Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. Bella*

    Bella* Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.410
    Допаѓања:
    6.995
    Пол:
    Женски
    да :hug:
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Малечко Кикенце

    Малечко Кикенце Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    19
    Душа со лесно да ти е
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    22.088
    Пол:
    Женски
    Многу мала разлика дечињата :)
    Со лесно.
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    И мојата прва породилна приказна да ја раскажам .. :)

    Првичниот термин ми беше на 15ти јануари, но бебче беше понапред од старт со две недели, потоа ми го сменија на 06ти јануари и крајно на 29ти декември.. сопругот во странство резервирана карта за крај на декември.. почнав со купување за бебушот али ситни работи немавме ниту количка ниту креветче земено.. има време цело време рано е за порагај :)

    Али откако влегов во 8от месец секој ден ми беше се потешко, 10-12 дена пред да се породам имав болки и вечерта касно заминав на преглед примивме зреење за секој случај.. се среди тогаш, а потоа пак имав како некои ниски болки и викам ке си одмарам јас по дома ке си лежам, станувам сабалјето и некој слуз имав но обилен викам не е ништо страшно сигурно е некој исцедок кој и претходно сум го имала, но не така многу.. а тоа да ти бил чепот, но не свесна бидејки немаше ни крв ништо, а и неискусна :)

    Ноќта само што си легнав 2-2ипол, се будам накај 3 часот викам се измокрив впостела до толку ли дојдов исплашена :) гледам тече ли тече воденјакот пукнат паники низ дома му ѕвонам на сопругот во странство вака и вака ајде му ѕвонам на моите доаѓаат веднаш и одиме на болница, а додека појдеме ни треба половина час а јас цела во страв да не ми дојде напон да го родам во кола, а тоа не одело така едноставно :))

    Стигнуваме таму воденјакот тече ли тече не запира, отворена еден прст.. 34 недела јас вика ке чекаме ке примаш две зреења и по два дена ке те породиме.. ок викам како во шок.. цело време на цтг примив две зреења и утрината гледам на влошката како зелено веке почнала да се заматува плодовата вода, ајде веднаш системи ме средија и царски за 45 мин бевме готови на 5ти декември во 34 недела :) фала му на бога за срека бебчето се роди здраво и право не беше ниту ден во инкубатор ниту кислород ниту нешто примаше иако се роди предвремено .. сопругот додека леташе во авион за дома ние се родивме.. :) тешко беше, но ок поминавме :)
     
    На Dust, happygirl, Milobebence и 33 други им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.065
    Допаѓања:
    64.320
    Пол:
    Женски
    Нека е живо и здраво :) Железото мене по прв пораѓај многу тешко ми одеше нагоре, се борев некои 2г со анемија и што не пиев. Останав трудна со второто со ниско железо и почнав да пијам Феррум лек сируп (состав како Малтофер сирупот има) и вит Ц 1000ка и за месец дена пиење ми рипна железото, после веќе не пиев и секоја контрола ми беше веќе се повисоко (пиев мултивитамини во бременоста Пре Мама) и од тогаш не ми паднало под граница, а поминати се и 2г од вториот пораѓај. Сирупот е 100 и нешто ден, од 200 работи што испив само тој ме спаси.
     
    На ddevojce и Miss.N им се допаѓа ова.
  6. Bella*

    Bella* Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.410
    Допаѓања:
    6.995
    Пол:
    Женски
    19 месеци ќе бидат :inlove:
    Фала :hug:
     
    На lady.N, Coco31 и fana им се допаѓа ова.
  7. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    313
    И мојата бременост беше тешка се се трпи за нашите деца. Буквално ја одлежав поради краток цервикс и бактерии во меѓувреме..ме примија на Гак 36та недела и случајно на ехо сабајлето на 06.02 докторот ми мери цервикс па мануелно со рака и не му беше јасно, ми вика немаш болки и јас не само ми се оди во тоалет. Неговиот поглед ми објасни се немаше потреба за збор.. јас бев 5 прсти отворена! Од тука брканица чепчиња провокации ми го пукнаа водењакот и почнаа баш болките..ја чував силата ми се плачеше но не пуштив солза. Во 13h пристигна мојата најголема среќа. Ми оставија дел од постелката па мораше ревизија со анестезија да направат, успат и шиењето од 3 -4 конци.
    Сега го разбирам зборот мајка!
    Ви посакувам лесен пораѓај :*
     
    На Vikk22, Dust, ddevojce и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Dance27

    Dance27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2018
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    1.988
    Пол:
    Женски
    А посетите од колку до колку се ограничено е временски или 24/7 може да е присутен :)
     
  9. Bella*

    Bella* Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.410
    Допаѓања:
    6.995
    Пол:
    Женски
    Во 22 часот си идеше и сабајле во 9 доаѓаше,а денот кога се пораѓав остана и после 22часот,се породив во 00 и после пораѓајот си отиде и сабајлето дојде
    Па другиот ден сите ми се акнаа и моите и неговите ко боже ја 10 дена ќе седам таму па нема да не видат :D
    Во глобала од 9 до 21 може да е со тебе,освен ако не се пораѓаш после 21 даваат да остане
     
    На Dance27 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.464
    Пол:
    Женски
    Jas se porodiv na 20.01. Vo 00 53 minuti.doceka da si stavi ime sama mojata mala peperutka..posle tolku nateganje kako ke se vika. Pred toa vo petokot bev na ctg se mirno super ilievski vika ako sakas jas da te pravam pocekaj ke se dogovorime.posto terminot mi bese 27 a bebus bese pomala resiv da ja cekam samainicijativno da izleze pa taka i se sluci.
    Nedela 19.01 mi pukna vodenjakot a jas bev sama doma, mm na pat da zeme deca od kaj baba i dedo no ne vo sk,tuku nadvor.
    Bidejki e najgolem panicar poleka mu soopstiv deka se spremam za bolnica,mi pukna vodenjakot i bla bla..vo neveruvanje neznam kako stignale do sk...
    Vikam taxi, mu velam cair,taksiatot prasuva dali treba da brza jas mu velam malku.
    Za pravo pusti covekot 4 zmiigavci svirese cel pat,stignavme i za moja nesreka me primi Surlani ona dezurna ... me proveri 3 4 otvorena,ctg nisto ne javuva,bolki slabi,me kacija na pataloska...proverki pritisok merenje drn drn...i se zacestija bolkite si gi izdrzav bez "a" da kazam... kaj 23 30 me proveri 7 8 otvorena i mi spremija klizma. Pomina 00 20 me simnaa dole.bolkite za bolki isto si gi izdrzav maski no veke nemav sila.
    Me kacija na boks i pocnav da se gubam mi svetkaa sijalicki,oni se derat napnuvaj,treto dete ti e sramota e vaka taka....jas i gi slusav i ne gi slusav ispukav mnogu me sieja dva pati,zasto ne znese od kade tece krv.bitno mojata peperutka e zdrava ziva prava i mene mozat uste 100 pati da me sijat ne e bitno.
    Surlani ne ja preporacuvam nikomu,ni stav ni profesionalnost ,ama ic ne mi se svigase. A za se drugo Cair toplo go preporacuvam.
    Super personal so isklucok na nekoi.
     
    На Thallia, Dust, Vikk22 и 17 други им се допаѓа ова.
  11. NNK19

    NNK19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Зар има Ширлани и во женски род? :rofl:
    И мене ме породи Шурлани ама доктор беше и се викаше Илир :D
    И јас немам баш убаво искуство со него некако многу беше арогантен и напнат:?:
     
    На Leo_29 и Larahappy им се допаѓа ова.
  12. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.464
    Пол:
    Женски
    Ne surlani e zensko.
     
  13. NNK19

    NNK19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    На Bisera2020 и fana им се допаѓа ова.
  14. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.464
    Пол:
    Женски
    Znackata i bese taa i ja viknaa mn pati pa mozi mu e kerka,vnuka,snaa...od kaj da znam
     
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    37.725
    Пол:
    Женски
    Можда некоја акушерка, нема друг доктор Шурлани.
     
    На Bisera2020 и NNK19 им се допаѓа ова.
  16. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.464
    Пол:
    Женски
    Neznam jas znam bese taa...
    Na koj se padne so sreka neka i e
     
  17. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    636
    Пол:
    Женски
    Втора приказна сосем различна од првата.
    Првото женско-второто машко.
    Првото полна 40 - второто 36+2
    Првото со провокации - второ спонтано
    Првото 26 часа со болки- второто 1 час
    Првото шиена- второто НЕ
    Со второто се беше полесно и побрзо, но ми беше стресно што беше на почеток на девети, но немаше никаков проблем.
    Епа вака...
    3 часот ноќта станав да мочкам како и секоја ноќ. Се бришам и гледам слуз измешана со малку крв паднал чепот. Ме фати паника дека само што влегов во девети. Сакав да легнам да не го будам мм да почекам до сабајле но осетив дека не е само чепот, гледам и си тече по малку сваќам дека е и водењакот делимично пукнат.
    Го разбудив мм , се истуширав,се облеков , ја бакнав мојата 4 годишна ќерка која спиеше и шепнав "ќе се врати дома мама со бате " и веќе ме фати блага трема и паника дека второ знаеш на кој ризик одиш а дома имаш уште едно за кое треба да се вратиш жива и здрава. Немав ништ купено, немав ништо спремано, па ете се поминувало и така затоа немој да се притресувате што да спакувате за вболница.
    Појдовме вболница, ме ставија на цтг мирно, болки немам но осеќав некое вагинално згрчување на различни интервали , вагинален преглед 2 прста отворена, водењак малку пукнат, дури ме прегледуваше истече малку повеќе вода.
    Притисок 155 со 95.
    Во мојот запустен град нема анестезиолог секој ден, па не испратија за Скопје со брза помош. Посигурно му беше на докторот да патувам со сестра сепак 2 часа до скопје.
    Многу језиво ми беше во болничката легната сама, мм идеше со кола по нас.
    Стигнавме во 7 утрото Скопје, преглед вагинален исто два ипол прсти отворена , водењак има уште вода, ме задржаа на патолошка ми рекоа ќе чекаме да се отворам спонтано, максимум 24 часа . Бидеќи пунат водењак се плашеа од инфекција.
    Јас болки не чуствував но имав згрчување ниско во стомакот.
    Во 13 часот пак цтг исто мирно , вагинално 4 прсти.
    До 18 часот само поинтензивно згрчување но неможам да наречам болки. Преглед 6 прсти отворена. Си велам супер се отварам а болки немам.
    По 18 часот почнав да чуствувам болки на 3 мин но ништо страшно се издржуваат си шетање.
    Во 21 часот ме качија во предпородилна,
    преглед 6 ипол прсти. Ме легнаа за цтг и ми ставија чепче за прочистување.
    На цтг 20 минути дури лежев осеќав јаки болки. Станав проделува чепчето , бев во wc но ептен почнав да осеќа и напон. Една докторка вели нема шанси не напнувај 6 ипол прсти си рано е . Тантуроски вели ај да те видам јас, гледа 10, Носете ја на бокс одма.
    Ми вели издржија оваа болка станата па легни на бокс. Ок. Легнав и иде одма друга ми вели не туркај пак , само диши.
    Во ред , послушав.
    Иде следна болка пак ми векат не туркај, а јас им велам ќе туркам турнав и одма излезе мојот мал принцво 22 часот.
    Не ме сечеја и не ми искочија хемороиди како првиот пат.
    Ми го ставија на мене и одма се сликавме да и пратиме на дадичка дома слика.
    Испадна проблем , постелката не излагаше. Па ме успаа некоја минута за да ми ја извадат.
    Сакам да ја пофалам ГАК стварно на ниво и персонал, и хигиена. На секој пола саат некој влегува те суредува те прегледува. Се чуствуваш во сигирни раце.
    Луѓе јас овде ќе се пензионрам .
    Господ да дава дечиња каде што нема.
    Мене да ми ги чува овие две сонца.
     
    Последна измена: 26 февруари 2020
    На NEA, Lejlaah, tina2018 и 50 други им се допаѓа ова.
  18. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    4.111
    Термин на 01.02 Беба на секоја контрола различно завртена, па во 37 недела со упат пд матичен на клиника да договорам царски. Воопшто не сакав царски. Ми предложија пораѓање карлично или надворешно вртење на бебето што може да има последици и тие две опции не доаѓаа во обзир. Договпрен царски за 28 јануари, доколку се сврти бебето го откажувам царскиот. Неколку дена пред термин на комтрола бебе свртено и одма на клиника да го пдкажам. Супер, природно ќе сум. Помина терминот на 01.02 јас абер немам, само слабо грчење на стомак и некои лажни. Ден преку ден на контроли за на крај да договорам на 10ти ден над термин да одам со провокација. На 11 вторник Се разбудив со херпес а имав термин у 17 часот. Контроли бла бла вечерта у 19 часот ми ставија сонда со балони и ги наполнија со вода да го омекнат грлото, требаше 12 часа да го имам во мене ама ништо не придонесе. Мм си отиде велам утре ќе биде оди да спиеш. (Сега ми текна на муабетот од феминкиѕе за тие топки шо ги ставале во мк за провокација). 12.02 Доручек, ги извадија балоните и ме носат у родилна и сакат со апчиња cytotec синтетички и хормонски да почнат процес. Читав мн за тие апчиња дека се за желудник и предизвикуваат контракции па ги употрњбуват за пораѓај, во германија не се уште пуштени официјално за гинеколошки потреби. Несакани дејствија итн.Леле нема шанси. Велат може и 3 дена да трае со апчињата. Велам нема шанси ќе бидам 14 дена над термин. Сакам одма царски. Убедување што како велам нема шанси. Побарав со главна на клиника да зборувам, рекоа на операција е, ќе дојде. Му се јавив на мм одма да дојде, јас плачам што за ќерками што за бебе и мене. Неколку часа не се случуваше ништо и дојде главната вели дај да пробаме, не е работа за царски, прво природно, штета е сега за царски бла бла. Реков максимум сакам да чекам 24 часа со апчиња ако не делуват одма царски. Велам не се знае состојба на плацента и вода ми беше контролирана у понеделник, денес е среда. Не се сеќирај нема ништо сменето ќе те следиме и плус нонстоп на цтг. Ок. Потпишав. Дневна доза 200 мг на 4 часа по 50 мг. У 12:30 прва доза. Ништо, ручав, слаби болки почнаа од 15:30 и два прсти отворена. Втора доза у 16:30 појаки болки 4 прсти. Ми дават гас маска да дишам, како издрогирана си, и почнуваш да се смееш на сред болки од Тоа шо дишаш. Прекина да делува, инфузија со лек за смирување на болки добив, тоа не делува. 5 прсти отворена. Побарав за епидурал.носат да читам и да потпишам, мм чита за последици, велам нема шанси ќе издржам. Осеќам напон. За саатипол време уште 5 прста сум се отворила веќе 10 и ајде на бокс. Темно у собата, само бабица мм и една практикантка. Ми ставаа ладни облоги пукнав од жешко ме расоблекоа гола, вода поев и нспнував. Сето тоа се случува за 20 мин. Едно јаже за теглање имаше на таван закачено го теглам напнувам и се вијам од болки. Мм ме бодри ајде бебе иде се гледа глава,има црна коса. жалниот асистира незнае како да ми помогне и тој се поти. Издржував и соработував при напони. Ми го пукна водењакот и на мм му заврза една крпа и требаше јас да напнувам и да јс теглам крпата накај мене а мм накај него за полесно да ми биде. Бабица му кажа пази женати има сила да не те собори напред, он као нема шанси. Маж од 107 кила го влечев ќе паднеше. Ми ставија антибиотик за стрептококата. Со два напони се роди моето пиле, второто сонце мајкино и до најубав глас, ќерката моја убава. Во 19:32. На 12.02 на роденденот на баба ми ( 11 дена над термин) Веднаш ми ја ставија на гради Ми дезинфицираа раци и ми ставија маска поради херпесот. Се гушкавме по некое време мм ја пресече папочната и со неколку напони излезе плацентата. Беше цела но распукана на едно место као во ред е.( сега тоа ми причинува страв) Распукав како шар планина дури и кај срамните усни ме шиеја. Додека мене ме средуваа мм веднаш отиде по големата ќерка и ја донесе. Душата ми препукна од радост. Болките ми траеја само 4 часа и среќа брзо се отварав ми делуваа апчињата. посакувам на сите да имат брз и лесен пораѓај.
     
    На tina2018, minne992, emkaemka и 36 други им се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    6.017
    Пол:
    Женски
    Конечно да пишам и јас, сабајлето кога бев во тоалет на хартијата имаше крв и во шољата. Болки многу слаби издржливи и онака требаше да одам на преглед бевме ме ставија на цтг па кај докторот беа Бајалски и уште еден кај него гужва отидов кај Бајалски. му кажав за крвта ме праша за болки и кога ми е термин го виде цтг и ми рече ќе те проверам рачно ехо не ми направи. Ме прегледа и ми вика оди си дома рано ти е за раѓање дојди кога ќе имаш болки или ако надминеш термин. Си отидовме дома почнав да си досредувам собата, алиштата за бебе и си легнав да спијам. Кога станав почнаа малце појаки болки ама издржливи му викам на маж рано е ќе не вратат пак џабе ќе одиме си трпев така се до кај 22:30h кофа почнаа болки на 7 до 5 мин викам ајде стнувај да одиме се истуширав дури набрзина се облековме торбицата веќе во кола си беше. Бидејќи живеам малце подалеку од градот треба околу 40 мин да стигнам до Чаир по пат почнаа наеднаш многу појаки болки на 3 мин, почна да ме фаќа паника бидејчи бевме далеку сеуште. Среќа па немаше толку сообраќај па маж возеше побрзо едвај издржував, некад кај железничка ми пукна водењакот и почнаа болки на мин па викам на маж имам напон побрзај. Кутриот се збуни цел јас офкам викам за стигнавме некако отвара маж да излезам јас не можам не фаќа јас паѓам пред кола и не можам да станам напон имав мислев готово се породив пред врата. Маж ми почна да вика за количка имаше и еден дечко одма влезе и викна сестра, дојдоа јас не можа да станам едвај ме качија на количката. Викнаа доктори дојдоа Ѓоргиевски и Дика сестрите ми помогнаа да се слоблечам и да ми облачат спаваќа кога видоа дека крварам многу докторите викаат одма горе ме прегледаа набрзина седната ехо да го видат бебето. Сестрата трчајќи ме возеше по ходниците доктор Дика се збуни не знаеше на која страна лифтот се отвара... :D Јас викам готово излегува ме качија на бокс немаше време ни за цтг ме прегледаат само со рака и бабицата ајде туркај докторот ме притисна за стомак и на три напони излезе прцул мој последниот напон најверојатно сум се погубила ги слушнав само ми викаат диши не заборавај да дишеш, диши. Бебето не заплака одма ја погледнав бабицата и сестрата имаа загрижена фаца го однесоа во другата просторија околку 2 мин. Го прашувам докторот зошто не плаче ми вика имаш среќа дека ти е второ па побрзо идеше инаку лошо ќе беше, после го слушнав заплака го донесоа душичка ми го ставија на мене малце ми кажаа тежина и висина и го однесоа, после тоа цело време на бокс се тресев ми рекоа дека сама сум испукала го кажаа медицински Руптура викам лошо ми е тоа, ми вика бабицата не е ништо ќе те сошијат многу малце е тоа ми ставија локална и ме шиеше Ѓоргиевски имаше некој чудни конци кој ми личеа на тенка жица болеше ама беше издржливо. Лежев и дојде една сестра после тоа за да ја проверат матката почна да ме масира и тоа премногу болеше почнав да викам ја викна бабцата Бети за да види и она почна да ме масира јас почнав раката да и ја тргам, ми вика држи се за држачите мораме да те масираме да се врати матката на место пеколно боли тоа нешто не идеше како треба па го викнаа Ѓоргиевски и им рече да ми стават инекција и после некое време пак да проверат. Дојддоа после некое време и пак почнаа масажа зборат нешто меѓу себе медицински изрази не ги разбирам викам нешто не е во ред, викаат мора матката да ја наместиме инаку може многу крварење да имаш пак не идеше нешто и ми ставија уште една инекција и пак масажа. После рекоа добро е може во соба да ја носите. Бебто за жал фати инфекција од мене и беше на антибиотик не задржаа неколку дена. Сите дознаа за мене дека ќе се породев надвор пред болница кој како дојде ме прашуваше дури и директорот се изнасмеа вика густо било многу. Имаку од пристигнувањето пред болница до поородувањето имаше само 20 мин. Викаа експресно породување било. :D Битно се помина добро бебе добро реагирал на терапијата уште во болница сестрите ми помогнаа за цицање многу и сега цица дури и качил за нецели 2 недели 400 грама. :D
     
    На Starlič, Lejlaah, tina2018 и 43 други им се допаѓа ова.
  20. Kallias2

    Kallias2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    1.920
    Да ви е живо и здраво, баш приказна како на филм. Среќа се добро се завршило, само да те прашам, која инфекција ја закачи бебче од тебе?
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.