1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.043
    Боже каква глупост,не правеле ноќе царски???
    А па тоа со не станување 1 час откако ти пукнале водењак? Па тогаш се најголеми болки,место не те фаќа не па да лежиш. Јас немав сила да зборам ама после пукањето шетав од еден крај на друг на ходникот од што не знаев што со себе во тие болки.
    Ми рекоа само не смееш да седиш,а зошто не знам..
     
    На mariz и Tinkerbell11 им се допаѓа ова.
  2. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.824
    Пол:
    Женски
    Јас умрев од болки, ама бебе немаше доволно контракции. Ме измачиа 12 саата сама доле во родилна сала, јас се дерам ги барам а тие кој спие а кој пак муабет си прае.
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.920
    Допаѓања:
    32.540
    Пол:
    Женски
    А кај се пораѓаше? Јас на ГАК се пораѓав. Да не се породев природно ќе ме пораѓаа со царски. Се породив доцна навечер. Ова за првиот пат. Го чекаа докторот од трета смена.
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.824
    Пол:
    Женски
    Во чаир се породив.
     
  5. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    10.346
    Jас кoга се пoрoдив на девojката дo мене и направиjа царски рoди пoсле пoлнoќ некojа минута.
    Какo тoа нема царски да прават акo бебетo губи тoнoви или има друга кoмпликациjа?
     
    На Kaetana, Maja92@ и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    @Tinkerbell11 незнам кој ти се погодил во Чаир, но многу чудни работи ти кажале. Мене баш после пукање на водењак д-р Исмаили ми рече сега шетај не легнувај. А ради итност на ситуацијата прават царски и ноќе, само помалку доктори имаат на смена. И да, секако дека дремат ако немаат работа :D За среќа не си била итен случај.

    И незнам зошто генерално викаат дека кога ќе дојде моментот на раѓање, искачање на бебето од вагинален канал дека тоа е веќе лесниот дел. Баш кога почнува раѓањето те боли од контракции, од прсти, раце што те шират долу, од тегнење на вагината кога поминува детето, од сецнување, од гмечење на стомакот... Мене тоа ми се виде како вечност и беше баш најтешкиот момент во целиот процес. Но нај јакиот момент е и кога ќе го видиш главчето излезено долу а рамениците му се уште во каналот, таа болка мислам дека никогаш нема да ја заборавам. Поготово со прво дете.

    Тоа што си го доживеала @Tinkerbell11 е стандард процедура за повеќето што на крај завршиле на царски. Дури и добро си поминала.
     
    На Dust, Bisera2020, 24.07 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Малечко Кикенце

    Малечко Кикенце Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    54

    Во која болница се породи ? И јас сакам мм да е до мене , бидејќи поголем дел од брем смее разделени .
     
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.143
    Допаѓања:
    21.957
    Пол:
    Женски
    Се породив во Австрија, во странство е најнормално таткото да е присутен. Во Македонија мислам дека во приватниве би пуштиле ама не сум сигурна, за природен пораѓај имам слушнато дека може, а царски тешко.
     
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.707
    Допаѓања:
    72.605
    Пол:
    Женски
    И мене во Чаир со првото не ми даваа да станам по пукање на водењакот. Молев да станам да шетам за да се отворам побрзо ми рекоа не смееш. Бев приклучена на цтг од 21ч до 6ч сабајле цело време, не го тргнаа од мене, но не ми дадоа ни да станам.. во предродилна бев од 00:30 легната и од таму директ на бокс ме качија во 4ч сабајле, а се породив во 6ч.. Ваљда следат бебе како е :?:
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.143
    Допаѓања:
    21.957
    Пол:
    Женски
    Во странство, во ниедна болница нема да ти речат шетај доколку ти е пукнат водењакот, ако ти пукне дома мораш одма да легниш и да чекаш брза помош легната да те носат до на болница, ако пак ти пукне, а не си во можност да легнеш мораш во едно место да стоиш додека дојдат по тебе. Пола саат најмалу нема мрдање. На високо пукнат водењак можеш да шеташ, се дур не ти кажат стој, кога ќе ти го допукнат толку од шетањето некое време.
     
    На mariz и Martka им се допаѓа ова.
  11. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.436
    Пол:
    Женски
    Мене и со двете со пукнат водењаак ме тераа да шетам. Во Чаир ова.
     
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    @Bubish26 друго е дома, друго е во болница. За да оди побрзо отварањето пожелно е шетање.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Кај мене беше така, тоа е бидејки бебето не е цврсто и длабоко со главата во матката. При пукање на водењакот може папочна врвца да падне у каналот и бебе да ја претисне па да прекине довод на кислород и крв, затоа треба да се легне, стално ми контролираше тоа. Сега у петокот на последна контрола кога бркна одма осети и вели супер длабоко и цврсто немора веќе со болничка кола. А у мк кога ќе им пукне водењак , знам од мои пријстелки и блиски одат се тушират се соремат и за најкасно сат време одат на болница.
     
  14. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    во Чаир мм беше со мене сите 3 дена и на пораѓај
    ама само ако си земеш апартман дозволуваат,иначе не
     
    На Maja92@ и tina2018 им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.707
    Допаѓања:
    72.605
    Пол:
    Женски
    Ама чим на некои не даваат ваљда има индикација за тоа. Молев не ми дадоа, рекоа мора да си на цтг нонстоп, најверојатно срцебиењето на бебе не беше ок друго зашто не би ми дале нема... Лежев 6 саати во родилна сала (4ч тука до боксот собата, 2 ч на бокс качена) и нонстоп на секое доаѓаа и го гледаа цтгто. А доле на патолошка 3ипол ч со болки на 4мин шетав низ ходник, ама не беше пукнат тогаш водењакот..

    Едит: Сега горе видов... И синко мој беше со врвка околу врат, па може поради тоа... Кога раѓав излезе главата, па пауза и ја вадеа врвката преку глава и после продолжи пораѓајот... Може тоа било причина да не шетам. (Ми текнува на овој момент зашто тука се откажав од соработување :D ) Ама ми ја зема раката докторка ми ја стави доле (главчето му го фатив) и рече бебе е надвор веќе, бутај! И бидна :lol:

    Со второто бев со високо напукнат водењак, добив болки на 5мин од 21ч до 12ч вечерта и се утепав од шетање, баш рекоа шетај највеќе што можеш... низ ходник, горе доле по скали се изнашетав. Ама нешто се случи и ми ги снема болките во 12... Сабајлето добив провокации и завршив царски.
     
    Последна измена: 10 февруари 2020
    На ddevojce, Kaetana, Coco31 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Малечко Кикенце

    Малечко Кикенце Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    54
    Колку плативте апартман ?
     
  17. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    3000 oд ден
     
    На Малечко Кикенце му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Малечко Кикенце

    Малечко Кикенце Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    54
    Ти благодарам ми дојде душа малку . Мислам дека психички тоа би била олеснителна околност .
    Сигурно не е проблем за трудници од друг дел на Македонија ако реши да се породи таму ?
     
  19. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    не е проблем нормално,зошто да има проблем..и докторот од Охрид е ако е за тоа :)
    и мене премногу ми олесна,и верувам на секој би...секако и ако мажот сака и може да присуствува
    предобро искуство е двајцата родители да се заедно на тој чин..
    иначе кој месец си ? Во 9ти месец кога влегов почнува да ме води доктор таму (мене ми беше Младен Ристески) и уште на првиот преглед му нагласив дека сакам апартман и сакам да е со мене мм
    рече ќе видиме кога ќе дојде денот,ама јас секој преглед му повторував истото хаха,бидејки немав врски за да знам дека сигурно ќе имам апартман.
    И на последниот преглед бев отворена прст ипол и ми рече имаме сега слободен апартман ако сакаш остани за да го земеш,ако не се породиш до вечер ако не почнеш повеќе да се отвараш ќе ставиме провокација.. и прифатив секако,и супер испадна се.
    3 дена бев, платив 9000ден,секако го почастив и докторот бидејки ми излезе во пресрет и голема услуга ми направи дека го пушти маж ми на бокс со мене и така :D
    се надевам сега втор пат пак исто ќе биде :wasntme::l:
    можеби требаше да ти пишам во порака ама зошто да не знаат сите,ако си сакаат вака исто (знам многу убаво како се осеќаш иста бев,затоа споделив) :*
     
    Последна измена: 10 февруари 2020
    На TutiFuti, 24.07, Thallia и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Малечко Кикенце

    Малечко Кикенце Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    54
    Душо на почеток сум 3 месец . Здравје . Имав епизоди на анкциозност и најдобро би било така . Ти по втор пат си ни трудничка ?
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.