Да, само 2 саати делува. Ако некоја сака да се осеќа ко царица, ова е топ! Ни сечења ни рани ни болки у напони... осеќаш напони, осекаш се, а ништо не боли. Секако, додека се отвориш 8 прста има болки, ама не се јаки. Јас 6 саати не седнав, не ми дадоа. Ама после кога ме боцна... оро можев да играм. Иако ми рекоа дека е рано и дека сум 8 прста и дека ќе помине дејството на најјаките болки, јас се сложив со надеж дека само ќе одморам, па после нека боли. Тоа оти има 1 анестезиолог и боцка сажо кога не е на операција и измеѓу 2 ме боцна. Ама од што се опуштив за 10 минути место за 120 се отворив и родив одма, па не болеше ни сецнување ни крпење.
Знам по приватниве пакетот е со епидурална за државна знам дека не ја ставаат па тоа викам што е разликата ама веројатно тука се и двете анестезии..а некоја епидурално што се породила да сподели исто ли е ко ова што се опишува со спинално
Со епидурална се породив и јас, прво ме буцнаа со мала игла локално на местото, за потоа да ме буцнат со голема игла за анестезијата. Иако само кратко пред тоа трпев болки, се преродив кога почна да делува анестезијата. Супер ми делуваше анестезијата, а кога почнаа напоните докторот рече да ја намалат за да ги чувствувам напоните. Им реков да не ја намалуваат дека ги чувствувам и знам кога да буткам Одлично поминав.
Супер многу ми олеснува вака кога ќе чујам имам време до тој момент ама психички ме олабави да не се плашам фала ти
Во Систина. Процедурата мислам дека е таа, нека кажат поискусни. Ме чекаше анестезиологот помеѓу 2 болки (контракции) за да ме боцне, да бидам мирна. Читав некаде низ темиве за некоја жена анестезиолог незадоволни таму, мене ми се погоди маж и многу сум задоволна.
И мене ми беше маж и беше одличен. Исто боцка локално и после епидурал. Цело време ми објаснуваше како иде постапката и што ќе осетам и кога Светла точка ми беше. Ме галеше во сала
Јас се породив со втората ќерка со епидурална на ГАК. Бев последна за пораѓање вечерта и анестезиологот беше слободен. И добро што беше така, психички ќе се пореметев ако беше без помагање како при првото породување, кога трпев болки 40 саати, од помали кон поголеми. Со епидурална би родила уште 3 деца ако ми помага тим за чување понатака П.С. Неколку пати почнувам да ја пишувам првата породилна приказна и никако да ја допишам, изгледа уште ми е трауматична во сеќавање, иако втората го поправи впечатокот.
Исто како јас да сум го пишувала ова, породена во Плодност, Битола и процедурата и таму е иста прво локална па после епидуралната со поголемата игла. Анестезиологот ме слушаше мене и чекаше помегу болките да ми ја аплицира
Ајде и јас да ви ја раскажам мојата породилна приказна...Недела 3-ти Мај...цел ден активна си средував низ дома си пакував ствари (ќе се вратам кај моите оти дома ќе реновираме па со мм и бебка ќе му одиме некој месец на поседок) си досредив се си се искапив се средив и јас и седнав да вечерам...почна некоја тапа болка менструална ама ајде си реков дека на нога цел ден...легнав и заспав некако со паузи..Во понеделникот болките зачестија се јавив кај докторката и ми рече појди нека те видат на ехо и цтг...болките ми беа на 20 мин...Цтг мирно не регистрира болки а јас неможам да стојам од шо боли ајде преглед вагинален и оп излезе и дел од чепот...Др рече до дома ќе ти падни чепот да знајш да не се исплашиш..отворена не си цервикс не е омекнат..ајде дома и во одручекта на контролно цтг кај мојава докторка таа ноќна беше...Се вратив со појаки болки од претходно и паднат чеп цтг исто мирно само бебка заспана нема активност ајде систем за да се размрда па некакпв стрес тест му правеа да не е исплашен од болките па да се качи горе ама се беше во ред отворена 1 прст...Ме пратија дома пак...дома место не ме фати боли се појако и на пократки интервали....Издржав до 2 по полноќ торбиците в рака и на болница...докторката ме гледа и вели ти на колку мин имаш болки шо се врати...јас реков на 5 мин..ама дома не си одам до сабајле има да го родам..ајде вели ќе те примиме ама да знајш дека болките на 5 мин не се за раѓање...биле не биле јас останувам..Ме прегледа пак нема промени од претходниот преглед..ајде ме сместија во предродилна си добив клизма се прочистив една инексија за болките да ми се смират да заспијам...и така ме разбудија во 6 и 30 ми ставија инексија ајде почнавме со провокации...со господ напред мајка болките ќе зачестуваат и само ми кажаа како да ги дишам и шетав цело време низ сала..До 8 и 30 бев отворена 4-5см Ајде пак провокација долторката вели охоо супер ова брзо ќе биди..после втората провокација појаки беа болките ама ги дишев како што ми кажаа па подносливи беа...во 9 и 45 отворена 8 см ајде вели да го пукниме водењакот и шетај пак...Почнаа нагони за какање ми рекоја да клекнам и да напнивам како да какам ама да не викам да ја трошам силата...почна да излегува главчето ајде вели на бокс качисе...Уште 3-4 напони и излезе мажето мое тешко 3.280 родено во 10:24 мин
Еве ја и мојата втора породилна приказна... На 12.02.2020 бев на преглед и со докторката се договориме за породувањето бидејќи бев со царски рез, ми рече дојди во понеделник накај 10 и накај 12 ќе почнеме. И се се случи по договореното... 17.02.2020 година... Пристигнавме во Ремедика кај 15 за 10, се качив горе, сестрите додека ми средат прием, па чепче и ме спремија за во сала... Дома сите ме знаеја дека сум на преглед и оп во 12:54 се роди Луна, мојата втора среќа најголема тешка 3600 грама и долга 51 см. Презадоволна сум од докторката Симонида Котларова и од цела нега и услуга која ми ја пружи цел персонал.
@kavadar4anka да се живи и здрави и двете дечиња. Значи обожавам слики од првото запознавање. Ме потсеќаат на тоа чувство на неизмерна среќа кое е незаменливо и уникатно! Инаку @LadyC и мене закрепнувањето од вториот царски ми беше полесно отколку од првиот. Дали дека веќе си сечен еднаш и тоа е тоа. Местото секако ти е отрпнато, што знам.. некако почудно е првиот пат...
Блазе си ви... кај мене беше многу потешко и подолго опоравувањето вториот пат. Ама веројатно има врска што три часа откако го извадија бебето ме крпеа, оти многу крварев, и последиците ги осеќав после... потешко зараснување на раната, отоци и болки кои траеја подолго време. @LadyC на зависи од прагот на толеранција туку од тоа како поминала операцијата. Барем кај мене така беше...