1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породилни приказни

Дискусија во 'Бременост' започната од fairy88, 20 август 2012.

  1. kremceemce

    kremceemce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mare92

    mare92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам убавини да ти се враќат. Така е цела ноќ око не затворивме со маж ми. Се убив плачајќи со секакви мисли во главата. Навистина нехумано, нечовечно, болно. И таков однос од жени неможам да разберам. Фала му на Господ што се излезе како што треба па Господ има нека гледа
     
    На Milkiway, Martka, Thallia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    897
    Пол:
    Женски
    Честитки мамичке. И јас како тебе, втора бременост, со близнаци :inlove: Ќе може да ми пишеш во која болница се породи. Фала
     
    На green.eyes и Dikinzi им се допаѓа ова.
  4. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    1.062
    Пол:
    Женски
    Дочекав и јас да ја напишам мојата породилна приказна.
    Терминот ми беше 26ти март. Секој втор ден на цтг, бебе мирно абер нема. Минува една недела, почнува и другата а докторот вели да не паничам а мене место не ме држи, плачам.
    8ми април и веќе 14ти ден над термин, станувам утрото и во тоалетот забележувам кафеаво зеленкаст исцедок и прободнувања во стомакот. Одиме на договореното цтг, докторот вели нема ништо мирно е но ќе ти дадам упат за Чаир ќе те примаат па ќе видиш или индукција или царски.
    Одиме со сопругот испаничени, исплашени. Останувам јас, ме гледаат на ехо, на цтг и ме оставаат на патолошка. Така до вечерта до 21 часот кога почнаа некои болки, ме проверија 2цм отворена. Болките стануваа се посилни цела вечер неспиев, на 5мин во тоалет. Сабајлето преглед 3-4цм болки уште посилни, тоа траеше цел ден до 17часот кога бев веќе 6-7цм и ме пратија во родилна сала, едвај стоев... Во салата ми вклучија цтг и нон стоп лежам болките ненормално јаки а несмееш да станеш, од болките почнав да повраќам и да се тресам од температура а згора на се и маска да не тргам бидејќи сум имала температура, почнаа да паничат заради вирусот дека доаѓам од друг град. Плачам од болки и од мака во исто време добивам напони и силни болки а тука само сестрата и ми вика ајде напнувај бебето доаѓа. Во меѓувреме доаѓа док Илиевски почнува да ми го притиска стомакот, вели заматена е водата напнувај посилно, мораа да ме сецнат за да излезе бебето. Кога излезе целото беше зелено но плаче моето душиче а јас уште повеќе плачам и неможам да се смирам. Докторот ми вели остави го бебето да плаче а не ти, се е во ред. Кога ја видов ми олесна и покрај сите тие болки. Потоа следеше раѓање на постелката, шиење, уште 1 час лежење па во соба.
    Верувајте вреди секоја болка за тие душички што растеле во нас..:inlove:
     
    На NNA, Dianas, Mari* и 46 други им се допаѓа ова.
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Со лесно нека ти е :) :hug:
    Не живеам во Македонија, двете породувања ми се во Стокхолм.
     
    На Butterfly1107 и Masnickaaa им се допаѓа ова.
  6. Babyiscomming

    Babyiscomming Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Еве ја и мојата приказна. На 28.04 бевме на цтг мирно без контракции, на ехо ме виде докторката и вика ааа имаш време бебе е многу високо абер нема од излегување имаш уште 3-4 недели или најди си врски за царски да не се мачиш.. Вечерта накај 1 ипол осетив како нешто силно да ми пукна доле и почнав да имам по малку болки на пола саат ама ништо страшно. Ај си викам за секој случај да одиме до чаир не ме држеше срце дома да седам. Си се избањав, се средив, пружив машина имав пуштено вечерта и накај 3 ипол отидовме. Ме прегледа 3 прсти отворена, цтг мирно и се мислеше дали да ме прими и као ај остани ама нема да раѓаш ни денес ни утре сигурно. Ме качија на патолошка и одма почнав да добивам болки на 5 мин, јас очекував поголеми болки па овие ги занемарував колку можев. Почнаа одма на 1 мин а никој не ми верува од сестите сите викаат ааа имаш ти време. Среќа во 7 помина директорот и он им рече ај проверете ја женава, сетрата пак рано и е со 3 прста е примена во 4 саат. Ме прегледа вагинално и одма списка носете ја одма 9 прсти е раѓа. Немаше време ни за клизма ни цтг. Се качив на бокс и со еден напон излезе бејби. Не било толку страшно одма ќе сакам пак да родам И така мојата Хелена си дојде на свет во 8 и 55 . Ви посакувам на сите вака лесен пораѓај
     
    На NNA, BeloMache, Luminary и 61 други им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Што убаво си поминала, мераци:inlove:
    И јас вака си го замислувам мојот пораѓај :D Си се тешам.
     
    На BeloMache, Brpbrp, Martka и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Babyiscomming

    Babyiscomming Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Само викај си во себе дека тие болки што ги чувствуваш не се ништо и дека треба да почнат појаки за да чуваш сила за нив, се ќе помине за час, добро е што измеѓу болките има паузи па одмараш малку како и да е замислував дека многу повеќе боли ама кога јас издржав што за вадење заб плачев како мало дете сите можат.
     
    На Dianas, BeloMache, Tokio12345 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    2.152
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене, искрено не ми се верува дека стигнав овде да пишувам. Значи вака почна мојата приказна: Термин 3 мај. На 1 мај сабајлето бев на цтг нели, мирно, некоја контракција, не отворена, а претходната ноќ претешка ((со болки, стегања, стврднувања). Дента си седам на тараса и оп, ми пука водењак. Вода тече ли тече. Јас се растреперив, се јавив кај др ,ми рече спреми се и дојди.Одам, гледа тое е, ме задржува (околу 17ч). На секои 3 часа цтг, покажува некои контракции ама јас не сум отворенс. Водењакот уште на неколку пати течеше. На 2 мај утрото одиме во родилна сала-клизма,подготовки. Јас болки онака, не страшни. Ми ставаат провокација, и вагинални прегледи кои ми беа мн болни. Така едно 3,4 сати, почнаа некои болки посилни, рековме ќе биди ама никако да се отворам. После цтг почна да покажува дека бебево заспива, вагинално го чешкаше по глава да го размрда (уф преболно). И на крај др реши да не губиме време, одиме царски. Операцијат беше успешна, во 11.49 го слушнав најубавиот глас на светов:l::l::l: Ми го дадоа да го бакнам-меко,меко, памуче...:inlove: И така , сега закрепнувам, вчера и денес се гушкавме...Ранава ме болеше, гладна сум 2 дена цело време со системи...ама кога ќе ми текни дека ме чека најмилото душиче-ништо не ми е важно:hug::hug::hug: Дај Боже секоја жена да го осети ова:f:
     
    На NNA, BeloMache, Mari* и 51 други им се допаѓа ова.
  10. mother_nature

    mother_nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Честитки. Да е здраво и живо
     
    На BeloMache и lavinija28 им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    Гладот после царски е една од работите што никогаш нема ги заборавам.
    Нека е здраво и живо :inlove:
     
    На BeloMache, LadyC, RAK91 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Еве ме конечно со мојата породилна приказна, да украдам малце време додека бебе спие :lol:
    39+5 недела, 2 дена пред термин.
    Сабајлето приметив жолтеникава течност на долниот веш со доста спесифичен мирис што до тогаш не се случило. Се запрашав дали е можно да е инфекција?! Но си реков од каде сега кога сите брисеви ми беа чисти. Изигнорорав и реков посекако за два дена сум на преглед на ден на термин па ќе почекам.
    Подоцна попладнето накај 17:00 часот повторно проверувам повторно истата течност. Се качив во собата што ја спремав за бебе да досредам и во меѓувреме почнаа благи болки на 5 мин.
    Прво мислев дека се лажни, бидејќи како што сум читала почнувале на 20мин, па на 10мин па на 5мин и така постепено, така и ги очекував но кај мене беше поинаку. Си почнаа директно на 5/3 мин. Почнав да се спремам, се истуширав и како што поминуваше времето стануваа посилни и посилни.
    Во 20:00 часот стигнав на болница.
    Ме проверија 2/3 прсти отворена, ме задржаа рекоа за раѓање сум а течноста за која напоменав да ти бил водењакот слабо надпукнат и си течел по малце.
    Ме ставија на ЦТГ да лежам и да следат болки. Интензитетот на болките се повеќе и повеќе се зголемуваше. Во 12 ме проверија пак 6 прсти отворена.
    Се беше во ред додека сфатив дека нема да ме породат за брзо иако имаше можност за тоа, прашав 3 сестри поединечно дали ќе биде за брзо пораѓајот, од 3те добив одговор околу 6 сабајле.
    Тие да ти ми се договориле да преспијат па после да ме пораѓаат. И така си кркав јуначки болки до 6 сабајле, па еве ги доаѓаат цели поспани :yawn:
    Ме проверија скроз отворена и дирекно на бокс ме качија.
    Искрено се плашев од епизиотомија но на бокс едвај чекав да ме пресечат и да се олеснам од болките. Ме сецнаа и излезе мојата принцеза во 7:15 часот. Во еден миг со тој плач за мене светот застана.Просто неможев да престанам да ја гледам. Душа мајкина :inlove:
    Од шиењето се плашев, исто не го ни осетив.

    Дека прворотка морам да признаам дека се плашев од самиот пораѓај! Но ете се се можело. Господ такви не створил. Жени.Херојки. Да можеме се да издржиме. Ако би да раѓам по втор пат, пак би природно(но како ситуацијата ке каже, овде не се прашуваме ние дали природно или царски).
    Навистина било така како што ми велеле, дека се се заборава во моментот кога ќе го видиш своето малечкото.
    Се вредеше! :l:
     
    На NNA, Dianas, BeloMache и 46 други им се допаѓа ова.
  13. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.304
    Допаѓања:
    132.017
    Ај да пробам и јас да ја раскажам мојата приказна.
    Цела бременост со болки во стомак, контракции на матка, строго мирување, на крај и стрептокока на брис. Колку пати во бременост бев на прегледи - престанав да бројам:)Веќе во 36та недела одев на прегледи и на 5 дена ми ги закажуваа. Еднаш јаки болки имав ноќта отидов на дежурен, немало ништо. А страв од пораѓај - ужасен (иако втора бременост ми беше). Отидов на преглед 37ма недела бев, доктор ме прегледа брзински, се беше ок. Чепот ми беше паднат веќе неколку дена. Ме виде докторот што ме прегледа паничар па договаравме да одиме на 2-3 дена на преглед. Неколку дена пред пораѓајот бев 3 прсти отворена, со претходни калцификати на постелка, ама се било ок,и докторот рече ај да не те малтретирам, ќе почекаме уште 2-3 дена да се отвориш. Последниот преглед, омекнало грлото на матката, 4 прсти отворена и ме задржаа.Се тресев ко лист. Во 8.30 сабајле ме качија во предродилна. Таму ме ставија на цтг, клизма, вагинален преглед.... Ми ставија провокација, ама не се отварав толку брзо. Шетав, се движев. Џабе. При вагинални прегледи ме натера докторот да напнам, јас од страв не знаев како:Dи држ, не дај видоа дека сум избезумена од страв, рекоа да ми стават спинална(со врски:)) . Цело време се тресев. Сестрите и докторите ми се чудеа, како не престанувам да се тресам. И мислам беше 13ч почнав со напони. Па малку паузи. Нозете не си ги осеќав од спилната. И едно време ми дадоа кислород, одма го викнаа докторот, ми рекоа не било ништо страшно. Чув само при вагинален преглед додека бев на бокс дека сум се измочала, а не осеќав ништо. И во 13.35 се роди моето синче со папочната врска 3 пати замотана околу врат. Заплака, ми го ставија на гради, ја крена главата накај мене и ме погледна исплашено. Чувството не се опишува :inlove:Не ме сечеа, само испукав и добив малку конци. Ми ставија локална анестезија при шиењето и не болеше толку многу како при првиот пораѓај. Раната брзо заздраве, а вечерта станав без проблем. Од утредента одев без мака:D
    Е имавме малку мака, седевме со малото 1 месец во болница. Но, сега се е во ред и се гушкаме дома сите четворица:inlove:
    И еве, се заборава се и вреди се:inlove:
     
    На Milobebence, NNA, BeloMache и 38 други им се допаѓа ова.
  14. Ivona S

    Ivona S Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2019
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    Нека ви се живи и здрави
     
    На lavinija28 и BY<3 им се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Честитки да е живо и здраво малото... ме интересира зошто спинална таа нели е за царски ? При природно епидурална нели ставаат или?
     
  16. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.304
    Допаѓања:
    132.017
    Фала ти. Да сте вие живи и здрави
    Не знам и јас цело време викав епидурална, а после сестрите ми рекоа тоа била лајт спинал анестезија. Секако во грб, поточно во р'бет ја примив.
     
    На LadyC и Milkiway им се допаѓа ова.
  17. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    спинална анестезија се дава еднократно и не сеќаваш ништо, а епидуралната постепено и може помалку повеќе да сеќаваш...барем мене така ми објаснија кога требаше епидурал да примам...ама завршив со спинал
     
    На LadyC и Milkiway им се допаѓа ова.
  18. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.304
    Допаѓања:
    132.017
    Не, јас не бев со целосна анестезија, природно се породив. Јас колку што знам и двете се ставаат во р'бет. Кога ми ја ставија од нозе надолу не осеќав ништо, ко отрпнати ми беа нозете и беше да се ублажат болките. Јас царски не знам точно како е со анестезиите, двата пораѓаи ми се природно
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    ^^ има и лајт спинал која се користи за природни породувања. Мислам дека @Cka беше породена со таква (ако добро се сеќавам).
     
    На kukla21, flower30 и Cka им се допаѓа ова.
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Ставаат во приватните. За Гак конкретно знам дека со врски може да ти стават спинална за природен пораѓај, еднаш и пишав за тоа. За епидурална никогаш не сум слушнала во државна.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.