Уф, добро е, едно гајле помалку . Јас нема да чекам да ми зачестат толку болките, уште на влегување ќе побарам да ми стават . Се мислев доста на оваа тема, но неодамна ми излезе и оваа статија како порачана https://lolamagazin.com/2016/09/10/epiduralna-anestezija-na-porodaju-da-ili-ne/, така да, мислам дека нема сомнеж веќе. Сепак нема зошто да се трпат големи болки кога медицината дошла до некое решение што се применува наголемо.
Др. Елена Петрова ме водеше ама она не пораѓа и по нејзина препорака за пораѓај продолжив кај др. Јован Ефремовски. Презадоволна сум, смирен доктор со лесна рака.
После колку време однпораѓај и во која болница се пораѓаше? И дали беше на лекар за болките во кичмата?
Јас мислам дека тие што имаат проблеми општо со кичма ги боли. Пример јас имам искривени пршлени. И баш кај што ме буцаа, тие ми се проблематични. Едвај ме буцнаа од болка,мрдав постојано. И сега имам болка на допир.
Индивидуално е. Јас сум со сите дијагнози по кичмата, па болка од епидуралот не сум имала. Не знам ни каде сум боцната. Мене кичмата ме боли, ама горниот дел, каде што ме болеше и пред пораѓај. Сосем неповрзано е со царскиот.
Да, секој различно и колку му е толеранцијата на болка. До душа и сега секој втор е со проблеми на пршлените.
Не идело тоа така. И јас коа влегов во сала уште немав ич болки и велам ајде боцкајте епидурал ама чекаа додека се отворам 5 прсти па ме боцнаа. Само што почнаа болките. А епидуралот не ме болеше воопшто, не го ни осетив боцкањето, ниту после тоа осеќав нешто на тоа место. Не ни знам да покажам точно каде било. Инаку мислам дека ако премногу рано се стави, ризикуваш баш во најголемите болки да го изгубиш ефектот од епидуралот. Подобро да трпиш на почеток мали болки, одколку при пораѓај да почнеш да ги осеќаш најголемите. Затоа мислам дека чекаат, не се знае колку долго ќе трае
Да да, има логика . Едно е тоа што ние си мислиме, друго е реалноста, посебно кога ти е прв пат и не ти е јасно како одат работите .
Jas bolkite do 9 10 prsta gi izdrzuvav od stoenje,glas ne pustam na niv noooo na kraj koga trebase da napnam jas se gubev ... i taka toa mi najgolem problem,bolkite za bolki na kraj imav problem. So prvoto bev carski, so dvete zenski prirodno sto se poragav so vtoriot poragaj pominav mn polesno za razlika od tretiot. 2 pati me sieja ne mozea da me sostavat.
Да пишам додека уште имам сила. Почнува да ми се спие и плус со болки сум. Утрово дојдов во болницата за преглед само. Ме видоа на ехо, па ме пратија на ЦТГ, лежев прво 15-ина минути и случајно влезе докторка и виде дека покажува контракции, но кај отчукувањата на бебето линијата е речиси права. Се исплаши, трчаше негде се јави на некој и се врати. Ми дадоа инфузија и ми уклучија кислород, и докторката и двете акушерки кога земаа ми го притискаат стомакот, ми го тресат наваму натаму... Ништо.. Кај бебето пак немаше промена, ама контракции над 100.. Ме прашаа дали чувствувам болка, реков дека немам никаква болка туку само некое стегање на стомакот. Докторката се насмевна и рече дека така и треба да е. Лежев на ЦТГ уште 30 минути, без промени.. И во еден момент слушнав како докторката и сестрата се јавуваат на цела екипа и им велат морало на итен царски да дојдат. Почна паника и страв да ме фаќа. Многу се исплашив и си пуштив солзи... Во лифтот и низ ходниците одејќи накај салата ги разубедував да ме остават да пробам природно. Тие само ме игнорираа. Пред да дојде анестезиологот јас осетив како да сум се помочала и прашував кога и дали ќе добијам катетер. Во тој момент докторката виде дека не сум се помочала туку ми пукнал водењакот. Уште толку почнав да плачам, си велев кој баксуз сум, ги молев да и јават на анестезиологот да не доаѓа и да пробаме природно. Џабе.. Дојде анестезиологот, ми објасни дека ќе добијам спинална и на што да внимавам. Ме врзаа за да не мрдам и си лежев будна за целото тоа време. Они си имаа пуштено музика, слушав самп што зборуваат и им ги гледав лицата. Кога го вадеа син ми малку осетив влечење и притискање но воопшто не болеше. Јас за време на целата операција си плачев, солзи беше насекаде. Да ме прашаше некој зошто плачам, не знаев. Стварно не знам, еве и сега солзи ми течат. Кога го извадија син ми веднаш го изнесоа надвор. По 2 минути ми го донесоа да го гушнам и да ме дошијат. Го бакнав на чело и уште повеќе се расплакав и не можев да се смирам. Ме сошија ме средија и ме однесоа во шок соба. Таму лежев 6 ипол часа и побарав некој лек за спиење. Цело време си добивам лекови за болки. Не знам која инфузија ми е оваа по ред, ама ми ставаат обавезно лекови против болка. Сега пред 10 минути ми го донесоа синчето да го видам поубаво. Ми го оставија само на 15 минути и го земаа назад бидејќи требало да одморам. Многу е убав, не можам да ви опишам. Па и косичка има. Вака мирничко ми се виде, за тоа кратко време гушкање два пати ми заплака и веднаш успеав да го смирам. Не знам што да пишам, уште сум збунета и плачам. Всушност цел ден плачам. Многу сум среќна бидејќи се излезе како што треба и двајцата сме живи и здрави. Сега само едвај чекам дома да си одиме, и да ми заздрави ранава бидејќи секој најмал напор ми ствара ужасна болка..
Нека ти е здраво и живо Иста бев и јас со плачењето, неможев да сопрам. Измешани чувстува, нормално е. Брзо опоравување мајче, сега животот ќе ти се смени за секогаш
Честитки мајче живи и здрави да сте..вчера те читав беше вознемирена многу ...добро е што се поминало како што треба..уживајте сега заедно.