1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Нас ни рекоа дека се супер резултатите, и дека може дона да си одиме. Вакцините ги примивме таму, двете.
    Никој ништо не ми кажа, дали од водата се напило, дали е нешто друго во прашање. Здравје да порасне малку, за некој месец, сакам да ја носам да и земат крв, да видиме што ќе ни покажат тие разултати, дали е се во ред.. Се плашам да не се поврати пак таа бактерија, или пак недај боже нешто друго да има..
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Ич да не се плашиш тие бактерии се само на породување и многу е убаво бебето веднаш да ги манифестира. За да може да се третира со антибиотик. Лошо е да не покаже веднаш, а она да тлее во него.
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Да ви е жива и здрава и да ве радува цел живот ]:)
    Искрено, не знаев дека има спинална во државните мислев дека уште ставаат целосна анестезија при царски рез (by the way баш се плашам од спинална кога евентуално би ја имала). Убаво вака детално од тебе објаснето дека скоро 90% сум одлучна во Чаир да раѓам, здравје.
    Сега со лесно со девојката и побрзо закрепнување.
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Какаат ли бебињата додека се во утробата?? :?:
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Луѓе многу се нервирам кога читам дека сестрите на прашањата "Што е тоа" одговараат со "Лекче" или "Не знаеме тоа од докторот е дадено". Не им дозволувајте да се понашаат така, немаат право
     
    На Kaetana, tina2018, Martka и 7 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.663
    Допаѓања:
    72.563
    Пол:
    Женски
    Не, не би требало да се искакаат. Првата кака се вика мекониум (темна кафена, црна) и таа треба да ја искака по раѓањето. Но од некој доживеан стрес бебето знае да се искака уште во стомакот (обично повеќе тоа се надносени бебиња), па во тој случај не смее бебето веќе да седи во меше, мора побрзо да се извади. Среќа мене за 2мин ме внесоа во сала (спремна за друг царски закажан итно мене ме земаа), зашто веќе имаше изголтано малата и почнаа да и паѓаат тонови. Тие неколку минути додека ја извадат се губев од паника, но чим заплака веќе ми беше многу полесно :inlove: Јас се чудев искрено зашто се немав запознаено и со такво нешто... дека ми пукна скроз водењакот на кревет во болница и бев покриена со чаршав прво се испорадував дека пукна... ама кога станав кога видов црнила од мене... баш како некој да земал и шоља кафе да истурил пред мене :worried:
     
    Последна измена: 27 јануари 2020
    На kavadar4anka, Martka, Dikinzi и 4 други им се допаѓа ова.
  7. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Лел тоа не сум знаела, а што ако тоа дома се случи?? Дур стигнеш у болница?
     
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.663
    Допаѓања:
    72.563
    Пол:
    Женски
    Многу ретко се случува. Јас бев над термин... Дај боже да не се случува на никого. Се случило на жени и дома ама да пуштило малку бебето, па водата да била малку зелена. Тоа е тоа заматена вода, заматен водењак. Мислам ако има повеќе плодова вода не е страшно. Мене ми беше напукнат високо водењакот и 36ч ми протекуваше (чиста вода прво), па кога пукна скроз тек тогаш се искакала, многу малку вода истече од мене... Најверојатно сум останала и со малку вода и затоа тој стрес се случил. Со првото одеднаш скроз ми пукна и тоа беше водопад, многу повеќе вода истече. Не мисли на такви работи, стварно ептен ретко се случува.
     
    На Girl-Rabbit, Martka, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Фала ти па и на тебе со лесно
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RAK91

    RAK91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    2.558
    Пол:
    Женски
    Се си мислам некој споделил породилна приказна, кога ќе видам дека е активна темава и се разочарувам кога гледам дека се коментари :D:lol:
     
    На Dikinzi, Jana06, SevenHeaven и 3 други им се допаѓа ова.
  11. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    52.062
    Пол:
    Женски
    Па и тоа се искуства :)
     
    На Martka, fana и ddevojce им се допаѓа ова.
  12. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    @mariz Не се напи моето колку што знам барем, неколку пати прашав. Ама еве не дознав што се случи, искризира половина час по раѓањето и го ставија на кислород. Вечерта додека станав, додека ме префрлија од родилна сала итн, него му уклучиле и антибиотици два венски. Се распрашавме, тоа бил пропишан протокол од министерството за здравство за нашата дијагноза. Мојот беше 5 дена на поддршка со кислород исто сам во соба лежеше во топлото креветче.
    За првиот пат кога отидов да го видам избоцкан со браунила поставена една, сонда за гликоза и маска за кислород, нема да коментирам. Трајни последици остави на мене.
     
    На flower30, fina erika и mariz им се допаѓа ова.
  13. Ms allways right

    Ms allways right Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2018
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да ви раскажам за мојата приказна. Царски закажан за 02.01 претходните денови направени сите испитувања за да нема задржување на самиот ден со докторката договорени во 07 и 15 сабајле на 02 јануари да сум таму и веднаш да почнеме. Од инструкции за претходниот ден добив да престанам да јадам после ручек рече нешто ептен лесно до 19 : 00 часот и рече за да бидеш спремна за секој случај стави и една клизма вечерта после 20 : 00 часот. Овде и почнува интересното хаха цел ден 01.01 помина нестрпливо, испоплашени повеќе мајка ми и мажот ми отколку јас, чувствував некој спокој дека доаѓа денот да се запознаеме со мојата принцеза. Сабајле во 04:00 на 02.01 станувам за во тоалет и осеќам грчеви во стомакот си викам сигурно од клизмата сеуште ми предизвикува грчеви но набрзу сваќам дека грчевите се всушност на интервали и дека се контракции. Искрено мислам дека причина за контракциите беше клизмата бидејќи навистина се намачив со неа. Стануваме во 06 :00 да се спремаме и им кажувам за контракциите на мајка ми и маж ми и настанува уште поголема паника и двајцата трчаат низ куќа незнаат накаде тераат. Пристигнуваме во болница во 07:00 одма овлекувам спавача и одам на цтг во исто време сестрата ми отвара историја и ме испрашува 100 прашања. За 20 мин одма ме носат во сала некако се многу брзу се случи бев свесна за секој детал. Во салата одма ми ставија катетар и спинална одма осетив олеснување од контракциите. Јас мислев дека сеуште се спремаат кога слушам бебе плаче некако не очекував толку бргу во 08:00 беше се готово. Бебушка ја видов целата копија на татко и преубава,чиста, среќа моја најубава. Некако делот со самата операција помина многу бргу е после седењето во болница ми се виде цела вечност 5 дена седевме ама мислам ќе полудев последниот ден ги броев часовите до утредента кога ќе си одевме дома. Многу ми фалеше и маж ми иако секој ден се гледавме едвај чекав да излезам од тие 4 зида па и хормони до плафон мислев ќе полудам. Дома више си фативме ред и си тераме со бебушка .
     
    На NNA, Dust, BabyStyle и 38 други им се допаѓа ова.
  14. *Mila24*

    *Mila24* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.125
    Пол:
    Женски
    A kaj se porodi ti duso posto I na nas istototnise sluci
     
  15. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    Плодност
     
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.856
    Допаѓања:
    133.160
    Пол:
    Женски
    Aj и јас да пишам некој збор...

    Термин 03.12. Цтг на 29.11 покажува јаки контракции јас ништо не осеќам. Ме прегледуваат и ми велат да одам следниот ден. Утредента се мирно. Нема ни К од контракции. Ми презакажуваат за 2 дена. Веќе нови доктори дојдени на смена. Таков лош впечаток ми остави едниот си реков додека овие не заминат не раѓам ко од мене да зависи. :D секој ден на цтг и секој ден слушам "дојди утре". 09.12 иди друга група доктори на смена. Пак цтг, ехо и вагинален преглед. Докторката вика почнат е процесот ама ќе потрае. Многу позитивен впечаток ми оставија новите доктори па си реков аман нек излези и дете додека се овие на смена. 10.12 пак иста процедура. Ми велат 4 прсти отворена ако до утредента не добијам болки да одам да го вадат со провокација. Некаде кај 5 саатот почнувам некои тапи менструални болки да осеќам ама си викам на психичка база ми се од шо мислам цело време. Вечерта роденден на мм. Седам со гостите ама болките засилуваат и само молам Бога да си одат. Заминаа сите на кај 10 саат раскревавме и почнав да мерам на колку време се јавуваат. Прво беа на 10 минути па за многу кратко време интервалот се скрати на 7. Се истуширав, улепшав, дури и веѓи исчупав. (facepalm) Болки појаки но подносливи. Му велам на маж да спие и дека ќе го будам ако треба. Некаде кај 1 саат нешто ми се лизна низ нога. Проверувам големо лигаво црвено парче. Чепот падна. Болките веќе на 5минути но подносливи. Си велам штом се трпат ваљда лажни се Некаде околу 4 саат почнаа на 4 минути. Тогаш и ми пукна водењакот. Разбудив маж и отидовме на болница. Ме прегледува сестра вика 8 прсти отворена. Прави цтг и ја вика докторката. Др вика стајте инфузија, се мислам со Линдацин рече,да истече и почнуваме. Во 6 нова смена медицински сестри плус практикантки. Јас си правам муабет ко на гости отидена. За време на контракции стискам чаршав ама во глобала мирна. Коментира една сестра дека докторката ваљда утна нешто и дека штом сум толку смирена нема да биде за брзо породувањето. Одеднаш добивам чувство дека морам во вц. Им кажувам ми велат нема вц беше веќе. Пак истото чувство се јавува. Вклучија цтг и настана хаос. Една трчи по докторка друга ме носи мене на бокс јас појма немам што се дешава само гледам растрчан персонал. Прашав се ли е во ред. Ми рекоа ич да не се секирам и да издржам уште малце. Дојде докторката рече почнуваме. Се наредија сите околу мене. Како ми викаа така правев. Цело време добивав пофалби за соработката и чудење од сестрите за смиреноста. Едно време осетив ептен силна болка . Тогаш Др побара ножици толку слушнав. Веќе во следниот момент слушнав бебе како плаче. Во 8 саатот на 11.12 се роди син ми. Го ставија на мене, ми исчеститаа сите јас во шок па уште памтам ги прашав нели требаше повеќе да боли. (facepalm) За шиење дојде друг доктор. Не му се веруваше кога реков дека ми е прво дете. Уште 2 саата лежев во сала и после со се бебе ме однесоа во соба.
    Дали дека очекував многу поголема болка или имам ептен висок праг на толеранција на болка, мене целиот процес не ми беше многу болен. Напротив, ми беше многу интересно искуство.
    Како и да е на сите им посакувам лесна бременост и лесно породување како моето.
     
    На NNA, Veki4kaa, Dust и 69 други им се допаѓа ова.
  17. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Каде се пораѓаше?
     
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.856
    Допаѓања:
    133.160
    Пол:
    Женски
    Општа болница Кавадарци
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Бравоо што убавооо... слично и јас поминав така без јаки болки :D
    Со синко твој значи заедно роденден ќе си славиме:inlove:
     
    На Maja92@, Sexybaby86, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. *Mila24*

    *Mila24* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.125
    Пол:
    Женски
    E super reagirale na vreme I zatoa ste dobri a kaj nas jas se se porodiv vo Sante plus I mislam deka ne reagiraa na vreme I bebeto mi pocina :(