1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    Нема зборови за утеха.Жал ми е ;(:hug:
     
    На *Mila24* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    4.924
    Seail мила од кавадарци си ?
    Супер и јас исто многу убаво поминав лесно со три напнувања излезе синко само јас бев наместена во позиција во која ќе можам да си го видам бебето деодека излегува тоа за мене е најубавото нешто :inlove:
     
    На Slonce91, Martka, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.209
    Пол:
    Женски
    Да. :)

    А бе можев и јас се да видам ама ја кренав главата нагоре и цело време зјапав во таванот. Глупа навика. Шо и да ми прават. И крв само да ми земат јас пак нагоре гледам.
     
    На kavadar4anka, dunika, Jana06 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    4.924
    Хахаха навика пуста и јас сум од Кавадарци :)
     
    На kavadar4anka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. *Mila24*

    *Mila24* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.125
    Пол:
    Женски
    Tesko e mnogu koga deteto ti se ragja zdravo zivo I ti vikaat majka se e super a po 5saati ti kazuvaat bebeto e kriticno I se pravdaat deka ona e doktorka soso 37god iskustvo mnoguu tesko I bolno
     
  6. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Нема утеха, направиле утка и за жал не презимаат одговорност
     
    На *Mila24* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Ај да ја напишам мојата прва породилна приказна :D

    На 19.07. 2018 година, земам каснувам луто, рипам , скокам, со мажот ми опа цупа :D се само да испадне малата :D Време и е..ја надносив си викам :D И така си легнав вечерта, а другата ден секако требаше да одам на цтг во Чаир, и на преглед.

    Станувам ноќта на 20.07.2018 ( дента влегував точно 41 недела, 1 недела ја надносев), ми се моча, некаде кај 3 часот, седнувам на шолја, вршам работа, и така поспана си викам ауу што е ова што ме боли вака волку стомак. Чудно ми беше..земам се бришам..гледам крв,ааа викам бидна , процесот е почнат :D Возбуда, паника :D Ама дај викам да не го будам маж ми, нека поспие уште малце. Си легнав и почнав да си мерам контракции, беа на 8 мин, знаев дека имам време, прворотка, и од тоа што го читав и се едуцирав знаев дека не е е одма така брзо. Една контракција, па почекав уште една, станав пак до вц, пак имаше крв. Тоа е тоа велам, малава стига :D Земав го будам, скоро 4 саат фана, ајде му велам стани, време е..бебето иде треба болница да одиме. Коа стана коа рипна :D Одма се облече, отиде вц, зема торбица и застанал на врата, ја додека постелам постела, додека средам знаеш :D не смее така да се остави :D Ајде вика..! Каде бе му викам ? Ајде тргаме, чекај малку не се истуширав, не ни пиев кафе. Ми вика како ? Да така, читав коа ќе те фанат болки да си се напиеш кафе на раат, оти после толку е :^) :D Така и направив , си се напив кафе, си се средив, он уште тупка :D Кај те разбудив си велам (facepalm) Тргнавме за Скопје за Чаир, стасавме, и се пријавувам, велам имам сокрвица, и контракции на 8 мин. Ајде ме ставија на цтг, а чекам доктор да дојде, он си дремел нормално ноќна смена, 5 и пол сабајле стасавме таму. Додека дојде он 6 саат и фазла фана, виде цтг, направи преглед, која недела си вика ..41 од денес, ама вика воа мало бебе, знам докторе, ама мака немам дека е мало, ич не ми беше гајле, плодова вода вели намалена, и ми направи преглед со рака, виде крв, вика отворена 1 прст. Аха викам супер, ќе биде денеска изгледа. Ама вика јас не можам сега да те примам, ќе правам муабет со колегата, во негова смена да те прими. Ќе чекаш до 8 саат. Си викам во памет молам? До 8 ? Не беше ни сигурно дека ќе ме примат..почна паника да ме фаќа, како тоа така ? Врти сучи, наваму натаму, дојде 8 саат, друго цтг, дојде докторот баш Илиевски беше, а кај него одев на прегледи. Него и ми го препорачаа, влегувам внатре, вика ајде легни, ме виде и он, има сокрвица, ама не ти е тврд стомакот ( аман докторе на 7 мин се сеа контракциите не ми се погодила во моментот) , ама викам и плодова вода намалена, да рече другиот и водата и е намалена. Од Велес иде, нејќам на клиника да ја праќам, и Илиевски ну вика ја знам дека е од Велес, кај мене на прегледи идеше. Вика нема место, тој другиот вика ќе направиме на патолошка, ја спремна да плачам, страв у коски. И врти сучи ме примија и тоа додека завршивме со документи, 10 и 30 го видов саатот беше коа се качив на патолошка. Си лежев си шетав цело време, си го изедов ручекот :D пак шетав, цтг, и некаде кај 2 саат иде Илиевски, ајде вика да те видам, гледа брца само 2 прста отворена. Ајде вика арно шо те примивме, го гледам бледо, шо ли да ти кажам не знам..
    Кај 4 саат, веќе болките почнуваат да стануваат почести, подолги по болни. Ајде доктор нека ме види викам, поим немам до кај сум. Ме видоа пак 4 прста отворена..лелееее викам ова бавно кој знае коа ќе се породам . Кај 6 поручек, веќе стана неподносливо, тргни застани у ходникот, не можев да гледам, душава ми се кинеше, болки неверојатни, одам у ходник, одам у соба го јадам чаршавот со заби. Иде сестрата вика вечера..каква вечера ма, ни ми се јаде ни ми се пие :D Се стегам, се држам колку можам, а пред да си замине една добра сестра, и велам кажи ми која е најболната контракција да знам дали има поболна од таа, само што си ја поминала рече, ах добро е, тој интензитет можам да го додржам. Ама.. тој интензитет на болка, со траење од минута и пол, на секој 40 секунди, више и не е издржлив..:x Некаде кај 20:00 вечерта, пак црт ми правеа, и сестрата го викна Илиевски, дојде ме виде, вика 8 цм си, вади го царски му велам, не можам више.. какво царски рипај ајде одиме родилна доле..не успеав да му пишам на мажот ми за кратко, ме брзаа да одам доле..ајде велат мрдни мрдни, како бе мрдни нозеве не си ѓи сеќавам. Стасавме доле, ставај клизма рече..ми ставија, и во вц додека бев, си ја ставив раката доле да не испадне малата случајно :^) Немаше ништо полошо на свет, да одам поголема нужда со контракции 10-ка, и веќе на секои 20 секунди..завршив работа, се измив некако, ајде оди тука рече, поседи. Постојав некое време таму, една женичка ме тешеше, она имала болки па и престанале, во тој момент заборавив да ја прашам како може да престанат болките ? И ме викнаа, имам напони више им реков. Ајде на бокс, некако почна полесно да ми иде, што стана викам, само напони осеќам веќе, болкава се скрати. Седам сама на бокс, докторот си седна таму некаде , ама ме гледаше цело време. Докторе, бидете тука ве молам, нејќам сама да сум, и за некое време, не знам што се деси, 5- 6 души беа околу мене, напни велат, напињам ја..браво велат, така треба, само така продолжи, супер соработка. Доле бабицата ми ја вртеше другарката како на рингишпил ми ја направи, дали правеше простор, или ширеше дополнително, и напињам јас така..ама едно време немам сила, тие ми викаат напни, им велам ама јас немам сила, немам напони, требаше да напињам и без напони. Ајде велат во каналот е да не ја угушиш, и почнав да напињам, ме сецнаа, еден рипа на стомак со цела сила..шо да ви кажам. Напнав и испадна главчето, ајде земи сила велат, сега мора да излезе, и земав напнав, пак буткање по стомак, и излета малата, тадури за малце бабицата ќе ја испуштеше од што излета набрзина, и дека мокра ,лизгава,( заборавив да кажам, пред да се породам сам пукна водњакот, на боксот, неколку.мин пред да ја родам). И ја фанаа, одма ја однесоа таму, и слушам не плаче, аман зошто не плачеш ! До сега ти го слушав срцето( бев на цтг, додека не испадне, знаев дека е во ред се, и го алушав срцето) . 21 :15 h, се роди. Како е велам ? Женско ми викаат, абе знам дека е женско, како е прашам? Чекај де ..доктор ја гледа ! ( дрзок одговор) И ете ја она..после скоро минута време,почна да кенка, фала богу велам, почнав и ја со неа. Ја средија, и ми ја донесоа..цела на татка си и велам( сеа е на мене :D), и ја бацив, и ми ја однесоа.

    После стандард процедура, шиење, одмарање 2 саати на бокс. Па горе ме однесоа, и мислење дека ќе поминат болките ,арно ама после други болки :D Од раната додека заздраве, не било роди го и толку :D
     
    На NNA, Lady Leona, Dust и 41 други им се допаѓа ова.
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.145
    Допаѓања:
    21.969
    Пол:
    Женски
    Еве ја и мојата породилна приказна.

    Деветиот месец го поминав сама без маж ми.. и за двајцата ептен тежок период, подготовки за бебе,а ние разделени..конечно си дојде за Нова Година да ме гушне мене и мешко, одма си реков е сега ќерко излегувај, тато си дојде можеш да испаѓаш. Имавме броени денови, термин 10ти јануар, а он карта за назад на 16ти. Поминува и 10ти, се зема нова карта за 22ри ама фазла од тој датум нема шанса. Испробав апсолутно све како би добила контракции ама бебуш веќе си имала одбрано датум. Два дена предходно во сон осетив дека се имам измокрено, станав му викам на маж ми ајде да смениме постелнона сум се помочала хаха па после непоминати 5 минути ете пак тече низ нозе. Викнавме брза помош пошо тука кај што се породов ако пукне водењак мора да се вика брза помош и лежечки да се однесе на болница. Во тој момент добив напад на смеа, пресреќна бев, нашиот струмф кај и да е ќе си го гушнеме. Ама ништо, испадна вистина сум се помочала иако бев сигурна дека тоа е водењакот зато што немаше никаков мирис. Си ојдовме дома, јас разочарана ама тоа е. Следниот ден исто, станвам прам два чекори тече од мене, маж ми мочла ме завика :lol: Си игнорирам, мускулите почнале да попуштаат. На 13.01. станавме, спремавме и излеговме на кафе и мене ми текна како немаме пелени, затоа не излегувал бебушот. Бев и во право. Вечерта околу 22:30 ми падна слузниот чеп, мајка ми ни вика, одете легнете мора да е одморена, кај и да е ќе се породи. Не помина ни саат време јас болки добив, пред тоа бев уплашена дека нема да ги препознам ахаам сигурно:worried:

    Во 00:30 бевме веќе на болница, ноќна смена, спијат не им се работи. Ме пречека една постара бабица и објаснав све, ме стаде на ЦТГ, ништо ме покажува. Ме проверува вагинално, не си отворена ми вика, оди шетај, па врати се за еден саат. Со маж ми 10 пати скалите ги качивме, ајде пак на ЦТГ ништо,а почнав да крварам.. ми вели девојко не се тие болки мора да те боли цел стомак, а јас се виткам цела, само што имав болки во кицма и долниот дел од стомакот ( до крај имав таму болки, никако цел стомак) . Ми даде бускопан, ме прати дома да лежам во топла купка. Се враќаме дома јас разочарана максимално, плачам, уплашена,мајка ми спремна за карање да ме враќа назад. Ги убедив некако сите да си легнат, јас кружев низ дома чекајќи да си замине таа смена и во 8 да одам пак на болница. Упорно болки имам,се појаки, упорно крварам. Дојде 7 саатот, му викам на маж ми ,, станувај, јас болки имам ти како заклан спиеш" (facepalm)

    Стигнавме, им објаснав на новата смена све, ме прегледаја, високо пукнат водењак, ајде припреми за клизма, па шетање до кај 12 саатот, виткање по ходниците, следеше ЦТГ не покажува правилни контракции ми вика бабицата (ја замолив за епидурална, потоа дознав дека не даваат и измислуваат причини), ме прати на туширање и шетање. Во 3 саатот дојде една друга бабица, ме прегледа 4 прсти отворена, водењакот не ми бил до истечен, па реши да го допукне. Еее после следеа пеколните болки.. ми покажа неколку вежби за полесно да ги поднесувам контракциите, молам за било какви инфузии за против болки, не ми даваат, силна си ти, ќе издржиш ми рече.

    Потоа реши во 4 саатот да ме отвори сама два прста, кога тогаш не умрев никогаш. Пиштам јас, плаче маж ми.. го гризам, го стискам, телово ми се делеше, коските ми се распаѓаа. Ме отвори 2 прста.. ајде влегви во када ми рече, полесно да поднесуваш контракции. Вистина, имав време и да склопак око на 2 минути хахах:lol: следен преглед во 17:30, 8 прсти отворена, а бебе почна да притиска и да имам напони. Решив во вода да се породам, припремија кадата со потопла вода, ми рече само сега следат појаки болки, имаш контракции и напони исто времено, бебуш не му се чека, решило на 8 прсти да турка. Маж ми до мене, она пред мене, маж ми ме држи за раце, бабицата влече.. и тук си излезе од собата, јас напони, вриштам да се врати, уплашена дека маж ми ќе мора да ме породи. Во 17:50 последно го видов саатот, дојде со уште една бабица, гледам припремаат чаршавче, ножички и сватив дека уште малце па се гушкаме со штрумфот. Бог ми даде сила во тој момент, маж ми ме бодри и бакнува цело време, излезе главчето, почна да ме гулицка на ногата:inlove:, јас па прашувам дали може да дише во вода хахах тогаш следеше уште еден напон и во 18:04 на 14.01.2020 излезе нашата прва радост, нашата малечка Нина, 3600г тешка и 51цм долга.

    Веднаш ми ја фрлија како делфинче на гради, татичко ја пресече попочната врвца и го припремија него да ја држи додека не ја истаам постелката и не ме прегледаат. Фала Богу не испукав, повеќе ми беше страв од шиење него од самиот пораѓај.

    Ме станаја одма ама паднав во несвест па ми дадоја инфузија да се одморам малце. Во 23:30 ме разбудија и префрлија во соба, само што легнав, ете ми го бебето до мене да нанка. Се опоравив многу брзо, два дена бевме во болница, а татичко по цел ден со нас, се осеќав преубаво, полна со енергија, весела.. 10 да имам 10 природно би ги раѓала ама овај период без маж ми од кога си отиде после пораѓај тешко ми падна.. психички попуштив и само плачев, сега овие дена почнав да се нормализирам.

    Ја сакам премногу, ја гледам таква цела на тато и ми иде да ја изеам, само чекам денот кога пак ќе сме сите тројца заедно како право семејство :inlove::l:
     
    На NNA, Dust, 24.07 и 38 други им се допаѓа ова.
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.145
    Допаѓања:
    21.969
    Пол:
    Женски
    Хаха и маж ми истиот, само тој кога имав лажни контракции му реков имам болки, тој се заклучи во купатило го немаше 1 саат, излезе со фризура, брадата средено, насмеан и ми вели ајде одиме :lol: каде му велам, имам само болки ама не се правите хаха за правите болки немаше време да се спрема.
    А кога ми кажаа сабајлето дека ќе не пуштат дома, типот отишол на фризер, се јавувам кај мајка ми ја прашувам каде е, дека го добив одписното ливче, ми вика излезе пред 1 саат уште го нема, во 10 им кажав, 11:30 добив ливчето, во 13ч уште не беа дојдени затоа што тој заглавил во купатило да се тушира со саати, не смеело ќерка му да го види несреден. 4 пати ме опоменаја дека морам да ја напуштам собата затоа што иде нова пациентка, за то време јас со бебе мало старо два дена успеав да се искапам, исфенирам, нашминкам и испијам два чаја. Кога го видов ми идеше цвеќето од глава да му го удрам хаха
     
    На Dust, 24.07, tina2018 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. maaitka

    maaitka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Panika cuda pravi :D :D :D Bitno oni se sredeni nie ke izdrzime :)
     
  11. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Хахахахаха циркузи :D
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    Мажот ми не ме ни примеќа кога ќе ме фати некоја лажна контракција, вели како бе до сега скокаше низ стан правосмукалка џогирање, одма право ли те фаќа болка. Велам дај бе да се смениме на еден саат да видиш чисто како е, немора да раѓаш ^_^ а сокитќите ме насмеја многу :rofl::rofl::rofl:(facepalm)(facepalm)
     
    На Dikinzi, Girl-Rabbit, kavadar4anka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Ај сеа вторава да ја напишам :D

    31.01.2020 стасувам во 16 :30 во болница, чекам за цтг. Болки си имам веќе цела недела дома, со контракции ама лажни. У меѓу време од 39 недела отворена 2 прста,грло омекнато :D Провокација велат..ај викам шо,дали вака али онака мора да испадне :D Дали денес или наррдната недела :D А ја, ужасен страв од провокации шо да ви кажам. И кога, ај цтг, ај ме примаат, ме мерат на вага викаат 68 кг, колку велам ? 68 ? Аиии само 10 кила сум стаила, дома вагата викаше 12-3 кг јес јес :D Одаж ми мерат стомак, притисок се по ред, во една соба две породени, а во другата ја и една албанка со слаби болки :D Иде 17 :30, или 17 :45 и ми даваат апче, мало мало , ај го испив, викам ова за опуштање ќе е, чекам вагиналета. Да скратам :D Од 17 :30 /45 коами го дадоа, до 9 и нешто имав јаки болки , а ја бе сеќавам ништо :D И одам таму, и бабицата ми вика, коа ќе имаш болки кажи ми, имам викам една и пика рака внатре, праеше шо праеше, за рок од 5 мин ме фанаа појаки, де ма жено..шубаво ми беше, болка до плафон а ја сеќавам само менструална :D Ајде спазмекс ми ставија, ја прашам цело време колку сум отворена ќути трае, по некое време,21:45 вика елај уште една доза Спазмекс, ајде тоа,плус на посилни болки пак ми брцаше внатре,душа ми испадна, и истај тоа..болкиве станаа поинтензивни, подолги, краток интервал.Аман жено..шо ми направи пак (facepalm) Во 10 и 15 ме викаат назад, водењакот не ти бил пукнат, да знам..високо напукнат да..ама скроз знам ддка не ми е ! Ајде да го пукаме, го пукнаа, го средија и тоа, ( да напоменам клизма уште кај 20:00 ми ставија, коа имав слаби менс.болки) и станувам ја, со пукнат водењак, и од прилика 6 прста отворена, викам ајде барем уште 2, нека заврши само,болкиве ги терам како ПРО, по соремна Амин :D глас не ми чуја :D Иии алал дами е викам.. и коа наеднаш :puke: не знам шо се деси,ваму повраќам,ваму доле болкава стои, сестро викам доле болкава не се смирува..ајделегни назад пак..Ох не..не на тој кревет пак, го замразив :!: Коа во 22:30осеќам болкава се намалува,а како да почнуваат напони..лелеее зарем почна !!! Ќерко мила..ти ќе стигаш..а сакав Февруарче да бидеш..уште саат време бе ќере :rofl::rofl::rofl: Ајде еден напон чекам, чекам и друг да бидам сигурна, а лежам на обичен кревет на страна, на лева..и почнувам да напињам..срипува акушерката, Зошто таков звук ??? Велам почнаа напоните..одма брцна рака (по 50 ти пат), и ја видов на таа и вика со 2прста..ко ајде почна спремај се. Ставија некои мантии, и почнаа да работат..леле, пак почнаа рингишпил доле да ми ја прават :worried: Ајде велат, буткај..на почетокот, неколку напони соработував..после луѓе не знам што ми стана, се изгубив целосно..ѓи слушам ама немам сила, напни, бутни..напни се дерат, викаат..6-7 жени околу мене( доктор на смена немаше) Слушај ме ми вика бабицата..концентрирај се, главата е тука ја гледаме..ајде соработувај те молам..ама страв им сеќавам више, ја се губам..една ми става нешто во вена, друга налку го бутка меот (беа нежни и јратко траеше) трета врти доле, една нозе држи, друга од страна писка..ајде бре дете ми викаат напни бре дете !!! Им велам напињам, не ми викаат ти мислиш така..и собрав сила од не знам каде,ид не знам шо, и наеднаш бутнав, земав уште еднаш воздух,бутнав, и испадна цела ! Читај во22 :50мин :DОх кое олеснување ох...ја ставија на креветот до ногата моја, и влечат со такво водата, ја масиркаат, почна даплаче..тука си велам,бомбона да си жива и здрава :* Задоволна од велешка болница, бебе е стално со тебе, нема многу жени, сите ибрнуваат внимание, се на се бомбона.И кревету,и вц,и колку ечисто. Јас сум презадоволна..Се гушкаме уште од вчера :l::mm:
     
    На NNA, Dust, VDT2906 и 49 други им се допаѓа ова.
  14. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Како немаше доктор? Ај важно си поминала лесно...да сте здрави и живи:hug::l::f:
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Имаше имаше, ама докторка :D Доктор (маж) у смена немаше, се беа жени..тоа ми беше зборот :D
     
    На Bella*, ddevojce, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.727
    Допаѓања:
    4.688
    И јас конечно да ја напишам мојата породилна приказна. Терминот ми беше на 15 Јануари бев на контрола и воопшто не покажуваше цтгто контракции, ми закажаа термин за 2 дена. Вечерта си направив купка и уживав малку со надеж дека ќе го забрзам процесот. На 16 ти со маж ми бевме на долга прошетка, се вративме се најадов урми и заспав, кога се разбудив некаде беше 17 часот почнав да крварам , одма заминавме во болница. Веднаш ме прегледаа, цтгто не покажуваше ништо, не бев отворена , по неколку анализи видоа дека водењакот ми е високо пукнат и ме оставија во болница и почнаа да ми даваат антибиотик на секои 4 часа. На 17 цел ден цтг, не бев отворена воопшто ниту пак чувствувам контракции. Некаде накај 17 часот се забележаа одредени контракции , ама тоа не беше ништо . Па ајде почнаа со некои методи за провоцирање топли купки , па нозете во сенф ...но ништо. На 18 ти пак истото шетај па цтг, па вагинален преглед и се во круг се додека не им побарав провокација зашто организмот ми откажуваше веќе. Во 12 часот добиведна четвртина од апче по што пак ништо не почувствував, во 14 часот уште една четвртина и тука веќе се забележуваа контракциите. Во 16 часот ме земаа во породилна сала, полека почнав да се отворам, болките полека се зголемуваа ама сепак отварањето беше бавно. Ајде пак купка, но добив страшни болки и се онесвестив. По тоа побарав епидурална анастезија, ми дадоа и потоа вежбав на пилатес топка. Стигнав до отвореност од 7 прсти. Накај 1 часот по полноќ контракциите почнаа силно и силно се отворив уште еден прст. Накај 2 веќе бев отворена 10 прсти, со мене беше една бабица почнав да напнувам ама бебето се заглави во родилниот канал. До некаде соработував но почнав да губам енергија. Не одеше никако почнаа да се собираат доктори, бабици накај 10 души околу мене се борев ко лавица. Едни ме држеа други туркаа во еден момент помислив дека до тука била работата и дека неможам да продолжам понатака веќе неможев ни да слушам ниту пак да соработувам , но со последните сили во 4.28 дојде мојот принц 4.5 килограми. Ми го ставија на гради , маж ми ја пресече папочната врвца и почна да плаче, а јас бев збунета не ни можев некако да реагирам. Потоа продолжија да ме шијат, тоа траеше повеќе од пола час зашто бев многу испукана но тоа не го ни почувствував. Набрзо потоа пулсот значително ми се зголеми, притисоците ми се споија, железото ми падна јас почнав да чувствувам вртоглавици, ми приклучија инфузија ми донесоа сокови и чоколадо и по еден саат успеав да се вратам во нормала. На сите им посакувам лесна бременост и уште полесен пораѓај. Мене бременоста ми беше лесна,ама затоа пораѓајот ме измачи до крај, завршив со ризичен пораѓај затоа што и покрај тоа што имав големо бебе во мене , а јас сум ептен ситна тие не се согласија да ме породат царски. Но после тоа се заборава се и се живее само за ова убаво меко човече.
     
    На NNA, Dianas, Dust и 37 други им се допаѓа ова.
  17. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Свака ти част за силата :clap: :hug:
     
    На LadyC, Jana06 и SanelaS им се допаѓа ова.
  18. Bisera2020

    Bisera2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2020
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    29.01.2020 државна
    Со надминст термин од два дена ме задржуваат на патолошка во 10 ме гледаат отворена сантим ипол ми ставаат индукција со топче кое прави ужасни болки. Во рок од два саати се отворив 6прста ама бебе мн горе и така ме оставија.
    30.01.2020 ме проверуваат одсабајле исто отворена ама ај у родилно иди со провокации ќе се отвараш.
    Прва провокација ми ставаат во 10 е тоа беа болки ужасни.
    Се тресев повраќав се губев ги замолив да ме исклучат ми ставиа инфузија да ме освежат се вратив во нормала.
    Нема веќе да ти ставаме ајде шетај сеа.само сантим се отворив а бебе мн горе не се спушта.
    У меѓу време едно 5 6 пати брцнаа рака различни докторки исто отворена ми пукнаа водењак.
    Дојде втора смена па проверка исто ајде па контракции ми се стемни леле викам не сакам неам сили. Докторката нз која беше ама фина вика издржи позитивно ајде бебе ќе видиш ќе пуштиме појако ти стои и клати се да се симне бебето.
    Ајде ми пуштаат болки повторно се отворив 9 прста ајде на бокс.
    Ееее тоа беше макатапоследните отварање се пеколни. Тој сантим душа ми зема хахах
    Ми дадоа топка за пилатес као за побезболно и да се симне бебе.се трпеа така болките се поднесубаше.
    Ајде на бокс качи се да видиме докторките ств фини убаво ти објаснуваат само треба по нив да се водиш. Коа имаш напон дај уште толку како да ти се кака. Ја без сили веќе не им напнував неможев бев истоштена ама успеав најдов сили.
    Еднаш бутнав ја осртив доле дека е продужи ајде не ја враќај давај напони на болка. Болки ужасни бутај бутај дери ср ко нездрава до пола дојдов ја осрќам главата. Сестрата ајде готово е мораш да напнеш на пола е ја заглави губи тонови.
    У натре имаше 10души може
    Сите ми помагаа . Двајца за стомак почнаа да бутаат еден сече ја бутам хаос хахахах
    И успеав нз ни ја како ама се дерев ко магарица.
    Е кога ја ставиа на мене топла коа и пипнав рачинјата толку беше се забправив.
    Во 22и35 се роди бисера 3.500 машала
    Ме прашаа како ќе се вика им казажав бисера и сите почнаа да ја пејат песната.хахахаха
    Е и болно беше после за плацентата исто треба да напнуваш ама тоа не е ништо страшно па шиење нз колку конци и денес неможам да седам хахахахах
    Ама за бебушките се трпи се.
    Така да идни мајки само напред да ги слушате бабиците соработувајте со нив и се ќе зсврши побрзо.
    Со лесно
     
    На NNA, Dust, 24.07 и 32 други им се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.145
    Допаѓања:
    21.969
    Пол:
    Женски
    Честиткии Нека ви е живо и здраво❤️
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.824
    Пол:
    Женски
    На 24.11.2019 недела вечерта околу 23:00 часот ми се јави главоболка. Ставав ладни облоги и се напив парацетамол и таман главата ми помина па почна половина да ме боли на некои 5 мин. Кога и кажав на свекрвата таа рече ако сакаш да одиме ама јас и реков ајде ќе почекаме уште малку да видеме како ќе биде. И до 3 часот ноќта јас сеуште со болки во половина тргнавме во Чаир, таму прегледаа ме ама ни контракции јаки нити пак отворена. Зборува тој докторот со некој на телефон и вели абе не е отворена ама се жали на болки едно друго има ли место на патолошка таму да ја ставиме, епа добро ајде ќе видам. И после некое време ми вели нема причина зошто да те задржиме најдобро оди си дома па ако стануваат уште често тогаш дојди. Во понеделникот цел ден бев со болки и околу 17:00 часот ми падна мукозниот чеп и отидовме првин тука кај нас на гинеколог. Ме гледа докторката и ми вели се е добро 2-3 прста отворена за 2-3 часа оди за Скопје нема да те вратат. И ние вечерта тргнавме, ме прегледаа сеуште 2 прста отворена и ме сместиа на патолошка. Во вторникот сабајле ме прегледа докторот и ме отвори за уште еден прст и бев 4 отворена и им кажа на сестрите да ми стават клизма и јас си помислив значи кај и да е и провокација ќе ми стават. Бидна и тој дел и јас цело време големи болки во половина а провокација сеуште нема. Во 18:30 доаѓа една плавуша (која што врска нема, бидејќи кога бркна директно ме погоди на срамната коска и вика леле што е ова? Главата ли е?) да ме прегледа и вика леле супер 10 прста отворена ајде спремај се за во родилна сала, а јас цела радосна. После неа доаѓа доктор да ме прегледа и вели не е 10 туку 8 прста е али нема врска носете ја доле. А јас сеуште не се бев слушнала со сопругот му реков во 19:00 ќе те будам од спање ама не ме мисли. Се симнувам во родилна сала и таму сите прворотка е, ајде машала бргу се отворила итн. Ме ставаат на цтг, доаѓа доктор за преглед и вели па за оваа е рано, само 6 прста е отворена ништо повеќе али ајде оставете ја ќе видеме како ќе иде. За 2-3 саата пак ме проверуваат сеуште 6 прста отворена а јас со болки големи. Па ајде околу полноќ со провокација да пробаат, али не можев да ја издржам тоа беше страшно. Ме прегледуваат пак и јас и велам ако не бива правете ме царски бидејќи едвај издржувам, премногу ме боли половина не можам да лежам, и ништо. Околу 3 ноќта ми го пукаат водењакот и ми велат не смееш да стануваш 1 саат, а јас како кога не можам да лежам ме боли, и тие ми велат мораш да лежиш бидејќи сега ти го пукнавме водењакот. Доаѓа по некое време една сестра ја прашувам јас имам напони како за голема нужда што да правам, таа ме проверува колку сум отворена и вели не туркај, туку држи во себе, јас и велам а зошто не ме правите царски кога веќе не се отворам а она ми вели бидејќи ноќно време не правиме царски ќе видеме до сабајле. Леле умрев едвај издржав и само гледам на саат 4,4 и 15 и премногу споро мине време. Си мислам како е дома, како е кај сопругот бидејќи немав време на никој да пишам дека ме симнаа во родилна сала. И доаѓа утро 6:30 се разбудиа сите доктори, доаѓаат ме прегледуваат гледаат сеуште не отворена и велат спремајте царски. И така почнаа катетар па анестезија и во 7 часот ја почнаа операцијата а во 7 и 7 мин ми ја извадиа принцезата на мојот живот.
    Јас сум и природно и царски. Ги истрпев болките на природно и се породив царски.
     
    На NNA, Dust, 24.07 и 26 други им се допаѓа ова.