@Dikinzi ја скрив чинијата, нема смисла сеа да покажувам. А тоа е обичен освежителен пијалок со лимета, сода и ѓумбир и босилок.
Каде раѓаше? Ова сиг не е во Мк Зашто за жива глава вода не даваат, ми дадоа со првото газа мокра да си ја мокрам устата само а препекав за вода...
У германија. Мајка ми го беше прашала мојот гинеколог у мк, кој воедно и комшија ми беше, зошто ми дале таму вода и плус јадење пред пораѓај, тука изгладнување и жед, почнал да грчи мишки и да вели, друг систем. Така да не знам шо да кажам.
@ddevojce Во текот на бременоста примав антибиотик неколку дена. И пред да ме однесат царски ми дадоа инфузија, наводно било за стрептококата да не се префрли на бебето, ама тоа не е гаранција. Моето бебе секако ја фати. @Dikinzi Никој не ми објасни како прима терапија, се додека сама не видов дека е боцкана на рачето, кај прстињата, во вена на рачето,и на крај кога не успеале да и најдат вена ја боцкале во главчето. Претпоставувам дека е некој амтибиотик, кој се прима како инфузијата.
Ништо чудно и да не ја фатило од тебе. Ама кој ке признае. Но ваљда е и можно дека ти бил и пукнат водењакот па некако стигнала до бебе бактеријата. Другарка близнаци роди со позитивна стрептокока природно, не фати ни едното, ни другото.
Мене на гак ми дозволија пред пораѓај леден чај и вода, откако се породив побарав вода ми даде во чашка болничарката,а после тоа си пиев пак леден чај што си носев. Природно породена.
Мене ми даваа по една голтка да пијам ама кога ја исповратив и таа малку вода сфатив дека веќе ни тоа не треба да го пијам и јас со газата патев. Грозно чувство
Бебето добило сепса како резултат на долго време поминато од пукнат водењак до излез. Се решава со антибиотик седум дена. Моето доби исто на пораѓање. Никој не знае како и кога ја доби, немав стрептокока чиста на брисеви од почеток. Има веројатност да се напила од плодовата вода при процес на искачање. Бебето мора да е редовно следено на контроли веднаш после пуштање од болница. Ќе има силни грчеви од антибиотикот.
Мене водењакот ми го пукнаа неколку саати пред да ме породат царски, додека ми се редеа еден по друг докторите да видат колку сум отворена. Сепса и стрептокока нели се две различни работи??
Сепса е труење со бактерија или вирус најчесто непозната, а стрептокока е бактерија. И мене ми пукна неколку саати пред да се породам. Ми пукна во 19.30 се роди во 4.34.
Докажаа со брис со нешто дека е стрептококата? Или имаше покачено црп па ај дека ти си имала стрептокока, таа е си рекле. И мојата мала примаше 5 дена венски антиб дупла доза и дома плус пиеше 7 дена, дека и беше покачено многу црп и леукоцити (се напи и вдиша мекониум, плодова заматена). И дојдоа ме прашаа дали сум имала бактерија ден после пораѓај... а им дадов пред пораѓај и доказ нема немав. Незнам зашто тоа ме прашаа. Да имав може ке речеа епа од бактеријата има инфекција.
Во ред. Погоре имаше пишано дека е од бактерија и не е дефинирана. Ако ја дефинирале тогаш е стрептокока. Небитно, битно да е излечено бебето. И сепса и стрептокока се лечат патем со антибиотик, само сепсата е животна лотарија. Може да и делува, може и не антибиотикот. За стрептокока си има спектар на антибиотик кој е докажан дека делува и нема промашај.
@mariz @FreeMind Неколку педијатри прашав во Чаир ми рекоа дека е можно да е пренесена преку стрептококата. Во 35 недела брисевите покажаа дека имам стрептокока,пиев терапија.
@Starlič и за син ми не се знае како доби инфекција при пораѓајот. Јас имав чисти брисеви. 5 дена примаше венски два антибиотици додека стигнат резултатите од хемокултурата кои беа негативни. Не се знае што се случи. Веројатно инфекција при врвење низ родилен канал што кај тебе не може да е случај бидејќи си царски. Грчеви нешто посебно од антибиотиците не забележав. Давав и пробиотик уште некои десет дена дома.Сега не давам ништо.
Исто и мене ми се случи. Цела школска бременост, уредна се при пораѓајот малиот фатил инфекција, црп преку 30. Тогаш уште ме исплашија кога ми рекоа бебето е стабилно не е на апарати Лежевме плус 5 дена во болница, примаше антибиотик плус сируп за дома и среќа оздрави. Ама тој страв ќе го паметам..
Најверојатно се напиваат од водата и вдишуваат... А тоа не е убаво, особено ако пуштиле кака. Кај мене кафеава како талог од кафе беше... 4 катетри мекониум извадија од неа, имаше и вдишано. Црп до плафон беше и затоа 2 дена на целосна поддршка кислород беше, тек 3ти ден почнаа да и го тргаат. Плус ја ставаа во некоја топла соба (нешто како отворен инкубатор). Ме предупредија за јаки грчеви дека многу и го чистеле стомакот, ама немаше иако таму дупла доза венски антибиотик примаше и дома пиеше плус. БиоГаја по два пати давав само со препорака. Според мене ако има јаки грчеви ке си има... И без тоа да се случи. Кај мене ни првото, ни она немаа. @Starlič ваљда океј и биле резз, затоа. Нас не испуштија со уште малку покачено црп и затоа примаше дома и одевме секој ден цела нед да следат дали паѓа. Ни вакцините не ги прими што се примаат одма, ги прими покасно малку.