1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. maaitka

    maaitka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека и јас стигнав до мојата породилна приказна :)
    Мојот термин беше 21.01.2020. На 09.01 одам на контрола за цтг и докторката која ме прегледуваше ми дава упат за утре дента да направам крвна слика и бидејќи имам висок притисок да ме задржат на паталошка. И јас си се средив психички бидејќи несакав да лежам во болница си викав поубаво во болница барем 24h ќе ме пазат и се ќе биде добро. Наредното утре си се спремивме и со сопругот тргнавме на клиника. Кога пак ме прегледуваа исто цтг, крвна слика и притисок докторката ми вика ај да не дремеш тука викенд поубаво дојди во понеделник и таман сите доктори се тука и ќе останеш на паталошка и јас си се израдував бидејќи ќе сум дома уште 2 дена :) И така ајде назад со мм дома. Во саботата ми беше многу тешко станувањето, едвај се вртев од една на друга страна ама си викам стомак голем и смета и знам дека цело време се жалев ова ми е тоа ми е. Во неделата уште потешко и движењето стомакот ептен ми се здрвуваше и некако го поминав денот. Во 21:30 станав да се средам се избањав и сушев коса и само што завршив си викам ајде уште малку да поседам во дневна со мм и ќе си легнам. Само што легнав одеднаш почуствував дека нешто ми тече и дека ако станам лом ќе направам, му викам на мм не паничи ама мислам дека ми пукна водењакот а тој целиот испаничен и сеа што да правам да одиме како да те земам и му викам не паничи викни ја комшиката (медицинско лице е она) и ќе видиме. Дојде она и ми вика ајде женче почна пораѓајот ако сакаш истуширај се и одиме во болница. А мм вика чекајте да се истуширам и одиме и јас му викам јас или ти ќе раѓаш :D :D :D он душичка целиот испаничен. Станувам а тоа тече и од страв седнувам и викам ама ова тече како да станам и она вика тоа ќе си тече не е страшно и ајде станавме се облеков мм истуширан тоа најбитно :D и тргнавме. Кога стигнавме не фати 23:45 ноќта одма ме ставија на цтг и ми измерија притисок 160/100 и ме однесоа на паталошка. Само што се средив доаѓаат и ми велат ајде на предродилна. Ајде отидовме горе и таму пак на цтг и сестрата што ми правеше цтг истрча да викне докторка и гледаа во цтг едно 10мин и коментира добро е сеа стави инфузија. И како лежам почнува да ме боли стомакот грчеви на секои 15 мин ме фаќаат и како поминува време се почесто и почесто. И сабајле во 8h доаѓа доктор и ме прегледува и вели грло затворено, бебе високо, болки има и вели женава е за цезарија. Искрено кога го слушнав ми олесни бидејќи кога видов жените како се мачат молев Бога да ми кажат царски. На 13.01 во 10:30 ме земаа во сала и во 10:50 го слушнав најубавиот звук на мојата пеперутка. Докторката искомемтира види ја ти неа уште ја немам извадено како што треба а таа почна да плаче :) Чуството кога ми ја ставија на образ неможе да се опише тоа само се доживува. Премногу плачев од среќа ова мое бебуле е премногу долго очекувано. Тешко беше станувањето после 24h ама секој чекор вредеше за мојата пеперутка. Еве сега нанаме среќата е до мене и викам додека си нана да ја раскажам мојата породилна приказна :inlove:
     
    На NNA, Turna, Bubish26 и 51 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Почна да пораѓа тој? :^)
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.690
    Допаѓања:
    72.588
    Пол:
    Женски
    Ме насмеа со маж ти :rofl: И он да се истуширал :D Нека е жива к здрава :)
     
    На NNA, LadyC, Dikinzi и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Некако слично сме поминале ја и ти..само што јас не знаев дека треба да барам инекција за болка после пораѓај..па така 2 недели додека закрепнам си ѓи трпев. А за бебчо..и ја молев да ми ја донесат ти како што си молела..и искрено не знам која им е финтата, на некои одма им ги тупуваат, а на други од памет ги вадат..
     
    На LadyC, Sofi.ja и Martka им се допаѓа ова.
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    18.036
    И јас не сфатив што е поентата со криење на бебето,баш и една братучедка ми кажа и неа не и го носеле.
    А втората вечер толку многу ми беше тешко ме болеше рана,грб,изнемоштена, немав млеко а бебе плачеше изгледа беше гладно, не знам од кај сум нашла сила за да ја поминам. Си помислив еднаш да им речам да го земат кај нив малку да легнам да одморам,ама си реков ќе ми се развикаат ти го бараше сега ќе го враќаш.
    Во мисли ми беше мајка ми и маж ми како ќе ме чекаат дома и ќе ми помогнат другиот ден да дојдам при себе.
     
    На NNA, Ms allways right и Girl-Rabbit им се допаѓа ова.
  6. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Тие моменти се многу тешки, на психичка база...прво сам си ѓи минеш болките ( освен ако не емаж ти со тебе на пораѓај), никој не те ферма, после иде бебето..колку и да си спремен на почетокот се губиш не знаеш што да правиш, ама во тие моменти,мораш сила да смогнеш и да смириш мисли..оти отиде возот.
     
    На NNA, Ms allways right, Girl-Rabbit и 2 други им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.690
    Допаѓања:
    72.588
    Пол:
    Женски
    Можно е да имало некоја индикација што укажувало дека треба повеќе време бебето да е под надзор и следење, за секој случај. Затоа на некои им го носат побрзо, а на некои не... Според некое мое мислење :?: Или па и кои сестри се погодат на смена...
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Можно е..ама така само ќе се шекнеш :D
     
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    18.036
    Да, ама ако имало човечки е да се каже нели? Треба да го следиме ради тоа и тоа покасно ќе го донесеме.
    А не лажги со опашки,сега,после,за 1 саат за 2 и ти тупкаш и чекаш и пукаш од грижи и нервози што не е во ред со твоето бебе,додека сите околу тебе се со бебиња.
    Поверојатно е второто што си го пишала :)
     
    На Kallias2, Coco31, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    И ја бев така у Чаир, во 9 вечерта се породив другата ден во 3 поручек ми ја донесоа, ама додека ми ја донесат, на еден доктор, на друг, на едната смена од сабајле, после на другата смена, се отепав плакајќи, а на другиве одма у моја соба им ги донесоа, тадури цимерката моја шо беше не можеше да станува ради цервикс нешто проблеми, а ноќта породена 6-7 саати покасно од мене, и оп и ја донесоа ,ја станував и ја давав не можеше она не смееше до душа, после ми ја донесоа, и за 2 саати пак ја земаа, на другите им останаа бебињата, и вечерта на кратко ја видов. У право си, не е човечки кажи ми да знам, пукнав од мака.
     
  11. hristin4e

    hristin4e Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    Со царски бев кај него бидејки чекавме 12 дена послем термин да имам болки или да се отворам ама ништо .. тој беше заедно со доктор Никола
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Еве ја и мојата породилна приказна.
    02.01 имав закажан термин за во Чаир, кај Беким Дика.
    Претходниот ден бев возбудена, исплашена, збунета.. Не спиев како што треба, размислував што ќе ми кажат, имав претчуство дека ќе ме остават, затоа торбицата ја доспремив. Маж ми убеден дека нема шанси, ќе се вратиме дома.
    Сабајлето се спремивме со маж ми, земавме торбица и тргнавме, бев многу уплашена.. Прво отидовме во поликлиниката Чаир, не знаевме дека Гинеколологија е посебно, баравме и ја најдовме. Додека одевме маж ми ме држеше за рака, почнав да плачам и да се отргам од него дека ми е страв, дека не можам денес да одам на тој преглед, го молев да не одиме денес, како да имав претчуство дека е рано, да почекаме уште малку, да оставиме за друг ден, наместо таму на направам уште едно цтг кај Коруноски..
    Маж ми некако ме внесе внатре. Немаше никој, па веднаш влеговме кај докторот. Ме виде на ехо, чудно му беше што сум со 12 дена поминат термин, па ми бараше слики од ехо од сам почеток, немав во мене, ама му објаснив се, кога сме имале односи и кога сум правела тест за бременост..Не дека ми поверува ама ајде... Ми рече дека ако сум со толку дена поминат термин, мора да ме остават, ама како сакам јас, му реков како вие ќе ми кажете така ќе направам, ако треба ќе останам, така и бидна. Ми направија цтг, ми отворија историја, облеков спаваќа се поздравив со маж ми, пуштивме некоја солза и трк на патолошка. Првиот ден не се случуваше ништо, ме следеа преку цтг. Утре дента ми ставија провокација, лежев околу 6 часа, ме болеше само доле ниското половината, незнам дали од провокацијата или од дупката во креветите. Таа привокација не реагираше на мене.. Ноќта во 02ч сестрата ме разбуди во паника целата ајде стани доктор да те види вагинално, ме прегледа, не бев воопшто отворена, пред тоа правев цтг не било добро, па повторно уште две, а никој ништо не ми кажуваше, демек цтг-то не им било во ред, ајде и тоа заврши. 05.01 ми ставија втора провокација, таа траеше исто неколку часа, мислам 5ч.. Во меѓувреме доаѓаше визита, докторите претежно албанци, кој како ќе влезеше си збореше на свој јазик, ќе прашав се ли е во ред, да во ред е и си одеа.. Ми бараа слики и документи од ехо (читај мито) за да се уверат дека навистина доцнам со терминот.. Маж ми донесе документи што треба и документ од приска и ајде излезе дека бебуш доцни со неделите..(не плативме, да се разбереме)
    Всушност се уште беше рано да излезе... На 06.01 ми рекоа дека ќе се обидат со третата провокација. Го пратив маж ми да купи вагиналетка, ја донесе, ми ја ставија. Тоа докторката Ана Марија кога ќе ми збрцаше рака внатре исто како во бунар со вода да бркаше, викнав бидејќи ме болеше, ми врати со викање, демек биди помирна, не боли толку многу.. Ајде некако помина тоа, требаше да лежам 2 саати. Откако помина после некој саат почна да ме боли половината и од двете страни на стомакот ниското ме сечеше, ама се издржуваше некако.
    Ноќта 07.01 во 01:30ч болките станаа неподносливи.. Едвај издржував, бев тивка, бидејќи имав цимерка со мене во соба и ми беше жал да ја разбудам. Кога дојде сестрата и кажав што ме боли и како ме боли вика не се тоа тие болки. Викна дежурен ме прегледаа вагинално, два прста отворена, вика рано е. Таа вечер око не склопив, на секои 5 минути ме болеше, не можев да издржам. Сабајлето дојде директорот и на сестрата и рекол да одам да ме прегледа вагинално, одбив затоа што пред два саати бев прегледана и многу ме болеше. Молев да ме породат царски ако не се отварам, дека се плашам за бебето. Сабајлето околу 11 дојде сестрата и на сила ме стана од кревет, викам каде вика ќе одиш анестезија да ти стават, викам ќе ме вратат ли тука, ќе ме прават ли царски? вика незнам, не ми дозволи ни на маж ми да му се јавам. Ме однесоа во предпородилно, во една соба, ми ставија нешто како инфузија ама мислам дека беше уште една провокација, луѓе не се издржуваше болката на секои 5 минути. Ги прашував цело време сестрите што е тоа, ми даваа одговор дека тоа им било дадено од докторите, тие не знаеле што е.. Од болки викав како луда, сите ме слушнаа,сите дознаа за мене и тие на патолошка што беа, и тие царски што ги пораѓаа. Сите мислеа дека сум луда, дека глумам, и дека не боли толку, само јас си знаев како е. Еден по еден доктор доаѓаше ме брцаше доле, и така ми падна чепот и ми пукна водењакот. Дика беше тука, го замолив да ми даде телефон да се јавам на маж ми да му кажам каде сум бидејќи не се слушнавме од сабајлето, а телефон не дозволуваа таму, ми вика ајде човечки е да се помиогне, ми даде и му реков на маж ми, имам болки, јави се и кажи, фала му на Господ ме разбра убаво, да оди врски да фати, царски да ме породат. Беше 16ч, пак вагинален преглед бев 8 прсти отворена, ќе ме чекаат природно да се породам.. Жената што беше до мене исто болки имаше, ама таа не вриштеше како мене, ја болеше и неа ама таа глас не испушти, само офкаше, а јас како крава врекав, не дека сакав, болеше многу, како со нож да ме сечеа..
    И мислам дека болките беа различни со провокација, повеќе болеше отколку природните. Маж ми во меѓувреме се јавил на неговиот газда, се виделе, тој па бил пријател со директорот и сите троица се нашле и збореле, директорот рекол дека планирал да ме чека докај 20:00ч затоа што сум отворена 8 прсти и природно да почнеме. Еј луѓеее ги трпев тие болки скоро 20 часа, ме следеа и на цтг, и на ехо и никој од лекарите да не примети дека бебето е високо и дека нема шанси да се породам природно.. КОНЕЧНО ме земаа во сала за царски, бев свесна, додека траеше, бев нестрплива да го видам моето малечко. Во 19:25 се роди, чекав да слушнам плач, па се расплакав и јас. Додека ги имав болките од провокациите, се дерев на цел глас, викав не, не нека не ме боли, ова малово кога почна да плаче, плачејќи викаше нее, нее, дали дека јас 20 саати така викав незнам.. Ја средија и со грб ми ја свртеа, ја бакнав во главчето и ја однесоа. Ја видов дури следниот ден околу 10ч..
    Се беше во ред, се додека педијатар не откри дека бебето има бактерија, од стрептококата. Боцкано во раче, во вена и во главче, светот ми се сруши, не знаев што ќе биде, затоа бевме задржани толку долго. 5 дена горе на патолошка и 7 дена на породилно, затворена во 4 ѕида збеснав, плачев.. Некако и тоа помина, на 14.01 не пуштија домче, од страв за бактеријата да не не е помината, сакав да му кажам на педијатарот ако треба ќе останеме уште некој ден, само да биде се како што треба, ама тие нели знаат што е најдобро што не за бебињата.
    Чаир како Чаир е ок. Доле во породилна секој вработен е топ, од чистачка до поглавна сестра, се што ќе посакаш ќе ти биде дадено, и објаснето. Од таму сум презадоволна. Повторно кога би раѓала би одела пак таму, само што нема сила што ќе ме натера да одам пак со провокации. Ќе си закажам царски ќе си завршам работа и домаа,вака многу ми дојде и се намачив и со тие провокации, и навистина ми беше стресен тој период...Не сакав воопшто царски да се породам, ама и се плашев за природниот дали ќе го издржам.. но ете бидна.. Како викаат пази што не сакаш може тоа ќе ти тропне на врата..
     
    Последна измена: 24 јануари 2020
    На Turna, fina erika, 24.07 и 28 други им се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    151.774
    тебе те зафркнало тоа што бебе било високо и да виделе порано да не те мачеле ич
    вака си изкусила и природно и царски
    сепак болки се болки изгледа имаш низок праг на толеранција и не трпиш болки инаку тие болки сите ги трпат без глас да пуштат не дека не боли боли ко во пекол да гориш ама нема како поинаку за да родш природно
    знам што ти пишувам бидејки сум породена исто со индукција над термин
     
    На 24.07, Мариаа., Dikinzi и 5 други им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.690
    Допаѓања:
    72.588
    Пол:
    Женски
    Кај природниот пораѓај болките додека се отвориш се страшното, пораѓајот (веќе чинот кога искача бебе) наспроти болките е полесно. Ти си издржала и болки и све, како и природно и царски да си се породила одеднаш! Многу ти дошло, па те читав и во друга тема и ти одговорив нели... Ама све ова ти направило хаос во глава. Ке биде подобро и полека ке избледи колку толку нешто, ке се сеќаваш на моментите ама на болките не, гушкај бебе :hug:
     
    На 24.07, Coco31, Girl-Rabbit и 9 други им се допаѓа ова.
  15. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене да ви раскажам нешто :D
    13.01 Беба клоца како луда цел ден и цела вечер.
    Не бевме со мм во ист град и му се јавив му викам имам некое чудно чуство, плус одев во тоалет мн почесто на пола саат еднаш минимум.
    14.01 се во најдобар ред дента се излежавав беба посмирена од вчера, си гледав некоја серија и пак стандард тоалет кревет релација :)
    Во 4 попладне бев до тоалет се средив и дојдов дневна, само што дојдов осетив како малце да се замочав и одма истрчав назад и како чешма да истече од мене и одма гледам крв, Полека си реков ова е тоа не паничи, а срце чука 200 битно јас се куражам себе си и таткоми што беше со мене и му се јавувам на мажми му викам срце тргнавме накај Чаир ти чекај инструкции.
    5 попладне ние сме во Чаир ме примија со констатација за пукнат водењак но само 1 прст отворена и грло не скратено ни омекнато (џабе беа урмите)
    Ме сметија на патолошка и пошто торбицата ми беше огромна болничарката ме праша на одмор да не одам :D
    Ама никој ништо не ми врати од неа сем алиштата што ги носев му ги дадов на тато.
    На патолошка ме следат контракции имам ама слабо оди отварањето препорака шетај движи. Никој не ми направи проблем за носењето на гаки за една употреба со Вир влошките.
    На 15ти сабајлето почнаа да ми се појачуваат болките, на 5 минути станаа цтг регистрира 100тка контракции а јас си трпам, ме прашаа дали осекам чудно им беше што не се дерам одговорот ми беше :Луге јас сум понекогаш како коњ си трпам.
    Проверка вагинална отворена само 3 прста :/ Денот си тече мене будно ме следат со ЦТГ на секои саат време по пола саат 40 мин практично повеке бев на ЦТГ него ли што не бев за да при проверка во 17 видат дека стигнало до 5 прста работава, ама на докторката Господ ја пратил и се гледа нешто сумњиво на ЦТГ како да пагаат тонови на беба и ме шибаат со релаксан и правац предродилна.
    Е тука мене ме фати веке општа паника со плачење со се, почнав да викам штом е така носете ме одма на царски. Во предродилна пак ме проверуваат и кажуваат дека се чека да се доотворам а во мегувреме бебе се прати цело време со цтг. Болките веке и за мене стануваат големи ама пак не се дерам :)
    Ме пратат будно цел тим од дежурна, плус телефонски докторот што требаше да ме порага но е надвор од државата.
    Некаде после 11 работата ја презема доктор Неџипи (кој топло и од срце би го препорачала на секоја една родилка, да те смири да ти објасни и да се погрижи да и двете поминеме најдобро што ситуацијата овозможува) со смирен тон ми објаснува дека тој ке следи уште некое кратко време како реагира беба на јаките контракции и ке одлучи кој ке биде исходот, во мегувреме една стварно болна проверка од докторка повозрасна албанка (на жалост не и запамтив име но и таа е златна) при која се осмелив да се разлутам и се дерам дека до сега 10 души не ме болеа како неа :D. Притоа констатација отворена си 8 прста......
    После кратко доага докторот и ми објаснува : гледам дека тоновите на беба пагаат при твоите јаки контракции значи или има проблем со папочна врвка или беба не е добро поставена со главата.... Можностите се следни :
    1.Одиме во родилна и доколку дојде до компликации ке трчаме на сала за цезареа (ризично)
    2.Потпиши и влагаме цезареа
    Исходот го знаете јасно и гласно : Не ме интересира како но не сакам да ризикувам со двете раце ке ви потпишам.
    Влегуваме во сала јас качувам притисок тимот светски расположени и се трудат максимално да ме смират ми дадоа спинал по што јас се вознемирив плус (мислев не фатила смотаната јас) пееме заедно со тимот :)
    00:15 ми честитаат керкичка :D
    Ме однесоа во шок соба таму бев до сабајлето и потоа на мое барање во апартман. Бевме 3 вечери сопругот беше по цел ден со нас ми помагаше, кој прошол царски знае кои се маките :)
    Бескрајна благодарност до цел персонал и на патолошка и на тимот што ме порагаше и во акушерија, и оддел за неонатологија. Јас си одбрав апартман друго ништо никому не платив ме гледаа како царица, дури и се бунев зошто толку ме пазат.
    На секоја една од вас би и препорачала да оди во Чаир, утре да треба пак пак би одела.
    За чисто и да не зборам можеби не е ново но се е чисто и се одржува цело време, спаваки даваат секогаш кога ке побараш, менуваат постелина даваат подлошки. Храна како храна болничка, но во секој момент може некој да ви донесе на приемно долу ако сакате нешто посебно, и ке ви биде донесено во соба. Буквално немам никакви замерки, и би ви го препорачала Чаир дури и на сите вас кои како мене се мислите да одите Систина или Чаир единствено што ке добиете во Систина повеке од јас во Чаир е мени за храна, и дебела сметка :)
    И доколку можете и има во моментот слободно дозволете си апартманско сместување, чини 50 еу од нокевање а за нив можете да имате помош од некој од блиските (со мене беше сопругот од 8 сабајле до 22 вечер) а и ке сте сами во соба и имате тв.
     
    На NNA, 24.07, fina erika и 24 други им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.690
    Допаѓања:
    72.588
    Пол:
    Женски
    Нека е живо и здраво прво :)

    Ова ме буни малку: 5 попладне ние сме во Чаир ме примија со констатација за пукнат водењак но само 1 прст отворена и грло не скратено ни омекнато (џабе беа урмите)..

    Нели ако веќе си 1 прст отворена грлото треба да е скроз скратено? Како виделе дека си 1 прст ако не било скратено? Како стигнале до отворот на матката? :?: Нели прво се скратуваат тие 4цм цервикс... па почнува отварањето...
     
    На kukla21, ddevojce и LadyC им се допаѓа ова.
  17. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Сега си ја читам мојата прва породилна приказна и тоа колку набрзина сум ја напишала (facepalm):rofl: многу детали сум скокнала, изгледа толку слободно време сум имала ^_^ плус неделите сум ги утнала. 9 дена над термин се 41+2.
    Да ви дораскажам...
    пред да раѓам на топки ме седнуваа, масажи на грбот разни вежби ништо не помагаше. Страшни болки од провокација, веќе не се ни дерев од шо немав сила.
    Да додадам дека до мене имав и анестезиолог од десната страна, кој го смакнав и него од теглање,а од левата беше мажот ми, кутриот без рака остана, а ме пораѓаа бабица и асистентка докторка. еднаш ме сецнаа и не болеше, и плус раѓав на суво дека не ми беше пукнат ни водењакот. Сакаше да го пукне ама таман да ја бутне таа иглата сам си пукна. Не ми ставија ни клизма ни ништо а раѓав плус јадена, дали сум направила беља незнам, а на последниот напон кога ме сецнаа гласот го изгубив. Крв прсна на сите страни. Мм ми кажа од цел пораѓај тоа ми било најболниот момент. Со мм бевме циркус дека он гледаше преку нозе како излегува бебе и го прашував дали има коса и како изгледа :mm: Кога ја извадија беба беше замотена со папочна врвца и одма ја однесоа да ја исчистат и таму заплача и одма ми ја донесоа и беше цела на таткои. Уште два напони и излезе плацентата.Мм беше нонстоп со нас, мене ме сошијаа и ме скорнаа од кревет и ми дадоа одма да јадам. Он беше нонстоп со беба. Морав и до вц да одам дека многу вода пиев за време на раѓањето. Одма на нога те скорнуваат. И така не однесоа во соба и почнавме со доење :mm:
     
    На tina2018, maaitka, 24.07 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Драга моја и покрај тоа што сум доктор, струката не ми е гинекологија :)
    Не се мешам во работата на другите оставам стручњак да си работи, како што сакам и мене во моето поле да ме остават. И очигледно е можно исто како што е можно да тука има мајки кои се отвориле до 5 прста без да осетат (што според мене е и најдобро) А искрено незнам зошто можеби поради присуство на бактерија која можеби и покрај упорна терапија не се излечила дошло кај мене само до прснување на воденик без да се крати грлото, но сепак тоа се само мои лаички претпоставки. Поздрав и секое добро :D
     
    На mariz и LadyC им се допаѓа ова.
  19. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    @Starlič нели ти беше стрептококата претдоа испитана со брис?? Антибиотска терапија примаше ли за греме на пораѓај?? Пошто си била царски не ни требало да се фати бебето. Мене овде ми рекоа со антибиотик ќе бидам покриена само на природен пораѓај, за царски нмеа потреба од антибиотик.
     
    На Ms allways right, Martka и LadyC им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.690
    Допаѓања:
    72.588
    Пол:
    Женски
    Добро јас си кажувам како сум сфатила па и прашувам воедно, може и ти не си слушнала убаво, може и јас не сум сфатила. По некоја моја логика не е можно. Мора да се отвори скроз грлото (тоа е скратувањето), па за да дофатат до отворот на матката за да видат дали е отворена. А ако си била 1 прст отворена, цервиксот ти бил скроз скратен. Не сум доктор но 2 бремености истерав и тоа така го имам разбрано. Цервиксот од 4цм оди на 3,2,1,0 И веќе почнува отварањето 1-10 прсти.. :) Поздрав.
     
    Последна измена: 25 јануари 2020
    На lovely12 и Dikinzi им се допаѓа ова.