1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    18.390
    Пол:
    Женски
    Бев позитивна на стрептокока
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    @VDT2906 брзо си се породила. Ама ме изнасмеа за докторот шо не знаел на која страна се отвара вратата :rofl:

    Нели знаеше дека си позитивна на стрептокока за да примаш антибиотик?? И јас бев позитивна и добив антибиотик, па бебе фала богу нема. Сма ми рекоа да припазам докај еден месец да не се појави покасно.
     
    Последна измена од модератор: 27 февруари 2020
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    18.390
    Пол:
    Женски
    Немаше време да стават им кажав јас додека ме носеа накај сала, ама ептен брзо се се случи што ни цтг не ми ставија канила отпосле ми ставија немаше време за ништо.
     
    На mariz и ddevojce им се допаѓа ова.
  4. Vikk22

    Vikk22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Eve ja i mojata porodilna prikazna.
    7 dena nad termin, kontrakcii ni lazni ni vistiniti...zatvorena skroz..
    Me smestuvat vo bolnica vo 09:00 odma na pregled i odma edna provokacija(gel) nisto od toa nemam bolki.Maz mi i majka mi si otidoa velev nema sansi deneska da se porodam a bogami i utre.
    14:30 vtor gel t.e provokacija...bolkite pocnaa no izdrzuvacki.
    16:30 pregled..kontrakcii do 70,bolki tuka a cela zatvorena.
    18:30 ctg..do 30 a bolki pojaki, zatvorena.
    20:30 umiracni bolki , vikanje placenje...zatvorena.
    22:30 isto zatvorena.
    23:30 ne podnoslivi bolki, placenje,vikanje.. 4 prsta otvorena konecno
    01:30 6 prsta otvorena, doktorkadovaga i vika ajde kaj ti e maz ti vikam? Vikam zosto? Kako zosto ke se poragas...vikam ne zafrkavajte ajde ajde zvoni..
    Zvonam na maz mi on spie,vikam poagajte bebeto ide..:D
    1:45 me stavija na boksot jas veke so naponi.. cekame da istece antibiotiko za streptokoka,naponi eden kup... maz mi dojde 02:00 jas 10 prsta otvorena pocnuvamda ragam
    ....
    03:52 posle tolkavi bolki bez anestezii i so lavovska sila se rodi mojata princezza.(3520g i 52cm)
    ...
    Sega lezam i ja gledam i ne mozam da i odoleam:inlove:
     
    На NNA, Chanell*, emiliana и 49 други им се допаѓа ова.
  5. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Термин ми беше 18.02. Бебево уште на 3 скрининг беше карлично и др. ми вика ако остане ќе го извадиме царски. Мене ни на крај памет не ми беше дека е можно царски да се породам. Како проагаа контролите бебе остана карлично и закажавме царски на крајниот термин 18ти февруари. На 17ти отидов на ГАК ама др. нешто почна да се колеба...голема си, бебето е мало да пробаме природно, викам не доаѓа предвид. Ме провери вагинално за секој случај грлово ни омекнато, ни скаратено. Бебево мое карактер уште во утроба. Во вторникот бев прва за царски ама ради приоритетни завршив последна. Ептен бев уплашена, најмногу од анестезијата. Ме погодија од 3то боцкање и од толку страв ми се слоши ко по обичај ама одма изреагираа анестезиолозите. После тоа се опуштив, имаше и музиче пуштено, муабети. Бебе го извадија за нецели 3 минути мислам. Од мало излезе 3800 гр и 52цм долго. Др. кога слушна ми вика леле да пробавме природно ке видеше мака. Да се пораѓам повторно пак би одела царски. За 3 дена станав нормално, си вршам се по дома и околу беби. За искуството на ГАК немам баш позитивни мисли. Дента пред и по операцијата лежев на ПИН и таму беше ептен фино, и хигиена и услуга. На одделение и не баш ама се се заборава кога ќе излезете од таму.
    Сега малце ме дрмаат хормонките ама ќе помине и тоа си велам :D:inlove:
     
    На NNA, emiliana, Turna и 37 други им се допаѓа ова.
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Мојата втора породилна приказна, скроз различна од првата :)
    Бремена со близнаци, термин целосна бременост (40 недели) на 15.04. беше, ама овде за близнаци рачунаат 38 недели, па термин беше 31.03.
    Си знаев дека рано ќе се породам, дека нема многу долго да седат. И така испадна :) За цело време бебето на лева страна беше близнак бр.1, т.е. водечки близнак (демек при породување прво тоа бебе излегува), другото близнак бр.2 менуваше положби. На последното ехо во 28 недела гледаат дека втората е напречно (хоризонтално) поставена, со главата на десно, нозете надоле. Се договараме со матичната за природно, битно е што првата беше поставена со главчето надоле, па после нејзиното излегување многу лесно се врти и второто. Е арно ама, некој не се слагал со целата ситуација :) Последните 2 дена пред да се породам ја осеќав втората (таа на десна страна, втора што требаше да излезе) дека скроз се превртува. Вртење, тегнење, којзнае што правеше во стомак, мислев низ стомак некое раче ќе излезе од пто се преместуваше. Следев цело време ситуација да не падне чепот, да не пукне водењакот.....ништо од ова немаше, па се тешев дека нема да биде тогаш, дека сепак ќе почекаат :) На 06.02. веќе почнаа познати болки од првиот пат........не вистинските, ама знаев дека идат. Цел ден место не ме фати, не можев ни да седам ни да лежам. Дојде време за легнување, прибрав со мене телефонските броеви од клиниката кај што требаше да се пораѓам и му реков на мм да дремне малку зашто веројатно ќе одиме накај болница. Легнавме демек, за 15 минути го разбудив мм да мериме време на болки. На 3 минути ми беа. Се јавив во болница, ми рекоа одма да се нацртам кај нив. Ме примија, видоа дека сум 3 прста отворена, земаа крв, ставија инфузија и лек за зреење, зашто многу им беше рано. На одредени интервали ме боцкаа мускулно со нешто што ми ги намалуваше болките и контракциите, плус и во инфузијата ми течеше, сѐ само да се пролонгира процесот на пораѓање, ако ништо друго сакаа барем 2 дози Кортизон да примам. Ме видоа на ехо, таа што беше десно и што требаше втора да излезе тотално се имаше извртено, пак беше напречно поставена ама ја прекрила сестра и целосно и се наместила за прва да излегува. Тука одма се сменија плановите за породување, се одлучија да биде царски, зашто девојката се имаше поставено во некоја невозможна положба за природно пораѓање. Ми ги контролираа болките, неколку саати пред секој оброк престануваа да ми даваат вода и други течности во случај ако се засилат болките и мора одма да се оди на царски. Ама за среќа цел ден издржаа, дури успеавме и втората доза Кортизон да ја примам и да делува 12 часа. Многу помагаше тоа што го даваа за стопирање на болките и контракциите. Сабајлето на 08.02. веќе чепот ми падна. Ги викнав одма, видоа дека сум веќе 9 прста отворена и одма ме спремија за царски. Ме однесоа во сала со мм и почнаа со спиналната. Му кажав на анестезиологот дека сум многу скокотлива, посебно на грбот :D Не се секирај, ми вика, повеќето се такви :D Ќе ти кажам кога ќе треба да боцкам и кога ќе мораш да бидеш мирна. За среќа успеа од прв пат да погоди како што треба. Ми објасни што и како ќе осеќам. Ми ставаа триста чуда во инфузијата, антибиотик, против тромбоза, притисок..........не се ни сеќавам што сѐ не ми дадоа. Многу брзо почна да делува анестезијата, почекаа убаво да фати и почнаа. Не осетив буквално ништо, ни тегнење ни вадење деца, ама буквално ништо. Само што почнаа, ми кажаа, еве ја првата што многу се брзаше да излезе и го забрза цел процес :D Одма врисна тоа глувче, го викнаа мм одма да ја види, за 5 минути ми кажаа дека втората ја извадиле, и таа одма врисна :) Неонатолозите беа на лице место и одма ги преземаа да ги прегледаат. Мене веќе почнаа да ме средуваат. Завршија со сѐ. Пред крај веќе почнав цела да се тресам од студ, не можев да се контролирам. Ме однесоа во соба, за цело време јас замрзната како санта лед, секој дел што можев да го движам се тресеше. Додека ме носеа накај соба веќе почнав по малку да се губам, тоа и јас сама приметив во говорот. Ми зборуваа цело време, ме прашуваа дури и глупости, веројатно за да ме одржат будна и свесна. Дојдовме до соба, почнаа да носат ќебиња, топли перничиња, што уште не. Случајно си ги видов ноктите-цели плави ми беа. Мислам дека цел саат или повеќе ме одмрзнуваа :?: Конечно се стоплив, дури и топло ми стана, па почнаа постепено да тргаат од мене слој по слој. После дури и вода добив да се напијам :D За брзо време почнав и нозете да ги осеќам. Од кога се вратив во нормала и промрдав со прстите, ме однесоа кај мм. Ми покажа одма слики од бебињата и ми достави податоци колку тежеле и колку биле долги :)

    Уште трае приказната, многу рано се родија па уште сме во болница. Се надевам за скоро време ќе заврши :)
     
    Последна измена: 6 март 2020
    На NNA, Luminary, emiliana и 63 други им се допаѓа ова.
  7. RAK91

    RAK91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.559
    Пол:
    Женски
    Мојата е кратка, ама за мене слатка :)

    Договорен царски за среда 11.03, јас спремна психички со паметот дека е среда, има време, да средам по дома, да наместам креветче, да одам на депилација и слично.

    Недела, станувам со менструални болки, кои беа од претходниот ден. Одам на цтг, цтг мирно, не сум ни отворена, ме враќаат дома, има време ќе тера до среда.

    Болките стануваат континуирани, веќе и се засилуваат. Не знам дали е уште една лажна тревога како во 36та недела. Седнав да ручам и се најадов за сите пари, како за инат.

    Времето минува, болките упорни. Одам на уште едно цтг, цтг се штрекна, докторка вели те задржуваме, почнуваш да се отвораш. Кој шок е тоа, си викам како денес, не сум спремна, треба среда. Ама бебе не чека, решило да ја израдува мама за убавиот празник :)
    Се беше брзо, за половина час бевме во сала, бебе веднаш го извадија, он плаче, мама плаче, емоции на сите страни. Се губиш во време и простор. Ова ли е тоа глувче што 9 месеци правеше журка во стомак и частеше киселини секој ден?

    Стварно е љубов на прв поглед! Љубов за цел живот. Човече што го менува животот за 360! :inlove::inlove::inlove:
     
    На NNA, Akila, Tokio12345 и 56 други им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    10.452
    Пол:
    Женски
    Ехеее кај се отерала темава, втора страница најдолу. Ај да ја подновам. И јас место да спијам, дека и бебе спие :) да ви поднапишам неколку реда. :)

    Уште од старт на 9ти месец цтг покажуваше болки, јас не ги осеќав и баш не обрнував внимание. Во меѓувреме сѐ си беше ок. Бебето де водеше како за недела дена поназад, и тоа мн не ме плашеше.
    Два дена пред породување бев во Плодност кај Кристинка за преглед, бев еден прст отворена, цтг со болки умерени. Односно брановити. Следниот ден четврток бев кај мојот доктор, таму исто такс контракции, некои ептен стегаа, некои лабави. И тој ме провери, исто еден прст. Ама ми рече, имаш болки на пет минути. Ако се појачат на породилиште. Ама јас не ги осеќам, викам. Јас бев со надеж, демек што повеќе да си е внатре, да ги стаса неделите.
    Амааа, откако се вратив од преглед, друга приказна. Хахах си викав ајде бе кога сакаш ти, тогаш ќе излезе. Легнав на кревет демек да не предизвикувам ништо, реков има да се помодрам од лежење. Околу полноќ, болките почудни појаки, не можам веќе да ги контролирам, се трудам да дишам. По некое време, викам ајде земај документи одиме. Дека сат и 15 минути имавме до Плоднодт. По пат бев смирена, ме стегаше, со дишење длабоко контролирав. Стасавме таму, и дека после полноќ ми беше страв кој доктор дежурен ќе има. За среќа се погоди Кристинка. Уфф јееес. Ме зеде да ме провери, и ми рече до сабајле готова ќе си. Од прегледот минатата вечер кај докторот мој, од еден прст до 3 прсти за неколку часа.
    И понатака следуваше клизма, епидурал, припрема, цтг, па малку болки, дишење длабоко. Во 6 сабајле ми го пукнаа воденикот, водата беше зеленка и Кристинка ми вели бебето имс доживеано некое страдање внатре, се има малку покакано. И вистина, папочната врвца му беше околу вратот, затоа сакаа и побрзо да ме породат, така шо го осетив и тоа качување на стомак, ми се обеси таа, ребра ми пукна :D мислам дека @beba@meba кажуваше за неа така. Ништо не е страшно, бар не толку само посмирено. Никој не ве брза. И важно и докторката да е смирена, опуштена.
    Јас напнував, ама дека ми тежеше на стомак не можев воздух длабоко да земам, па затоа таа така презеде. Како и да е, интересно е. Ме сецнаа, па таа ме шиеше, сега сум арна, немам хемороиди. Ама малку мора да болит првите дена. Поминува, не се заборава, и не ни треба да се заборави :). И коа го извадија, ми го ставија на стомак за да му тече од плацентата уште малку крв. Леле коа ми стежна пак, хахаха си викам како јас ситна толкаво бебенце носев свиткано. Нели беше поназад недела дена, така... Проценета тежина последно 2900. Епа се роди 3200 и долго 50 цм. Таман. И после мислете за мерките. 8-| 38+5 се породив
    Е такаа за три дена ме пуштија.
    Требаше нареден преглед кај Кристинка да ми биде вчера во понеделник во 12часот. Јас вчера во 12 часот со бебе си заминав оттаму.:D
    Се изненадив како бев така посмирена, ама мој совет е кога ќе почне често да стега, не чекајте. Да не трпите вие.
    Ајде со лес на сите. :sun:

    Да дополнам само, сѐ на сѐ се породувањето беше 6 часа со се епидурал со цтг, па контракции па отворање, па напнувања, дишења. Длабоко да дишете, преку нос и низ уста. Помага.
     
    Последна измена: 17 март 2020
    На NNA, emiliana, Mari* и 38 други им се допаѓа ова.
  9. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Оф.. лоша работа.. да јас кажував за качување / притискање на стомак.. но ти си имала среќа што женско било.. нема толку сила.. јас искусив од машко и тоа со големи мускули и крупен човек.. си помислив ќе ми го пукне стомакот и ќе го сплеска бебето.. но сепак они си знаат како да притискаат...
     
    На emiliana, lavinija28, ddevojce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    1.087
    Конечно малку време да најдам и јас да ја напишам мојата породилна приказна. Краен термин 21.02. На 20.02 одам на цтг ништо една контракција појака другите слаби ме прегледуваат вагинално околу 2см отворена, постелката зрела докторот ми вика ако немаш болки или не ти пукне водењак се гледаме на 25ти вторник во 14ч. Си одам дома нема ништо доаѓа понеделник вечер си легнуваме со мм накај 11 вечерта му викам нема шанси ни утре ќе не врсти за некој ден пак.. Вечерта во спиење околу 1:20 осеќам три појаки грчеви во стомак и си викам лажни болки но веднаш осеќам нешто како да ми тече станувам од кревет и си стојам така почнува без прекин да тече го будам мм викам станувај бебето доаѓа он во неверување целиот станува се спремаме одиме на ГАК таму стигнавме околу 3:40 ме примаат на цтг после вагинално вика сум отворена 4 прста ајде во предродилна таму уште едно цтг ми ставија клизма и почнуваа појаки болки како менструални наеднаш ме стегаше стомак и осеќав нап како за голема нужда. Доаѓа визита ме прегледува вагинално 7 прста вика ајде на бокс ми ставаат инфузија и некоја инекција да ми истечела инфузијата па ќе ми ставеле епидурална ама бебе не чека брзо се отворив и немаше време за епидурал, доаѓа докторот ми кажува што да правам ме сецна доле и со два три напа за некои си 2-3мин во 8:45 се роди моето синче тешко 4020гр и долго 52см ми го ставаат на стомак ми вика докторот фати го син ти јас целата изгубена не ми се веруваше дека дојде тој долгоочекуван момент. Потоа ме шиеа.. И да јаки беа болките ама се издржуваат и без анестезија но подоцна боли многу раната ама и тоа се издржува за најубавото суштество во животот :)
     
    На NNA, emiliana, Divinebutterfly и 35 други им се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Да ја пишам и мојата породилна приказна :) во 39+2 недела
    Морам да признам дека од страв никогаш не ја отворив оваа тема, прворотка сум, ниту пак прашував жени како поминале, не сакав да знам што ме очекува.
    Се породив природно, ме фатија болки во 21.30 отодов в болница, ме уклучија на цтг, ме вратија дома бидејќи не покажа ништо, истата ноќ во 01.30 осетив уште поголеми болки веднаш отидов во болница каде ме хоспитализираа, се зачестија болките за на крај да се константни, нешто како менструални болки но многу појаки. Се породив брзо на трет напон :) во тие моменти сфатив што всушност значи кога сите ми викаа со лес. Се се заврши во 06.10 часот.
    За да поминете полесно мој искрен совет да останете смирени, и пред се во тие моменти да слушате доктор што ви кажува и максимално да соработувате.

    Деновите поминати во болница ќе ми останат во сеќавање, толку опуштен и позитивен персонал сеуште немав сретнато, кога заминував дури ми се падна криво :)

    По природа сум кенкава, не издржувам болка, постојано се жалам дури и на земање крв од прсте :) ама ете господ дава сила во тие моменти.
     
    Последна измена: 21 март 2020
    На NNA, Rina1992, emiliana и 45 други им се допаѓа ова.
  12. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Дај боже сите вака лесно да поминеме (fingers) Во која болница се породи?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    10.452
    Пол:
    Женски
    @elimkd , Честитки! :* да е здраво и живо синчето! Голем да расти!
    Кога се породи?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    2.152
    Пол:
    Женски
    Малку ме охрабри твојов пост бидејќи и јас сум доста плашлива и секогаш се плашев од земање крв од прсте :))))
     
    На Jana06, BY<3 и elimkd им се допаѓа ова.
  15. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    1.212
    Пол:
    Женски
    Сега ве читам и мене ми текна на ова, јас искусив двајца мажи :rofl::rofl::rofl:
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Кога те прочитав ми текна на моето - Тантуровски кај мене стискаше - модринка огромна имав после.
     
  17. Kallias2

    Kallias2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    3.739
    Hello everybody. Ја сакате мојата породилна приказна? Ајде додека сум уште во болница да ви ја раскажам, патем и нема што многу да се каже, се се одвиваше толку бргу што немаше време за ништо да се раскаже до детал....
    26 Март ми беше термин. До 25ти немав никаков симптом дека набргу ќе излегува бебче. Секој ден очекував и ништо, се надевав дури порано ќе родам од очекуваниот термин ама ништо, сите 3 деца на термин ги родив, значи и да сакаш да темпираш не може така да излезе :)
    На 25 ти вечерта, излегов надвор и правев некои вежби да се спушти бебе и да родам конечно оти се изморив и психички и физички. Се качував и симнував по скали неколку пати, одев брзо околу куќата нагоре надоле оти по угорници живееме, после дома правев чучњеви со стомакот нанапред и толку, се изморив и кај 11 саат си легнав. Спиев топ, се до 5.30 кога се разбудив за вц и осетив така слаби болки кои доаѓаа и си одеа на 10 мин отприлика. До 7 чекав да видам како ќе биде и кога стана мм за на работа, му кажав дека имам болки и изгледа денес ќе се породам. Ми вика ок, да се јавам до работа и одиже во болница. Се спремавме и во 8 часот бевме во болница. Излезе една бабица и реков имам болки, ајде да те видам ми вика соблечи се, ме прегледа, вика добра си, 2 прста отворена и ме праша кога ми почнаа болките и кажав и вика добро..ајде дојди на цтг да те видам, а успат вика ај да ти дадам и спавача оти денес ќе се породиш. Се соблеков скроз, ја облеков спавачата и легнав на цтг. Болките како малку да се подзасилија додека седев едно пола саат на цтг. Ме прашуваше успат дали се појачија, дали се исти болките итн. И реков да, посилни стануваат. Ок вика, сега ќе идеш со една друга сестра да ти стави клизма, ќе почекаш 15-20 мин и ќе се испразниш, се тушураш и доаѓаш пак тука на цтг. Направивме и тоа и се вратив на цтг. Веќе беше 9.15 часот. Болки постојани, додека лежев на цтг се засилуваа многу и оти викав ме слушаше бабицата и вика ај да те видам пак одоздоле, ме прегледува 4 прста. Добро е вика. Доаѓа доктор у тоа време, прашува што како за мене и вика ај да те видам на ехо да видиме бебето како е. Одиме, ми прави ехо, супер вика со главата е спуштено скроз, плацента на супер место. Ок, ај да те видам и јас одоздоле, брка и докторот вика 4.5 накај 5 прста, супер. Одиме пак на цтг, легнувам и болките како појаки да стануваат, додека лежев за 15 мин. 5 пати ми идеа и си одеа. Ми вика бабицата, сега ќе идеш ќе седнеш на тоалет како да сакаш да какаш, ќе седиш да ти дојдат 6 болки такви и ќе дојдеш да те видам пак. Биде и тоа. Одам пак, легнувам, вика охоо браво 6 накај 7 прста, браво ми вика колку бргу се отвораш, супер. Болките почна да се засилуваат, ми вика кога ќе стигнеме до 8 прста, го пукаме водењакот и одиме да раѓаш, аууу викам толку бргу ли, а успат ме болиии викам од болка, вика да, прекрасна си, браво, само слушај ме мене и се ќе биде во ред, не се плаши. Ми почнаа скроз болки, почна и напон да ми иде и викам ми иде напон да какам и викааам се дерам, го вида докторот да ми го пукне водењакот, доаѓа со тоа легенот, го пукаат и додека ми го пука јас урлам од болка, ми вика бабицата одиме на бокс, задржи сега стискај ако ти иде напон и у истиот момент ми иде ама викам не можам да го држам како, ме фаќа едната од една рака, другата сестра или бабица што беше за другата рака и ме носат у другата сала за раѓање, се качувам на бокс и ми кажува таа како да дишам и штом ми иде напон да го дадам и да не пуштам и така со 2 напона излезе кукленцето мало моеее, најубаво на свет, како маченце малечко. Саат застанат таму и им викам колку е часот луѓе, да знам во колку родив, вади телефон еден друг доктор вика 11.10. Во 10.45 мислам беше кога го пукнавме водењакот и ја викнав докторката одма да дојде и таа во салата. И така, после следуваше вадење на плацентата, ме шиеја после едно пола саат, без никаква анестезија се беше и пораѓај и шиење, природно се :)
    И толку дечки. Се на се 3 часа траеше моето патешествие до пораѓајот.
     
    На NNA, elena.mak, ddevojce и 54 други им се допаѓа ова.
  18. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Откако ја прочитав приказната на @Kallias2 се одлучив и јас да ја напишам мојата бидејки е премногу слична.
    Прва бременост, краен термин 9ти јуни. На преглед бев на крајот на мај, прв пат ме прегледа докторката вагинално, си велев има време ама кога ми кажа отворена 2цм сепак почна да ме фака некоја трема:(:nod::shake:, па ме смири малку кога ми рече дека можи да трај и недела дена отворањето но сепак на контрола другиот ден од сабајле :o. А тој ден веке имав болки во половината, ама прворотка не знаев од што се. Вечерта си легнуваме со мажот ми и му велам утре не одиме на преглед ке се изнаспијам, ама во 5 часот ме разбудија болки, лесни менструални, бев до ВЦ водењакот почна да си течи, си легнав пак си ги мерев контракциите, издржав до кај 7 часот, па после туширање, спремање и во 8 часот веке стигнавме на болница. Ме прегледа докторката во амбулантата веке бев отворена 5цм и ми стави вагиналета за побрзо да сум се отворала. Ме качија дирек во родилна сала ми ставија микро-клизма, се прочистив, повторно се истуширав, часот беше веке 9. Болките си беа силни но бев сама изненадена како ги издржвав. Бидејки претходно имав одлучено за ставање епидурална, дојде анастезиологот и ми ја аплицираја. После тоа цело време бев во легната положба, само се вртев како ми одговараше, си ги дишев контракциите, си давав напони за да се доспушти бебето и во 11:25 часот со најјакиот напон излезе моето бебувче, ми ја ставија на гради тоа беше неопишливо чувство :inlove:. Потоа и плацентата излезе без да давам напони, добив малку шиење, ме повреди бебето на усните на вагината, фала Богу не ме сечеја. Откако ме средија, влезе одма и мажот ми :l:, јас се осекав како низ ништо да не сум поминала ама откако се видов на сликите сепак делував уморно. Значи моето патешествие траеше 6 часа, рачунајки ги и првите болки дома, многу ме интересира ако не ставев епидурал дали ке одеше по ист тек породувањето пошто сепак брзо се породив, барем јас така мислам :?:. Потоа ме префрлија во соба, па за 3 дена си отидовме дома, :D
     
    На NNA, emiliana, 24.07 и 28 други им се допаѓа ова.
  19. mare92

    mare92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Здраво, здраво јас да ви ја расказам мојата приказна.
    Целата бременост бев тешка мочла, станував на еден час за во тоалет. Во недела сабајлето во 7 часот исто и така лабава отидов и кога погледнав на гаќите нешто розево ама викам ајде ми се присторило кога се избришав гледам обилно крв. Во моментот се заледив цела. Го разбудив сопругот и еве во чаир. Таму не пречекаа во стил што сте дошле. После саат време чекање на докторката ме прими и ми кажа ми паднал мукозниот чеп и почнувам да се отварам. Првин беше љубезна и ми вика ако сакаш остани во болница ако не оди дома па ако крвариш пак или имаш болку дојди. Така и направив ама ко за беља околу 19 часот пак почнувам да крварам. Отидовме пак таа ваљда крај на смена беше целата дрска ко демек па ке ти тече ри реков, уште не си отворена доволно оди си дома немаме место да те примиме. Со плачење си отидов. Е во понеделник сабајлето почнува драмата. Маж ми на работа јас сама дома почнуваат некои болки ама благи и не ги занемарив се додека почна толку да ме боли што умирав. Се јавив на докторот со кој бев договорена тој ладен тоа ти се лажни болки. Си викам ако ова се лажни какви се вистинските. Маж ми да излезе од работа е жива процедура со барања со се а мене нема кој да ме однесе во болница. Најдов еден другар и стигнавме во чаир. Ме шетаа од шалтер на шалтер ми пукна водењакот кај др Илиевски и тој се налути пошто се лом сум направила небаре сакав. Ми вила 5 прата си отворена оди на шалтер по документи донеси ми едно пенкало и право у родилна сала. По не хуман однос немам видено. Ме соблекоа по спаваќа и со крвта по нозе ми рекоа да излезам на паркинг да хжхи дадам алиштата на другарот. Воглавно се намачив додека чекав на цтг. Самиот чин беше лесен. Ме породи д-р Ѓорѓиевски а тој договорениот не се ни појави. Имам многу конци ама ете воглавно добро заврши. Сега со принцезата се галиме и сите маки вредеа. Се прашував што сум правела без неа. Сите да си дочекаат ваква радост
     
    На NNA, emiliana, buba4e89 и 32 други им се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Честитки најпрво:$:inlove:.. На твое место приказнава и по медиуми (анонимно) а не да ни пишуваат тука за достоинствен пораѓај во време на пандемија уште да ме рашетава :/ добро си издржала искрено мене да ме вратат дома а веќе прокрварена од паники нит ќе јадам нит спијам..ја мислам ветеринарон со кучево мое похумано се понаша него докторине наши
     
    На emiliana, Divinebutterfly, 24.07 и 15 други им се допаѓа ова.