Ajде и јас да најдам време да ја раскажам мојата приказна... Спојлер На 28.05 се спремив со маж ми да одиме на редовен цтг преглед... Отидовме во државна, ме легнаа, цтг-то не беше во ред. Ми вели сестрата заспан е бебушот, прошетајте со маж ти еден час, јади благо, напиј се кафе и газирано и врати се да го повториме. Се враќам јас по еден час, цтг-то исто. Докторот кој го виде, вика качувајте ја горе, направете уште едно цтг-ако е исто стрес тест и ќе ја пораѓаме. Јас -ваква, маж ми уште повеќе. Ми дадоа спаваќа, ме седнаа во количка, (морам да напоменам немав ништо земено за во болница, па ме качија горе со спаваќа само и Мартинки на нозете Мм отиде дома по торбицата. Горе бев со уште 4 женички кои чекаа да се породат, две од нив урлаа во болки, една туфкаше, а една имаше прснат воденик но не јавуваше болки Морам да надополнам дека цело време се слушаа врескања од породилната сала, ама толку ужасни и силни небаре некоја жена колат над твојата глава. Ми извадија историја, крв, ме ставија на цтг. Јас во бессознание, цело време прашував што се случува и како е цтг-то. Конечно една од сестрите ме утеши дека `ова цтг е 10ка` Тука малку ми олесни. Ми направија уште едно цтг-и заклучија дека не сум за раѓање, но ќе ме спуштат доле на патолошка да ме следат. И така и бидна... 4дена поминав на патолошка, цтг-по стопати во денот, некогаш го биваше некогаш не . И покрај сите врски, никој не се најде фин да ни објасни што всушност не е во ред со цтг-то. И зошто јас лежам таму. Цело објаснување што го добивав беше, ништо страшно, ништо опасно, ..да беше опасно ти до сега ќе беше во операциона сала...и сл. На 03.06 дојде др. Миле Тантуровски да ме прегледа. Првиот што најде време да ни објасни на мене и мм што се случува. И ни кажа дека тој ќе ме породи и јас до сабајлето ќе бидам породена. Јас бев пресреќна .. Конечно ќе си го видам бебушот!!! И конечно ќе се мафнам од оваа проклета болница! Ми дадоа провокација негде попладне. Вечерта ми прсна воденикот накај 22.00 часот. Се јавија, дојде докторот. Ме прегледа (4ипол прста отворена) Ме качија горе (по втор пат) Овојпат во предпородилната сала немаше никој... Се слушаше само вресокот на една бремена жена која лежеше со мене на патолошка, и неколку часа пред мене ја качија горе. Почна да ме фаќа паника... Како што го слушав врискањето во агонија од боксот така болките ми стануваа се` појаки... Дојде докторот, си напраиве муабет, во целата мака се посмеавме па стравот попушти. Во истиот тим беше една сестричка, која премногу ми се најде во текот на целиот пороѓај, (а многу ми е мака што незнам како се вика) Дојде да ми земе историја, крв (пак од почеток) и со неа исто зафрканции...ама многу трагикомична ситуација...се смеам а ми се плаче. Докторот ме прегледа 8ипол см отворена...и одиме на журка =))))) Е делот со боксот и делот кој следува, толку многу ме потсетуваа на сцена од психо-трилер што мислам траума ќе ми остане цел живот... Барав анестезија -не ми дадоа, ми дадоа тродон инекција и некои додатоци. Ме качија бокс, уклучија цтг-то...и почна хоророт. Јас болки до плафон, се почести, се обидував максимално да соработувам со сите, но гледам сликата и тонот ми се мешаат и неможам да следам инструкции. Може десет маскирани луѓе имаше пред мене над мене до мене во тој миг -ако не и повеќе. Одеднаш запреа сите, слушнаа нешто (незнам што) ама знам дека не беше ич добро. Леле луѓе одвратна сцена, можеби една минута сите молчеа, со толку загрижени фаци што јас веднаш параноја добив и помислив на најлошото. Слушнав `ставете и кислород`, дојде сестрата со едни како клешти огромни ми ги стави на колкови, (веројатно ми ги мереше, што друго би правела?! ) а докторот со трчање излезе од салата и се врати со еден стар доктор. Постариов доктор дојде, ме погледна мене, цтг-то, промрморе нешто со останатите доктори, и само слушнав `итна цезарија`... Ме кренаа од бокс во количка во операциона сала, докториве со трчање по мене ги гледам се облакаат, ставаат маски капи ракавици...Ме седнаа на една маса, една жена (за која покасно сватив дека е анестезиологот) од позади грб ми даваше инструкции (наведни ја кичмата , земи воздух...и сл) А една докторка и една сестра пред мене, како стјуардеси ми покажуваа како да ги наместам рацете, како кичмата... Јас преплашена, поима неам што се случува, правев како што гледав пред мене... Одеднаш женски глас ми рече: сега ќе осетиш ладно на грбот, од што ќе те мачкаме...не мрдај! Грбот?!? -Нема белким од грб да ми го вадат бебето - си помислив И пак си се изнасмеав во себе на целата мака... Потоа ми текна дека сигурно ме спремаат за анестезијата, прашав и тие ми го потврдија тоа. Ме припремија и кога ме боцнаа, јас осетив само како струја во нозете. не го осетив бодежот болно. Ме легнаа на масата, префрлија зелено платно над мене и ми го попречија погледот кон докторите И двеста пати зажалив што гледав на интернет како се прави царски рез, и што толку љубопитно испитав се, така да во текот на целата операција (да не речам знаев што ми прават) ама бар претпоставував. И ужасно ми се лошеше, па пробував да ги пренасочам мислите на нешто друго, пр. си правев муабет со анестезиологот (многу фина женичка бтв) за општи теми животни. ..Кога таа ме преќина -сега малку ќе почувствуваш `влечење` кога ќе го вадат бебето...не се плаши ... и така и беше, неколку секунди чувствував како некој да ми рипаше врз стомакот - безболно само И го слушнав најубавиот плач на цел универзум Какво олеснување! Во 00.45ч на 04.06 дојде на свет нашата најголема радост. Тежок 3700 долг 51цм. Ја прекрив главата со рацете а солзи сами почнаа да ми течат од лицето... Малку ја уплашив докторкава над мене, ме праша `што ти е? не ти е добро или од среќа`? И тогаш сестрата ми го донесе најпрекрасното суштество кое го имав видено. Го бакнав и не сакав да им дадам да го однесат. Делот со шиењето можам да го прескокнам, знам дека му напоменав на докторот да не си заборави мобилен или слично во мене =)) Ме прашаа дали може да ми дадат некоја инекција за спиење, јас го замолив само докторот да го види мм малиот, знаев дека ме чека надвор. (мислев дека е сам, а не со цела фамилија поблиски и подалечни роднини ) ама тоа друга приказна. =))))) Ме однесоа во шок соба. Јас пресреќна, секоја секунда мислев на најубавото сонце што дојде на овој свет. Се слушнав со цел именик од мобилниот, прво со најблиските (бидејќи беше доцна), а утрото ги разбудив останатите. =)) Од тука ме однесоа во пост.породилно. Овој дел е најубаво среден, ама персоналот е хаос. Ме отпуштија за два дена од таму, без да ми објаснат основни работи. Да нагласам дека ме отпуштија со мастит на градите бидејќи немаше кој да ми објасни како се дои и сл. Истиот ден кога излегов од болница, се вратив со температура 39, и докторот неможеше да се начуди како така ме испишале... Ама тоа е. Најважно до мене го имав моето мало суштество на кое неможев да му се изначудам на совршеноста..ме фасцинираше!И тоа ми беше најважно, се друго некако доаѓаше во втор план...И сеуште е така...Сонцето наше спие сега до мене, и сеуште неможам да му се науживам Главен командант е дома, и сите сме му на услуга 24/7. Вака гледајќи го, се што поминав во болница заборавам, и знам дека секоја болка вредеше...За ова суштество да спие спокојно и мирно јас сум спремна се` да направам, колку и да боли!!!
Навистина има секакви породилни приказни ,но со златни сонциња. Би сакала да замолам ,во доста приказни не се спомнува болницата а тоа е од големо значење,па напишете за да знаеме каде што би не чекало
уф и солзи ми дојдоа на очи и се изнасмеав, посебно делот со разговорот за животните и мобилниот во стомак
алал да ти е со каква позитивност ја раскажуваш „голготата“ да ја наречам е уште да ми кажеш дека царски те стаиле сигурно ради тесна карлица, и слободно може да почне и мојата голготата
Ееве ти линк за болниците, доколу одлучиш да се пораѓаш на ГАК или во Чаир. bremenost/poroduvanje-vo-drzavna-ili-cair-t10855/
Само сакам да додадам уште нешто што од мојот малишан не успеав Целиот процес на пораѓај и спремање се одвиваше во посебна соба, каде бевме само јас, мм, и тимот кој ме подготвуваше, си гледавме тв, се зезавме, целосно внимание беше посветено на мене... не бев измешана со други жени кои треба да се пораѓаат, не слушав крици и пискотници... а во родилната сала ме однеса кога се отворив 10 прсти, каде бевме само јас, докторката, акушерката и педијатарката, односно многу беше опуштено, а јас не осетив страв, имавме одлична комуникација... едноставно имав чувство дека сум сама во цела болница А за правилно доење, бањање и сите пропратни ствари што треба да ги знае една прворотка, немам збор. Бев на едукација за бањање, повивање, секојневно имав помош од сестрите за тоа како правилно да ја фати градата...итн.
Biejki kazuvate deka treba da se kazuva vo koja bolnica sme se porodile eve jas da ja kazam mojata ....drzavna bolnica vo eden grad vo Germanija.....
Ајде конечно малку време да одвојам и за нашата приказна 03.07 Си го започнувам како и секој ден претходно.Станав од спиење,си се изнагушкав со првото синче (Има 1 ипол година) сварив кафе и излегов низ двор..Уживав во денот После некое време започнаа слаби болки во стомакот и кичмата истовремено...Знаев дека почнува полека,ама пошто се ни беше спремно ни остана да си чекаме да дојдат оние вистинските болки..Јас смирено си го продолжив денот..Како поминуваа саатите болките си се зголемуваа..Накај 19 часот си го спремив синчето,ја викнав другарка ми и излеговме да прошетаме..Шетавме до кај 21 часот и потоа си дојдовме дома..Болките веке беа се поголеми.Продолжив да шетам низ дворче,кога домашните почнаа да викаат по мене,ајде што чекаш имаш болки,одма во болница.. а јас на тоа чекајте бре луѓе има време..Влегов се истуширав и накај 22 и 30 го викнав мм да дојде од работа и да тргнеме полека..Дојде тој,се поздравив со сите дома,си го гушнав малиот и тргнавме,ама не полека како што мислев Мм се успаничил и ајде со колата 300 на саат.Му викам ајде бре полека,смирено не се брзај ке се породам во кола ако продолжиш вака Стигнавме накај 23 часот,ме прегледаа јас 7 прста отворена ми дадоа пижама и ајде горе на претпородилноо..Одам јас така смирена,ме боцкаат си попраив моабет и пак си продолжив да шетам лево,десно..Накај 23 и 45 помислив дека ме тера за да одам до вц,и таман да тргнам кога добив еден напооон,ле ле викам ке ми падне бебето..Ја викнав сестрата,таа ме седна на стол и ми вика ајде станувај одма еве го бебето иде..И јас ама чекај како иде и таа ама абре доаѓај не ми филозофирај и одма ме качи на бокс,легнав на креветот кога напоните почнаа,ја гледам докторката иде со една игла огромна и само праи паууууууу (водењакот не ми беше пукнат) и ми вика ајде диши диши,ајде напни и јас ај да ја послушам и во 00 и 10 (04.07.2013) на свет дојде мојот принц тежок 3150 и долг 50 цм,почна да пее и ми го дадоа да го изнагушкам таков згужван и најубав на цел свет.. Значи за половина час се помина,се беше супер и на сите им посакувам лесен пораѓај..Мада колку и да е тешко,колку и да боли кога ке го гушнеш она што растело во тебе,се поминува за еден миг.. Уживајте во бременоста,бидете опуштени и смирени и се ке си биде како што треба Оваа е нашата приказна,а следната ке ја читате за некоја година,морам да се стабилизирам со двe мали мажиња,за да можам да поработам на рецептата за една принцеза Ве гушкаме
Нека се живи и здрави и двете мажиња,и догодина да си добијат сетричка. Искрено се надевам дека и јас ќе имам ваков лесен пораѓај,со оглед на тоа што си била отворена 7 прста уште од дома..супер.Тоа дополнително ја олеснило целата процедура,плус и водењакот ти пукнал токму на време. Како и да е,се поминало во најдобар ред..сега уживајте сите заедно.
Мене па ми треба рецепт за машко,ако може...? Самовилка баш убав лесен пороѓај си имала...а и искуството богами си го направило своето. Шетање по населба три саати пред пороѓај...е стварно импресивно. И јас си имав најлесен пороѓај, па да им посакаме на сите така лесно да поминат. А рецепти ќе си мењаме...нема проблем.
Самовилка, ме охрабри Сакам да читам вакви убави и лесни породилни приказни. Во која болница се породи?
Лелеее цуцки сте сите Читам приказна, и кога ќе го прочитам делот се роди...дојде на свет и сл....почнувам да (радосници) Па читам следна приказна па истото,.....и така јас еве си се изнаплакав и израдував со секоја од вас На сите што наскоро ве очекува ова, дај боже од лесно полесно да поминете. А ние другите ќе ве читаме, и ќе чекаме да дојде и нашето време
Рецептата за машко е во тоа што треба да се замеша малку,не само во место Им посакуваме на сите лесен пороѓај и нормално да не се плашат и да се опуштат максимално,само така ке си биде се во ред Само храбро драга,опуштено и смирено..Така и себе ке си помогнеш и на бебушот..Инаку се породив во Државна Болница
Ајде и мојата породилна приказна. Се породив со закажан царски рез, во болницата во Битола. Првиот ден ми помина со премногу малтретирање,не одеше по договореното наместо сабајлето чекав дури до вечерта и замислете како психички делуваше на мене, пред мене се породија неколку а јас гладна, жедна и во исчекување. Операцијата беше со целосна анестезија, така одлучи анестезиологот, ама тешко го поднесов будењето од неа, ми се чинеше како да доживеав клиничка смрт, толку неубаво чувство, ги слушав се а никако неможев да се разбудам. После тоа од анестезијата имав болки во грлото. Моето бебенце го видов дури наредниот ден, се роди 3000г, иако мислевме дека ќе има поголема тежина. Првото станување по 24 часа беше многу тешко но еве се опоравувам дома и веќе нормално функционирам, се на се добро ја поднесов операцијата само од психички аспект ми беше потешко а и персоналот катастрофа. Нареден пат здравје Боже ќе изберам приватна болница
значи приказниве се навистина слатки со мака или без крајот сегде е среќен а тоа е најубаво, се радувам со секоја од вас. едвај чекам и јас тоа да го доживеам. а да прашам нешто сакам да си знам хехе тоа воденњакот не пука сам туку таму ти го пукаат?? и тоа ставањето клизми се прави секогаш или не? и после од кога ке ти стават клизма треба ли да какаш????
Не мора да значи... Во мојот сличај прво ми пукна водењакот а после почнаа болките. Клизмата колку што знам е за природниот пораѓај и секогаш ја ставаат (не знам за царски) И да треба да се кака од кога ќе ја стават клизмата (односно за тоа и е таа)