Најдов малку време, па да ја пишам и јас мојата приказна... Јас спремна за царски, ми паѓа чепот, не ни знаев шо е тоа, си седам саат време дома, почнуваат болки на секој 5минути (а во текот на денот претходно имав некое згрутчување на стомакот, ама ништо страшно, не го ни приметив како битно),а болките се посилни и посилни... Се јавувам на докторот, тој вели брзо во болница, одам во болница (психички спремна за царски) ме проверува докторот 9 цм отворена, бебе спуштено... Тука се карам дека несакам природно, викам од болки, ги пцујам сите... Се убедиме некако на крај а и немав сила веќе незнаев кај се наоѓам... Качувањето на бокс и раѓањето ми се како во сон, знам дека многу пцуев, многу панчев ама се бидна толку несвесно и брзо се роди душата моја... Скрос неочекувано и непланирано.
Ајде да пробам да ја раскажам и јас мојата додека уште памтам Терминот 05.05. цел месец мирно цтг освен еднаш кога покажа контракции, 04.05. бебе абер нема за искачање и договорив со докторот утредента на терминот да одам на ехо и вагинален преглед. Си станувам сабајле пијам кафе и ме стега кичмата, ме држи неколку минути и ме пушта. Хм. Накај 14h пак стега и пушта. Не му кажав на мм ама добив некое чувство дека ќе бидне работата. Отидов ја проверив торбата, спремив што ќе облечам за во болница и правец вц да се средам. Направивме генералка дома и седам чекам - ништо. Накај 21h седнавме на тераса пиеме кафе, одам во вц и на бришење лигаво нешто со крв. Дежа ву. Истата слика ми се врати седната на вц шоља кога го чекав тестот да покаже пред 8 месеци, истата возбуда и сега. Се смирив, искочив на тераса, го допив кафето со една цигара од мм и ви пишав вас дали крвта е чепот. Оп благи болки. Му кажав на мм он се превозбуди и отидовме си легнавме во спална. Се изгушкавме еден саат и правец болница. Полиција врие, но никој не не сопре. Ме примија во болница, цтг, ехо, вагинален преглед 1цм отворена. Болките зачестија, се гушнавме еднаш со мм пред влез и ајде горе во соба. Сестрата ми рече да дремнам додека се слаби болките зашто ќе ми треба сила за неколку саати. Важи. Само што легнав ете ги болките на 5 мин, цтг-то полудува. Поминуваат 2 саати доаѓа сестрата добра си, сакаш епидурална? - Не. Поминуваат уште два саати јас веќе ја прошетав цела соба, доаѓа сестрата ми брцна рака не сум мрдната од тој 1цм. Докторот прашува епидурална? - Не. Доаѓа 6h сабајле јас гризам кревет, раце, чаршафи ќе умирам готово,си викам господе земи ме побрзо не ме мачи. Влезе докторот викам конечно, којзнае колку сум отворена, докторе јас ќе раѓам сега. Ме провери уште сум на 1цм Да фак. Успат ми падна чепот со прегледот ама џабе. Ми вика ништо, ќе чекаме. И тука почнав јас да молам за епидурална што побрзо,чекај,чекај 1саат го нема анестезиологот (или така мене ми се чинеше). Ми ставија епидурална, е луѓе тоа беше олеснување. И така, во 8h дојде на работа мојот доктор му раскажале што како, доаѓа и вика те чекам до 10h ако не почнеш да се отвараш одиме на царски. И јас кога фатив да си плачам, му ѕвонам на мм демек ќе ми помогне некако, едвај ме смири. Дојде 11h дојдоа сестри да ме средат, ме однесоа во сала и во 11.35h кога викна ова малово да плаче (прво се препотив неколку секунди кои ми траеа предолго кога слушнав дека папочната му е околу врат) почнав и јас да плачам, го видов од далеку и ми го земаа зашто корона тестот што го правев беше од пред 3 недели. Го побарав телефонот, му ги пратив сликите од бебуш на мм, памтам дека се тресев и барав греење и по кратко ме однесоа во соба во изолација до резултатите. Резултатите беа готови во 18h, па тогаш и го видов малиот. Три саати го држев во раце и не тргнав поглед. Се заљубив Да ме прашате сега, истото и повеќе би поминала за него. Иако не родив природно, ги искусив болките и стварно ги заборавив. Уште утре би сакала ќеркичка Ви посакувам на сите убав и лесен пораѓај и не се плашете слатки се болките
Интересна приказна а зошто кога ти нуделе епидурална не сакаше ? Сакаше да се пораѓаш без никаква анестезија природно или?
Ајде де Си имав ставено нешто у глава природно и без анестезија ќе раѓам Малку и страв ми беше од анестезијата. Еднаш бев под целосна и неубаво поминав.
Дефинитивно нема поента да ги трпиш болките ако имаш опција за епидурална. Ама пак ќе кажам, поминува како да не се случило. Реално и за царскиот, јас очекував којзнае колку да боли и да биде тешко, мислев и дома ќе треба да лежам во кревет. Боли да ама дома кога доаѓаш магично поминува.
Тоа и веројатно многу зависи и од човек и од третман во болница. Дома се ќе помине ќе немаш време да мислиш
А колку време трае епидуралната? На пример ако сега ти стават,а за 5-6 саати не се отвориш што тогаш?
И јас прво помислив Јана да не си штедела за после ама па после ми текна некоја членка дека збореше дека го дозираат по потреба
А епидуралот го вклучуваат и со еден прст отворена...се си мислев дека накај 5 или 6 прсти го даваат ...може сум грешка ..
И јас така имав прочитано тука ама испадна дека може кога сакаш. @Brpbrp Ти одговориле веќе. Анестезиолог седи до тебе додека ти ја погоди дозата да ги осеќаш контракциите ама без болка. Значи само осеќаш матката како се стега. И те остава можеш цел ден така да си лежиш,нема ограничување на саати.
А боли ли многу кога ја ставаат епидуралната? (дека во 'рбет боцкаат). Имам слушано различни приказни за тоа па сум малку несигурна.
Сигурно шомалце од пораѓај боли што се секираш шала на страна ставаат локална претходно бар по приватниве кога плаќаш ќе те тинтра
Да, има логика дека помалку боли од порагај . Иначе во Германија ќе се пораѓам, ваљда ставааат и тука прво локална.
Ич не боли, само е непријатно дека е во 'рбет. Локална ставаат прво, е таа може малку ја осетив ама пак ништо страшно во споредба со болките, само сакаш што побрзо да делува Ќе слушаш само крцкање додека ја ставаат и треба да си сконцентрирана и многу да го слушаш докторот зашто ја ставаат меѓу контракции. Мене ми се погоди на 2-3 минути да ми бидат болките и морав да ја издржам болката без да трепнам зашто во тој момент баш ме боцкаше. Едит: Сега ми текна дека сестрата ми ја даде раката и ми рече стисни ме само немој да мрднеш. Се покаја мислам
Извини може имаш пишано претходно ама неможам да се сетам , во која болница се породи , приватна беше ?