму беше подобро,2 кревети. Доаѓа сестра, прашувам за бебето. Ти смени соба,да му стават бројче ќе го донесат. Чекам...нема. доаѓа пријател да ме види,се жалам ми го нема бебето. Доаѓа пријателка, се жалам ми го нема бебето,вика сега ќе прашам. Го видела,супер е најаден,покасно ќе го донесат. Го нема. Доаѓа друга пријателка,се жалам цел ден ми го нема бебето. Ќе прашам па ќе ти кажам, ја снема. Наслушнав дека бебињата се право па десно. Собрав сили нога пред нога отидов. стигнав до врата не знам дали смеам да влезам, од врата прашувам за бебето. Ме прашува за бројче,аха ќе го донесеме. Чекам уште,го нема. Ме мафтаа до 18 часот. Последно беше кога тргнав низ ходник,една сестра носи бебиња ја прашувам,а не е тука твоето. Се свртев почнав да си плачам и да се жалам на мм дека не ми го даваат. Таман стигнав до соба,етс ја го носи, го остави на пултот за пресоблекување и замина.
    Ни да ми каже основни работи (прво дете) ни дали е нахрането ни дали се направени некои прегледи...разочарана од однос многу,ама кога го имав целиот свет во мои раце ништо не ми беше важно.
    За односот во тој оддел...ќе ви пишам во друга прилика.
     
    На NNA, Love 83, fina erika и 49 други им се допаѓа ова.
  15. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Мила гооооолем (y)за тебе и бебуш,честитки за него,а за Гак гооолем(n)се разбира а што друго.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    10.346
    Аjде и мojата пoрoдилна приказна...:lol:
    17.10 утрoтo oкoлу 05:00 oсетив jака менструална бoлка кojа траеше пoдoлгo. Прoдoлжив да спиjам накаj 06:00 пoвтoрнo дojдoа некoлку сo различнo времетраење. Oтидoв вo тoалет имав исцедoк сo капка крв. Oд 08:00 имав редoвнo цтг закажанo.
    Jа прoверив тoрбицата нo не jа земав, гo разбудив мм и oтидoвме..
    Дoдека правев ЦТГ вo Чаир дoбив иста таква бoлка нo цтг апаратoт не jа регистрираше. Ме прoвериjа сo рака не бев oтвoрена ни прст.
    Дoктoрoт ми вели не си oтвoрена не се oвие тие бoлки :drunk:
    Си пoмислив oвие не ги трпам какви се вистинските :?:, ми предлoжи да oстанам и нoрмалнo дека не прифатив :shake:.
    Oтидoвме дoма си легнав и на некoj час дoбивав пo некojа jака кoнтракциjа.
    Накаj 17:00 пoчнаа да стануваат пoчести.
    Oд 19 часoт бевме сo мм на рoденден каj внука му (сега рoдени вo ист ден сo бебе) не издржав ни 30мин, бoлките пoчнаа на 10 мин и држеа oкoлу 40-50 секунди.
    Му велам стануваj гoтoва сум, а свеки вика чекаj тoртата сега :rofl::rofl::rofl:...
    Се вратив дoма,се средив jас тoрбицата и накаj Чаир.
    Измешани емoции, вoзбуда и некojа сoлза. Jаки бoлки ама тoа е душа oд душа се дели.
    Ме ставиjа на ЦТГ сега пoкажуваше jаки бoлки, сестрата пoвика дoктoр ме прoвери вели не си oтвoрена се мисли дали да ме прими.
    Бев дoгoвoрена сo дoктoр кoj требаше да ме пoрoди за oдредена награда нo не се пojави пo пoвикoт. Искренo не ми беше сееднo, ме фати паника нo врската штo ми беше рече вooпштo да не се секирам дека на смена е дoбар тим.:call:
    Пoчнаа да ми oтвараат истoриjа, не мoжев ни да збoрам па пoише мм им кажуваше. Му рекoа да си oди дека нема да се пoрoдам дo утрoтo :!:.
    Ме примиjа веднаш вo рoдилна гo рипнав делoт сo паталoшка, веднаш ми ставиjа клизма (рекoа дека така пoбрзo ќе се oтвoрам).
    Имав гoлема среќа штo брзo се oтварав, на првиoт преглед пoсле клизмата бев 3 прста oтвoрена.
    Следен преглед 6 нo пo 15 минути дoбивам напoн да дадам, дoаѓа дoктoрoт се шали сo мене вика не претеруваj сега те прoверив му велам ќе напнам, прoверува 9 прста oтвoрена.
    Пoчна да вика аjде на бoкс..Кoга ме наместиjа ми oбjасни штo ќе се случува и штo треба да правам, премнoгу ме oпушти (чoвек oд маjка рoден). На сета мака му викам ќе престанат ли бoлкиве кoга ќе излезе бебе и вика незнам така збoрат не сум рoдил :rofl::rofl::rock:...
    Сo некoлку напoни се рoди бебе, премнoгу слушав и сoрабoтував, пoгoтoвo кoга jа видoв нoжицата уште тoлку сила дoбив. Не ме сецнаа и прojдoв сo некoе кoнче (рекoа еден нo мислам дека се пoише).
    Кoга излезе бебе, душа на мама ми jа ставиjа на oбраз (кoлку беше тoпличка) па направиjа две слики наjбитни и наjубави за мене:l::l::l:.
    Jа oднесoа бебка и дoктoрoт ми даде мoб негoв на мм да му се jавам дека има ќерка, а тoj пoспан дека нели сабаjлетo ќе раѓав.
    Ме шиеше дoктoрката штo ме прими, пoтoа ме oставиjа на бoкс.
    Oкoлу 3 наутрo ме префрлиjа вo сoба, за брзo време jа дoнесoа и бебка.
    Не ми се дoпадна штo самo така jа oставиjа без да ми пoкажат дoење. Бев изнемoштена и срав ми беше и да jа земам, тoа плаче jа самo jа галкам пo oбразoт.
    Грижата за бебињата oкoлу пресoблекување и бањање си jа тераа сестрите.
    Се пoгoди една дoбра сестра се даде oд себе бебе да фати да цица, иакo педиjатарoт викаше oва бебе нема да цица :!::fubar:
    Ви пoсакувам мешиња лесен пoраѓаj какo мojoт, Чаир беше преубавo искуствo за мене.
     
    На NNA, Dikinzi, duffi и 44 други им се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    7.359
    Пол:
    Женски
    Ќе почнам, не знам колку ќе успеам да ја завршам сега приказнава, се надевам да, додека ми се свежи сеќавањата. Како што пишував во труднички, термин ми беше на 22.12. Се решив за клиника. Почнав од 36 полна да одам за цтг, но добив прв преглед во 38+. Контракции нема. Бебе добро. Малку мало, но протоци и вода ок. Одев на контроли, ништо. Прв преглед со рака добив со 1 ден поминат термин, ни сантим отворена. Мене почна паника да ме фаќа поради поминат термин, читав свашта и сакав побрзо да се породам. Во 40+3, среда, докторката вика водава се намалува, може ќе издржиш до понеделник, ама ајде дојди утре да те индуцираме. И така јас сабајлето, спремна на патолошка да раѓам. Накај 10 саат добив индукција со некои цевчиња и таблета. Имав мали болки неколку саати, накај 4 ме проверија, 2-3 прсти отворена и толку. Болки престанав да имам. Вечерта ме проверија пак, нема промена, ама грлото почнало да зрее, ајде да почекаме до утре. Сабајлето добив уште една индукција, успеав да се отворам уште еден прст. Болки на цтг покажува до 80, јас ништо не осеќам. Во меѓувреме добивам чести вагинални прегледи за помош, но безуспешно. Накај 2 саат доаѓа докторката, вика 4 прсти, ајде горе во родилна. Лежам таму до 5, ми прават цтг нон стоп, болка не чувствувам, а цтг покажува до 80 пак.. Во 5 ми го пукнаа водењакот и тука почнав да имам вистински болки. До кај 10 се отворив 7 прсти и ме пратија на бокс. Таму лежев, добивав инструкции да правам некои пируети за побрзо отварање и прекор како сум дошла неспремна да раѓам, дека не знам да дишам правилно. Ме прашуваа цело време дали имам напон за какање, и јас имав само за мочање. Болките почнаа да стануваат неподносливи, а јас спремна од претходниот ден дека ќе раѓам, ни јадено ни пиено немав 2 дена. Пиев по 1 голтка вода и тоа го исповратив. Побарав инфузија зошто бев дехидрирана. Ми дадоа, во меѓувреме се отворив до 8 прсти. Тогаш добив венска провокација и почна лудилото. Болки ненормални, ама неправилни. Не беа на точни интервали и не поминуваа брзо. Натака се брзо се изнаслучи. Се отворив за раѓање, дојдоа докторите да ме породат, сама си побарав да ми ги врзат нозете. Ми викаат какај, јас немам никаков напон и не знам што да правам. Ме искараа, до сабајле ќе седиш на бокс вака. Јас очајна, сите викаат тој напон е јак, а јас го немам. Дојдоа пак после некое време. Не знам колку души беа околу мене. Еден буткаше одозгора, друг влечеше од доле, имаше уште некој доле, не знам што правеа. Јас напнав некако и бебе излезе. Замотано 2 пати со папочна врвца околу врат. Околу 12 и 10. Не заплака одма, ќе умрев. Добив сечење и плус испукав на бебе од 3 кила. Ме шиеја со анестезија, но испукав нанапред и таму го осеќав шиењето. Докторката рече дека сум била многу тесна, добро што сум успеала природно да се породам. Го видов бебуш и полежав на бокс уште 2 саати. Ме преместија во соба во 3, а сабајлето ми го донесоа. За доење никаква помош не добив, само глупи коментари од сестрите. Уште се мачиме во тој поглед. Јас одма станав, ништо не ме болеше ваљда од адреналинот. Уште закрепнувам, но добро ми оди. Бев со став нема шанса да раѓам пак природно, ама кога го гледам бебе, љубов гледам и може ќе се предомсилам. Ви посакувам на сите лесен, природно отпочнат пораѓај. Не верував дека толку боли, ама боли. Ама и вреди за секоја болка. Поздрав до сите :hug:.
     
    На Turna, NEA, Dikinzi и 42 други им се допаѓа ова.
  18. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    малку офф топик,се присеќав на порагајот и си ја прочитав породилнава приказна што сум ја напишала тука лани :) ..сега сум повторно бремена треба да се породам во јули :)
    сум пишала здравје следен порагај царски обавезно хаха
    Сега еве си размислувам и нема шанса царски,пак ке одам природно тешко беше и многу болно ама вредеше (не се заборава) сум пишала дека имам јаки болки после пораѓајот доле дека ме сецнаа,ама еве кажувам дека за 10 дена ми помина се,и се можев да правам и многу сум задоволна од се како помина
    и повторно ќе го изберам Чаир,и Младен,и апартман и дај боже се да е во ред до тогаш
    поздрав до сите и на сите да ви биде со лесно,како и да поминуваме сепак ја правиме најдобрата работа на целиот свет :hug:
     
    На NNA, Turna, AngIv и 26 други им се допаѓа ова.
  19. Tedyyy

    Tedyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    3.014
    Пол:
    Женски
    Коj доктор те породи?И jас к'е се пораг'ам во државната во Битола.:)
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  20. hristin4e

    hristin4e Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    Доктор Михајло Вангелов толку добар ,комуникативен , да те расположи и до последен ден чекаше да бидам природно.
     
    На Tedyyy му/ѝ се допаѓа ова.